Македонските работници добредојдени во Германија!

  • Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување
М

Мартин`

Гостин
На 1 август во Германија треба да стартува сината карта со која ќе се олесни доселувањето на висококвалификувани кадри. Добредојдени се и Македонците!

Во текстот на Дојче веле на македонски се вели дека доколку се’ се одвива според плановите на германската влада, од 1 август би требало да стартува т.н. „ЕУ сина карта“. Станува збор за дозвола за престој, со која на германскиот пазар на труд треба да пристигнат дефицитарни кадри од светот кои поседуваат диплома за високо образование и се експерти во својата професија. Зашто, доколку странците не стасаат, за две децении во Германија ќе останат испразнети 6,5 милиони работни места. Затоа, иако политиката со тешко срце прифаќа дека Германија е земја на доселеници, со сината карта се прави обид земјата да се презентира како атрактивна и во неа да стигнат оние специјалисти кои многу почесто заминуваат на работа во САД, Австралија или Канада.
Во Македонија има многу млади луѓе со дипломи кои посакуваат работа во Германија. Ќе имаат ли можност и тие да ја добијат сината карта?

„Секако дека и Македонците се добредојдени! Овој инструмент - сината карта, е така формулиран да им даде шанса токму на високообразованите и специјализираните кадри од земјите кои не се членки на Европската унија“, изјави за ДВ д-р Бернхард Хајцер, државен секретар во Сојузното Министерство за економија и технологија.
„Стартот на сината карта најверојатно ќе биде на 1 август. Во Германија имаме огромен недостиг на инженери, но и на експерти од многу други бранши. Битно е што луѓето кои со сината карта ќе пристигнат во Германија, со себе ќе може да ги донесат и своите семејства. Значи, ќе ја имаат потребната поддршка од германските институции околу сосема практични работи како што е визата, што за многумина кои не се од Европа, а претпоставувам и за Македонците, до сега претставуваше голема пречка. Јасно ни е дека луѓето немаат искуство со институциите во Германија. Згора на тоа, не го познаваат добро ни германскиот јазик, па затоа ќе ја имаат целосната поддршка, почнувајќи од помошта во обезбедување стан, сместување во градинки за децата, до учење на германскиот јазик. Познавањето на германскиот јазик секако е предност, зашто ако бирократијата говори англиски, работодавачите тоа го прават поретко“, дополнува Хајцер.

Сината карта ќе можат да ја добијат, покрај оние млади луѓе кои имаат дипломи од некој од германските универзитети, и стручњаците чиј факултет се признава и е според Болоњската конвенција. За да се аплицира за сината карта, покрај признаена диплома, мора да се има договор со работодавачот во кој ќе се гарантира бруто годишна плата од 44.800 евра, а за некои дефицитарни занимања е дозволена и плата од 35.000 евра. Висината на износите потврдува дека сепак се бараат експерти, зашто никој не би платил толкав износ за обичен работник.
Најмногу шанси за сината карта имаат дефицитарните вработувања, меѓу кои, покрај инженерите, уште побарани се лекарите (пред се’ специјалисти), научниците од сферата на природните науки, математичарите, информатичарите, но и медицинските сестри, водоинсталатерите, заварувачите. Сината карета се доделува за период од четири години и квалитетна новина е што е без ограничувања - со работна дозвола се здобиваат и членовите на семејството на носителот на сината карта. Поконкретни информации за сината карта може да се прочитаат и на веб страницатаhttp://bluecard-germany.eu/

За полесна достапност до информациите кои се врзани за доселувањето создаден е интернет портал www.make-it-in-germany.com/ . /Дојче веле
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.719
Поени од реакции
9.829
Паметни ова швабиве бе..бараат само инженери,научници , информатичари и сл...зашто не барат судоперки и метлачи..
 
P

Princ

Гостин
Ова ќе биде добро за Германците, ама и на нас ќе ни го накршат. Има едуцирани и креативни млади луѓе во земјава и најпосле ќе можат да го искористат знаењето и да бидат добро платени за тоа.
Deutschland, ich komme!
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Ова ќе биде добро за Германците, ама и на нас ќе ни го накршат. Има едуцирани и креативни млади луѓе во земјава и најпосле ќе можат да го искористат знаењето и да бидат добро платени за тоа.
Нека му ја мислат за тоа оние што го предизвикаа тоа масовно иселување, луѓето си бараат подобра иднина :) Инженер тука со 20,000 хах, сигурно ќе им остане некој.
 
P

Princ

Гостин
Нека му ја мислат за тоа оние што го предизвикаа тоа масовно иселување, луѓето си бараат подобра иднина :) Инженер тука со 20,000 хах, сигурно ќе им остане некој.
Гајле им е на нив ко индивидуалци :/
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.719
Поени од реакции
9.829
Ова ќе биде добро за Германците, ама и на нас ќе ни го накршат. Има едуцирани и креативни млади луѓе во земјава и најпосле ќе можат да го искористат знаењето и да бидат добро платени за тоа.
Deutschland, ich komme!
Цело Тетово и Полог е со квалитетен кадар.. очекувам масовен одзив и исселување во Германија..за подобар живот.
 
P

Princ

Гостин
Тетово и Полог веќе се таму, сега друга категорија на граѓани ќе аплицираат.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.697
Поени од реакции
20.954
Нека му ја мислат за тоа оние што го предизвикаа тоа масовно иселување, луѓето си бараат подобра иднина :) Инженер тука со 20,000 хах, сигурно ќе им остане некој.
има инженери и инженери. да не отиде таму како инженер а да заврши како метлар во германски комуналец.
звање и диплома не го прави инженер, исто како и звање селектор во некоја репрезнетација не значи по дифолт дека е добар селектор( ова само споредба со област која ти е позната колку да ме сватиш што ми е поентата:) )
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
има инженери и инженери. да не отиде таму како инженер а да заврши како метлар во германски комуналец.
звање и диплома не го прави инженер, исто како и звање селектор во некоја репрезнетација не значи по дифолт дека е добар селектор( ова само споредба со област која ти е позната колку да ме сватиш што ми е поентата:) )
Никаде не реков дипломиран. :) Во техничките струки најмалку се гледа дипломата ;) Знам за неколку способни програмери, електроничари кои не можеа тука да најдат работа, отидоа во Холандија и Германија и сега си се платени за нивното знаење. Што тука електроничар, бојлери да поправаш, а колку барана струка во светот....
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.697
Поени од реакции
20.954
Никаде не реков дипломиран. :) Во техничките струки најмалку се гледа дипломата ;) Знам за неколку способни програмери, електроничари кои не можеа тука да најдат работа, отидоа во Холандија и Германија и сега си се платени за нивното знаење. Што тука електроничар, бојлери да поправаш, а колку барана струка во светот....
колку што видов во уводот на темата се бараат високообразовани кадри што значи со диплома.
е пошто тука има такви си дипломи со лопата да ги ринеш, а од друга страна пак вистинските познавања им се далеку под тоа ниво, па кога ке одат таму да не се разочараат.
не велам дека сите појма немаат, но барем јас тие што ги знам и што вредат како кадар и тука не им е лошо во споредба со стандардот и примањата.
оти 1000 евра тука и на запад не вредат исто.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055

Да по 200 има на Машински годишно,аколу 100 на технолошки и Електро и Финки имаат доста запишани али на крај завршуваат колку на Машински што има запишани.

Они не ти бараат правници,економисти и филозофи туку бараат стручни лица.А баш сакам да видам како тоа ќе се развива Македонскта индустрија кога сите инжењери бегаат.

Едно време сме знаеле и автобуси кога ќе умре последниот инжињер од Санос со него ќе умре и знаењето.А не очекувај дека некој ќе ти го даде за без пари.
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Паметни ова швабиве бе..бараат само инженери,научници , информатичари и сл...зашто не барат судоперки и метлачи..
и тоа читав се одлично платени-
за информатичари -месечна плата околу 5000-5500 евра што е за 1000-1500 повеќе од докторите
но, мислам дека и заслужуваат толку- едино кај нас ништо не се вреднува или погрешно се вреднува
сепак одлична шанса за некои наши кои ќе решат да отидат на работа во странство,
Ќе работат ама ќе бидат и платени - а не овде- не само што ќе ги уценуваат за 200-300 евра плата туку и ќе им ја вадат маста- а прашање е дали и на време ќе ги исплатат, ќе рмбаат по 16 часа наместо 8 - зза да добијат годишен одмор ќе мора у гаќи некому да му се упикаат -да се подлизуваат ...............м и з е р и ј а со еден збор
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
колку што видов во уводот на темата се бараат високообразовани кадри што значи со диплома.
е пошто тука има такви си дипломи со лопата да ги ринеш, а од друга страна пак вистинските познавања им се далеку под тоа ниво, па кога ке одат таму да не се разочараат.
не велам дека сите појма немаат, но барем јас тие што ги знам и што вредат како кадар и тука не им е лошо во споредба со стандардот и примањата.
оти 1000 евра тука и на запад не вредат исто.
Може не вредат, ама барем ќе живее во држава таму, и за се што ќе плаќа данок ќе знае дека кога тогаш ќе му се врати благодет на било каков начин, а не парите во дупка. :) За тоа што викаш не дека им е лошо, не викам дека им е, но ние сме слабо развиена земја во овој сектор. Од ова што се учи на техничките факултети тука (за овие во Скопје, за тие во другите градови не сум компетентна да зборам), за во Македонија ќе ти треба само 10% од тоа знаење. Нема такви фирми кои се бават со тие технологии. Во европските земји имаш шанси за просперитет и надградување себеси. Брат на една колешка моја од IT сектор во банка и секојдневни опструкции од шефовите за да ги реализира своите идеи за во иднина подобро и поефикасно работење на банката, сега работи во Google за Ирска. Паркиран Астон Мартин во гаража, најефтин одмор на Канарски острови. Шта речи?

Заклучок: максимумот во Македонија < минимумот во Европа. :) Барем за овој сектор, за право, економија тоа, нека си каже некој друг :) Ако сакаш да напредуваш во струката, мораш да бегаш надвор. Ако си задоволен со 30,000 негде а си учел 5-7 години за инженер а некој во влада со 8 одделение зема 5 пати повеќе, и притоа те краде и те прави глуп, ок. : )))))))))))))
 
Kajgana Shop

На врв Bottom