Македонски Железници

  • Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување

Дали е подобрен железничкиот сообраќај во Р.М


  • Вкупно гласачи
    181

Tutkar

Богомил
Член од
6 декември 2005
Мислења
1.967
Поени од реакции
34
Топ се во неделата 180 минути стоеше на Прилеп ( во граници на дозволено било ) ако требаше да стигнам во 22:20 стигнав во 1:30 по полноќ
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Графити, кромидоини, манијакални створења,фетиш - секс у бубрези изложени на промаја, ромска свадба, идење на концерти и купишта пивишта, велешани на лагер, блу кондуктерс алијас партизани, девојка со грудима и книга, урбан дечко кој зјапа у грудима и слуша музика,наконтена тетка со месечна карта, вециња со зараѓавена шоља и духови у огледало се евергрин шема по нашиве возови...

П.с Од увек воз ме асоцирал на разделба.Мејби у минатиот живот сум бил евреин па ми е останато то.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
ТОТАЛНА КАТАСТРОФА!
Кога ќе ти влезат некој луѓе, трујат на небањати-смрдат на километар, секакви срања носат со себе итн... да не се задржувам на нив не се вредни.

Вагоните се ужаст, греење во зима ако ти се погоди кабината, вецињата-подобро измочај/посери се во гаќи одколку да идеш, нема оглас преку звучник за да ти кажува на која станица си моментално така да лесно може да залуташ. Внатре седиштата се распаѓаат, смрдат на мувла кога ќе се додаде од миризбата од завесите и од луѓето ти доаѓа да се истуриш од повраќање. Обавезно да не заборавите после патувањето, одма алиштата да ги фрлите за перење! Доцнењето ех, тоа е стандарно, може да полудите додека се возите така да може да шетате барем за тоа има место. Најефтино е, заради тоа ако можам да идам некаде со воз, идам...
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Наместо споменици на секој метар, можат да купат нови возови, нови жини да постават. Не се возам веќе во воз од мај годинава. Прашина врие, нечисто, шверц колку сакаш, ...многу лошо. Мора да се превземе нешто. Луна парк, Стадионите, ЗОО, Споменици, Плоштад..што све не направија само железничката ја оставија ненаправена и необновена. Ваљда на некој ќе му текне на неа.
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Наместо споменици на секој метар, можат да купат нови возови, нови жини да постават. Не се возам веќе во воз од мај годинава. Прашина врие, нечисто, шверц колку сакаш, ...многу лошо. Мора да се превземе нешто. Луна парк, Стадионите, ЗОО, Споменици, Плоштад..што све не направија само железничката ја оставија ненаправена и необновена. Ваљда на некој ќе му текне на неа.
Гледав на собранискиот канал каде е објавен тендер за набавка на нови локомотиви дизел,електромоторни, исто така и нови гарнитури како дизел и електромоторни... кај 2013 ќе бидат пуштени во употреба.
 

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
Гледав на собранискиот канал каде е објавен тендер за набавка на нови локомотиви дизел,електромоторни, исто така и нови гарнитури како дизел и електромоторни... кај 2013 ќе бидат пуштени во употреба.
А зградата? кога ќе им биде у план? жива распаѓевина е!:cautious:
 
L

.Lost Angel.

Гостин
А зградата? кога ќе им биде у план? жива распаѓевина е!:cautious:
Е тоа незнам само знам дека преговарале со некоја си компанија гледав како Груевски ги испрашуваше како деца мали до кај се со ова со она и го гледав тоа за Железницата"наша
 
Член од
20 август 2007
Мислења
2.252
Поени од реакции
312
збирка изјави од еден мој пријател за време на историско патување од Прилеп кон Скопје:

Еден ден Петре М. Андреевски се качил на возо во Скопје и почнал да пишува нешто..кога стигнал во Битола, го имал напишано романот Пиреј

Сега забележав нешто...мојот лап топ грее повеќе од возовите на - Македонски железници!

На задната страна од билетите на Македонски железници пишува:

- во цената не е вклучено местото за седење

- греење

- навремено пристгнување

- се препорачува да си носите ќебиња

- носете чај и сендвичи

Селективниот курс за во специјалната единица Волци се одржува 21 ден. Обично курсот го поминуваат 10% од пријавените. Потоа тие се упатуваат на возење со возовите на Македонски железници и од нив само 2-3 преживуваат и стануваат членови на единицата!

Мислиш дека Февруарскиот поход било постигнување? Пробај да се возиш со возовите на - Македонски железници!

Една кучешка година - Седум човечки...10 минути за Македонски железници = 30 човечки минути!

Знаете колку пати во годината возот на Македонски железници стигнува на време?

- Колку што Драган Чадиковски има дадено голови за фудбалската репрезентација - 0!

Еднаш возот на Македонски железници стигна на време во Прилеп. Од тогаш секоја година традиционално се одржува Пиво фест!

Тато, тато...сакам да одиме во Куќата на стравот!

- Не сине, имам подобра идеја, да се возиме во возовите на Македонски железници - пореално е!

Како ја изгубивме поддршката од САД? Син му на Обама се возел во возовите на - Македонски железници!

Бреее дедо, па ти ги памтиш сите средби со Тито како вчера да биле. Ај кажи ми кога ги донесоа возовите на Македонски железници!

- Туууу внучко, тоа одамна беше, не паметам до толку..

Зошто Берлин падна 45-тата? Затоа што германските единици што требаше да се повлечат од Македонија и да го бранат Берлин ги пренесуваа возовите на - Македонски железници!

Носталгија, тоа е состојба која се јавува кај лица кои се отселиле од матичната земја и кај патниците во возовите на - Македонски железници!

Mакедонски железници и официјално ја потврдија својата кандидатура за изборот на нови 7 светски чуда со што Хималаите добија сериозна конкуренција!

Возовите на Македонски железници се направени пред Прометеј да го украде огнот од боговите!

Велат Александар Македонски, пред да умре го проколнал Македонскиот народ. Гледајќи ги возовите на Македонски железници, знам дека е така!

Во последната анкета спроведена од Матицата на иселеници, 7% од Македонците во светот како причина за иселувањето ги навеле возовите на - Македонски железници!

Де бре што ти е, што си се наоблекол толку, да не одиш на скијање или пак на Солунска глава?

- Не, ќе се возам во возовите на - Македонски железници!

Нова кампања на Владата на РМ: Доколку однесете 10 билети како доказ дека сте се возеле во возовите на Македонски железници, добивате 10 дена бесплатно уживање во бања по ваш избор!

Држава со ваква железница треба да се грижи за својата младина - Тито.

Пронајден фосил од милионски стар диносаурус во Битола. Ќе биде префрлен во Скопје со возовите на Македонски железници, бидејќи тоа е единствениот начин да не се одмрзне по пат!

Режисерот на филмот 'The Day After Tomorrow', Roland Emmerich, идејата за филмот ја добил една зимска ноќ, возејќи се во возовите на - Македонски железници!

Информациите говорат дека Крис Браун ја истепал Ријана откако се возел во возовите на - Македонски железници!

Татко ми ми кажуваше приказни од војска, а јас на моите деца ќе им раскажувам дека не не праќаа во војска, туку не возеа со возовите на - Македонски железници!

Зимски распоред на возовите на Македонски железници:

07:00 Тргнување од Скопје

08:00 Велес

08:40 Богомила

расипување на возот
3 часа на луда забава, правење снешковци и слични работи
11:40 Прилеп
12:40 Битола.

Како умрел Чак Норис? Се возел од Скопје до Битола со возовите на - Македонски железници!

Колку трае грејната сезона во возовите на Македонски железници? Од Битола до Прилеп!

Кога почнува грејната, а кога завршува грејната сезона во возовите на Македонски железници? Почнува во мај, завршува во август...само тогаш е топло во воз!

Возовите на Македонски железници се премногу старо железо и за откупувачите на старо железо!

Мислите дека ова е екстремно? (Реклама за Airwaves Super) Е ова е екстремнооооо - Македонски железници!

Македонски железници - вистинска демотивација!
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Кои се тие петорица што гласале Да на анкетава, баш ме интересира. И да образложат што е подобрено во железничкиот сообраќај.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
М

Мартин`

Гостин
Не се подобрени ни малку напротив беа и сеуште се катастрофа, искрено ги жалам оние што патуваат секој ден на работа во Скопје и во другите градови каде што патуваат со нашиве железници сигурно барем 1 неделно минимум каснат поради дефект на возот и слично. Да не ги споменувам тука двојните стандарди каде што луѓето плаќаат по пола карта односно ја делат со контролорот + нехигиената во возовите и пренатрупаноста во истите. Подхитно треба владата да направи освежување на опремата како што беше ова со автобусите во Скопје инаку ништо не бива ..
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Мислам дека е време да почнат да пуштаат парно
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Гледајте во комшииве како се опремија.Кај нас се репарират еден 30 годишен вагон дури за месец дена (не се криви работниците, немат услови за побрзо).
Во меѓувреме Хрватите си произведоа прототип свој (нископоден) ДМВ(Дизел Моторен Воз).
Како ни се нашле 3-4 вакви комплети за Скопје - Кичево и Скопје - Кочани...HZ

Хрватски вагон (извор од Билд.мк)

Од истата фирма ТЖВ Гредељ, веќе се во употреба 7 гарнитури ЕМВ.Возовите се приградски и возат во околината на Загреб (нешто како Ѓорче Петров - Драчево во наши услови).Капацитетот им е 189 седишта + 271 за стоење, 160 км. максимална брзина,видеонадзор, клима, место за инвалидски колички и 3 точаци.

Zeljeznice Crne Gore потпишаа договор за нарачка на 3 ЕМВ (електромоторни) комплети со рок на испорака до1 Јули 2013.Кај нас уште не е потпишан договор (пресметајте по ова кога ќе дојдат кај нас новите ветени возила).Договорот е потпишан со CAF Шпански производител (13.100.000 euro).​
Босанците од јануари до септември годинава се опремија со 8 Талго гарнитури.​
ЖС пред некој ден го пуштија на пробно возење од Белград до Ниш нивниот руски ДМВ (нашиве министри денеска беа во Москва, преговараа нешто за железницата, можно е и кај нас нешто вакво да видиме за 2-3 години).
БДЖ веќе неколку години возат Сименс Дезиро (еден воз е 3,3 -4,4 милиони евра зависно од верзија/опрема).​
Бугарите едно 50-тина комплети зеле на кредит, ама Германците си ги барат сега назад, зш не биле доплатени :pos: Исто и Словенија (приближно ист број жители колку нас) имаат 50-тина вакви.​
Ситуација кај нас, пред некој ден репариран уште еден вагон на МЖ.​
Пред​
После​
Мислам дека е време да почнат да пуштаат парно
Моментално слабо стојат со дизел локомотиви со парен генератор (потребен за загревање на вагоните).

Возни дизел локомотиви (зелените, Кенеди) се моментално
661-146,
661-219, (ангажирана само за товарни возови)
661-220, (во Скопски јазол, маневра и товарни возови)
661-221, (во депо Лисиче, маневра)
661-222,
661-223,
661-234,
661-235,
661-236,
661-237, (поради проблеми со тркалата моментално само на товарен транспорт)
661-238,
661-404,
661-408,
661-410 (Велес / Фени)
Пподвлечените се со парен генератор, ако налеташ на некоја од другиве многу веројатно да смрзниш.
На ред за ремонт (вкупно 4) се 661-144, 661-241, 661-405, 661-406

Локомотивите од серија 661 (вкупно 13 во депо Лисиче, дел од нив на сликата подолу) : 147,218,233,239,240,402,403,404,407,409,411,412,413 се без спас и планирани за топење.

661-402 уште со амблемот на Југословенски железници, 20 и кусур години значи нечепната
Локомотиви за продажба (од сликите погоре)
Значи,од вкупно 31 дизел локомотива - само 14 локомотиви во возна состојба, од кои само 9 со опција за затоплување на вагоните :eek:
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.813
Подобрена е,сега ќе ја подобрат уште малку...т.е ќе постават надворешни стапки...за да не собере сите:



Инаку најжално е за оние студенти кои имаат испит/колоквиум во 8-9сабајле на пример,и мораат со воз да одат.....е во тој случај ќе треба да бараат воз што тргнува во 2 ноќеска....ако сакате да бидете сигурни дека нема да закасните за испит/колквиум.(оти јас така си заебав испит)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom