Македонски градежни работници - робови во Азербејџан?

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Патот за егзистенција во Азербејџан на 700 градежни работници од Македонија, Босна и Србија се претвори во пекол.

Голготата на луѓето кои минатата година заминале на работа во оваа бивша Советска Република стана борба да се извлече жива глава. Во дописот од азербејџанскиот Центар за миграции до кој дојде А1, се алармираат институциите на сите три балкански земји за експлоатацијата која трае веќе цела година.

Центар за миграции предупредува дека тие се претворени во робови на компанијата за која работат. Градежниците минатата година заминале за Азербејџан со туристички визи преку српската фирма Серб ас.

На државната граница во Азербејџан им биле одземени пасошите од страна на администратор од компанијата. 550 работници биле сместени во 5 куќи во главниот град баку, а 150 во градот Минѓе чевир. Освен што се 12 часа на градилиштата, за што не земаат ниту долар, вистинска голгота работниците преживуваат во куќите во кои се сместени.

Непослушноста се казнувана со тепање, затворање, па се до закани со убиство. Од Центарот за миграции на Азербејџан, преку телефон не сакаа да дадат никакви информации колку македонски државјани се во робско заточеништво во нивната земја.

„Преку телефон не смееме да ви дадеме никакви информации, се што ви треба како податок може да го добиете само доколку дојдете во нашиот центар во Баку“, ни изјавија од Центарот за миграции во Баку.

Наши извори говорат дека во одделението за трговија има дојава за тројца градежни работници од Македонија, дека се заминати и дека оттогаш им се губи трагата. Македонските надлежни институции вршат проверка за веродостојност на податоците, за да може да реагираат. Во Министерството за надворешни работи, се уште немаат потврда дека во групата заробеници во Баку и Минѓе чевир има и Македонци.

Испратен е допис до Министерството за надворешни работи на Азербејџан со барање за потврда на податоците што ги лиферува Центариот за миграции во Баку.

Извор
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Па од земји како Азербејџан не mе изненадуваат вакви работи.Ебана сиромаштија,на што се не го тера Македонецот. :(
 
Член од
7 септември 2009
Мислења
44
Поени од реакции
0
Хората ходјат у бели држави да радјат, македонците - Азербаjджан:uvo:
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Хората ходјат у бели држави да радјат, македонците - Азербаjджан:uvo:
Па вие си се знаете доволно меѓусебе (со тие диви племиња) ние не. Не сме како нив а и не сме и биле комшии некогаш така да наседнавме.
 
Член од
7 септември 2009
Мислења
44
Поени од реакции
0
Па вие си се знаете доволно меѓусебе (со тие диви племиња) ние не. Не сме како нив а и не сме и биле комшии некогаш така да наседнавме.
Хе хе, цел живот требе по една свешт да палите за србите, че ви култивираха малце, иначе и от албанците штехте да сте по зле, тија барем в Нато успеха да идат.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Хе хе, цел живот требе по една свешт да палите за србите, че ви култивираха малце, иначе и от албанците штехте да сте по зле, тија барем в Нато успеха да идат.
Србите и Албанците барем не се Кромањонци како вас.
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Хе хе, цел живот требе по една свешт да палите за србите, че ви култивираха малце, иначе и от албанците штехте да сте по зле, тија барем в Нато успеха да идат.
шо те боли тебе кај идат Македонците бе? ве искултивираха вас русите на едно па евриопејците на друго место.... мамата ваша...
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Хората ходјат у бели држави да радјат, македонците - Азербаjджан:uvo:
Татар,не се прај паметен.Македонците не одат во Азер...од мерак.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.358
Поени од реакции
4.973
Уште ова го немам слушнато - да одат на печалба во Азербејџан !
Ајде, нека кажат А1 кои се тие што заминале таму. Новинари...
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Па ако одат во Авганистан и Ирак зошто не во Азер...:toe:
 
E

emission

Гостин
Хората ходјат у бели држави да радјат, македонците - Азербаjджан:uvo:
Турано-Татар, во Азербејџан платите се околу 2000 долари месечно за таа работа. Во другите земји колкави се платите знаеш ли или само покажуваш колку ти сече паметот. Муслиманска земја е , има многу корупција но кога одиш да печалиш се откажуваш од многу работи. Случкава е немил настан, но во други земји исто така е опасно па пак одат на печалба.

Имаше еднаш на телевизија ги даваа Бугарите што отишле на печалба во Франција живееја во парковите и јадеа конзерви за да преживеат. Не беа Цигани само тоа да ти кажам.
 
Член од
17 јули 2006
Мислења
3.114
Поени од реакции
22
Blizok rodnina mi e vo baku .Tocno imase problemi na pocetok , megjutoa poleka se sredi i den denes e tamu.Nasite lugje imale treshki momenti barajki parce leb , no gi snashlo pogolema maka.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom