Македонска футсал репрезентација

М

Мартин`

Гостин
Гледам нема тема за футсал па мислам дека треба да отвориме тема за футсал каде што ќе се пишува настани/новости во врска со тоа.

Почнувајки од Петокот во Велес се играат предквалификациските натпревари за квалификациите за Светското првенство во фудбал, на турнирот односно предквалификациите настапуваат екипите на Црна Гора, Франција, Швајцарија и Македонија. Македонија во првиот дуел ја совлада Црна Гора со 2-1 додека пак во другиот натпревар Франција извдојуваше убедлива победа против Швајцарија со резултат 7-0.
Денеска се одиграа и вторите натпревари каде што Франција ја победи Црна Гора со 4-3 а Македонија го доби дуелот против Швајцарија со 10:2, само како за информација Швајцарците беа тие што поведоа со 2-0 но набрзо нашите се корегираа и доминираа до крајот на натпреварот.

Во Недела со почеток од 19:00 се игра дуелот за прво место помеѓу Македонија и Франција и тој дуел ќе одлучува кој ќе биде првиот во групата и ќе има можност да ги игра квалификациите за СП, влезот за натпреварот е слободен ..

Повеќе околу составите/стрелците од денешниот натпревар прочитајте тука.
 

Falcao

rossonero per sempre
Член од
28 мај 2008
Мислења
1.986
Поени од реакции
561
Браво за темава, големо-фудбалциве одат назад ...футсал репрезентацијата напредува. Во подем е но нашава држава.

http://www.facebook.com/pages/Macedonia-National-Futsal-Team/211456516794 Групата на Фб.

Одличните игри на македонската футсал репрезентација не останаа незабележани во ФИФА која ја прогласи Македонија за тим на 2011 година.

Нашата репрезентација играше одлично во претходните квалификации за ЕП каде стигна до елитните квалификации во Полска. Во пријателски дуели убедливо ја совладавме Србија и сега не очекуваат претквалификации за СП 2012г. во Тајланд.
Македонија направи скок на ФИФА листата од цели 16 места и сега е на 39-тото место во Светот.
На УЕФА рејтинг листата бележиме скок од 7 позиции и сме 20-та селекција на стариот континент.
- Ова се одлични вести за нас. Доколку ги задржиме овие позиции за првпат ќе се најдеме во третиот шешир по квалитет при извлекувањето на групите за ЕП.
- Сигурно дека ова е нов мотив за нас да продолжиме да работиме макотрпно и да постигнуваме добри резултати. Во последните контролки вклучивме неколку млади талентирани играчи и во Октомври кога ги играме претквалификациите за следното Светско првенство со селекциите Франција, Ц.Гора и Швајцарија очекувам добар настап и освојување на првото место- изјави задоволен од убавите вести селекторот Васко Скендеровски.
Претквалификацискиот турнир се игра во Македонија од 19-23 Октомври

Иначе патот до светското во Тајланд е тежок(да не кажам невозможен за нас) ама битно напредуваме :

Во случај Македонија да заврши како првопласирана во групата играме во квалификациска група со Украина, Азербејџан и Хрватска, додека доколку сме најдобро второпласирана ќе играме во група со Португалија, Словачка и Литванија. Потоа првопласираните од групите играат бараж, а најдобрите патуваат во Тајланд.

23.10.2011
Програма на натпреварите
20.10.2011
18.00 ч. Франција - Швајцаарија - 7:0
20,30 ч Македонија - Црна Гора - 2:1

21.10.2011
18.00 ч. Црна Гора - Франција - 3:4
20,30 ч Македонија Швајцарија- 10:2

23.10.2011
16,30 ч Швајцарија - Црна Гора
19,00 ч Франција - Македонијат

И нерешено ни одговара со Французите во недела за прво место во групата.

Иначе што се однесува до футсал лигата во Македонија за прв пат годинава формирана е и втора лига. До сега постоеше само една единствена прва.
Табела по 5 одиграни кола
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Лигата ни е нај неинтересна во футсал, Железарец доминира, истите луѓе од репрезентација се и во клубот :D
 
М

Мартин`

Гостин
Македонија [3] : [1] Франција

Одличен натпревар за гледање и двете екипи играа доста солидно и слободно можам да кажам изедначено, први поведоа Македонија и доста време го држеа тоа водство.. последните 4 минути Македонија нападна со 5 играчи на терен без голман и ризикуваше да добие гол за губење на утакмицата кога Французите од центар шутнаа и ја погодија пречката за потоа да се упати топката кон гол сепак на линија ја спаси нашиот играч. Одма веќе следната наша акција ние постигнавме гол за 2-1 а набрзо стигна и тројката, атмосферата феноменална околу 4000~ во сала.
 
П

Паспарту

Гостин
За Азербејџан уште цел тим е составен од бразилци? Така беше пред неколку години...

Честитки за нашиве, барем нив ги бива за фудбал! :)
 
М

Мартин`

Гостин
Македонија ја победи Франција со 3:1 во футсал

Со оваа трета победа од три меча, македонските репрезентативци се пласираа во следната, завршна фаза од квалификациите за Светското првенство кое следната година ќе се одржи во Тајланд.

Возбудлив и интересен натпревар одиграа селекциите на Македонија и Франција во последното трето коло од предквалификациите за СП во футсал, а влогот беше голем, бидејќи победникот од средбата одеше во следната фаза од натпреварите. Веќе во 90-ата секунда со голот на Ранготов Македонија поведе, водство кое Ајгун во 12-та минута го анулираше, изедначувајќи на 1:1, со кој резултат се замина на полувреме. Во вторите 20 минути Македонија повторно со иницијатива и топката беше повеќе во посед на нозете на нашите репрезентативци. Во 30-тата минута откако гостите поради исклучувањето на Хамдуд, играа две минути со играч помалку, вистинска опсада на нивниот гол, кој тие успешно го издржаа и се одбранија. Иако со нерешен резултат Македонија остануваше на првото место, селекторот Скендеровски се реши на победа по секоја цена, па од 35-тата минута го повлече голманот и на негово место внесе играч во поле.

Резултатот на ваквата игра дојде во 38-та минута, кога со голот на Љубомир Македонија поведе со 2:1. Тогаш францускиот селектор во желбата за израмнување, кое ги водеше натаму во квалификациите за СП, го повлече голманот и внесе играч во поле. Македонските репрезентативци ова го искористија и со голот на Ранготов од 30-тина метри, во празниот гол на Франција, во 39-тата ги поставија конечните 3:1. Натпреварот се одигра во салата Гемиџии пред 3.000 гледачи, кои не се штедеа и постојано ја бодреа македонската селекција, која им се одолжи со трета победа на овој квалификационен турнир. Претходно беа совладани Црна Гора со 2:1 и Швајцарија со 10:2.

Селекцијата на Франција ќе ја чека разврската и се надева дека помеѓу неа, Англија и Норвешка, сите три имаат по шест бодови, ќе се најде меѓу двете селекции кои одат како најдобро пласирани во следната фаза. Во првиот натпревар од ова последно трето коло, Црна Гора убедливо со 8:0 ја совлада селекција на Швајцарија и така го освои третото место со една победа и два порази, додека швајцарците се последни, без ниту еден бод. Македонија како победник на групата ,,Е,, се квалификува во следната фаза,од 14-17 декември, каде ќе игра во групата 5 со селекциите Украина, Хрватска и домаќинот Азербејџан.
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.713
Поени од реакции
2.599
да се надеваме дека футсал репрезентацијата на Македонија ќе се најде на Светското првенство
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.131
Поени од реакции
18.128
Левески : “ Чекориме кон футсал 2013“

Пред околу 3000 гледачи во спортската сала “Гемиџии“ во извонреден амбиент македонската фудбалска футсал репрезентација го освои првото место во квалификациската група и обезбеди пласман во елитната рунда.



- Ни причинуваше огоромно задоволство што на прекрасната публика во Велес и се оддолживеме со победа. Нашата цел ја исполнавме, три победи и освоени девет бода, а со тие 9 бода нашот рејтинг во Уефа и Фифа расте и на следните квалификации за Европско првенство ке бидеме најверојатно директно во квалификациите во третиот шешир. Сето тоа значи оти многу сме поблиску до пласман на завршница на големо натпреварување, што досега не успеало на никоја репрезентација под капата на ФФМ -вели капитенот Левески.

Македонија во наредната квалификациска група ќе игра против Украина, Азербејџан и Хрватска. Пласманот на Светското првенство во Тајланд ќе се биде тешко да се осигура бидејќи победниците од групите ќе играат бараж за пополнување на местата.

- Победата е важна за нашиот проект “Футсал 2013“ кога очекуваме постигнатите резултати и макотрпната работа да ги капитализираме со пласман на европскиот шампионат - потенцираше Левески.


Ohridnews​


25.10.2011 11:18​

Прочитана е : 296 пати​




© 2011 Ohridnews.com.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
256
Поени од реакции
184
Победников од нашава група ке игра бараж со некоја друга репрезентација.
Колку се шансите да бидем први во оваа група?
До сега имаме играно против нкоја од овие репрезентации?
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
Победников од нашава група ке игра бараж со некоја друга репрезентација.
Колку се шансите да бидем први во оваа група?
До сега имаме играно против нкоја од овие репрезентации?
Хрватска мислам ја тепавме во подготовки за овој кфалификациски циклус.За украина ништо незнам, а за Азербејџан некој во претходните постови спомна дека играле се бразилци,колку е и тоа точно незнам.Види на ФФМ на страната може има некое инфо плус.
 

Falcao

rossonero per sempre
Член од
28 мај 2008
Мислења
1.986
Поени од реакции
561
Победников од нашава група ке игра бараж со некоја друга репрезентација.
Колку се шансите да бидем први во оваа група?
До сега имаме играно против нкоја од овие репрезентации?
Шансите се никакви ...


Украина - 8 во свет
Азербејџан - 13 имаат 4-5 души бразилци маме ебаваат. :)
Хрватска- 14
.
.
.
Македонија - 41 место
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
Шансите се никакви ...

Украина - 8 во свет
Азербејџан - 13 имаат 4-5 души бразилци маме ебаваат. :)
Хрватска- 14
.
.
.
Македонија - 41 место
А малку оптимизам,позитивна енергија.Не би делувало штетно ова.;)
 

Falcao

rossonero per sempre
Член од
28 мај 2008
Мислења
1.986
Поени од реакции
561
А малку оптимизам,позитивна енергија.Не би делувало штетно ова.;)

Абе се тоа убаво да си оптимист..ама гледај малце реално на работите.
5 години пратам и играм футсал, знам на кое ниво сме и како сме ..Има напредок и тоа голем и ако се продолжи со воа темпо резултатите ќе испаднат на виделина и како што кажа и самиот капитен Левески:
Победата е важна за нашиот проект “Футсал 2013“ кога очекуваме постигнатите резултати и макотрпната работа да ги капитализираме со пласман на европскиот шампионат - потенцираше Левески.



Иначе
Трите победи во предквалификациите беа важни за да бидеме во третиот шешир во квалификациите за следното европското првенство, токму ЕП е нашата шанса каде што полесно е да се обезбеди. Во моментов Светското е далеку од нас, сакаме ние да признаеме или не ..
 
П

Паспарту

Гостин
Македонија со два порази од Словенија

Футсал репрезентацијата на Македонија забележа два порази на пријателските натпревари со селекцијата на Словенија во пресрет на квалификациите за СП.

Нашата репрезентација во два наврати убедливо беше совладана, најпрво вчера со 5-2, а денеска на натпреварот одигран во Лашко и со 6-1.

Нашата експедиција, по двете контролни средби, директно од Словенија патува за Баку, каде ќе игра во квалификациската група за СП од 15. до 18. декември заедно со домаќинот Азербејџан, Украина и Хрватска.

СЛОВЕНИЈА – МАКЕДОНИЈА 5-2 (2-1)
Мордеј 6, Петриќ 20, Зорч 25, Уршиќ 30, Гржељ 33 - Левески 14, Ранготов 21

СЛОВЕНИЈА – МАКЕДОНИЈА 6-1 (3-0)
Пертиќ 10, 12, Чујец 20, Осредкар 27, Росиќ 29, Фетиќ 36 - Петровски 40

http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=3530
 

Kajgana Shop

На врв Bottom