Македонскиот народ да тужи..

  • Креатор на темата zlaki
  • Време на започнување
Член од
24 март 2010
Мислења
15.145
Поени од реакции
25.573
Дефинитивно енд оф дискашн со тебе...
Ако во оваа мизерна држава ти се живее невработен живеј си шо да ти кажам :D
Што си се засекирал за мене сеа? Ти беше тој што ќе го бесеше Грујо. Кај избега?
 
M

mar30

Гостин
ваква иницијатива би можел да поткрене народниот правобранител но конкретниот случај би требало да се носи кај државниот обвинител што е проблем но кога би постоело право во инстутициите најмалку што би требало да се случи е отварање на предмет и истрага со која би се заштитил народот од криминал за кој има прилично доволно индиции или докази во голем дел од прислушкуваните разговори.тука има и друга димензија која треба уште повеке да го загрижи народот а тоа е демаскирањето на наводната чесност,морал,патриотизам и искреност која е сега соголена и реалноста е црна во која има нарачки шамарање на опоненти,порачување службено возило од над 600 000 евра а истовремено одбивање на финансирање лекување на оние кои им е најпотребна помош и ред други ајванлци кои само ајван може да ги праи.
 

Silvio

Strength And Honor
Член од
21 јануари 2009
Мислења
311
Поени од реакции
166
Уставот на Р.М. предвидува поделба на власта во Македонија на извршна, законодавна и судска. Секоја власт претставува контролор на останатите две, секоја од нив има своја укинатна функција и во симбиоза со останатите две се формира целосен правен систем.

Во секоја земја од светот цел на извршната власт е да може да врши контрола врз законодавната и судската власт, проблемот е што во Македонија целосно им успеа. Институциите се политизирани, судовите исто така, и најстрашно е што народот и обичниот граѓанин е „обоен“ и изнесува ставови кои му се него сервирани од страна на политичката партија, зборам и за позиција и за опозиција.

Така што, тука веќе не можеме да збориме за правна разрешница на било што а камо ли за случај од такви размери како бомбите на Заев и криминалите на Груевски. Бомбите можеби се незаконски набавени и презентирани, тоа не знаеме а се надевам ќе дознаеме, али содржината што сите ја слушнавме е фрапантна, бизарно луда. Во секоја нормална држава ќе се отвореше масовна и крајно сериозна истрага и до завршување на истата ќе имаше стагнација на политичката сцена, па на крајот ќе си ги мереа стојковците политички. А они што направија? И двајцата искачаат јавно паламудат и останува ние како граѓани меѓу себе да се заколеме и караме. А ние офци класични кампуваме, се псуеме, си играме демократија.

Да потсетам само, ВМРО дојде на власт во толкаво мнозинство само заради одбивноста од тогашноста власт на чело со СДСМ. На луѓето им беше скиснато од плавите па се фати за сламката на спасот во форма на ВМРО. Сега се случува обратното... бизарно нели?

Јас дефинитивно сакам промена, што побрзо тоа подобро. Али вистинска промена, која за жал не ја гледам на повидок. Доста ми е од старите лоши црвени и плави.

И да има избори, ВМРО ќе ги искористи сите сили во форма на притисок и присила да натера гласачи со закани за бркање од работа, уништување на човечки животи повторно да победи, тоа и е можно сценарио.
СДСМ се надевам ќе понуди добра понуда во текот на предизборната кампања. нешто повеќе од празни ветувања - ние ќе ја опраиме државата, минативе ја зезнаа ние идеме напред.

Круцијална е вистинска реформа - да се обезбеди инстиционална правда, правна држава. поделба на власта, вадење на политиката надвор од секојдневното живеење, работа за младите, мир за старите и дефинитивно - Европска Унија. Не сме уште способни да имаме политичари кои колку толку ќе го подобрат животот во нашава држава, мора да има некој што ќе претставува тоа што е наслов на темава - народен суд, само овој ќе биде Европски суд за правда во Луксембург.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.042
Поени од реакции
6.651
кој македонски народ да покрене тужба,оној што е во шаторите за слобода и контраслобода ?? :icon_lol:

за жал сапуниците кои ги наполнаа телевизиите последните 20 години прејдоа во реалниот живот овде и ова е катастрофа што се случува на овие простори......појдете на југ или на подалечните север и запад да видите како се живее и како се гради држава и инфраструктура,овде способни сме само еден шатор да подигниме и ништо друго
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Уставот на Р.М. предвидува поделба на власта во Македонија на извршна, законодавна и судска. Секоја власт претставува контролор на останатите две, секоја од нив има своја укинатна функција и во симбиоза со останатите две се формира целосен правен систем.

Во секоја земја од светот цел на извршната власт е да може да врши контрола врз законодавната и судската власт, проблемот е што во Македонија целосно им успеа. Институциите се политизирани, судовите исто така, и најстрашно е што народот и обичниот граѓанин е „обоен“ и изнесува ставови кои му се него сервирани од страна на политичката партија, зборам и за позиција и за опозиција.

Така што, тука веќе не можеме да збориме за правна разрешница на било што а камо ли за случај од такви размери како бомбите на Заев и криминалите на Груевски. Бомбите можеби се незаконски набавени и презентирани, тоа не знаеме а се надевам ќе дознаеме, али содржината што сите ја слушнавме е фрапантна, бизарно луда. Во секоја нормална држава ќе се отвореше масовна и крајно сериозна истрага и до завршување на истата ќе имаше стагнација на политичката сцена, па на крајот ќе си ги мереа стојковците политички. А они што направија? И двајцата искачаат јавно паламудат и останува ние како граѓани меѓу себе да се заколеме и караме. А ние офци класични кампуваме, се псуеме, си играме демократија.

Да потсетам само, ВМРО дојде на власт во толкаво мнозинство само заради одбивноста од тогашноста власт на чело со СДСМ. На луѓето им беше скиснато од плавите па се фати за сламката на спасот во форма на ВМРО. Сега се случува обратното... бизарно нели?

Јас дефинитивно сакам промена, што побрзо тоа подобро. Али вистинска промена, која за жал не ја гледам на повидок. Доста ми е од старите лоши црвени и плави.

И да има избори, ВМРО ќе ги искористи сите сили во форма на притисок и присила да натера гласачи со закани за бркање од работа, уништување на човечки животи повторно да победи, тоа и е можно сценарио.
СДСМ се надевам ќе понуди добра понуда во текот на предизборната кампања. нешто повеќе од празни ветувања - ние ќе ја опраиме државата, минативе ја зезнаа ние идеме напред.

Круцијална е вистинска реформа - да се обезбеди инстиционална правда, правна држава. поделба на власта, вадење на политиката надвор од секојдневното живеење, работа за младите, мир за старите и дефинитивно - Европска Унија. Не сме уште способни да имаме политичари кои колку толку ќе го подобрат животот во нашава држава, мора да има некој што ќе претставува тоа што е наслов на темава - народен суд, само овој ќе биде Европски суд за правда во Луксембург.
Не смеат да ги пуштаат монтираните разговори на партиски медиуми туку се избегани во странсски амбасади и држави за да не им се суди
 
Z

zlaki

Гостин
зарем нема никаква можност да граѓаните кои се неопределени па и определени за позиција или опозиција да се пронајдат во заштита на меѓународен план за своите права загарантирани со устав и закон и патриотизам од државата да се изборат/ме за сторен криминал од државни властодршци како заштита со поткрепа од маѓународен суд затоа што нашите институции се партизирани до крајност?
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
^Па што и ја како граѓанин и на оваа држава функционирам така односно ако дадам процент ќе ми ги кажат ценитe,ќе намалам 1-2% и ќе добијам тендер па така сите задоволни се вртиме во круг и добиваме договорени тендери
И што имаа лошо во тоа
Ако не постои оваа опција повеќето ќе банкнотираат или преорјентираат па ќе треба да остане само една фирма а тогаш се разбира нема пазарна економија.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Многу наивен е воведниот пост за тужење. Кого и за што ќе се тужи? Пресуда (во професионална постапка) може и смее да се донесе само врз база на докази. Материјални, секако. Објавени се приватни разговори. Прво, речиси за секој разговор, секој може да рече „си правевме рекла-казала муабет“. Или па да се испита темата и да се провери дали некој е истепан со шамари, дали некому му е запален дуќан... не верувам дека ќе испадне така... Многу е тешко да се докажат работите и затоа може единствено да се делува на морален аспект на разговорите, во најголем дел од нив... А башка што се ова приватни разговори, какви имаме сите ние, па ако некој од нас каже „е да пукне тој и тој“ не значи и дека тоа ќе му го сториме, а па колку ли само разговори се водат со сексуални ипликации кон мајките (а некогаш и кон други женски членови) на одредени личности во вид на „да ти е..м мајката (сестрата...)“. И тоа не значи дека така и ќе биде. Единствено е безбедно кога татко му пцуе мајката на сопствените деца. Или зетот на шурата му ја пцуе сестрата. Се друго е „опасна работа“. :)
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.801
Поени од реакции
15.718
зарем нема никаква можност да граѓаните кои се неопределени па и определени за позиција или опозиција да се пронајдат во заштита на меѓународен план за своите права загарантирани со устав и закон и патриотизам од државата да се изборат/ме за сторен криминал од државни властодршци како заштита со поткрепа од маѓународен суд затоа што нашите институции се партизирани до крајност?
Во која држава има ова ?? МНЕ 25 години иста власт, не само внетрешна корупција туку и шверц на цигари, ликвидации на новинари и неподобни... епилог, почнаа преговори со ЕУ, прашање на денот е влез во НАТО.
.. Хрватска, ..ХДЗ имаше прекин само пред 2 години, председателот на левичарите падна а набргу пак ќе се вратат..корупција како кај нас, масовни ликвидации на новинари и други, судски прогон за вербален деликт... економска стагнација и криза.. но сепак не им воведува никој никаков мониторинг ниту Сорос може нешто да направи.
.. Србија ... корупција како кај нас, исто и демократијата... играат на 2 столчиња, немаат намера за влез во Нато, ниту да го признаат Косово... но сепак ги почнаа преговорите со ЕУ..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom