„Препораката македонскиот јазик да го изучуваат албанските првачиња често се вадела од контекст“, изјави амбасадорот на САД, Рикер.
Рикер рече дека нивна единствена цел била сите млади во Македонија да го совладаат македонскиот јазик, и така полесно да се интегрираат во општеството.
Рикер изјави дека и тој самоит го зборува македонскиот, и порача ова прашање да не се употребува за караници по етничка основа.
„Нашата поента како амбасада, а верувам и на меѓународната заедница е дека граѓаните на оваа земја треба да го зборуваат македонскиот јазик. Одлично е и ако знаат да зборуваат и други јазици исто така, вклучувајќи го и нивниот мајчин јазик. Се работи за комуникација, тоа е многу важно. Се работи за давање можност на младите да се едуцираат, а тоа може да се постигне со дијалог и комуникациоја. Треба да престанете да бегате од главната поента кон некои неважни прашања“, изјави Филип Рикер, амбасадор на САД
Градоначалникот на Гостивар Руфи Османи смета дека проблемот би се надминал кога и македонските првачиња би го имале албанскиот јазик како задолжителен, во средините со мнозинско албанско население.
„Не гледам зошто албанскиот да не го изучуваат македоснките првачиња во средините со мнозинско албанско населемие. Неможам да разберам зошто тоа би било проблем. Само на тој начин ние ќе дадеме аргумент дека нема потреба да има недоверба во комуникација особено кај младите генерации“, Руфи Османи, вели градоначалник на Гостивар.
И покрај спротивните ставови од коалиционите партнери, министерот Тодоров, вчера го повтори ставот дека нема да отстапи од одлуката. Рече дека и понатаму нема да употреби радикални мерки таа да се спроведе но дека ќе се обидува да ги убеди властите во општините предводени од Албанци предметот да се изучува согласно одлуката на Министерството за образование.
Самиот Рикер дава добра поента за тоа зошто да се изучува Македонскиот