Македонска Kошаркарска Лига - Сезона 2014/15

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
8 декември 2009
Мислења
2.706
Поени од реакции
2.181
Нема што тука да се криват судиите, кумановец седеше на записничка. Така да ако победата е украдена, си ја украдоа сами.
Иако мислам дека времето што идеше на тв не беше синхронизирано со тоа во сала.

„Голема жал за поразот. Навистина ми е тешко. Премногу ми е жал и што нашите луѓе кои седеа на записничката маса не пуштија на време да тече времето. За разлика од петокот, каде што секој коментар е непотребен, вечерва Куманово имаше судење без грешка. Но што е, тука е, нема правдање, во вторник одиме на победа бидејќи нема да се предадеме така лесно”
- изјави Луковиќ за ЕКИПА.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.938
Поени од реакции
35.344
Штета за момчето , нека почива во мир.
 

комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.098
Поени од реакции
4.938
Tочно така кај нас е вината односно кај дечкото на тастерот што од возбуда задоцни ама тоа е , искрено мене не ми е ни битно кога изгубивме млад живот.
Утакмицата ја ја снимав на Макс тв не знам дали може да се извади или само да ја гледаш таму...
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.093
Поени од реакции
5.738
Зошто сите го криват дечкото на тастерот, а никој не го криви Костовски кој во раце ја имаше победата и ја испушти? Па дури и Луковиќ што го криви тој дечко исто така промаши 2 многу битни слободни фрлања.

Стварно треба прво своите грешки да си ги увидите.
 

комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.098
Поени од реакции
4.938
Брат се дешава тоа јебига од друга страна имаш работа што баш у тој момент треба да ја работиш најдобро а не да те понесе возбуда и заборавиш...
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.965
Поени од реакции
6.789
Како и да завршеше денес резултатот Куманово беше губитник.Куманово денес загуби еден навивач кој цел свој живот го посвети на КК Куманово.
Денес Кумани одржаа лекција за тоа како се одава почит на својот брат.Жално е што цела сала не го следеше ова.
Куманово овој ден го чекаше 13 години, со секој Кумановец зборувавме како двата града се во еуфорија како никогаш досега а на крај Куманово во денот кој требаше да биде најголемиот празник на градот , градот се зави во црно.Ќе игра Куманово и ќе го победува МЗТ уште многу пати, ќе дојде денот кога Куманово гордо ќе слави титула, но Мако повеќе не се враќа.
 

комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.098
Поени од реакции
4.938
Тачно брат ми како и да беше резултат ми смо губитници.
Отидов у 5 пред сала да пинеме и да се расположиме. Се беше супер ама дојде другарче кажа не се навива загинал наш член у сообраќајка у Врање вика ќе ти кажам кој е , не е битно... Помислив некој постар поранешен член патувал и загинал , седнав доле прв ред и урлав цела утакмица.
Кога заврши ми беше криво што изгубивме и бев нервозан но потоа кога ми кажаа што всушност се случило и кој загинал, младо дете сеедно ми беше . Штета што не дознав уште пред утакмица криво ми е што урлав и се замарав цела утакмица вака само ќе си отидев и ќе седнев и ќе ќутев затоа што веќе ништо не е битно....
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.862
Поени од реакции
11.484
Кошот на Симоновски испадна ко кошот на Дерек Фишер во финалето на западна конференција Лејкерс-Кингс, таму 2003та мислам беше.
Иначе и ја слушнав свирка пред Симоновски да ја уфрли, али мислам дека во тек на целиот натпревар имаше некој(и) од публика што свиреа.
 

комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.098
Поени од реакции
4.938
Грешка си за тоа дека свиреле од публика гарантирам :)
Закаснето е не требаше да биде признаен ама тоа е таква ни е лигата , се надевам ќе се подобри организацијата наредните години.
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
5.872
Поени од реакции
7.295
Ауф,ај да пишам едно мислење од мене за вчерашниот натпревар.
Прво,ова е еден од подобрите натпревари кои сум ги гледал во нашава лига,резултатски неизвесен,со голем број на поени.
Куманово има добра екипа,ама нема тренер,тоа неколку пати сум рекол и пак ќе го кажам.
Костовски се виде дека е преморен немаше енергија кај него и голем дел од натпреварот(ако не и цел) го играше на двојка.
Кец беше Димче кој според мене вчера изигра еден одличен натпревар,додели многу асистенции погоди некои тешки и битни шутеви,посебно оние две слободни на крајот на натпреварот кога на сите им се тресеа рацете.
Нешто што ми боде очи,куманово нема изградени акции за бек шутер да има отворен чист шут па со оглед на тоа јасно е зошто Костовски вчера немаше голем придонес во нападот.Единствено нешто што го играа вчера кумановци беше роговите и напад Т кој се учи кога прв пат ќе стапнеш на терен и ќе фатиш баскет во рака.
Друга работа,преочигледна е играта на Ацо,не ми е јасно како може негов тренер да не знае дека тој има добар шут кога игра со топката,раководи со екипата и добива блок од високиот играч.
Тоа не е бек шутер и не е играч за позиција 2.
Подобро да седеше на клупа и да се менуваше со Димче,на двојка да ираше Филиповиќ и на тројка Мандиќ.
Според мене Куманово вината поради вчерашниот пораз треба да ја бара кај тренерот,кај дечкото што седеше на записничка и слепците од играчи што не можеа да ја зграпчат топката во раце и му ја пуштија на Марко да ја фати.
МЗТ вчера во последните 5 минути играше со Шеховиќ на позиција 4 и Кире на позиција 5?!:?!?!
Синовец исфрлен со 5 фаула,Самарџиски ,Мијатовиќ и Лучиќ исто така.
Во тие 5 минути МЗТ погоди 19 поени додека домаќините само 14.
Зошто беше тоа така?Тоа беше така поради ненормалниот пофторно ќе кажам тренер кој остави во неговата екипа да играат двајца високи и троми центри од кој едниот посебно тромав.
Јаневски,што мајкка бараше Мац да игра последните 5 минути кога противникот играше со 4 бекови?!
Значи Сеад е висок 2м,има брз чекор,стартна брзина,големи долги раце и него не може да го чува ниеден играч во нашава лига на НЕГОВА позиција а лепезанот го остави Мац кој е НАЈТРОМАВИОТ играч во лигава да игра во тие битни моменти.
МЗТ Скопје вчера одигра просечни 3/4 од натпреварот и феноменална 4/4 само поради шутерската вечер на Марко,погоди многу тројки и беше прва фигура и виновник за таа серија од 9-0 на МЗТ на крајот.

Судиите се катастрофа,немам што да кажам повеќе,сум имал караници со голем дел од нив и тоа добри караници и ми суделе технички и ќе судат ама кој им е крив кога не си го знаат занаетот?!
Меѓутоа судат исто и за двете екипи,грешат и за МЗТ грешат и за Куманово,нереални се зборовите дека му помагаат на скопскиот тим.
Во најбитниот момент вчера,на крајот на натпреварот кога требаше да одлучат дали да се признаат поените постапија правилно,не е нивна кривица тоа што времето не било пуштено на време да тече,тие ја гледаат црвената светилка и топката беше исфрлена пред да истече времето.
Веројатно серијата е при крај,ќе има метла за кумановци и баш ми е жал поради тоа бидејки ова се едни од подобрите утакмици во последно време и ќе беше убаво да погледаме повеќе кошарка но тоа е.


И да,нека почива во мир дечкото.:(
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.093
Поени од реакции
5.738
Само да те подсету дека Курчо зима 1000 еу плату и од МЗТ , што мислиш дека не се е вртело телефони и не су му кажале дека ако изигра ке си остане и без тој а дужан е како грчка по лихвари а и на Курчиќа јер као он му ги платија дугови па сга ти види кој е што продаја и на кога и зашто, убаво се гледа дека целу игру му гу препушти на Караџоскога он како пичка се крие у ќоше и ако од немај куде кој да прифати и асистира он искачаше на 10 метра у задњи 8-9 сек. или да гу шутне или да заглави некога .
Очигледно е според мене дека одредени људи овдека нејќев да га прифатив став дека играчи су тија кои ни га водив клуб и они ако сакав ке играв ако не ладно ке си изгубив без мува да ги лази , тој се покажа још за време на Игора а еве продужуе и с,с Страшета најдобар пример е пораз од Г. Делчев у Штип , по њину логику коју си гу терав наметнуев свој принцип ИЛИ КЕ Е ПО НАШЕ ИЛИ И ТЕБЕ КЕ ТЕ НАМАВАМО , КЕ РАБОТИШ МИ КАКО ТИ КАЖЕМО , затој не ме прашуј како да ти објасну зашто е продадена утакмица к,д од Јупитер се гледа дека Курчо и Курчиќ а туја е и дебељак Јаневски свесно изиграсва за себе за некој денар у џеб од ОН-ЛАЈН КЛАДЕЊЕ кој е по кладилнице знае колко е бија коефициент .

И још нешто збори се по Скопје дека работнички ни пуштија за финале да играмо јер смо му ми пуштиле за да га освоив куп , прашање е кој е тој све договорија и на коју основу и коју политичку платформу .

Оваква политика на наш клуб нема да опстане т.е. нема клуб да постои ако водимо инат , што да каже Кожув кој има уложено 700 000 еу па ни до плеј оф де стигнасва , федерација ли ги е крива и судие или сами си се преценисва и га изедесва стап.
За да не почнувам расправии во туѓ фан клуб ќе ти реплицирам овде.

Очигледно немаш појма што збориш, и многу изгледа дека не се разбираш од кошарка. Дали ти си свесен колку минути игра Костовски по утакмица? Еве јас ќе ти споделам. Во петокот НЕ ИЗЛЕЗЕ ОД ИГРА. Сите 40 минути ги изигра. За ваша среќа тогаш му тргна шутот и тренерот го остави во игра за евентуално ако се случи некое чудо. Но не се случи.
Завчера играше 44 минути од можни 45. Тоа е преголемо поминато време на терен со пауза од само 1 ден за одмор, за играчот да биде целосно физички подготвен. Се виде дека не може да игра како на претходниот натпревар. Можеби и затоа беше ставен на позиција 2, да не се троши дополнително при изнесување на топката, но тоа не се покажа како добар потег. Беше одлично чуван и затоа имаше шут 1/9 (1/8 за 3 поени). Тука вината е во вашиот тренер кој упорно го форсираше иако Костовски немаше шутерска вечер. На крај тоа се покажа и кобно, со слободните фрлања. Но и без тоа, дури ни во НБА најголемите ѕвезди не поминуваат повеќе од 40 минути на паркет, иако се играат 48. Е тука е главната разлика помеѓу МЗТ и другите тимови, што МЗТ има резервни играчи што ја вршат истата работа како и стартерите и тренерот може да си дозволи да ги ротира.
Поени на резервите во петокот МЗТ 30, Куманово 19. Во неделата МЗТ 35, Куманово 17.
 
Последно уредено од модератор:

комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.098
Поени од реакции
4.938
Ова е реалноста само штета за финале да има ваква мртва атмосфера...
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.862
Поени од реакции
11.484
Фатив неколку минути од 3тава четвртина, мизерија од МЗТ у напад, а и ништо сјајно во одбрана. Од 21 на полувреме, во последната со 8 влегуваат. Не би требало да испуштат ова, ама не се знае.
 

комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.098
Поени од реакции
4.938
Истово го правеа Синовец и Мијајловиќ ли како се вика у Куманово тешки ѓубриња се :/
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom