- Член од
- 11 октомври 2010
- Мислења
- 6.532
- Поени од реакции
- 21.401
Се сложувам со цел твој пост. Ме нервираа многу негативни коментари за играта и Милевски ама како ретко до сега успеав да не искоментирам.А добро кој треба да игра на местото на Костадинов? Дајте подобра опција, не само напамет да се коментира и критикува.
Очигледно дечкото е физички спремен, игра стандардно во својата екипа (макар била и Ружемберок) и башка вчера одигра според мене повеќе од солидно, дури имаше и неколку добри долги топки напред.
Не велам дека е тоа тоа, ама немаме подобро.
Во врска со Костадинов, јас изедов говна после мечот со Ерменија и криво ми беше откако ги изгледав наредните два натпревари. Нема некое фудбалско знаење, не е некој магионичар...ама трча за тројца. Пре би играл со него, отколку Николов. Некако повеќе ми се допадна неговиот придонес иако стварно имав ниско мислење за него.
Играта и јас мислам дека беше сосема солидна. Одлично комбинираа многу пати на прва во триаголник и едноставно ги издоминираа Романија вчера. Секој кој ќе го каже спротивното, не гледал повеќе од 5 натпревари на репрезентацијата. Како само брзо заборавија дека со Мрме не можевме против Луксембург да одржиме посед пред некоја година. Сега со Милевски, кој е селектор само 3 натпревари и буквално еден повик, промена во играта е очигледна.
Да не зборам дека мораше со тие едни играчи да игра 3 натпревари во 8 дена од кој еден беше патување до најдалечната дестинација во Европа.
Се знаеше добро дека ќе клапнеме после 60та минута против Романија, но ние и до сам крај бевме тимот кој напаѓа и за прв пат гледам некоја подобро рангирана репрезентација да е среќна што освоила бод против нас.