Македонските самураи ги понижија грците

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
Нашите биле надгледувани од државната безбедност, биле претресувани до гола кожа, им го оспорувале името, но сепак тие ги победиле домашните во борба за бронзата

Грците ја подготвија гозбата: главно мени им беше неискусната репрезентација на Македонија во јапонската борачка вештина кендо, но тврдоглавите соседи им ја расипаа забавата, го одбранија името и ги кутнаа домаќините среде Волос, со блескав триумф од 3-1. Македонија, која е членка на европската Кендо-федерација од лани, уверливо славеше против искусните грчки репрезентативци во меч за бронзата на Балканското првенство, што се одржа викендов. Грција повеќе од 15 години партиципира во европското друштво, но македонското срце и желба за победа ги надмина сите пречки што домаќинот смислено им ги постави.

Патешествијата на македонската експедиција што настапи на првенство во Грција во традиционалната јапонска борачка вештина со мечеви - кендо, започнале уште на границата.

- Грчките цариници не' претресоа до гола кожа. Комплетно ни ја превртеа гардеробата и спортската опрема, барајќи обележја на нашата земја. Беа подготвени, но не најдоа ништо и по неколкучасовно малтретирање не' пуштија да заминеме за Волос - раскажува Златко Кесковски, мајсторот за борачки вештини од Далечниот Исток и член на кендо-репрезентацијата на Македонија. Со него во бронзениот македонски состав беа и Андреј Атанасовски, Менсур Бојда, Никола Балески и Матеј Јошевски.

Теророт на домаќините кон нашите репрезентативци, предводен од локалните власти на Волос, стасал дотаму што припадници на државната безбедност на Грција го следеле петочниот тренинг на „црвено-жолтите“.

- Не им беше по волја, бидејќи ние сме примени во европската федерација како Република Македонија. Се закануваа дека ќе не' елиминираат, а ние возвративме дека ќе ги тужиме. Видоа дека немаат есап за инает, па не' оставија - вели Кесковски. Македонија настапи под уставното име и со ознаката МКД. Спорот околу името го одложи почетокот на првенството за околу 2,5 часа.

НАМЕСТЕНА ЖДРЕПКА

Итрите и во кендо многу поискусни Грци се досетиле како да не' понижат, во меѓусебен судир на Давид и Голијат, за медал, но нашите им го расипале планот.

- Намерно ја наместија ждрепката да се сретнеме меѓу себе. Повикаа дури и телевизиски камери да ја овековечат големата победа на својата селекција, но завршија со наведнати глави. Ги дотолчивме уверливо пред нивна публика со 3-1. Беа шокирани, но мораа да ни подадат рака за да ја почитуваат јапонската традиција - раскажува Кесковски. Македонија, откако го обезбеди медалот, загуби од новиот балкански шампион Црна Гора со 1-3, но ги освои симпатиите на останатите 5 селекции, со исклучок на Грција.

- Сите не' викаа Македонија. За балканските мајстори на кендото немаше дилеми кое ни е името на државата. Бугарите, Црногорците, но и сите останати се чудеа на тврдоглавоста на домаќините - вели популарниот Кецко.

ДОМАЌИНОТ СЕ ПЛАШЕЛ ОД РЕАКЦИЈАТА НА ПУБЛИКАТА

Поразот не ги оладил докрај Грците, па организаторите на првенството им рекле на нашите репрезентативци побрзо да заминат, наводно плашејќи се од реакција на публиката во салата на олимпискиот комплекс во Волос. Околу илјада гледачи го следеле во живо дебаклот на грчките репрезентативци, а Кескоски на шега вели дека ТВ-камерите снимале во празно.

- Не верувам дека имало снимка од мечот на која било од грчките телевизии. Бесмисленото однесување стаса дотаму што на нашите ланч-пакети, кои организаторот ги делеше, пишуваше „За Скопје“ - ја заврши Кесковски успешната македонска кендо-приказна од Грција. На Балканијадата учествуваа 7 репрезентации, а покрај нас и шампионот Црна Гора, на победничкиот пиедестал се искачија и бугарските мајстори на борачката вештина.
 
G

Gray Foxx

Гостин
Е вакви вести ми го полнат срцето. И цел свет да биде против нас, пак ке ги ебеме. Таква нација сме. Браво. Како не фанале нашиве да ги претепаат тие на граница. :)
 
V

Viktoranius

Гостин
:pos::pos:

Значи стварно ги убиваме во секој смисол.

Прво дечкото што се тркаше со картинзи му ја зеде победа на гркот во сред Солун мислам.
Потоа дечкото што лета со палаглајред од Прилеп или незнам од каде е, повторно изби на првото место на светската листа, пред гркот.
Потоа играорната репрезентација што беше пуштена во Србија настапуваше со името МАКЕДОНИЈА, па грците се налутија и си отидоа од манифестот.

А сега и ова :pos:

Им сме докажувале, и ќе им докажуваме дека неможат лесно да не победат.
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Нашите биле надгледувани од државната безбедност, биле претресувани до гола кожа, им го оспорувале името, но сепак тие ги победиле домашните во борба за бронзата

Грците ја подготвија гозбата: главно мени им беше неискусната репрезентација на Македонија во....
Другар ми Кецко :),штета што толку малку се знае во МК за него.Доаѓа често на гости овде.Беше шеф на обезбедување на покојниот прецедател.
 
H

HITCH

Гостин
Честито медал на екипата БРАВО НЕКА ВИ СЕ МНОЖАТ АМА ЗЛАТНИ
 
Член од
17 јули 2006
Мислења
3.114
Поени од реакции
22
I drugarmi so atletskata federacija imase slicen problem.Da na kraj se soglasat so kratenkata MKD
 

Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.610
Поени од реакции
464
Ако им е, браво македонски репрезантивци!
Тоа грчките клепто-нацисти можат да пукнат од мака сега.
 
R

Rikiboy

Гостин
:pusk::pusk::pusk::pusk::pusk::pusk::pusk::pusk: E sega grcite samo toa ni mozat da ni pravat...
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
:vozbud:
Заклучок, треба да ги тепаме, за да не признаат.
Додека во Македонија носиме FYROM за кошарка, во центарот на гејлада, стои Република Македонија и МКД.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Тој комуњарски дух на Македончето треба да умре еднаш за секогаш.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Браво за момциве, многу мерак прат. :smir:
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Комуњарите македонски одкако ги убија тие кои со гордост го носеа македонското име почнаа да вршат геноцид вез сопствениот народ дека се малецки за било што, македончиња.
И како такви треба да му служат на Белград.
Е сега Белград го менуваат со Брисел, они ако кажат сменете име мора да смениме, зошто Македонче каде може да опстане без Брисел.
Појасно ?
 
Член од
30 септември 2008
Мислења
131
Поени од реакции
0
Steta so ne se ulozuva u ovakvi sportovi so mozeme da uspeeme.bravos za momcite
 

Kajgana Shop

На врв Bottom