Македонски апликации

Член од
15 јули 2007
Мислења
14.892
Поени од реакции
7.569
Апликација која го олеснува пазарењето. Ја има на Play store, не знам дали на iOS и Huawei.

Апликација која го олеснува пазарењето.

Дали имате проблем да ги запомните сите понуди и продажни цени од вашиот омилен маркет? Или никогаш не можете да се сетите кој производ требаше да го купите од продавница?

Затоа, ние го имаме совршеното решение, кое се наоѓа во вашиот паметен телефон.

Скенирајте го кодот од каталогот на вашиот најпосетуван маркет и сите производи веднаш ќе бидат зачувани во апликацијата. Потоа разгледајте ги сите понуди и додајте производи во вашата листа за купување. Секогаш кога ќе излезе нов каталог, тој автоматски ќе се ажурира. Можете да скенирате онолку каталози од различни маркети колку што сакате.

Споделете го списокот за купување со семејството ако треба да одат во продавница. Кој ја добил споделената листа и комплетира една ставка, таа автоматски се брише за да не купувате производи повеќе пати.



Screenshot_20220810-222249_Feather.jpg Screenshot_20220810-222354_Feather.jpg
Screenshot_20220810-222548_Feather.jpg

Има и да се прави список за пазарување и тој список да го споделуваш а најбитното е што дава колку заштедуваш. Screenshot_20220810-223027_Feather.jpg

Дел за да ставаш клуб картички од маркетите и дрогериите.

Одлична апликација само ние сме безвезе и кој знае и ова дали ќе заживее погото за картичките дали фирми маркети и друг вид продавници ќе ја прифатат апликацијава. Постои и уште една македонска апликација за клуб картички да се ставаат виртуелно да ги имаш на телефон но таа не заживеа, некој маркети не прифатија виртуелните картички да им се куцаат/скенираат баркодовите на каса.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.892
Поени од реакции
7.569
Конечно за сите родители. Сервис и апликација со онлајн библиотека книги за деца од македонски автори. Покрај читање има и за слушање книги.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.892
Поени од реакции
7.569
И берберските и фризерските салони може да бидат современи и модернизирани не само во смисла на алатки како машинки за бричење, ножици, фенови, гелови, шампони, бои...



Две скопски салони од овој тип веќе имаат мобилна апликација. Така да доколку сте нивни клиенти ова помага во моменти ако не ви креваат слушалка или во моментот е затворен салонот па не можете да си закажете термин. Сега преку мобилната апликација закажувате термин.

Android


iOS Iphone

Од вториот салон не можев да ја најдам апликацијата за iOS.

Потик оваа услуга да ја овозможат и други салони за убавина.
 
Последно уредено:
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.892
Поени од реакции
7.569
Не е македонска апликација ама е достапна и на македонски.
Апликација од Уницеф наменета за родители со мали деца и бебиња. Добивате секакви дневни совети, игри, следење на развојот на вашето дете, календар на вакцинација, бележник за здравствени прегледи, детски раст.

 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.892
Поени од реакции
7.569
Приметив дека GRID апликацијата ја избришале од Play Store (не знам за iOS) и видов има нова апликација My newz. Toa е Grid апликацијата нова со друго име и со нов дизајн и функции.Веќе го нема делот твитер.

Прегледај го приврзокот 315645Прегледај го приврзокот 315646Прегледај го приврзокот 315647





Доколку ви е инсталирана старата апликација GRID сеуште си функционира добро но новава апликација има опции да избереш од кој сајтови да вади вести, да избереш што вести сакаш да има за читање и избор на дарк мод.

Единствено не ми се допаѓа што не го користат сеуште името Grid.

Oва е единствена апликација агрегатор за вести кој според мене има убав прегледен дизајн.
Достапна е нова верзија на апликацијата. Доколку сакате да ја користите новата верзија се што треба е да ја избришете uninstall на старата и да ја побарате новата верзија Mynewz (името пишано споено а не My newz) за инсталирање.

Ова е вака на Google Play store Android а за iOS не знам затоа што не користам iPhone.

Во новата верзија достапно е избирање едиција/верзија Србија, Хрватска, Македонија или пак Бугарија и според избраното од такви веб портали се и вестите и таков е јазикот на самата апликација.

Јас мислам им фали и Англиска верзија па да има и на англиски да вади вести. Но секако и да немаат за англиски постојат и други вакви news агрегатор апликации.
 
Последно уредено:
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.892
Поени од реакции
7.569
Не знам дали President е македонска фирма ама имаат направено апликација на македонски јазик со рецепти. Покрај рецепти текстуално има секој рецепт и видеа чекор по чекор. Има и дел да ги додаваш производите за купување ама не видов опција да може да ги купиш онлајн.

За Android

Сигурно постои и за iOS.
 
Член од
12 јуни 2022
Мислења
998
Поени од реакции
423
Сигурно постои и за iOS.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.892
Поени од реакции
7.569
Едукативни апликации за деца од школска возраст. Учење букви, математика, сложувалка и логичка игра поврзување.

 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.892
Поени од реакции
7.569
Апликација која најмногу ќе ви биде од корист. Мое Здравје е апликација на Министерството за здравје каде ви се достапни сите информации од закажани прегледи кај матичен доктор, кај матичен заболекар, исто така може да се видат и вакцините што си ги примил и кога си ги примил а тука се достапни и Ковид сертификатите доколку сте примиле вакцини Ковид. Може и да се види дали ви е активно здравственото осигурување.


 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.892
Поени од реакции
7.569
Не знам дали сум ја додал во темата оваа апликација. Мој лек е нешто како Мое здравје ама искучиво за лекови. Имате преглед на рецепти, може да си резервирате лекови во аптека, преглед на аптеки, потсетник со аларм за пиење лек и други опции. Се пристапува со ваш матичен број.

 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.892
Поени од реакции
7.569
Badiala e аплијација во која имате преглед ба акции во маркетите. Засефа достапни наркети се Стокомак, Веро,Тинекс, Рамстор, Кам и ДМ.

1709028952120.png 1709028965067.png


Може да се прави список за пазарување а акциите да се додаваат како омилени.

Android

iOS

Замерка моја
Ги нема додадено производите поединечно пример да може да си побараш кашкавал и да ти даде преглед на повеќе фирми/ видови на кашкавали и за секој да видиш колку е цената во маркетите.

Како пример би го пишал српскиот сајт cenometar.rs. Вакво фали во Македонија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom