Македонска футсал репрезентација

П

Паспарту

Гостин
15 декември
18:30 Украина - Македонија
21:00 Азербејџан - Хрватска

16 декември
18:30 Хрватска - Украина
21:00 Азербејџан - Македонија

18 декември
18:30 Македонија - Хрватска
21:00 Украина - Азербејџан
 

Falcao

rossonero per sempre
Член од
28 мај 2008
Мислења
1.985
Поени од реакции
561
Украина - Македонија 0:1 (2:1)

статистика:




Извонреден натпревар одигра футсал репрезентацијата на Македонија на квалификацискиот турнир од Елитната рунда против фавориот број 1, селекцијата на Украина која сепак на крајот славеше со 2-1 (0-1).
Нашата репрезентација одлично го започна натпреварот и поведе со голот на Мицевски во 4-тата минута.
Ова рано водство ги изненади украинците кои ја имаа иницијативата и создадоа неколку убави шанси но одличниот Тодоровски на голот правеше чуда.
Силната офанзива на противникот ни отвори простор за брзи противнапади но Агуши, Мицевски, Левески и Јовановски не ги искористија 100 % шанси.
Потоа следуваше казна. Овсјаников во 26-тата минута израмнува по една грешка на нашата одбрана на 1-1, а во 33 –тата минута Кордоба го постигна победоносниот погодок за Украинците.

- Навистина несфатливо е како го изгубивме овој натпревар на кој Украина беше изненадена од нашата борбена и мудра игра. Имавме водство, имавме колосални шанси , барем 7-8 стопостотни и на 1-0 и на 1-1 но како да се уплашивме од победата. Малку и судиите му помогнаа на противникот бидејќи Украина израмнувачкиот погодок го постигна откако еден нивни играч ја пресече нашата акција играјќи со рака, но тоа е фудбалот. Задоволен сум од прикажаното . Игравме против фаворитот во групата, светска велесила. Покажавме дека можеме да играме и против најсилните. Утре играме со Азербејџан . Се надевам дека повторно ќе играме добро, борбено, неизвесно. Зошто да не направиме и некоја сензација на турнирот. Навистина штета, но не се оптеретуваме бидејќи тука дојдовме по искуство иако заслуживме барем бод- изјави жалење за испуштената шанса селекторот Скендеровски.
Следен противник на Македонија утре е домашната селекција на Азербејџан. Средбата се игра со почеток во 18.00ч.


За пола саат почнува Азербејџан - Македонија.
--- надополнето: 16 декември 2011 во 18:02 ---
Ако некој сака да гледа еве ви линк за во живо:
http://www.affatv.az/
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.421
Поени од реакции
13.789
Еве ги головите од натпреварот со Украина:


Губиме 1 - 0 моментално со Азербејџан.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
256
Поени од реакции
184
Вчера Мак репрезентацијата во футсал настапи по втор пат на едно маалско турнирче
http://www.memorijalenturnir.org.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=2&Itemid=2

Нивната екипа се вика Зоте Брос. Дечките разараат!!!! На кого му е блиску Средно Угостителско школо може и денес да ги зирне од 21.15 часот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom