- Член од
- 21 ноември 2005
- Мислења
- 5.214
- Поени од реакции
- 939
Грешка, сум мислел на “Блесава си или не“.Куку Леле - Постела од рози / Anna Vissi - Eprepe
Грешка, сум мислел на “Блесава си или не“.Куку Леле - Постела од рози / Anna Vissi - Eprepe
Чим музиката е иста и тоа апла тоа се смета за плагијат иако Роберт Саздов се напишал како комплетен автор и ако сака Хари може да го тужи слично како Перо Камиказа кога се напишал како автор на музиката за нумерата Одам Засекогаш а во една емисија сам призна дека ја украл музиката од нумерата When Your Heart Is Weak во изведба на Cock Robin од 1985 година.Се случува и кражба само на неколку акорди од почетни строфи и тоа најмногу го правел Тончи Хуљиќ со Магазин во почетоците кога пееше Лилјана Николовска, почетните акорди на Пиши ми се украдени од нумерата Stary Stary Night,Јелена Томашевиќ во нумерата Кошава има украдено акорди од нумерата Рузмарин на Хари Мата Хари,Во нумерата Молитва на Марија Шерифовиќ во инструменталниот дел има украдено акорди од нумерата Криво је Море од Дивље Јагоде итн.Оргиналот Хари Мата Хари
Плагијат ако воопшто може да се нарече плагијат бидејќи не е иста музиката. Џемо Биљбиљ и песната На море. На рефренот исто е пеењето само текстот нормално е различен.
Не можев да ја најдам одвоена песната еве го цел албум на 24:19 е песната.
Зарем има сегашни песни од нашата естрада?Да ја реактивираме темава од сегашниве песни во нашава естрада има некој детектирано плагијаризм?
А Саша ја украде од JBaldvin или некој сличен латинос
Слични се но според мене не се плагијат една со друга.
Што ќе кажеш за АББА имаат ли нешто копирано или пак некој нив ги копирал?
Да закачиш слика од Бјорн Улваелус а да не знаеш за АББА ја чудим.сигурно има нешто
ја не сум приметил
Раде Радивојевиќ е, само што кај песната на Маја е ставен како аранжер а кај шпицата од Балканском Улицом е како композитор. Нема плагијат тукаПесна на Маја Вукичевиќ отпеана на скопски фестивал 1998 година и тогаш се бираше претставник и песна за Евровизија.
Истата музика е долги години дел од најавната шпица на српската телевизиска емисија Балканска улица.
Дали авторот на музиката е србин или нешто друго е во прашање не знам.