Не знам дали е спомнато во темата. Квалификациите од УЕФА за светското првенство ќе се одржат следната година, 10 групи, првопласираните директно одат на светско, второпласираните 10 екипи одат во т.н. втора рунда (бараж). Тој бараж ќе содржи 12 екипи, покрај тие 10 второпласирани од стандардните квалификациите, преостанатите две места ќе бидат пополнети од оваа сезона на лигата на нации.
Прегледај го приврзокот 270137
Што во превод би значело, со добри резултати оваа есен во лигата на нациите и малку среќа во разврската и тоа кои репрезентации ќе имаат веќе обезбеден пласман (директно на светско или бараж), би можеле да добиеме едно од тие две места за во баражот. Од 12-те екипи во баражот, 3 се пласираат на светско преку 3 фајнл фор турнира со ист формат како овие моменталните и тоа со жрепка за тоа кој ќе биде домаќин (по една утакмица).