Македонскиот водач од нашата понова историја -- Методија Андонов - Ченто

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
ЗАПИСНИЦИ НА ПРЕЗИДИУМОТ НА АСНОМ
ЧЕНТО ПОТПИШАЛ ДОКУМЕНТ ЗА АПСЕЊЕ НА ДЕДО МИХАИЛ

Блаже Миневски
Свештеникот Методи Гогов од Штип, член на АСНОМ, подоцна архиепископ Михаил и единствен духовник на кого му било понудено местото претседател на македонската држава, во април 1945 година, по соопштение на ОЗНА и со потпис на Ченто на решението за апсење, бил уапсен и затворен како „противник на интересите на македонскиот народ“. Решението за негово затворање е донесено на заседание на Президиумот на АСНОМ на 11 април 1945 година, а седницата со која раководел Методија Андонов-Ченто работела по дневен ред од осум точки, меѓу кои втората точка е разгледување на соопштението на Вишиот воен суд, совет при Главниот штаб за Македонија, до Президиумот на АСНОМ за предавање на членот на АСНОМ, инженер Глигор Ташков, на Воениот суд поради „спекула“, а третата - соопштение на ОЗНА за Македонија до Президиумот на АСНОМ за апсење и за затворање на свештеникот Методи Гогов.
Вината на свештеникот Гогов е во тоа што бил иницијатор и учествувал во организирањето на Првиот црковно-народен собор во Скопје на почетокот од март 1945 година за обновување на древната Охридска архиепископија и создавање автокефална народна македонска православна црква.

Ченто говорел на црковно-народниот собор!

Овде веднаш се поставува прашањето зошто Ченто би бил против обновување на македонската црква кога се знае дека во оние неполни две години, додека бил на чело на македонската држава, постојано се залагал за верска, културна, национална, финансиска и за секаква друга автономност и независност на македонската држава и политика? Освен тоа, самиот лично присуствувал на Првиот македонски црковно-народен собор и во својство на претседател на Президиумот на АСНОМ го поздравил со следниве зборови: „Македонскиот народ има полно историско право да си има своја автокефалност и своја црква“. Во својот поздравен говор Ченто ја акцентирал историската и културно-просветната улога на македонските просветители и учители во минатото, но го подвлекол и фактот дека македонскиот народ сега е слободен и како таков може да си ги разрешува своите проблеми. Според документите од Соборот, Ченто исто така истакнал дека „македонскиот народ страдал, но со него страдале и гинеле и свештеници; во борбите што се воделе за слобода на Македонија во првите редови се наоѓале и народни свештеници“. По овој поздравен говор на Ченто, била донесена резолуција за автокефалност на македонската црква, а само триесеттина дена подоцна уапсен и затворен е еден од главните иницијатори и организатори на Првиот македонски црковно-народен собор, свештеникот Методи Гогов.

Во овој случај, за разлика од некои други, како што е, на пример, стрелањето без судење на затворениците од Велешкиот затвор, за кои Ченто веројатно не знаел, претседателот не само што знаел туку бил присутен на Соборот, а потоа и се потпишал на решението за апсење на идниот архиепископ на МПЦ, г. г. Михаил! Се потпишал само Ченто, заедно со секретарот Борис Спиров, потпретседателот Неџат Аголи и повереникот Страхил Гигов, иако на седницата на која се донела одлуката биле присутни и вториот потпретседател Лазар Kолишевски, вториот секретар Епаминонда Поп Андонов, поверениците Богоја Фотев, Страхил Гигов, Георги Василев, Никола Минчев, Kиро Петрушев, Ацо Петровски, Стојан Боздов и Димче Мирески, како и членовите на Президиумот на АСНОМ - Панко Брашнаров, Хасан Шукри, Kемал Сејфула, Мара Нацева, Цветко Узуновски, Веселинка Малинска, свештеникот Јован Гелев, д-р Јаковлевиќ и Ацо Петровиќ. Зошто другите не се потпишале на таа одлука, иако во претходните и во подоцнежните записници вообичаено стојат потписите на сите што биле присутни на седницата? Зошто не е потпишан, на пример, Лазар Kолишевски, кој, логично, како што се претпоставува, со задоволство би требало да потпише решение за затворање на некој што се залага за некаква автономна македонската национална опција. Веднаш по оваа одлука свештеникот Методи Гогов е спроведен во затвор и таму останува пет месеци, а подоцна, во 1948 година, повторно да биде осуден како „противник на интересите на македонскиот народ“ за што ќе добие пет и полгодишна затворска казна.

Затвор поради автокефалност
Според документите, триесет и тригодишниот свештеник Методи Гогов е уапсен затоа што со одлуките на Соборот тој е „противник на интересите на македонскиот народ“. Kој е Методи Гогов? Свештеникот Методи Гогов е роден 1912 година. По завршувањето на основното образование, во 1927 година се запишал на богословија во Битола. Во 1932 година заминал на студии во Белград на Богословскиот факултет, а по завршувањето на студиите во 1936 година, станал парохиски свештеник во црквата „Св. Никола“. Во текот на Втората светска војна Михаил бил учесник во НОБ, а потоа и член на АСНОМ кооптиран од Президиумот на 27 октомври 1944 година, заедно со Глигор Ташков, Павел Шатев и уште 23 други истакнати дејци, интелектуалци и учесници во НОБ. Само четири месеци подоцна, членот на АСНОМ, свештеникот Методи Гогов, иницира и учествува во организирањето на Првиот црковно-народен собор во Скопје, на кој присуствувале 300 учесници, свештеници и мирски лица. Соборот се одржал на 3, 4 и на 5 март 1945 година, а на 11 април Гогов веќе е во затвор затоа што се залага за самостојност на МПЦ во период кога за ОЗНА тоа очигледно било кривично дело. Според дискусиите на Соборот, кој го следеле и тајни агенти на ОЗНА, присутните, а особено свештеникот Гогов, отворено се залагале за одвојување на МПЦ од Српската православна црква, реализирање на планот за обновување на древната Охридска архиепископија и создавање своја, автокефална Народна македонска црква. Значи, откако бил прочитан реферат за улогата на Охридската архиепископија во историјата на македонскиот народ и биле сослушани дискусиите на повеќето од присутните учесници на Соборот, заедно со поздравниот говор на Ченто, делегатите едногласно донеле резолуција за идната црковна положба во слободниот дел на Македонија со обновување на Охридската архиепископија како Македонска православна црква, која нема да биде потчинета на која и да било помесна национална православна црква, назначување свои народни епископи и народно свештенство за да се запазат карактерните особености на македонскиот народ и тој да биде поблизок до својата родна црква, а првиот македонски архиереј да носи титула охридски архиепископ, со тоа што Македонската православна црква да се нарекува „Свети Kлиментова Охридска архиепископија“. Понатаму во соборската резолуција се говори за тоа дека охридскиот архиепископ треба да биде хиротонисан во Охрид и поставен на престолот на охридските архиепископи, како и тоа дека за обновувањето на Охридската архиепископија треба да бидат известени сите автокефални православни цркви во светот. Оваа резолуција, во последната, седма точка, предвидува и една алтернатива во согласност со државното федеративно уредување на нова Југославија: „Доколку биде создадена општојугословенска патријаршија, Православната македонска црква да влезе во нејзиниот состав заедно со другите православни цркви во Југославија.“

Во септември истата година, на заседание на својот Архиерејски синод, Српската православна црква категорично се изјаснува дека не може да ги признае самостојноста и независноста на Македонска православна црква задржувајќи го за себе правото на црковна јуриздикција на територијата на Македонија: „Прогласувањето на некоја независна македонска православна Kлиментова црква, направено во Скопје на 4 март 1945 година, од страна на некојси македонски црковен народен собор, е самоволен и незаконски акт“, стои, меѓу другото, во заклучоците на СПЦ. Српските архиереи барале целосно потчинување на православниот македонски народ, такво какво што било меѓу двете светски војни. Според историчарот д-р Марјан Димитриевски, наскоро по ваквата реакција на Српската православна црква неколкумина македонски свештеници се нашле под удар на ОЗНА, биле следени и затворани. Се разбира, Александар Ранковиќ ги активирал своите агенти во Македонија и свештеникот Гогов морал итно да биде тргнат, да биде замолчен, а потоа, по шест месеци поминати во затворот, откако прашањето политички „било средено“, а резолуцијата за обновување на Охридската архиепископија ставена ад акта, пуштен е на слобода до повторното апсење во 1948 година.

Ченто потпиша - Лазо не потпиша!

Според записникот од седницата на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто со свој потпис го одобрил барањето на ОЗНА за затворање на Гогов, но неговиот прв помошник, потпретседателот на Президиумот, Лазар Kолишевски, избегнал да се потпише под таквиот записник, односно под одлуката за апсење на свештеникот Методи Гогов. Зошто Ченто не застанал во одбрана на свештеникот-иницијатор на Црковно-народниот собор за осамостојување на трите македонски епархии од Српската православна црква? Во своето истражување за односот на Ченто кон македонското црковно прашање, проф. д-р Марјан Димитриевски, меѓу другото, подвлекува дека „прашањето на статусот на Македонската православна црква за Методија Андонов-Ченто беше едно од поважните прашања на кои тој во текот на својата револуционерна активност им обрнуваше значајно внимание“. Според овој историчар, статусот на Македонската православна црква за Ченто не означува религиозен момент, туку тој преку неа „препознава еден од основните елементи на националниот идентитет на македонската нација и македонската држава“. Сепак, ставот на Ченто кон религијата во различни периоди е променлив, односно тој во „почетокот бил религиозно определен, но со текот на времето почнал да гради поинаков став и да се определува на антирелигиозна основа“. Хроничарите бележат дека во 1929 година Ченто „не искажал желба, како што тогаш било ред, да се венча со својата свршеничка Василка Спирова Поп-Атанасова во црква“. Сепак, подоцна, на 11 октомври 1943 година, кога веќе бил вклучен во Главниот штаб на НОВ и ПОМ, бил одржан состанокот во Црвена Вода, Охридско, а Ченто бил еден од оние што го поддржале формирањето верско поверенство при Главниот штаб. Имајќи ја предвид состојбата во тоа време, ваквиот акт означува своевиден пресврт во третманот на македонското свештенство и црквата воопшто. Со оваа одлука статусот на македонското свештенство веќе почнува да се уредува, а црковната организација да се препознава како идна самостојна македонска црковна организација.

Kако и да е, во таа 1945 година бил одржан „фаталниот“ црковно-народен собор во Скопје, на кој зборувал и Методија Андонов-Ченто, но притоа веројатно не знаел дека веднаш откако тој ќе замине, делегатите на соборот ќе донесат резолуција за обновување на Охридската архиепископија како Македонската православна црква. Веројатно поради познатиот став на власта дека треба да се чека сигнал за тоа од федерацијата, по одржувањето на Првиот црковно-народен собор во Скопје, „некои свештеници се нашле под удар на ОЗНА, биле следени или затворени“. Меѓу нив и свештеникот Методи Гогов, кој педесет години подоцна ќе стане архиепископ на Македонската православна црква.
АСНОМ: ВЕРОНАУКА ВО УЧИЛИШТАТА
На Првото заседание на АСНОМ била отворена голема дискусија за прашањето за веронауката во училиштата, а на крајот се заклучило веронауката да остане во наставата, но само како факултативен предмет. Во јануари 1945 година во Президиумот на АСНОМ бил кооптиран свештеникот Јован Гелев и тој веднаш го поставил прашањето зошто Президиумот на АСНОМ, чиј претседател е Ченто, с` уште го нема формирано верското поверенство, кое ќе ги координира активностите на македонското свештенство. Претседателот Ченто остро му одговорил дека доколку и биде формирано некакво црковно тело, тоа секогаш треба да ги почитува одлуките на Президиумот на АСНОМ и дека секогаш ќе треба да биде во контакт со него, што значи црковните работи мора да бидат под контрола на власта, односно на комунистите. Потоа, на крајот од тој прилично остар одговор на Ченто, доаѓа поентата: „Поверенство за религија не може да се формира од едноставна причина што такво поверенство не е формирано ниту на југословенско ниво, што значи таа одлука зависи од одлуката на сојузно ниво“. Свештеникот веројатно се обидел да објасни дека состојбите во Македонија се многу поинакви од оние во Југославија, дека во Македонија поповите с` уште служат во име на српската црква, но во записникот таква реакција нема. Има запис на дискусијата на Лазар Kолишевски, кој укажал дека „религијата е прокламирана како приватна работа“, дека „тоа не е забрането од власта“ и дека „верниците и свештенството сами треба да се грижат за оваа дејност и за верските институции“.
http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=2917DCB1D3E8A54E92C9AF4AACD30490

Текстов има малоумна порака, ама ај ете пошо за Ченто е муабетот нека иде овде.....
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Многу тенденциозен наслов и пораки, без соодветно разработување на темата.
Од една страна, Ченто говорел дека сака автокефална црква, а после тоа се подметнува од никаде фактот дека потпишал некакво одобрение за апсење на Гогов поради тоа што го сакал истото.

Уште понеуверливо ми звучи причината на ОЗНА за апсење на Гогов: „противник на интересите на македонскиот народ“

Од кога тоа ОЗНА се борела за македонските интереси?

Друга работа која ми падна во очи е истакнувањето на Колишевски како некоја јуначина, како спротивност на предавникот Ченто.

Едноставно... многу многу тенденцозен текст, наметнување на заклучоци без никаква логичка поврзаност.
 
Член од
26 јули 2013
Мислења
287
Поени од реакции
179
Гогов бил гонет од властите бидејќи се залагал за автокефална црква која во тоа време во круговите на српските црковни великодостојници била забранета реченица.Тие биле за нова црква но со зависност од српската и тука настанл спорот и плус му залепиле и по некој етикета од типот опасен за дрзавата,народен непријател,со кои што само се влошила ситуацијата.Ченто бил приморан да потписе исто како што бил и приморан да даде оставка.
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Интересна статија за собирањето и претставувањето на збирка фотографии од Методија Андонов-Ченто од страна на Рубинчо Белчески, виш кустос и историчар при НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј - Прилеп, ул. Александар Македонски бр.142, Прилеп

ЗБИРКА НА ФОТОГРАФИИ ЗА ПРВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПРЕЗИДИУМОТ НА АСНОМ, МЕТОДИЈА АНДОНОВ - ЧЕНТО

Извадив некои од фотографиите за на темава.
Дел од нив ги знаеме и ги имаше од порано на интернет ама беа со мала резолуција, а дел воопшто не се познати.




Методија со татко му Андон и мајка му Захарија (Зака) во Прилеп, 1919 г.




"Соколи" (гимнастичари) од Прилеп, Ченто (во првиот ред, легнат, прв од лево) 1926 г.




Ченто со вереницата (подоцна и сопруга) Василка Поп-Атанасоска, Прилеп, 1930 г.




Членови на Извршниот одбор на Народниот фронт на Прилеп.
Од лево на десно: Љубен Лапе, Методија Андонов-Ченто, Кирил Петрески-Димуш, Рампо Левката и Коце Ќурчија, Прилеп, 1938 г.




Методија Андонов-Ченто во истражниот затвор во Велика Кикинда, Србија. Затворен по илинденските демонстрации во Прилеп (брадата е во знак на жалост за смртта на мајка му Захарија, која починала во август 1940 г.), септември 1940 г.




Ченто со сопругата Василка, синовите Илија, Андон и Владимир, ќерката Марија, еден ден пред излегување во партизани, Прилеп, 29 септември 1943 г.




Членови на Главниот Штаб на НОВ и ПОМ, и на ЦК на КПМ, на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ и други борци.
Од лево на десно седат: Кирил Петрушев, Михаило Апостолски, Методија Андонов-Ченто, Светозар Вукмановиќ-Темпо, Лазар Соколов.
Во горниот ред: Епаминонда Поп-Андонов, Емануел Чучков, Страхил Гигов, Мара Нацева, Митко Зафировски, Бане Андреев, Киро Глигоров.
Слободна територија Козјак (кумановско) мај-јуни 1944 г.




Ченто (втор од лево), Виктор Мануел Виласењор претставник на Обединетите Нации (во средината), Димитар Влахов (втор од десно) и други, Битола, февруари 1946 г.




Ченто со својата фамилија, еден ден по излегувањето од затворот во Идризово, Прилеп, 5 септември 1955 г.




Погреб на Методија Андонов-Ченто, Прилеп, 25 јули 1957 г.

.
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Методија Андонов-Ченто и Панко Брашнаров на бината во ослободен Велес, ноември 1944 г.

 

• Војник •

БОРБА ТЕ ЧЕКА!
Член од
6 април 2011
Мислења
457
Поени од реакции
1.256
Да не знае некој случајно каде може да се купи книгата од синот на Ченто, Илија Андонов Ченто? Книгата се вика „Мојот татко - Методија Андонов Ченто“.
 
Член од
4 октомври 2017
Мислења
112
Поени од реакции
107
http://youtube.com/watch?v=SaBicy3YM20&feature=related

http://youtube.com/watch?v=O8ivED89r3I&feature=related

http://youtube.com/watch?v=Vnmu7Ck90Es&feature=related

http://youtube.com/watch?v=NAwx1t4hV5Q&feature=related

http://youtube.com/watch?v=e-_rCfzB_pE&feature=related[DOUBLEPOST=1539070046][/DOUBLEPOST]02 август 1940 г. реч на Ченто
оригинал от БГ извор

“… Братја, оште един пат македонците покажаја јавно, машки, храбро и свесно што сакат и какви са нивните
политички идеали. Народните манифестации во Прилеп, Скопие, Охрид, Кавадарци и на други места во Македонија, по случај нашиот национален празник Илинден; денот на Илинденското в'стание от 1903 г., покажаја на очигледен начин пред целиот свет:
1. Оти дваисетидвегодишното робство под србите не може да измени нашата борбена македонска душа.
2. Оти србите не можаја да ни претопат и избришат нашата индивидуалност.
3. Оти македонците национално си останаа тов, што биле до 1912 г.
4. Оти политички и сега оште се борат за идеалите на Илинденското востание от 1903 г. и
5. Оти нашиот измачен народ политички е високо свестен, идејно сплотен като едно цело и решен да се бори за својата златна слобода. … Србите се попарени и сега се пак во кьјор сокак… По ново се уверија оти не са им помогнале досегашните лекове за успиване, за смирјаване и посрбуване на македонците… Нови слуги не можат веке да најдат издмежду македонците, оти сега никој не смее да иде со србите, кога гледа оти се приближава народниот суд… Никаква сила веке не може да ги разколеба во това, а нај-малко фалшива историја и нивната по-долна култура….
Напразно се тешат некои срби оти во Прилеп манифестантите се викале македонци, а не бугари. Немат кураж да отворат очите и да видат оти между нас нема делене, нема подвоеност…
Во цел свет се знаи оти Македонскиот вопрос не е решен оште! Оти македонците под това национално, политическо, економско и духовно робство изгубиа сичко што имаја! Само оште им остана голиот живот, смелиот дух, твр'дата вера во свобода и решеноста да се борат за својата златна слобода против тоа црно и проклето српско робство… Со братски чувства честитиме на младите Илинденци от 2 август 1940 година, достојни наследници на илинденци от 2 август 1903 г., над чиот свештен прах долбоко се прекланјаме!”[DOUBLEPOST=1539070393][/DOUBLEPOST]


 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom