Македонските бригади во НОБ (14ммнуб)

Член од
26 јули 2013
Мислења
287
Поени од реакции
177
Дали некој знае нешто повеке за 14 македонска бригада,трети батаљон, вод за веза.Во оваа единица беше партизан мојот дедо(Александар Гичевски)на позиција везист,предходно беше во бугарската армија.На 20.09.1944 се приклучува кон партизаните,а бил донесен од бугарија заедно со уште многумина под водство на Пецо Трајков.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
7.839
Поени од реакции
14.637
Оваа одлука не ја оправдувам.
„На 18 декември 1944 година,согласно наредбата на ГШ на НОВ и ПОЈ за Македонија, 14. МНОУБ беше прогласена за младинска МНОУБ „Димитар Влахов“. Согласно наредбата, сите борци од бригадата постари од 22 год. беа прекомандовани во другите единици на НОВ и ПОЈ, а во составот на
14. МНОУБ „Димитар Влахов“,дојдоа нови млади борци на возраст од17-20 години.Така бригадата формациски влегуваше во составот на 48 МНОД.а таа пак,формациски влегуваше во реорганизираниот 15 МНОУК, кој се подготвуваше да замине на Сремскиот фронт.“
---------Извор: Марјан Димитријевски-Македонска војска 1944-1945
Мислам овде има замешано „прсти“-наредби, Темпо. Дали до тогаш Македонија малку дала жртви ослободуваиќи се сосем само со свој сили,
па на овој начин испраќајки деца на Сремскиот фронт(родени 1925-1927)
секако не служени војска и тотално неискусни во рамничарско војување, да тој број се зголеми што повеќе.
Татко ми на овој начин (1920) е прекомандован во 1 артилериска бригада и беше на Сремскиот фронт со неа.
-----------------------
Последен Пол-Ком. на оваа бригада беше Тодор Атанасовски-Тошо,
кој се уште е борец во животов.
Пред него таа должност ја вршеше Петар Пепељуговски-Стојче-Црвениот,кој има и издадено книги за оваа бригада и Сремскиот фронт.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
7.839
Поени од реакции
14.637
Picture 2127.jpg Дешка Тодорова - политички комесар на прва чета на Петиот батаљон на 14 ММУБ - Д.Влахов
Дешка Тодорова е родена во Бегниште,Кавадаречко.Кон НОВ се приклучува во мај 1943 година.( во 2 и 3 МНОБ)
Загина на 6 ноември 1944 година,во тешките борби со Германците кај Судиќ.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom