igor108367
Dark Lord Sauron
- Член од
- 25 јануари 2009
- Мислења
- 2.516
- Поени од реакции
- 113
Патот за егзистенција во Азербејџан на 700 градежни работници од Македонија, Босна и Србија се претвори во пекол.
Голготата на луѓето кои минатата година заминале на работа во оваа бивша Советска Република стана борба да се извлече жива глава. Во дописот од азербејџанскиот Центар за миграции до кој дојде А1, се алармираат институциите на сите три балкански земји за експлоатацијата која трае веќе цела година.
Центар за миграции предупредува дека тие се претворени во робови на компанијата за која работат. Градежниците минатата година заминале за Азербејџан со туристички визи преку српската фирма Серб ас.
На државната граница во Азербејџан им биле одземени пасошите од страна на администратор од компанијата. 550 работници биле сместени во 5 куќи во главниот град баку, а 150 во градот Минѓе чевир. Освен што се 12 часа на градилиштата, за што не земаат ниту долар, вистинска голгота работниците преживуваат во куќите во кои се сместени.
Непослушноста се казнувана со тепање, затворање, па се до закани со убиство. Од Центарот за миграции на Азербејџан, преку телефон не сакаа да дадат никакви информации колку македонски државјани се во робско заточеништво во нивната земја.
„Преку телефон не смееме да ви дадеме никакви информации, се што ви треба како податок може да го добиете само доколку дојдете во нашиот центар во Баку“, ни изјавија од Центарот за миграции во Баку.
Наши извори говорат дека во одделението за трговија има дојава за тројца градежни работници од Македонија, дека се заминати и дека оттогаш им се губи трагата. Македонските надлежни институции вршат проверка за веродостојност на податоците, за да може да реагираат. Во Министерството за надворешни работи, се уште немаат потврда дека во групата заробеници во Баку и Минѓе чевир има и Македонци.
Испратен е допис до Министерството за надворешни работи на Азербејџан со барање за потврда на податоците што ги лиферува Центариот за миграции во Баку.
Извор