Македонска фудбалска репрезентација

Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Ако ги минеме и Португалците и го пратиме Кикица со плачење во интернационална пензија, тоа дефинитивно ќе биде најголема сензација во квалификации за светско. Ова има да се споменува во цел свет, на секои четири години, пред секое СП, кога се споменуваат историски моменти и сензации.

Кога ќе ми текне дека не толку одамна тоневме на ФИФА листата и бевме зад Курасао и такви репрезентации. Ова буквално во најнереални соништа не го замислував.
 
The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
4.480
Поени од реакции
9.032
Португалците имаат најопасни остри центар-шутеви...
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.182
Најлошиот обид за срце во историјата. Па срце со 11 стентови вака не изгледа, ама простено му е на господинот селектор, сир Благоја. Благожа Милевски.
Те поздрави Дунавка:
1648200612471.png
 
Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.046
Поени од реакции
17.711
Не знам зошто некои се незадоволни од играта, јас ваква цврста Македонија немав гледано многу одамна. Па не ме заебавајте, против ебени Автстрија и Украина на европско изгледавме 100 пати помлитаво, губевме дуели, ни ствараа шанси како ненормални, а ова сношти не им дадовме да мрднат на италјаните.

Алиоски :cuc: блокот што го направи на Берарди беше рамно на гол, всушност исто како гол, бидејќи ако примавме тогаш, немаше назад.

Трајковски за мене отсекогаш бил играчиште во репрезентацијата, многу подобар и многу покорисен од Несторовски што се форсираше, а кој никогаш во животот не би дал ваков гол. Онака, апсолутно никогаш.

Боби Милевски има наклон до земја за водењето на момците, едноставно си гази човекот :cuc:.

Факт е дека против Португалија ќе биде потешко, искрено они се барем 5 пати полош мечап за Македонија во споредба со Италија. Мене не ме плашат ниту Феликс, ниту Бруно Фернандеш или не ти знам таму кој, туку најмногу ме плаши она кучето Роналдо и неговата болна желба да игра и да победува. Малку простор да му дадат ќе ни збрца некој ненормален гол или ќе скокне со главата 10 метри и ќе ја закова или не дај боже некој несакајќи пенал ќе направиме, па ќе го гледам таму како скока после дадениот гол со онаа селската прослава.

Нејсе, на крајот од денот најважното е тоа што испишавме историја. Им нанесовме прв пораз у историја на домашен терен, ги попаривме онака јако, ги здрвивме комплетно на оние кои после освоеното првенство играат како да не постои ништо друго на светот. А најјако чувство е тоа што беше 100% заслужено.

Па, ако сношти ни помогна Господ согласно кажаното од Бранко, да се понадеваме дека и во вторник истото ќе ни се случи, па во рок од 2 години да ја смениме фудбалската историја на оваа и онака напатена држава.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.406
Поени од реакции
61.999
Не знам зошто некои се незадоволни од играта, јас ваква цврста Македонија немав гледано многу одамна. Па не ме заебавајте, против ебени Автстрија и Украина на европско изгледавме 100 пати помлитаво, губевме дуели, ни ствараа шанси како ненормални, а ова сношти не им дадовме да мрднат на италјаните.
Затоа што едно 10.000 пати одигравме од освоена топка на средина, од позиција на позиционен напад, назад до Ристовски, овој до Димитриевски, и овој цепење напред кај и да стигне, и ако имаш забележано, скоро сите ги избаци на прва, без оглед на тоа дали има или нема противнички играч во близина.

Синоќа планот беше да играме на пенали и она од Трајковски дојде како бонус, и дај Боже да грешам, ама оволку среќа тешко дека ке имаме против Португалија. Се што можеше да биде на наша страна синоќа, беше. Да не се лажеме дека сме одиграле плански напред. Уште 99 пати да ја играме утакмицата, нема да тепаме, зашто одбраната беше на ниво, додека нападот... Свесно се фокусиравме да играме на нерешено, зашто немаме среден ред да се надигруваме со Италија. Некој проценил дека сме поранливи и дека најверојатно ке примиме гол ако ставиме играч плус во напад.

Би сакал да имавме барем еден од среден ред налик Модриќ кој може да задржи топка под притисок и да избаци пас во празно, зашто оваа репрезентација има самодоверба да игра фудбал со било која репрезентација. Штета што сме боси низ средината. Нашиот посед кога бевме со топка во нозе на средина на терен не траеше подолго од 10 секунди.

Да ја тепаме и Португалија на гости со оваква игра за мене ке биде фудбалско чудо поголемо и од она на Лестер кога станаа шампиони.
 
Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.143
Поени од реакции
4.528

Истово тргнав да го пишувам, не знам дали ради победата се створи некој впечаток дека сме изиграле добро или цврсто, ама првото полувреме беше едно од најлошите што сум ги изгледал, не знам како остана 0-0. 2 додавања не можевме да сврземе, панични исфрлувања, еден куп грешки и поклонети топки, под постојан притисок без ни минута да успориме игра и задржиме топка. Во второ малку се консолидиравме и игравме барем посмирено, иако пак многу пати кога имаше простор да се гради напад ние враќавме назад и на крајот Столе ги рогаше во празно. Очајно фалеше Елмас, барем он ќе задржеше некоја топка и ќе пробаше да одигра нешто, само Барди правеше такво нешто. Николов колку и да е борбен и да помага во дефанзива за играч од среден ред има ужасна прегледност на игра и додавања. Под ваков притисок против Португалија нема шанси да издржиме, многу подобри поединци имаат во офанзива од Италија и многу полесно ќе стигнат до гол.
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.003
Поени од реакции
57.043
Колегиве на работа (фанови на Лидс) после натпреваров коментираат дека го сакаат Алиоски назад во Лидс ASAP.
Како и не би, кога ќе видиш дека лев бек им е Фихихихихирпо
 
Член од
18 декември 2019
Мислења
599
Поени од реакции
1.665
Го извлековме максимумот спрема нашите можности. Со овие играчи не можеме на Италија да им глумиме Шпанија со држење топка и креирање напад, ќе примевме три гола за 20 минути.

Далеку од тоа дека сме одиграле добро но од друга страна поинаку и не можевме да играме доколку посакувавме победа.
Ваква добра поставеност во одбрана не знам дали сум видел некогаш од нашата репрезентација. И фактот што сите дефанзивци беа на ниво радува, обично еден или двајца потфрлуваат и тоа е доволно за да изгубиш.

Немавме среќа со ждребот, па и со Романија, Ерменија и Исланд во квалификациите, редно беше и нас да не погледне среќата.

Инаку за трето место мислев дека е заебанција но сега ја преведив Газета и изгледа дека Турција и Италија ќе играат пријателска за ФИФА поени во вторник. :D
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903

Не е заебанција. Се игра за УЕФА да заработи пари од продадени тв права.

А благодарение на нас сега ваљда поскупо ќе ги продадат правата, пошто Италија ќе игра. :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom