Македонскиот катастар доби околу два милиона оригинални тапии од турските архиви

Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Што откриваат турските тапии?
МАКЕДОНИЈА | 21.12.2014 10:35
Оригиналната архивска документација од Османлиското Царство од 1847 година до 1912 година е полна со податоци што ќе дадат поширока слика за Македонија. Тапиите не кријат само имотно-правни односи, туку нудат податоци и за етничкиот и верски состав на жителите на територијата, чии поданици билe, потоа за сопственоста на објектите во урбаните средини - амамите, дуќаните, како се движела цената на имотите, како и други податоци вредни за македонската историја

Македонскиот катастар доби околу два милиона оригинални тапии од турските архиви, што претставува евиденција на имотот на Македонците во време на Отоманската Империја. Во книгите се запишани сопствениците на имотите, со што сѐ располагале, со чии парцели граничеле, имињата на локациите. Тапиите, кои претставуваат историја, која досега до пред речиси 170 години, имаат големо значење не само за катастарот.

Оригиналните документи, покрај имотно-правните заведени односи, ја откриваат и етничката слика на жителите, но имаат и сериозна архивска документација, која Османлиското Царство ја водело во периодот од 1847 година до 1912 година.


- Доставените таписки книги се однесуваат на вилаетите што се наоѓаат во границите на Република Македонија. Преземените податоците се однесуваат на примероци од таписката евиденција што се однесува на следниве кази: Гевгелија, Дојран, Струмица, Тиквешко (Центар: Кавадарци), Велес, Скопје, Штип, Кочани, Османија или Малешија, Кратово, Куманово, Радовиш, Крива Паланка, Тетово, Гостивар, Битола, нахија Ресен (Битолско), нахија Преспа (Битолско), Прилеп, Кичево, Охрид, Голем Дебар, Мал Дебар, река Каза, Дириџе,Черника и Пијанец (кочанска нахија) со вкупно 957 таписки книги. Се работи за обемен материјал, кој содржи различни видови записи, кои опфаќаат временскиот период од 1847 година до 1912 година, целиот материјал содржи околу 2.000.000,00 тапии – открива директорот на катастар Славче Трпески.

Во документите е наведено населението запишано како муслимани, христијани и Евреи. Имотите се запишувани според името на сопственикот, а место презиме, користено е татковото име. Исто така, заведена е и процена на вредноста на имотот изразена во турски гроша.

- Тапиите имаат голема историска вредност. Преку содржината на овие податоци ќе може да се види сопственикот, дали било физичко лице или државата; потоа религиска припадност, односно муслиман, христијанин или Евреин; следува државјанството на сопственикот – дали бил поданик на Отоманската Империја, на Австро-Унгарија или имал друга припадност; површината на парцелите искажана во тогашните мери како дулуми, шиници, евлеци итн; видот на обработливото земјиште – дали биле ниви, ливади, лозје, градини; вредноста на имотот изразена во стари или во нови грошеви; преносот на недвижниот имот од еден на друг сопственик, како и други податоци. Сето тоа, сите овие податоци ќе имаат извонредно значење во историска смисла. Прво, преку податоците ќе ја видиме Македонија во период кога сѐ уште била во рамките на Отоманската Империја, ќе се види верскиот состав на целата територија на денешна Република Македонија, ќе ја видиме сопственост кому доминантно му припаѓала, ќе се добијат значајни информации и за сопственоста на објектите во урбаните средини, на пример во чија сопственост биле амамите, дуќаните, како се движеле цените на имотот, а преку натамошна научна анализа и истражувања може да се очекуваат и други податоци за кои денес не знаеме. Поради тоа, преведувањето, обработката и ставањето на овој материјал во функција на работата на Агенцијата за катастар на недвижности и на други научни институции, има извонредно значење, како од економски, така и од историско–културен аспект.



Документите во оригиналот се водени на арапско писмо, кое било официјален јазик во Османлиското Царство. По преведувањето на овие земјишни книги, податоците ќе бидат достапни и за граѓаните, на пример за да видат со колкав и каков имот располагале нивните предци.

- Со цел превод и обработка на таписките книги, формирана е меѓуресорска работна група составена од стручни лица – претставници на Институтот за национална историја, Државниот архив на Република Македонија и Агенцијата за катастар на недвижности. Бидејќи се работи за обемен материјал, се почна со превод и со обработка на архивски материјал на една таписка книга. Преводот на оваа таписка книга ќе помогне во процесот на препознавање на тоа колку точно време и ресурси се потребни за превод и за обработка на целиот материјал. Би нагласиле дека во моментов во Република Мaкедонија има ограничен број овластени преведувачи од старотурски јазик и за поздравување е одлуката на Владата на Република Македонија за стипендирање студенти што ќе го изучуваат овој јазик во Истанбул и во Анкара – додава Трпески.

Тапиите како средство за докажување на правото на сопственост може да се употребат во постапките за денационализација, како и во евентуални судски постапки, вели Трпески. Дел од граѓаните во Македонија велат дека имаат тапии што се однесуваат на некој имот.

- Таписките книги се архивски материјал што не може да се употреби денес за директно да се изврши запишување на правото на сопственост во катастарот на недвижности бидејќи најнапред во Кралството на Србите, Хрватите и на Словенците, а потоа и во 1946 година е направена ревизија на правата запишани во катастарот и се донесени многубројни акти со кои имотот е во сопственост на денешните сопственици, па оттаму е невозможна промена на сопственоста без соодветна процедура утврдена со закон - посочува Трпески.
http://republika.mk/?p=361353

Мислам дека ќе биде интересно да се следат резултатите одкога ќе се преведат овие тапии. Секако би било уште поинтересно кога би ги добиле и тапиите од егејска и пиринска Македонија.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.298
Поени од реакции
4.680
Сега ќе може да преброиме колку шипци имало на времето и кога тоа они станале староседелци во Македонија.
Ѓорѓи, тогаш не попишувале по етникуми, како си со желудникот?
 

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
Мислам дека ќе биде интересно да се следат резултатите одкога ќе се преведат овие тапии. Секако би било уште поинтересно кога би ги добиле и тапиите од егејска и пиринска Македонија.
Ептен ме интересира по која основа би ги побарале овие документи ? :D
Мислам дека доколку би ги побарале,шансите истите да ги добиеме би биле минимални..
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Опа, е сега ќе видам-најдам тоа дедоми Мино што ми велеше.
За неговите бавчи,штали,плевни и гумна кој се наоѓале на сегашниот „орка спорт“ па се до и со се Металноно претпријатие „Благој Давков“.
Ајде да земам тоа тапиите и О.Камче,спремај парталите од таму или одврзи го кесето.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Опа, е сега ќе видам-најдам тоа дедоми Мино што ми велеше.
За неговите бавчи,штали,плевни и гумна кој се наоѓале на сегашниот „орка спорт“ па се до и со се Металноно претпријатие „Благој Давков“.
Ајде да земам тоа тапиите и О.Камче,спремај парталите од таму или одврзи го кесето.
- Таписките книги се архивски материјал што не може да се употреби денес за директно да се изврши запишување на правото на сопственост во катастарот на недвижности бидејќи најнапред во Кралството на Србите, Хрватите и на Словенците, а потоа и во 1946 година е направена ревизија на правата запишани во катастарот и се донесени многубројни акти со кои имотот е во сопственост на денешните сопственици, па оттаму е невозможна промена на сопственоста без соодветна процедура утврдена со закон - посочува Трпески.
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
- Таписките книги се архивски материјал што не може да се употреби денес за директно да се изврши запишување на правото на сопственост во катастарот на недвижности бидејќи најнапред во Кралството на Србите, Хрватите и на Словенците, а потоа и во 1946 година е направена ревизија на правата запишани во катастарот и се донесени многубројни акти со кои имотот е во сопственост на денешните сопственици, па оттаму е невозможна промена на сопственоста без соодветна процедура утврдена со закон - посочува Трпески.
Дали мислиш дека тоа би го спречило Анчо да ја земе правдата во негови раце? :icon_lol:
 
П

Пе Џо

Гостин
Ваљда сеа ќе сфатат дека барокни зданија и јоркширски пајтони на овие простори немало.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Ајдееееее почнаа со турски производи,серии,фабрики,згради,сега и тапии..........
Мириса на загорено.
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
Ова е една од попаметните работи на државава во последно време. Уште подобро ќе беше да ги дадеа тапиите за Егеј и Пирин, ама изгледа тој филм не го гледаме.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Конечно, дали ова значи дека, Турција се откажува од својот имот - Македонија? (штом ни ги дава нели тапиите во наши раце?) :гик:
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.711
Поени од реакции
7.844
Ѓорѓи, тогаш не попишувале по етникуми, како си со желудникот?
Зошто лажеш? Или сакаш да го надминеш министерот:lolzz:?

http://m.friendfeed-media.com/1d4fdaf358c69c4c02100b94370454097403f76a

Стр. 22 и 23: Население на балканските отомански територии во 1831, се споменуваат

Муслимани: Tурци, Албанци, Бошњаци, Помаци
Христијани: Грци, Словени, Албанци, Власи, Ерменци
Евреи
Роми

Стр. 73: Расно-етничка структура на отоманското население во Европа во 1820, 1840, 1870 и 1890, се споменуваат:

Бугари
Останати Словени
Турци (Татари - Черкези)
Грци
Албанци
Романци
Евреи, Ерменци, Роми и останати

Стр. 122 и понатамошните: Oпшт попис 1881-1893, се споменуваат

Муслимани
Грци
Ерменци
Бугари
Католици
Протестанти
Латини
Монофизити (Сиријаци)
Немуслимански Роми
Странски државјани

Стр. 162 и понатамошните: Попис на отоманското население 1906/1907 се споменуваат

Муслимани
Козаци
Грци
Ерменци
Бугари
Власи
Грко-католици
Ерменски католици
Протестанти
Латини
Маронити
Сиријаци
Халдејци
Јакобити
Евреи
Самариќанци
Језиди
Роми
Странци

Етничка карта на Балканот во 1847 година од Ами Буе:



Етничка карта на Македонија според Ами Буе oд 1840г:



Етничка карта на Македонија според Шафарик во 1842г:



Eтничка карта на Балканот од 1861 година (француско издание):

[DOUBLEPOST=1419341858][/DOUBLEPOST]Метод албанске инфилтрације описао je P. Николић према изучавањима Пољанице. Први су сe Албанци, каже он, насељавали махом на превару, и тек после су сe насилнички ширили, отимајући имања становницима. Када су сe досељавали, били су јадни и жалосни. Најпре би обично долазили сами, а после су им стизале породице. Кукали би и преклињали да их становници у селима, где су наишли, приме на конак. Ови су их из сажаљења примали у своју кућу, али сe Арнаутин није више удаљавао из куће. Чим му стигне породица, смести сe у кући, избаци све што му не треба, па ће онда рећи ономе који га je примио на конак: "Ја идем чак из Малесије, сад иди ти!".

http://forum.kajgana.com/threads/Дискриминација-во-образование.76075/page-3#post-7008762

http://forum.kajgana.com/threads/Дискриминација-во-образование.76075/page-3#post-7008796

http://forum.kajgana.com/threads/Дискриминација-во-образование.76075/page-3#post-7008828



Јован Трифуноски – Кумановско-прешевска Црна Гора
Јован Трифуноски – Кумановска област
Јован Трифуноски – Скопска Црна Гора
Јован Трифуноски – Сеоска насеља Скопског Поља
Јован Трифуноски – Слив Маркове реке
Јован Трифуноски – Поречието на Кадина Река
Јован Трифуноски – Скопски Дервен
Јован Трифуноски – Полог
Бранислав Русић – Жупа Дебарска
Јован Трифуноски – Дебар
Миленко Филиповић – Дебарски Дримкол
Јован Трифуноски – Кичевска котлина
Јован Трифуноски – Охридско-струшка област
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.088
Кога сме кај тапиите, ако е релевантно, пописот 1991 имаше едни листи со прашања за имот во друга држава. Воглавно беше заради македонците кои имаат имот во сегашна грција, но и за другите соседни држави. Не знам што стана со тие податоци, дали тогаш ги ставија "во фиока" или се искористени за нешто...

На темата, браво за ова. Материјал кој веројатно ќе помогне во дополнително мапирање на историски податоци, миграции...и да се затнат устите некому
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom