Македонски борци (натпреварувачи)

Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.862
Темава ја именував вака поради тоа што ако беше името само македонски борци ке се помешаше со темата со исто име за која се работи за борците од 2001 вака со додадено натпреварувачи е јасно дека се работи за спортисти.

Значи целта на темава е секаква дискусија за македонските борци (натпреварувачи) во сите боречки комбатни спортови (Бокс, Кик Бокс, ММА). Не е проблем и дискусија околу останатите борци од боречките спортови, но воглавно целта на темата е задржување на дискусија околу комбатните боречки спортови и борци. Мислам дека е во ред секој да си дозволи секакво мислење да напише за секој борец... критика, ова ме бендисува кај него, ова не ме бендисува се само не вулгарности и навивачки пцости. Не зошто не е културно него не е во ред од етички аспект комбатните спортови се многу тешки и тоа е вистинско витештво кога се во рингот и некој да пцуе на нивната крв и пот и припрема од 3, 4 месеци најмалку навистина нема смисла.

За да се има дискусија мора да има и почеток па за добар почеток ке ги напишам најпознатите и најуспешните натпреварувачи кај нас во овие три дисциплини.


(Бокс)
Примислав Димовски
Еден од најнаградуваните и најуспешните македонски боксери во супер тешка категорија. Учесник на многу светски и европски првенства во неговата долгогодишна кариера. Освојувач на повеке златни гонгови досега. Остро боксерско око и одличен коментатор на бокс мечевите.

Вели Мумин
Најтрофејуваниот боксер на Македонија има повеке од 400 мечеви и 320 победи. Учесник на многу светски и европски првенства мислам дека е и учесник на олимпијада и многу пати освојувач на златниот гонг. Одличен боксер и човек пред се.

Тони Насковски
Еден од реките ако не и единствен професионален шампион во бокс од Македонија. Што титула незнам знам само дека е професионална. Боксер со многу искуство и мечеви. Покрај аматерските успеси на светски и европски првенства Тони има и солидно искуство во професионалните води. Пример за спортист пред се.


(Кик Бокс)
Иле Ристески
Најуспешниот и најтрофејуваниот Македонски кик боксер. Иле е професионален европски шампион во кик бокс. Зад себе има повеке од 50 професионални мечеви и повеке од 200 аматерски мечеви. Тој е учесник и освојувач на солидни места и медали на светски, европски и балкански првенства и првак на многу кик боксинг купови. Иле денес неактивно се бори и има свој клуб (тим) к.б.к. Горила.

Дарко Чатлески
Балкански професионален првак во кик бокс, Интерконтинентален професионален првак во кик бокс. Повеке пати државен првак во Кик Бокс и Бокс. И во двата спорта има и професионални мечеви. Многу пати победник на кик бокс меѓународни купови и прогласуван за најдобар борец на купот. Еден од најдобрите кик боксери во своето време и категорија. Денес не се бори повеке, но е во улога на тренер и е фокусиран исклучиво на бокс.

Нинослав Саботковски
Нинослав со 17 години стана професионален балкански првак во кик бокс. Освојувач е на многу медали и меѓународни купови учесник на повеке европски и балкански првенства мислам и на светско првенство. Доста млад зачекори во професионални води и воопшто од многу млад почна со мечеви. Веке неколку години не се натпреварува.

Слободан Кајмаковски
Ми се чини државен првак и учесник на европски и балкански првенства не сум сигурен но веројатно и светко првенство. Победник на многу купови. Слободан е една од најголемите кик бокс надежи на Македонија. Интересно е да се каже дека е личен пријател со Мирко Филиповиќ Кро Коп и дека повеке пати подолго време тренира кај него во Хрватска.


(ММА - Мешани Боречки Вештини)

Гоце Цандовски
Најпознатиот и најуспешниот ММА борец на Македонија. Гоце е професионален ММА шампион кој појасот го освои на меморијалниот турнир (Гидра) во Србија пред неколку години. Човекот има дебело искуство во кик бокс и бокс и во овие два спорта има многу мечеви, победи и успеси. После овдешната кариера во овие два спорта Гоце отиде во Холаднија во еден од најпрестижните светски тимови за кик бокс и мма (Mike's Gym). ММА искуството и успесите на Гоце потекнуваат и од основата во два комбатни спорта во МК а се разбира и долгогодишното тренирање во Холандија. Интересен факт е дека неколкуте порази на Гоце во ММА кариерата се од врвни светски познати борци кои покасно станаа членови на најголемата ММА промоција во светот UFC.
 
Член од
7 ноември 2014
Мислења
444
Поени од реакции
1.007
Со Гоце Цандовски имам лично тренирано повеќе пати.Човекот е навистина ѕвер.Се гледа дека е доста школуван во ММА дисциплините особено стенд ап,но и граплинг.
Да се инвестираше повеќе во вакви луѓе како Гоце и другите до сега ќе имавме светски познати борци како што имаат речиси сите наши соседи.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.862
Со Гоце Цандовски имам лично тренирано повеќе пати.Човекот е навистина ѕвер.Се гледа дека е доста школуван во ММА дисциплините особено стенд ап,но и граплинг.
Да се инвестираше повеќе во вакви луѓе како Гоце и другите до сега ќе имавме светски познати борци како што имаат речиси сите наши соседи.
Морам да надополнам дека во сите овие горенаведени борци државата и секоја власт која ја затекнала нивната кариера воопшто не помогнала во винво развивање ниту пак финансиски помогнала никако. Да не разговараме за услови соодветни за тренинг или пак услови за одење на меѓународни натпревари. Се сами си плакаат најчесто борците... За срамота луѓе федерациите во сите овие спортови односно претседателите на федерациите само крадат пари до пресушување и се шетаат во непотребна бројка наместо да помогнат со тоа што ке платат лекар и масер. Со оглед на тоа во кој услови дечкиве ги имаат постигнато успесите за мене се најголеми шампиони.
 
Член од
7 ноември 2014
Мислења
444
Поени од реакции
1.007
Морам да надополнам дека во сите овие горенаведени борци државата и секоја власт која ја затекнала нивната кариера воопшто не помогнала во винво развивање ниту пак финансиски помогнала никако. Да не разговараме за услови соодветни за тренинг или пак услови за одење на меѓународни натпревари. Се сами си плакаат најчесто борците... За срамота луѓе федерациите во сите овие спортови односно претседателите на федерациите само крадат пари до пресушување и се шетаат во непотребна бројка наместо да помогнат со тоа што ке платат лекар и масер. Со оглед на тоа во кој услови дечкиве ги имаат постигнато успесите за мене се најголеми шампиони.
Потполно си во право брат.Животот на еден професионалец борец од УФЦ,К-1 и другите фул контакт боречки спортови е навистина тежок,иако они добиваат многу пари и свои лекари,тренери,нутриционисти итн,а нашиве сами се снаоѓаат.Просечниот човек не знае што значи да стануваш во 5 сабајле за да идеш на трнинг по минимум 6-7 саати на ден.Да се откажеш од социјалниот живот за да идеш на трнинзи кај што ќе ти ја вдат душата,ќе те удираат,гушат,виткаат раце.Ќе трчаш,ке греваш тежини и згора на се треба да јадеш правилно за да задржиш максимална сила и енергија а воедно да останеш и во твојата категорија.Е сега на се ова да се додаде фактот дека нашите борци се ова од свој џеб го правеле,(плус минус некој спознор) е тоа е херојското.Па само за правилна исхрана цела плата иде,а не па да тренираш неколку боречки дисциплини плус теретани и чуда.Друго,повредите.Кој ке им плати на нив за скршена нога,нос,исчашено рамо,колено истегната тетива или мускул?
Секоја чест на овие луѓе,треба да ни бидат урнек за идните генерации и за памет во главата за односнот на нашата држава кон спортот.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.862
Последно уредено:
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.862
Една од најспектакуларните победи со нокаут на Иле Ристески. Во коментарите на видеото Иле ја објаснува ситуацијата на мечот односно објаснува дека организаторите сакале во Дубровник да му го наместат мечот за да изгуби. Проследете ги коментарите на видеото. https://www.youtube.com/watch?v=jzYKxmA4-WU

Ова е победа на Нинослав Саботковски од пред неколку години во Хрватска на голем куп кој што се организира секоја година. Не сум сигурен, но мислам дека ова е полуфинална борба од турнирот, иначе Нинослав овде мислам дека допре до финале и таму изгуби во тесен меч со судијска одлука. Морам да споменам дека после освојувањето на професионалниот појас Нинослав беше на обука во светски познатата школа (Golden Glory) каде вежбаше со најпрестижните борци во кик боксот. https://www.youtube.com/watch?v=rTty0s9_D-Q
 

Kajgana Shop

На врв Bottom