Македонски музички ѕвезди

Стрелец

El Mariachi
Член од
23 јануари 2005
Мислења
910
Поени од реакции
10
МАКЕДОНСКАТА ПИЈАНИСТКА СЛАВНА ВО АВСТРИЈА

Австриски авион доби име по Елена Мисиркова

Двомоторниот луксузен авион на австриската авиокомпанија “Diamond air craft”, во која акции има компјутерскиот магнат Бил Гејтс, го доби името по македонската пијанистка Елена Мисиркова, а нејзиниот лик ги краси и 500-те почесни поштенски марки што ги издаде владата на Австрија.
Елена Мисиркова-Лоза е македонската пијанистка од Виена и е потомок на Крсте Петков Мисирков. Таа веќе има богата меѓународна кариера.
Извонредно љубезна, Мисиркова раскажува:
- Среќна сум и кариерата ми е во подем. Но секое доаѓање дома, во Македонија, ми е ново возбудување. Возбудена сум кога настапувам пред своите - вели Мисиркова.
Елена Мисиркова-Лоза, по завршувањето на средното образование во Скопје, дипломирала на музичка академија „Гнесини" во Москва, каде што и магистрирала во 1987 година.
Во минатата година имала 14 настапи во Австрија, а годинава ја очекува настап во Данска. Имала концерти во „Карнеги хол" во САД, во Шведска, Русија, Украина, Италија и во други земји.
Последен пат во Македонија настапи лани во август на Охридско лето, а во тек се преговори со Македонската опера и балет за нејзино гостување годинава во јуни на Скопско лето.
- Се надевам дека во јуни пак ќе настапам во Скопје. Сакам да одржувам контакти со македонската публика - рече Мисиркова.
Пред две години, заедно со Ана Стаменковска, Игор Дурловски, Михајло Куфојанакис и Марија Вршкова, Мисиркова одржа концерт на современа македонска музика во виенската концертна сала „Безендорфер".
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248


Колумната е објавена во Вест

Популарната пејачка Тања Царовска е пред вратите на европска кариера. Вестите што доаѓаат од таму се дека таа подготвува албум кој најверојатно ќе го издаде голема музичка компанија. Ја побаравме во Лондон, каде што веќе четири години живее, и во врска со муабетите што кружат за неа и нејзината кариера ни рече:
- Вистина е дека подготвувам албум на англиски јазик. Со тој нов материјал треба да се претставам пред музичките куќи кои се заинтересирани за мојот проект. Има интерес од неколку но, највеќе, што посебно ме радува е од една многу позната која нема да ја споменам се додека не дојде до потпишување на договорот. Одсекогаш сум сонувала да направам нешто големо со мојата кариера, кога веќе Господ ми дал талент. Затоа сакам да се обидам за да утре не си префрлам сама на себе дека не сум пробала. Знам дека патот до успехот е трнлив но, знам и дека за да се успее мора да се ризикува. Сакам да направам своја соло кариера и затоа повеќе не сум со мојот бенд, зашто ми земаше многу време. Заради тие обврски и по сугестија на менаџерот не дојдов во Македонија иако ми е многу жал зашто сакав да уживам малку во Охрид. Но, се надевам дека се ќе биде во ред и дека наскоро ќе има многу убави вести од мене, вели Тања. (В.М.)

_____________________________________________________________

Колумна издадена во Вест

Пејачката Тања Царовска роди ќерка со светски познатиот филмски композитор Габриел Јаред (56). Јаред во 1997 година доби оскар за музиката на филмот "Англиски пациент", уште два пати е номиниран, а во неговите дела е музиката за светските хит филмови "Есен во Њујорк", "Талентираниот господин Рипли", "Градот на ангелите", "Бети Блу", "Студена планина", новиот "Дали ќе танцуваме", со главна улога на Џенифер Лопез. Тања и Габриел се запознале на снимањето на филмот "Троја", каде таа пееше, а тој требаше да ја прави музиката. Оттогаш станале пријатели и соработници, подоцна се родила љубовта, чиј резултат е ќеркичката Матилда Амарис Јаред.
- Се породив пред десетина дена во битолската болница. Овде ќе останам околу два месеци, а потоа ќе се вратиме со Матилда за Лондон. Името Матилда е моја желба, а Амарис, што на еврејски значи "ветена од Бога" е желба на тато Габриел, кој по потекло е Евреин, вели среќно Тања.
Единствената причина што Тања решила да дојде и да се породи во Македонија, затоашто мајка и не успеала да добие виза за Англија, и да присуствува на раѓањето на внука си.
- Со Габриел сме заедно, иако не сме венчани. Венчавањето е најмалку важно, вели Тања.(В.М)

_____________________________________________________________

Тања Царовска, вокал во светски размери Успехот доаѓа спонтано, не вреди да се форсира


Ирена ГРАНКОВА


Имавте напорна работна година во два големи филмски проекта “Троја“ и “Страданието на Исус“. Продолжувате турбо и летово или ќе се олабавите со одмор, можеби некаде во САД?


Планирам да дојдам на краток одмор во Македонија, поточно во Охрид. Потоа ќе ја посетам Италија, која отсекогаш ме привлекувала со музиката, уметноста, културата, и многу важно, нивната храна. Од есен, според планот, би требало да почне американската турнеја со “Страданието на Исус“, што требаше да се случи летово, но беше поместена за наесен.


Во филмот “Троја“ се појавивте како вокалист, а соло настап имате и во музиката за филмот на Мел Гибсон “Страдание “. Веќе кажавте дека имате одлична соработка, што беше пресудно да Ви се спои енергијата со овој актер и режисер?


На филмот “Троја “ работев со режисерот Волфганг Петерсен. Со Мел Гибсон, пак, работевме на снимањето на музиката на “Страдание“ на композиторот Џон Дебнез. Ми беше задоволство да работам со нив, тие претходно беа запознати со мојот глас, затоа што демо-снимките што ги направив беа употребувани на самото снимање


”Со твојот глас живеев долго време, значи Вие сте Тања Царовска“, изјави Гибсон кога сте се запознале. Ви раскажа ли како дошол до Вашата музика за филм за која знаеме дека е Ваша голема преокупација?


До оваа работа дојдов по препорака на еден лондонски агент, кој пак стапи во контакт со мене преку претходни соработници. Тоа беше пред две години, кога правев само демо-снимки, како и други “кандидати“ кои живеат и работат во Лондон. Потоа тие демо-снимки отидоа во Ватикан, каде што филмската екипа имаше состанок на кој се решаваше кои пејачи и инструменталисти ќе бидат избрани да партиципираат во филмот. Задоволството од успехот е уште поголемо кога се има конкуренција.


Планиравте да се запишете на факултет за филмска музика во Лондон. До каде е оваа амбиција?


Во моментов не сум на студии затоа што голем дел од времето го минувам во работа и тоа надвор од Англија. Годинава конкурирав и бев примена на “Тринити колеџ оф мјузик“ во Лондон, но, за жал, не успеав ни да отидам на средбата на студентите заради снимањето на “Троја“ во Лос Анџелес. Таму пак се отворија нови можности за работа, па ги одложив студиите. Би сакала да бидам редовен студент и тоа ќе го направам кога ќе бидам подготвена да останам на едно место доволно долго. Би сакала сега да завршев со студиите, како повеќето мои врсници, но во тој случај немаше да го имам ова што го постигнав досега. Во меѓувреме учам во домашна атмосфера. Иако многу полезно, не е неопходно да се учи со тутор.


Во Англија Вашата музичка кариера бележи брз и голем подем. Таму сте повеќе од пет години, а сè се случи спонатно на случајната средба во авион со група англиски музичари. Како дојде до тоа?


Патував за Македонија преку Љубљана, а до мене седеа музичарите од бендот “Брнинг буш“, кои патуваа на концерт во Љубљана. Ненадејната силна турбуленција на авионот беше причина за разговорот меѓу нас, кој продолжи во насока на музиката, и паниката престана. Така ја добив првата работа како вокал.


Неоспорно е дека поседувате квалитет не само како соло пејач, туку и како придружен вокал, композитор... Сепак, каков импулс Ве водеше на патот кон успехот?


Јас верувам дека успехот доаѓа спонтано, не вреди да се форсира, тоа никогаш не успева. Ако ова што досега сум го постигнала може да се нарече успех, тогаш рецептот е “секогаш имај амбиција и цврсто верувај во себеси и во своите способности, но никогаш немој да имаш преголеми очекувања и не се преоптоварувај со “успевање“. Мојот успех е само иницијален, но видлив затоа што се случи во областа на забавниот бизнис.


Имавте одлична соработка и со “Феитлес“, како и со продуцентот на “Би Џис“ Куртис Шварц, настапувавте со бендот “Зохар“... По неколку турнеи и настапи, решивте да градите соло кариера што резултираше со работа на голем проект. Сметате ли дека се пронајдовте како солист и може ли наскоро да очекуваме албум и на македонски јазик?


Моментно немам план за македонски албум затоа што немам никакви преговори со домашните издавачки компании, а странските барем засега немаат голем мотив да финансираат албум на македонски јазик. Но, затоа сум во преговори со луѓе надвор од Македонија и работам на материјал за соло проект.


“Само мој“, “Завршен“ и “Колку е саат“ беа вистински хитови во Македонија. Соработувате ли уште со Дарко Димитров, Пеце Огненовски, а пред неколку години најавивте и проект со Иво Јанковски. На која фреквенција сте со македонските композитори и продуценти и дали тие бараат некоја соработка со контакти што Вие ги имате во Англија и пошироко?


Не сум работела долго време во Македонија, освен минатата година на албумот на Златко Ориѓански. Со Иво Јанковски имавме некои преговори, но ништо конкретно. Таа соработка не се случи, не е баш едноставно да се планира проект кога јас живеам во Лондон. Дарко Димитров е одличен талентиран музичар и продуцент, и мој драг пријател. Никогаш не ја исклучувам соработката со македонските музичари и продуценти.
С

е испробавте во повеќе стилови на музика, а со бендот “Зохар“ пеевте и амбиентала и арапска музика. Отсекогаш кај Вас горела желбата за промовирање на македонската народна музика. До каде е оваа реализација и колку странците “паѓаат“ на изворната македонска песна?


Секој вид или потекло на музика за мене претставува предизвик. Нашата изворна музика е посебно убава и егзотична за Запад и јас неофицијално постојано ја промовирам. А се подразбира дека македонската изворна песна ќе игра улога во мојот планиран соло проект.


Во 1998 година со песната “Преку морето“ конкуриравте на македонскиот избор на песна на Евровизија. Тогаш беше избран Владо Јаневски. Како реагиравте тогаш, а и од оваа временска дистанца на појавување на музички фестивали? Сметате ли дека Македонија треба да биде упорна и понатаму да ги троши пејачите на “Евросонг“?


Јас пораснав во Македонија каде што фестивалите отсекогаш беа од огромно значење за забавната музичка култура. Немам ништо против фестивалите, она што е жално е нивниот блед квалитет. Вратите на фестивалите, се чини, се ширум отворени за секој што поседува пејачка аспирација и славољубие, без оглед на вистинскиот потенцијал. Фестивалите сега се здодевни, монотони и неатрактивни, а тоа сметам дека е резултат на невнимание и рамнодушност, како и на неодоливите понуди на татковците со длабок џеб. Што се однесува до “Евросонгот“, јас сум наполно рамнодушна кога се работи за учевство, што веројатно се должи на фактот што евровизискиот тип на музика одамна престана да ме привлекува, како и самата манифестација. Добив понуда од МТВ да бидам кандидатот што ќе ја претставува Македонија на наредниот “Евросонг“ и би сакала искрено да се заблагодарам за понудата, но Евровизија едноставно не е место каде што се гледам себеси.


По големиот успех на филмовите на Мел Гибсон очекувате ли нов проект со него или со некој друг светски режисер и Габриел Џаред , а можеби имате понуда и за некоја филмска улога?


Имам понуди и планови кои практикувам однапред да не ги откривам. Ако маркантен и генијален композитор како Габриел Џаред беше отфрлен и заменет два месеца пред да биде снимена“Троја“, ништо не преостанува да изненади и од тој случај во кој бев работно инволвирана. Научив ( сепак. за среќа, не на своја кожа) добра лекција за забавниот бизнис, кој е шокантно непредвидлив, и колку што е сладок, толку може да биде и горчлив. Секоја работна можност е дивиденда. Во секој случај продолжувам да креирам.


Батериите ги полните во Македонија и во родниот Ресен. Дали со себе носите и некој гостин кој е заинтересиран да ужива во природните убавини на Македонија, изворот на културата и традицијата ?


Досега, за жал, не сум имала гости во Македонија, но оваа година е возможно да дојдам со придружба на пријатели. Со нетрпение чекам да им покажам барем дел од нашите убавини. Во секој случај, среќна сум што ќе бидам со моите најблиски.
 
J

janicka

Гостин
Dobra e, mi teknuva porano na edna pesna "ti si se za shto taa sonuva" ili taka nekako beshe (barem taka se peeshe vo nea) epten mi se svigjashe... ama se izgubi vo posledno vreme..
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Pa vo Anglija e i kako shto e napishano vo artiklite, se porodi pred izvesno vreme...
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Јас сум и "фан" на Тањушка од самиот почеток на нејзината кариера, ама ме разочара со тој дедото бе, ц ц ц ...вложило девојчето "труд" за да и тргне кариерата. Жртва :twisted:
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Mislish deka zaradi nego na takov nachin i se razviva karierata? Ne sum siguren :? Mislam deka se zapoznaa na snimanjeto na Troja :wink: koga Tanja veke beshe oficijalno nominirana za vokal posle kastingot...
 

Стрелец

El Mariachi
Член од
23 јануари 2005
Мислења
910
Поени од реакции
10
Одличен успех на нашата Ема



Македонката Ема Николовска со својата виолина е победник на престижниот RCM Orchestras Concerto Competition за 2004-2005 година. Извонредниот талент (наследен од родителите) и вложениот долгогодишен труд вродија со плод и во навистина многу силната конкуренција на Royal Conseravory победата и беше доделена на нашата Ема. Тоа секако ќе биде дополнителен потстрек за малата Ема уште посилно да се посвети на развивање на дарбата кон музиката. Новите награди и признанија ќе доаѓаат се' почесто.
 

Буковец

www.KETERING.com.mk
Член од
3 јули 2005
Мислења
996
Поени од реакции
15
Vaka...Jas sum muzicar isto (momentalno se naogam vo dijasporata, potocno na magistratura vo Brisel.Ima mnogu moi kolegi koi relativno odnosno pomalku i se poznati na javnosta, megutoa megu muzicarite se dosta poznati...Samo vo Evropava gi ima edno dvaesetina...ako ne i poveke. Nekoi od niv veke koncertiraat so mnooogu poznati orkestri. Ne bi sakal da izdvojuvam nikogo, zasto nie muzicarite sme poznati po golemoto ego :D . A od POP peacite ne bi rekol deka nekoj posebno se ima probieno na evropskata/svetskata muzicka scena.I zborot muzika zvezda ne go upotrebuvajte...ne i e poznat na makedonskata javnost
P.S Do Acid...Nemoj za Simon da vikas deka e kiks, zatoa sto e mozebi i najdobroto nesto sto ja pretstavuva Makedonija.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
Bukovec напиша:
P.S Do Acid...Nemoj za Simon da vikas deka e kiks, zatoa sto e mozebi i najdobroto nesto sto ja pretstavuva Makedonija.
Тоа "кикс" не се однесуваше на Симон Трпчевски, туку на VaseSK. Темата беше за македонски музички ѕвезди од дијаспората, а тој го споменува Симон. Колку што знам, Трпчевски сеуште живее во Македонија, нели? :wink:

Погрешно си ме сфатил (прочитал). И јас се согласувам со тоа дека Симон е еден од луѓето што најдобро ја претставуваат Македонија.
 

Стрелец

El Mariachi
Член од
23 јануари 2005
Мислења
910
Поени од реакции
10
ДАВОР ЈОРДАНОВСКИ, КОМПОЗИТОР

Торонто ми дава инспирација за... живот

Како е Давор, што има ново? Како тече животот во Торонто? Има ли повеќе инспирација за музика, во тој свет?
- Голем поздрав од другата страна на светот, каде темпото на секојдневието е како во "Матрикс". Се се одвива со толкава брзина, а, сепак, секоја минутка ти се чини како вечност. Новини има многу, не би знаел од каде да почнам, а камо ли да завршам ха, ха. Инспирација има на секој чекор и во секое ќоше на денот - од убавини што пленат, па се до шунд и ѓубре кое само овој континент може да го создаде. Необјасливо шаренило. Инспирација за живот, пред се!
Време и темпо!?
- Поголемиот дел од времето го поминувам во своето студио "Биг Банг" (www.bigbangmrs.com), но се повеќе во последно време, покрај работата како композитор и продуцент, разлетан сум и по неколку студија низ Торонто и како студиски музичар на проекти на многу талентирани музичари, пред се пријатели. Јас имав среќа да завршам во одлична класа на институтот за музичка продукција "Требас", од која излегоа многу талентирани продуценти, чие време допрва доаѓа и со кои соработката секојдневно е се поинтензивна. Музичките стилови варираат, од поп, преку алтернативен рок, па се до класика, се во зависност од проектот и намената.
Ангажмани!?
- Во последниве два месеца работам како аранжер, копродуцент и клавијатурист на деби албумот на Канадскиот бенд “The Eye Of Charm”, првите два сингла се веќе готови и нивната промоција веќе ќе започне од почетокот на овој месец. Од друга страна, се повеќе им давам приоритет на проекти што се врзани за ТВ и Филм, и ги прифаќам со огромна љубов. Имав среќа мојата музика да се најде на наслови како: “Harpur and Novogorsky” и "Lancement season 2004/2005" кои се дел од редовната програма на ТВО (ТВ Онтарио), како и на две епизоди на популарните “Naked News”. Би сакал да го издвојам и филмот на Сузана Диневска "Децата од 1948" кој што и е познат на јавноста како филм кој зеде прва награда во својата категорија на ланскиот филмски фестивал во Монтреал и со кој Сузана отпатува за Кан во годинава во мај. Неодамна ја завршив и музиката за документарниот филм на Bill Yankoff: “The Late Bloomer, Ed Jovanovski” - приказна за животот и успехот на еден нашинец во светот на хокејот, кој наесен ќе ја доживее премиерата на ТВ Омни.
Македонска естрада, стари релации?
- Што се однесува, пак, до соработката со колегите од македонската музичка сцена, желбата е секогаш присутна, можеби е малку потешко да се реализираат некои соработки и да се одржи присуството на сцената од оваа далечина. Но веќе има конкретен проект за којшто можам да зборувам. Во подготовка е деби албумот на Дани, во чиј реализаторски тим, покрај Весна Малинова и Дарко Тасев, сум вклучен и јас.
Назад во Скопје?
- Август ќе го поминам во Македонија, каде што ќе ја почнеме работата на албумот, а потоа снимениот материјал лета со мене назад за Торонто на доработка. Последна соработка беше со Фани на минатогодишниот Макфест, за песната "Спомени". Можеби ќе се видиме и оваа година на Макфест, да сме живи и здрави.

(Интервјуто е преземено од ’Вечер’)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom