Македонски војници во холивудски филм

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.703
Поени од реакции
5.332
Три познати американски филмски компании ќе снимаат филм за првиот контигент на македонски војници во Ирак, кои спасија американски војници и за тоа добија американски воени одликувања.

Сценариото ќе биде според вистински настани, но имињата на македонските специјалци ќе бидат изменети заради нивна заштита. „Преговорите се при крај со три нивни филмски компании чии имиња не можат да ги соопштам, бидејќи преговорите се во тек. Мора да се доработи книгата со повеќе настани кои нив ги интересираат за американските војници“, изјавува еден специјалец.

Филмските компании добиле идеја за филм по објавувањето на македонската книга за мисијата на македонските војници во Ирак, напишана од Методи Хаџи Јанев, припадник на АРМ, кој учествуваше во операцијата „Слобода за Ирак“ на почетокот на воените акции од јуни до декември 2003 година.

„Ќе се третираат настаните за спасувањето на нивните војници во Ирак, доаѓањето на македонските војници на ирачко тло и нивните подготовките за мисијата. Мислам дека ќе бидат опишани 5 вистински акции на македонските војници“, додава изворот.

Македонските војници ќе ги глумат американските актери кои ќе треба да го учат и македонскиот јазик за филмот да биде што пореален.

Филмот има голема поддршка од голем број на американски конгресмени и сенатори кои на средината од годинава ја добија англиската верзија на книгата.

„Книгата е однесена во Америка и е раздадена на конгресмените и нивните сенатори. Значи, околу 500 примероци веќе се таму раздадени“, вели изворот.

Доколку филмот, кој треба да се појави идната година, доживее финансиски успех, филмските компании најверојатно ќе снимат и негово продолжение по теркот на воените филмови за војната во Виетнам.

извор
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.283
Поени од реакции
45.747
Ќе не испромовираат,за џабе ќе се земеме беља ке не разнесе Вахабита некоја :):)
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
А Колин Фарел пак ќе глуми? :)
Замисли го Генерал Петровски (Де Ниро) кој се дере: По ѓаволите, Срање (или Серение? како е литературно?), Еби им мајката и слично :)

Дај боже да се оствари проектов, да доживее слава. Да не заборави светот дека и неколку илјади години подоцна, имаме коњи за трка :)
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Ова само што го слушнав на А1 Телевизија и баш ми е мило. Ова е огромен успех за нас за Македонија за Македонските Војници. Нека не има нека знае светот дека уште постоиме и не се даваме лесно. Напред Македонијо.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
А Колин Фарел пак ќе глуми? :)
Замисли го Генерал Петровски (Де Ниро) кој се дере: По ѓаволите, Срање (или Серение? како е литературно?), Еби им мајката и слично :)

Дај боже да се оствари проектов, да доживее слава. Да не заборави светот дека и неколку илјади години подоцна, имаме коњи за трка :)
Тоа би било доста интересно ама историски момнет би било кога некој холивудски актер би рекол во некој таков филм - ебаго
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Многу добра вест, многу се радувам, но сепак да почекаме и да видиме што и како тоа Холивуд ќе го замисли. Се плашам дека сепак некаде или нешто во филмот ќе остане недоречено што ќе разгори полемика кај нас. Но реков да не гледам толку песимистички радосен сум што ќе се снима вакво нешто бидејќи се сеќавам т.е. гледав на ТВ кога ги одликуваа нашите војници со воените признанија на САД.
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.650
Поени од реакции
9.855
а зашто биле одликувани??слушнав нешо спасиле американски војници,,ама не разбрав баш најдобро
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.059
а зашто биле одликувани??слушнав нешо спасиле американски војници,,ама не разбрав баш најдобро
Сам си одговори де.Спасиле нашите војници, американски војници во некоја мисија.
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
а зашто биле одликувани??слушнав нешо спасиле американски војници,,ама не разбрав баш најдобро
Веројатно било нешто озбилно штом Холивуд се интересира да снима филм. А единствено што точно направиле ќе дознаеме кога ќе дојде ред да го гледаме филмот. :smir:
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Супер е оваа вест што ја прочитав и едвај чекам да дојде филмот во макеоднија и да го гледам.

The Macedonian Ranger Platoon leaves Iraq after completing 270 combat patrols, conducting two medical operations, saving the lives of numerous local nationals and capturing terrorist weapons and weapons systems.


http://www.defendamerica.mil/articles/june2006/a061906dg3.html
 

Esobar

Македонија над СЕ !
Член од
12 февруари 2008
Мислења
4.895
Поени од реакции
453
добра вест едвај чекам филмот да го гледам :vozbud:ама долго ќе трае чекањето:nesum:
 

MacedonianSun

herE I gO agaiN!
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.111
Поени од реакции
33
Wow, ова е стварно јако да се направи. Кога ке се направи осеќам дека ќе стани светски хит, со голема премиера. Браво на тој што се сетил и дошол до ваквата идеја...:salut:
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Одлична вест ми се допаѓа идејата. Со тоа нашите војници ќе добијат уште поголема почит:pipi:

Само да не се испревртат некои работи и да се добијат погрешни претстави. Пример во Александар Македонски со Колин Фарел такви сцени кои не беа во наша корист беа навистина многу.

А убаво ќе е и да глумат некои наши глумци. Барем ќе се промовираат, а имаме доволно таленти:pipi:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom