Македонска фудбалска репрезентација

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.004
Поени од реакции
7.705
Па да де кај биле до сеа на децата да им дадат гратис за некоја ваква утакмица?него сеа најдоа ко смо утепани,да им служат ко бројка,колку да се попуни стадионот.околу гратисите неам ништо против,ама не сега и на ваков начин.
Најнормално е сега да се даваат гратиси, бизнис е се, очекувано е дека слаба ќе биди посетата и зошто да не се проба со нешто друго. И нека одат децата на фудбал зошто да не, нека видат малку што е нека осетат. Гледаме примери во Турција каде што на утакмици одат само жени и деца а ова нашето не чини.
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
Од ова денеска што ќе го видат,само ќе се истрауматизираат и ќе мора после пари по бајачки да даваат.И си стојам на ставот дека ова е класична манипулација,перење мозок.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.794
Поени од реакции
15.819
Каква манипулација?
Значи имаш бесплатен влез, на децата е дали ќе отидат на мечот или не, Илчо не ги завлекол за уши и да ги донесе на мечот, само му овозможил да го гледаат бесплатно, само ако тие сакаат.
На крај краева поарно 2 саата на стадион нека биде отколку да дреме на компјутер.
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.692
Поени од реакции
4.520
Мислам дека Абдурахими нема да е во почетен состав.

Би требало да ги победиме.
Овој после Ибраими и Адеми ни е во најдобра форма не гледам зошто да не игра, во Локерен игра редовно даде неколку голови на последниве утакмици и асистираше.
Незнам што играч е овој Муарем ама сигурно неможе да биде полош од Спировски така да подобро он да игра. Лев бек доминација од Цуцули :facepalm:
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.498
Поени од реакции
2.779
камо да сме, она играше на светско и има бдп 100 пати подобар од нашиот....
И имаат држава 300 години и не се зае*авале со турци, срби, бугари, арнаути, грци...тоа требаше да го напишеш.[DOUBLEPOST=1412873676][/DOUBLEPOST]Леле дај вечер нека пукне срам еден со победа само ќе се залажуваме и ништо нема да се промени.
Едно нерешено ќе заврши работа. Да се свестат сите овде дека ние немаме фудбал и сме пацери од рангот на Лихтенштајн, Сан Марино и Андора.
 
Член од
10 август 2008
Мислења
689
Поени од реакции
1.826
Во вестите сега на МРТ
Колега Видевски како е атмосферата на трибините во моментов (жив човек нема на трибини) Видевски: Се подготвува вистински спектакл вечерва :ROFLMAO:
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.708
Поени од реакции
12.482
Стадион не се полни со гратиси и концерти туку со пожртвувана игра.
Едни од најубавите спомени ми се кога сум одел со татко ми на утакмици. Прво ги научив репрезентативците па после азбуката. Се сеќавам со англија цените на картите беа прилично солени бар за моето семејство па татко ми ме праша дали повеќе сакам точак или да одиме на Македонија-Англија нормално одбрав да одиме на фудбал. Од Словачка мислам дека цел живот ќе имам комплекси после сите силување што ни се случија на градски, а Шева пичето го замразив иако ми беше омилен играч. Нејсе поентата ми беше култура кон одење на фудбал не се ствара со пеачи и гратиси туку со борбена игра.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Ниедна репрезентација не ми стварала еуфорија како фудбалската во минатото иако не сме имале којзнае какви резултати...
Сепак систематски репрезентацијата си ја направија приватна играчка на разни менаџерчиња, затоа во моментов ни на телевизија нема да го гледам дел од мечот.

Празен Градски, ЗОШТОООО
не се памти водствоооо
губите од сите
сите да си одите!!!
:icon_mrgr:

Уште помалце луѓе треба да има, за да се свестат малце...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom