Македонските бригади во НОБ (14ммнуб)

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
14 македонска младинска ударна бригада - “Димитар Влахов“
-ден на формирање: 17 септември 1944 година- с.Митрашинци
-вкупно борци истарешини 634 распоредени во
-воени единици: 4 батаљони секој по 153.
-минерски вод 11. и Штабот на бригадата 11.
-Бригадата ја сочинуваат главно борци младинци од 16-25 год.
-само 18 од вкупно 634 партизани беа постари од 25 год.
-од борците 90% се без опит за ракување со оружје.
-од вкупно 634 борци само 14 бае членови на КПЈ. а 7 на СКОЈ

-Социјална структура изгледаше вака:
-земјоделци-сточари---------------367.
-работници-----------------------------82
-ученици-младинци------------------94
-службеници---------------------------27
-други------------------------------------64

-По национален состав бригадата изгледаше вака:
-Македонци вкупно-----------------405
-Турци----------------------------------122
-Власи-----------------------------------80
-Роми--------------------------------------8
-Срби--------------------------------------8
-Словенци--------------------------------6
-Црногорци-------------------------------3
-Италијанци----------------------------13
-Полјаци-----------------------------------2

-Вооружување на бригадата (Будинарци-18.09.1944г.)
-пушки 606 со по 80 куршуми за секоја пушка.
-пушкомитралези 13 со по 200 куршуми.
-12 противтенковски мини
-8 автомати ( со муниција )
-7 револвери ( со муниција )
- неколку пакети експлозив

-Борбени акции и борби на тлото на Македонија
-од 20. 09. 1944год.--- до 17 ноември 1944 год.
-во источна Македонија и скопско-тетовскиот регион.
-од 18 до 28 ноември *44г. чистење на остатоци од балистичките банди.
-Бригадата на 6 јануари 1945 год.е во Куманово,на 12.01. тргнува пеш за Врање.
-на 16 јануари веќе сите единици на бригадата се преврлени до Београд со воз.
-Таму во околните места остануват наредните 80 дена и се врши воена обука.
-состав на бригадата:офицери 175.-подовицери 333.-борци 1.067. вкупно -1575.
-вооружување:пушки 679. снајпери 50. автомати 497. пиштоли 183.
-пушкомитралези-82. митралези -18. миноврлачи -18.
-противтенковски пушки -36. противтенковски топови-45 мм 4.
-Бригадата се вклучува во борбите на т.н. Сремски Фронт на 11 април 1945 г.
-последната акција на Бригадата е во Потсреда - Словенија на 22 мај 1945 год.
-Бригадата до 12 јуни ги чисти терените низ Босна од четничко-усташки делови.
-14 ММНУБ-се враќа во Скопје на ден 27 јуни 1945 год.во склоп на 48 дивизија.

-значи Бригадата имаше дејствија -учество во НОБ од околу 10 месеци
-нејзините борци-партизани поминаа пат долг 3500 км.
-за тоа време имаа 61 борбена акција.од кој 21 жестока борба од 1 до 5 дена.
-14 ММНУБ во тој пат за слобода даде над 4оо жртви.(околу 50 во Македонија)

-Штаб на 14а У. Млад. Бриг.-“Димитар Влахов“ 22 мај 1945 год. на Положај
-Бригадата се наоѓа во село Потсреда-во близина на Цеље.
- до штабот на 48 У. Дивизија.......стр. пов.бр***
-по список состав на бригадата
-офицери...................158.
-подовицери.............301
-борци.......................779
---------------------------1238 вкупно
еве интересен податок за “расходот“ од вкупно-645.
-во болница болни------------19.
-исчезнати-----------------------48
-ранети(на лечење)----------479

-Овој податок за ранети на крајот на акциите на бригадата во и по 2 св. војна
сосем доволно говори за тежината на борбите кој се водеа на т. н. Сремски Фронт.

уште многу прашања остануват отворени за оваа наша “МЛАДА“ бригада,затоа и го
почнав овој циклус од темава за “Македонските Бригади во НОБ“-баш од неа
а потоа по ред и за другите наши славни бригади и секако за првата за која е и
најповеќе пишувано и која беше најдолг период како учесник во борбите за
ослободување на нашата мила Македонија и напатениот македонски народ.
А која исто така тие војни виорни ветришта ќе ја однесат далеку на север да се
бори за некој интереси каде многу наши синови и ќерки ќе ги положат својте животи.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
--------“Напред браќа Македонци“.....................“Јуриш“.......

пред да почнам да пишувам и за другите македонски бригади(1-16)
еве нешто повеќе за оваа реченица од насловот,која е често слушана
и уптребувана во тие денови на борба некаде далеку од татковината
каде се и останати масовни гробници на оние наши млади борци кои
кога ќе ја слушнат таа реченица и тие зборови,рипајќи од еден ров не стигнале до другиот десетина метри понатаму,пронижани од снопот
куршуми и шрапнели паднале на патот “за Берлин“ во тие рамници
пред Загреб -исполнувајќи ја верно наредбата-“Напред,Јуриш“
и останале таму засекогаш а и во нечии тефтери запишани.Загинат?.

--------Борбите кај селата Гарешница и Кагана

-Борбите во близина на овие села за мене беа најжестоки од сите
што сум ги доживеал.На 27 април“45 г. се судривме со непријателот
стациониран на десната страна на реката Илова.Во сеќавање ми
остана ноќната борба што ја водевме против усташите.Пукавме и се
“довикувавме“ со непријателот.Постојано не навредуваа како
Македонци,пеева песни и не “уверуваа“ дека таму ќе ги оставиме
коските.Цела ноќ не осипуваа со миноврлачки и артилериски огин.
Околу нас земјата наликуваше на ораница.Таа ноќ постојано врнеше.
Напаѓавме со група од неколку борци.Сме се доплиживме до една
непријателска група.Бевме забележани и почнавме борба гуша за гуша
Тука не помагаше оружје.Визички посилниот можеше да остане жив.
Непријателот беше по надмоќен, и ние неколкумина успеавме да се
повлечеме.толку бевме осипувани со куршуми што шинелот и
торбичката ми беа изрешетани.И денес ги чувам како спомен.
Повторно потоа ја нападнавме истата група засилени со нови борци.
Повторно борба.Непријателите,и едните и другите со револвери и
ножеви в раце ги доубиваа ранетите борци.Бевме први во таа
борбена линија.Потоа позади нас пристигна на помош 6 личка див.
-Тие штитејќи не не храбреа со извиците:“Напред браќа Македонци“
Напредувавме со уште поголем елан. И паѓавме.
-“ Глетката беше морничава.Теренот со ниска шума и околу реката
личеше на кланица.Имаше и по некој жив,тешко ранет.Непријателски
и наши борци.Многумина загинаа спасувајќи ранет соборец.Имаше и
такви што неможеше да се препознаат беа толку изнакажани.На
многумина ранети крвта им течеше од секој дел на телото.Буквално
беа изрешетани од главата до петиците.Борбата беше толку блиску
што на некои на лицето им остана барут од истреланиот куршум.“
-
-14 ММУБ-само во оваа борба даде стотина жртви
-според искажувањето на борецот Филип Белчевски
-извор: 14 ММУБ-“Димитар Влахов“- Скопје 1981 год.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Прва Македонско-Косовска ударна бригада
Богомилскиот поход
По низата едно по друго борби што бригадата ги води на Богомила,Мукос планина,и селото Степанце,станува сосема извесно дека на окупаторската команда и е сосема јасна и позната маршутата на движење на партизаните.
За барем до некаде да го сокрие трагот на движењето на бригадата, нејзиниот Штаб на 07.02.2944 год. донесува одлука да упати ударна група,спротивно од правецот на движењето на Бригадата,преку Калиничкиот преслап,кон Никодин и Радобил на Мариово и Мегленско,назад кон селото Степанце,која ќе изврши демонстративен напад во тој правец.
Ударната група го напаѓа селото Степанце и бидеиќи е бригадата многу далеку на зборното место во Магленско одлучува да оди преку Прилеп.
Еве ги тие наши јунаци:
1. Наџи Салих
роден 1920 год. во Охрид, столарски работник
член на КПЈ, учесник во НОВ од 1942 год.Починат 1975 година.

2. Злате Малаковски
роден 1926 год. во село Богдево-Гостивар, ѕидарски работник
Член на КПЈ, учесник во НОВ од 1942 год.Загинат во 1944 година.
За Народен Херој е прогласен на 09.10.1953 год.

3. Петар Ѓончески - Гиле
роден 1923 год.во село Октиси-Струга, ѕидарски работник
Учесник во НОВ од 1942 год.Загинал во 1951 год.(како офицер на ЈНА)

4. Јонче Стефаноски - Риле
роден 1923 год. во село Октиси-Струга, ѕидарски работник
член на КПЈ,учесник во НОВ од 1942 год.Загинат 1947 г.(несреќен случај)

5. Андон Димитровски - Петко
роден 1922 год. во Крушево,кондураџија
член на КПЈ,носител на Партизанска споменица од 1941г. Починал 1986г.

6. Драган Спиркоски - Максо
Роден 1924год. во село Крстец -Прилеп
Член на КПЈ,учесник на нападот во Прилеп на 11.10 1941г.Починал 2002г.

7. Стојко Стојкоски - Мариовец
роден 1907 год. во село Полчиште - Прилеп, овчар
учесник во НОВ од 1943 година, починал 1987 год.
---------------------------------------------------------------------------
за (оваа) целата акција во Богомилскот поход,шефот на англиската мисија,учесник во овој марш - рекол
„ Нема армија на светот,на која,комплетен корпус во ваква ситуација,не би го положил оружјето“
(На овој победоносен пат не водеше Апостолски,а не митре)
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Прва Македонско-Косовска НОУБ

Оваа бригада беше прва по формациски број и по хронологија на формирањето на македонските бригади.Таа е формирана на 11 ноември 1943 година во с. Сливово.Во нејзиниот тогашен состав формациски влегоа батаљоните: „Мирче Ацев“, „Дебарско Кичевскиот“, 3 косовски батаљон
„Рамиз Садик“, 4 косовски батаљон „Борис Вукмировиќ“ и пратечка чета составена од митралези,миноврлачки и противколски пушки.
Вкупната бројна состојба на бригадата изнесуваше околу 800 борци и старешини.
Бригадата за тоа време беше солидно вооружена и опремена,претежно со оружје запленето по капитулација на Италија, во борбите со непријателот и со помош на сојузниците кои со подобранци доставија извесна опрема.
( по националност,односот беше околу 600 македонци, а другите беа срби,црногорци,словенци,хрвати и албанци,ова,го нагласувам зошто мислам да се отвори прашање:зошто веднаш не е формирана македонска бригада,кога во тоа време се имало и борци и кадар за тоа)
Команден состав на бригадата го сочинуваа
Петар Брајовиќ-Ѓуро.........Командант од формирање до јуни 1944 год.
Чеде Филиповски-Даме....Заменик,Ком........................до јуни 1944 год.
Мита Миљковиќ.................Политички комесар.............до Јуни 1944 год.
Вера Ацева-Доста............Заменик П.К......................до јануари1944 год.
Радусиновиќ Митар..........Заменик П.К........од јануари до јини 2944 год.
--------------------------------------------------
Од составот на оваа бригада подоцна ќе произлезат две бригади и тоа:
На 8 јуни 1944 година во с.Локов-Струшко ќе се формира 1 МНОУБ
А на 24 јуни 1944 година, косовско-метохиска НОУБ.
извор: Македонска Војска 1944-1945-Марјан Димитријевски
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
ПРВА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА УДАРНА БРИГАДА

Бригадата е формирана на 8 јуни 1944 година,во с. Локов-струшка малесија
Вангел Чукалевски - командант од формирањето до крајот на август 1944г.
Тихомир Шаревски- командант од август 1944г. до мај 1945 г.
Чеде Филиповски- Заменик командант од 8 јуни до 25 септември 1944 г.
Мијаило Михајловски- зам.ком. од 31 август 1944 г. (ранет на 1 септ.1944 г
Ристо Бужаровски - зам.ком. од 1 септември 1944 г. ( замена за Мијаило)
Петар Дента - заменик командант од јануари 1945 г.

Политички комесари во бригадата биле:
Никола Тодоровски,Ѓоре Велковски, и Јаким Спировски.
Заменици на пол.ком.
Крсте Црвенковски,Славе Лумбарковски,Жамила Колономос- Цвета,
Димитрија Кепевски, и Боро Кралевски.
Началници на штабот.
Стево Врбица,Димитрија Тунтевски, и Георги Тасков.Нам Пејов-член.
При штабот на бригадата престојуваше и англиска воена мисија.

Бројна состојба на бригадата на 8 јуни 1944 г. околу 500 борци.
260 борци од првата македнонска-косовска НОУБ (двата мак батаљони
80 преостанати искусни борци од јадрото на кичевско-дебарскиот бат.
76 новодојдени борци од Преспанскиот НОПО
40 борци од НОПО „ Јане Сандански“
26 борци од Велешкиот НОПО
37 босци од Костурскиот НОПО
39 новодојдени борци од Прилеп и Крушево
30 борци од поширокото подрачје каде делуваше бригадата.

Бројна состојба на Бригадата на 31 август 1944 е 424 борци и старешини
Бројна состојба на Бригадата на 8 октомври 1944 е 794 борци и ........
Бројна состојба на Бригадата на пат за Сремски фронт е околу 2000 ....

Загинати борци и старешини од оваа Бригада во 2С.В. е 378.
127 загинаа во борбите на територија на Македонија
251 загинаа во борбите на Сремскиот фронт во 1945 година.
последен загинат војник на фронтот е на 17 мај 1945 г.во Словенија
тоа е Петруш Илиевски од село Белица - кичевско
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Неее мие јасно каде се борците од 2001 год. никој не ги спомнува толку загинати , ранети и луѓе кои и ден денес имаат психички трауми се оставени на маргините од ова општество , кое го бранеа со чест и гордост!!!!!!
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Неее мие јасно каде се борците од 2001 год. никој не ги спомнува толку загинати , ранети и луѓе кои и ден денес имаат психички трауми се оставени на маргините од ова општество , кое го бранеа со чест и гордост!!!!!!
''aleksandar'', не е тоа темата.
Имаме јасен наслов што укажува за што е отворена оваа тема.
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
''aleksandar'', не е тоа темата.
Имаме јасен наслов што укажува за што е отворена оваа тема.
Точно така знам на што укажува темата , но никој и никаде не се дрзна да напише два збора за тие љуѓе нешто ;)него веќе отидовне офтопик ајде терајте ....
поздрав ;)
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
Вооруженото востание на македонскиот народ од 1941 година бележи константен пораст до конечното ослободување на Македонија. Партизанските одреди и воени единици ако во 1941 година имаше три партизански одреди, во 1942 се зголеми на девет.
Во 1943 година се формирани воените единици - баталјоните ,, Мирче Ацев", ,,Страшо Пинџур" . ,,Стив Наумов", ,,Јордан Николов", Кичевскиот, Мавровскиот, Дебарско-младинскиот, и двата косовски баталјони ,, Рамиз Садику" и ,,Борис Вукмировиќ".
Во ноември 1943 е формирана првата Македонско-косовска бригада, а во декември истата година, во егејска македонија е формирана Втората македонска бригада.

Во завршните операции за ослпбодувањето на Македонија, ја сочинуваа: три корпуси, (15, 16, и Брегалничко-струмичкиот), во чиј состав влегуваа 7 дивизии со 22 ударни бригади, 4 артилериски бригади, 3 пионерски и една коњичка бригада.

Вкупниот број борци и старешини во воените единици во Македонија, во текот на втората светска војна, ја надмина цифрата од 76.000 борци. Оваа вооружена сила на македонскиот народ и националностите води секојдневни борби со германскиот фашистички окупатор а исто така и со Петтата ибугарска фашистичка армија во Македонија, како и со албанско балистичките формации во Западна Македонија.

Единиците на НОВ и ПО во Македонија, само на територијата на вардарска Македонија за време на војната врзуваа за себе 60.000 фашистички окупаторски војници и полицајци (бугарски, италијански, германски, албанско балистички). Од оваа бројка 45.000 се наоѓаа на територијата на Македонија окупирана од Бугарија, и над 15.000 на територијата на Македонија окупирана од Италија не сметајќи ги квинслиншките албански формации.

People's Liberation Army of Macedonia
Народноослободителна Војска на Македонија
Narodnooslobodilačka vojska Makedonije

The 3rd Macedonian Assault Brigade during the
Spring Offensive, 1944

Brigades

  • 1st Macedonian Auto-Brigade
  • 1st Macedonian Cavalry Brigade
  • 1st Aegean Assault Brigade
  • 1st Macedonian Brigade
  • 2nd Macedonian Brigade
  • 3rd Macedonian Brigade
  • 4th Macedonian Brigade
  • 5th Macedonian Brigade
  • 6th Macedonian Brigade
  • 7th Macedonian Brigade
  • 8th Macedonian Brigade
  • 9th Macedonian Brigade
  • 10th Macedonian Brigade
  • 11th Macedonian Brigade
  • 12th Macedonian Brigade
  • 13th Macedonian Brigade
  • 14th Macedonian Brigade Dimitar Vlahov
  • 15th Macedonian Brigade
  • 16th Macedonian Brigade
  • 17th Macedonian Brigade
  • 18th Macedonian Brigade
  • 19th Macedonian Brigade
  • 20th Macedonian Brigade
  • 21st Macedonian Brigade
  • 11th Macedonian Brigade (41st Macedonian Division)
Corps

  • 15th Corps
  • 16th Corps
  • Bregalnica-Strumica Corps
Divisions

  • 41st Macedonian Division (General Staff of Macedonia)
  • 42nd Macedonian Division (15th Corps)
  • 48th Macedonian Division (15th Corps)
  • 49th Macedonian Division
  • 50th Macedonian Division
  • 51st Macedonian Division
  • Kumanovo Division
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Македонски Бригади (пешадиски)во НОБ - хронологија

1.- 1 Македонско-Косовска НОУБ .....- 11 ноември 1943 г.- с.Сливово
2.- 2 Македонска НОУБ....- 20 декември 1943 г.-с.Фуштани ( Егејско )
3.- 3 МНОУБ....-26 февруари 1944 г.-с.Жеглање-кумановско
4. -1 Македонска НОУБ..8 јуни 1944 г. с.Локов Струшка Малесија
5.- 4 МНОУБ.........24 јули 1944 г. пл.Плачковица - во месноста Лисец
6.- 5 МНОУБ.....................2 август 1944 г. с. Зборско - Кожув планина
7.- 7 МНОУБ............................22 август 1944 г. с. Зборско - ( Егејско )
8.- 9 МНОУБ ....................22 август 1944 г. с. Шешково - Кавадаречко
9.- 10 МНОУБ.........22 август 1944 г. во место„Црвена вода“-пл. Кожув
10. 11 (Кумановска) МНОУБ 29 август 1944 г. с.Пелинце-Кумановско
11.- 4 (7) Албанска МНОБ..26 август 1944 г. пл.Караорман зап.Макед.
13.- 6 МНОУБ.........6 септември 1944 г. на Славеј планина-Караорман
12. 8 МНОУБ.........................2 септември 1944 г. с.Отешино - Велешко
14. 15 Крушевска МНОБ..9 септември 1944 г. место Гумења - Крушево
15. 12 (Скопска) МНОУБ.....12 септември 1944 г. с.Војница-Велешко
16. 15 Поречка МНОБ........12 септември 1944 г. с.Челопеци - Кичевско
17. 13 МНОУБ .............17 септември 1944 г. с.Митрашинци - Беровско
18. 14 МНОУБ .............17 септември 1944 г. с.Митрашинци - Беровско
19. 18 Кавадаречка МНОБ 18 септември 1944 г. с.Дабниште-Тиквешко
20. 11 Кавадаречка МНОБ 3 октомври 1944 г. Кавадаречко Тиквешко
21. 18 Кумановска МНОБ.............. октомври с.Алгуње - Кумановско
22. 16 МНОБ .......................6 октомври 1944 г. на Скопска Црна Гора
23. 19 МНОБ „Гоце Делчев“........8 октомври 1944 г. с..Лаки - Виничко
24. 17 МНОБ ..............3-10 октомври 1944 г.с.Жељувино - Куманово
25. 20 МНОБ........18 октомври 1944 г. место Широк дол,пл.Плачковица
26. 21 МНОБ .........19 октомври 1944 г. место Широк дол - Беровско
27. Бригадата „Гоце Делчев“- сеп-октомври 1944г.Софија
27. 1 Егејска МНОБ ..18 ноември 1944 г.с.Драгош - Битолско
28. Дополнителна МНОБ (при ГШ на НОВ) јануари 1945 год.
29. Дополнителна МНОБ на 15 МНОУК..март 1945г.с.Војка-Београд
30. Охридско-Струшка дополнителна бригада-септ.’44,Велмеј-Охрид
31. Кичевско-Дебарска МНОБ (од 6 октомври ’44г.во 1 МНОУБ)
.............................................
извор: Македонска војска 1944-1945 , Марјан Димитриевски ИНИ 1999 год.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
16 Македонска народноослободителна Ударна Бригада
Оваа македонска ударна бригада иако формирана меѓу последните бригади на Народноослободителната војска на Македонија,има борбен и славен пат. Даде голем број жртви од нејзиното формирање 6 октомври 1944 г. до 15 мај 1945 г. т.с. до завршување на војната,секој пети војник од нејзинте редови е загинат,како резултат на нејзиниот борбен распоред на кој се наоѓаше.Ако се земат предвит и ранетите борци, тогаш секој втор војник е исврлен од стројот на бригадата.Точно поради таа своја борбена способност е прогласена за ударна,и е одликувана со Орден Браство и единство.
Условите во кои се формира Бригадата беа неповолни.На сите страни ( на Скопска Црна Гора ) водеа борба партизанските единици со албанските балистички непријателски формации,кој напаѓаа со јачина од 1200 луѓе и беа вооружени со современа техника од Германците,за да ги заштитуваат при нивното повлејување.Во овие борби на денот на формирање на бригадата беа ангажирани околу 600 борци од два баталјона.Времето беше доста дождливо.Ваквиот развој на настаните не овозможи на посвечен начин да се формира бригадата во с.Кучевиште.
Според документацијата со која се располага,во овој момент,иако е таа нецелосна,Бригадата од времето на нејзиното префрлување на Прешевско-Кумановкиот терен на Скопска Црна Гора,со борбите на скопска Црна Гора,ослободувањето на Скопје, Сремскиот Фронт и чистењето на теренот по ослободувањето на Скопје и завршување на Втората светска војна- 15 мај 1945 година,
има 440 загинати борци и старешински кадар,
од кој на Скопска Црна Гора загинале - 235 борци
а на Сремскиот Фронт - 205 борци.
---------------------------------------------------------------------------------------
извор-Шеснаесетта Македонска Ударна Народноослободителна Бригада
Петар Јовчев - Архив на македонија-Скопје 1994 година
 
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
Точно така знам на што укажува темата , но никој и никаде не се дрзна да напише два збора за тие љуѓе нешто ;)него веќе отидовне офтопик ајде терајте ....
поздрав ;)
Почнаа и гласно да се дрзнуваат (види син болд долу).

Датум: 24.12.2012, 17:31

ПИСМО

Загинатите за татковината никогаш не умираат

Деновиве се навршија седум децении од убиството на првоборецот Мицо Kозар од Прилеп. Тој беше командант на Велешкиот одред „Димитар Влахов“, кој беше разбиен во ноември 1942 година. Kомандантот, откако пешачел цела ноќ со група соборци барајќи врска со поголемиот дел од одредот, се засолнил ноќта на 5 декември во една пештера на падините на Солунска Глава. Утрото групата била откриена и штитејќи ги соборците, Мицо Kозар бил смртно ранет на 6 декември.

Во негова чест е подигнат споменик во селото Богомила, а по повод денот на загинувањето, беше организирано поклонение пред неговиот споменик. Меѓу почитувачите на ослободителното дело – пензионери, членови на борачките организации од Велес и Прилеп, беа присутни и ученици од ОУ „Петре Поп Арсов“ од Богомила, како и синот на првоборецот Мицо, 73-годишниот Благоја Kозар, кој пристигнал пред бистата на таткото два часа пред останатите. Никој од присутните не остана индиферентен гледајќи го синот Благоја како ја бакнува бистата на таткото Мицо Kозар, стоејќи мирно по положувањето на свежото цвеќе.

Започнав разговор со него: Во весникот „Дневник“ прочитав ваш некролог, со наслов „Почит“ и интересна содржина. Што всушност значи овој вид некролог? – го запрашав.

„Видете, насловот повикува на почитување од нас, живите, кон сите борци загинати и преживеани, борци за слобода на Македонија. Понатаму, ја спомнувам каузата што ги мотивирала татко ми и неговите соборци да го почнат востанието на 11 октомври 1941 година, а таа кауза е „слободата за татковината“. Тие заминале во борба пеејќи ја песната (нивна химна) „Народе македонски, разбуди се...!“ И на крајот да останат вечно во нашата меморија паднатите херои за татковината“.

На заедничката фотографија во тој оглас го гледаме вашиот татко Мицо со соборецот Трајко Бошковски Тарцан во партизанска униформа. Kаква била нивната соработка пред востанието, се интересирав.

„Татко ми беше постар од Тарцан, но различноста на нивната возраст не им пречела заеднички да организираат протести уште во претходниот режим. Тарцан како сираче често доаѓал во нашата куќа, а на 1 мај 1938 со татко ми го поставиле црвениот бајрак – симбол на работничката класа, на врвот на Маркови Kули. Тие соработувале и со Ченто, нашиот сосед, и се почитувале. По бугарската окупација, како што е општо познато, Прилепскиот одред го почнал народното востание на 11 октомври 1941 година. Во борбените акции татко ми како командант ја предводел групата што го нападнала Затворот ослободувајќи ги затворениците. Тарцан со неговиот одред извршил напад врз Участакот (полициската станица), а Kрсте Црвенковски со соборците ги уништувал комуникациските објекти (поштенски столбови, сечеле кабли и слично)...

Kако што е познато, потоа се појавува во Велешко партизанскиот одред „Димитар Влахов“, со што прилепските водачи на востанието се префрлиле во тој одред (1942) и дејствувале во Азот, Велешко. На овој историски час присутните, особено помладите, беа одушевени од темпераментноста на раскажувачот, но не останаа рамнодушни кога синот на Мицо Kозар, Благоја, со насолзени очи ја бакнуваше бистата на татка си. Тој продолжи да се присетува:

„Јас сум роден 1939 година, а како што знаете на 6 декември 1942 година татко ми бил убиен. Неговите посмртни остатоци (коските) ги пронајде неговата мајка, мојата баба, со група преживеани борци, дури во март – скоро три години по неговото убиство. Значи, за време на целата борба неговото тело било врз македонската земја, а не под неа. Иако многу доцна, неговите коски биле пронајдени во близина на пештерата каде што се криел. На крајот сакам да испратам порака до сите почитувачи на борците за слобода: Вакви комеморативни собири да се одржуваат во чест и спомен не само на борците од НОБ, туку и на илинденците, на бранителите од 2001 година и на сите знајни и незнајни, загинати за татковината“.

Се поклонивме пред бистата на Мицо со благодарност што се жртвувал за слободна Македонија оставајќи го сираче својот син Благоја, чиешто раскажување пак го подигна патриотското чувство и мислата: „Загинатите за татковината никогаш не умираат – вечно ќе живеат во меморијата на идните генерации“.

Д-р Веле Алексоски

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=1AF490E162DF3C4CA8393B0EFB7B19E1

Инаку многу фала Anco, одлични информации за овој период на Македонската историја.
.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Седма Македонска Бригада - 7. МНОБ
Оваа бригада официјално е формирана на 22 август 1944 год. во с.Зборско во Егејскиот дел на Македонија.Составот на борците на бригадата главно беше од битолско-преспанкиот регион,од кои некои веќе беа прекалени борци на Битолско- преспанскиот НОПО,батаљонот„Стиф Наумов“,батаљонот „Страшо Пинџур“ и батаљонот „Мирче Авцев“,поради шти и бригадата беше нарекувана 7.битолска МНОБ.На денот на формирањето бригадата броеше 320 борци,распоредени во три батаљони.
Прв командант на бригадата е Васко Карангелески.
-----------------
Жените - борци во 7.МНОБ
Во борбениот состав на 7.МНОБ имаше околу 10% жени кои доброволно стапиле во нејзините редови. Во исполнување на боречките должности тие со својата борбеност и преданост биле рамни на мажите,и во давањето на прва помош и извлекување на ранетите од борбата,како и во вршењето на здравствената служба беа незаменливи.
Должноста четен болнничар им беше доверувана исклучиво на жени,а во повисоките санитетски инстанции тие ја носеа главната тежина.
Жените како борци во ништо не заостануваа зад мажите,а некои од нив опслужуваа и пушкомитралези, па биле и бомбаши при освојувањето на бункери и разни огнени точки на непријателот. Во оваа смисла,во Бригадата предначеа: Естераја Овадија - Мара и Фана Кочовска,двете прогласени за Народни Херои на Македонија, а не заостануваше по храброст и Лена Ташкова,која успеа да побегне од злогласниот бугарски затвор и својата храброст да ја прикаже и во борбата на Бригадата.
Со својата борба и преданост многу жени во составот на Бригадата станале раководители,командири на оделенија,комесари на чети а ги имало и на повисоки должности.Така Фанија Телемајкова била комесар на батаљон во Бригадата,а Фанија Кочовска-секретар на СКОЈ на 7.МНОБ.
--------------------------
од книгата:
7.Македонска Бригада и 49 Дивизија на НОВЈ
Владо Стрезовски - Ѓорѓи Димовски-Ласков
Историски Архив-Битола-едиција Незаборавни-книга 3
Битола 1987 година
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
15. Поречка МНОБ
Оваа Бригада е така именувана на денот на формирањето на 12 септември 1944 год. во с. Челопеци-Кичевско.
(податок од книгата „Македонска Војска“-од Марјан Димитријевски)
Други податоци има многу малку за оваа Бригада,затоа овде сакам да изнесам-препшам еден текст,пишуван рачно и исчукан на машина:
„Формирањето и борбениот пат на 15 МНОБ“
-----------------
Оваа бригада е формирана по наредба на ГШ на НОВ и ПОМ на 27.08.1944 година во село Брезница - Македонски Брод. Бригадата беше составена од воената формација на војводата Војче Трбиќ и борци од 5 Прилепска бригада. Вака формациски оваа бригада учествуваше во повеќе акции со бугарските формации во село Здуње и други места,како и со балистичките банди во Сува Гора.Меѓутоа по кусо време,негде во октомври месец истата година,во селото Миокази се изврши реорганизација,така што 2 нејзини баталјони влегоа во 1 и 4 бригада, а во 15 дојдоа 2 баталјони од овие две бригади. 15 бригада во Миокази престана да постои како Поречка бригада,а доби назив 15 МНОБ и веднаш се повлече во село Челопеци, од каде по неколку дена подготовки заедно со некои баталјони од другите бригади се упати да земе учество за ослободувањето на Струга и Охрид...
-Јонче Николовски, Кичево, Скопје
----------------
Понатаму во текстот изнесува податоци за борбените дејствија на бригадата,за проблемите со презимињата и брадите на борците
(неодамна како четници), преговорите со Мефаил-неуспешни,
херојската борба со Германците кај Струга, три дена и ноќи борби во село Зајас,каде авторот вели„дадовме толку жртви колку сите други бригади за ослободување на западна Македонија“
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
„Уште на почетокот сакам да се задржам на една појава кај борците
од поречкиот крај кои биле до неодамна четници,а сега се партизани. Толку се чуствуваше кај нив задоеност со големосрпската идеологија,што кога се устројуваа единичните спискови на бригадата,тие не сакаа нивните презимиња да завршуваат на „ски“ ами да остане како дотогаш на „иќ“,ниту пак сакаа да ги остранат нивните бради кои повеќе не им служеа за ништо друго освен како симбол,или белег на едно мрачно време од четничкиот живот во поречкиот крај.Овој случај предизвика и политички проблем во единицата.Тие борци побараа заштита и интервенција од својот батаљонски командант Михајле,човек со сомнително минато,бивш главешина кај Војче Трбиќ,кој во Гостивар беше затечен на дело каде користеше тајна радиостаница, а покрај тоа испраќаше оружје во Порече.
Во Батаљонот каде Михајле беше командант,јас бев Пол-Ком на чета.
Проблемот со презимињата и брадите остана присатен подолго време и овие борци гледаа со голема недоверба кон политичките комесари“
 

Kajgana Shop

На врв Bottom