Интересно е тука да се споменат презимињата на Македонците од Албанија, од кои добар дел воопшто немаат никакви наставки:
Едмонд Темелко
Стерјо Спасе
Сотир Ристо
Фоте Никола
Повеќе примери може да се видат на објавениот избирачки список на ДИК, каде на адреси во општина Центар наводно се запишани лица од Пустец.
Презимиња без наставки се присутни и во Охридско-Струшкиов регион пред Балканските Војни и Втората Светска Војна. Наставките се додавани после војните -иќ, -ов, -ски, во зависност од приликите, така денес се среќава еден дел од фамилијата да е без наставка, втор со една наставка, а трет со друга. Јас сум лично знам човек што се презива Чекреџиески, а има подалечни роднини што се само Чекреџи, исто сум запонает со случај со три различни презимиња во поширока фамилија: Чауле, Чаулев и Чаулески.