Добра победа пред се за самодоверба пред Германија. Победа над Лихтенштајн се очекуваше, иако до вториот гол и не беше нешо најсјајно. Мора бе напаѓачиве да бидам подобри во реализација, од полушанси треба да се реализира а не пак од онакви шанси. Мене само не ми е јасно како Ерменцине успеале да кикснат со овие утепаниве Лихтенштајн и тоа на домашен терен? Затоа пак со нас играат увек на нож и не мачкаат. Што да се каже, реално укакавме многу на претходниве натпревари. Реално сите и требаше да ги добиеме, Исланд го имавме а и со Романија и Ерменија дома мораше до бодови. Ваква шанса не се пружа секој ден ама добро. Нека се борат до крај, нека пробаат паметно против швабите, каде ќе мора и полушанса да се реализира ако сакаме победа. Ништо не е невозмошно, посебно кога играме натпревар во кој ќе имаме простор за игра и за контри. Адеми е ѕвер секоја чест како се дава во секој натрревар, Миовски влага во шанси ама реализацијава денес тапа. Можда против швабите ќе му се посреќи ако игра.Ќе биде интересна групава до сам крај, се надевам со среќен завршеток за нас.