Македонска фудбалска репрезентација

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.180
Поени од реакции
14.434
Треба да се создаде култура дека максимум саат време пред почеток на утакмица треба да се биде на стадион. Јас бев таму во 19:50 и за 2 мин влегов, никакви гужви.
Нема врска ова со нашата култура, стадионот е премногу лошо напраен со влезовите и со тоа секјурити чекот нивни глуп кај што поминуваат луѓе само преку 2 врати а имаме 4 влеза се на сезначи само 8 луѓе у даден момент влагаат.. Сеа брзо бев на алијанц, 25 минути пред натпревар влегов за 2 мин поминав. Ама таму не те замараат ко кај нас и имаш 15 врати на еден влез, и плус посебен влез(дел) за жени. Башка онакви електронски си ја куцаш картата и за 5 секунди поминуваш. Уште 10 секунди секјурити чек те проверува и шибаш.

Така да овде вината не е кај народот туку кај лошо осмислениот начин за влагање на стадион.

Него гледам некој се буни за пеналот, стварно мислите дека немаше пенал за Белгија? Па Лазевски е дрво неделкано му влезе го преврте. Чист пенал почист неможеше да биде.
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
5.870
Поени од реакции
7.268
Тоа е тоа дечки,фудбалот е педерска игра(посебно кога во тим имаш играч шо глуми лев бек а е слаб ко прстов и голман шо брани у БЕЛГИЈА а не затвара поблизок агол на гол и оди да брани пас во средина каде што има 2 дефанзивци да расчистат!)
Едино може да жалиме што не знаеме да реализираме,правиме шанси,креираме најмногу од сите репрезентации во групава,а голови даваме најмалку.Сум кажал 100 пати и сеуште стојам на тоа дека немаме добар реализатор во нападот,кој кур сака нека игра напред,немаме напаѓач.И да,Илчо Наумовски е 2 пати боље од овие што играат сега само што е ретардиран и добива црвен картон во 16 минута.Мирко Ивановски со Шкотска имаше 3 пати 1 на 1 со голманот,Јахович вчера промашува од 2 метра пред голман топка што требаше да ја закова со глава горе у гол а не да шутира доле,со Хрватска примаме пацерски гол,а да забораив да кажам и за голманиве,нек си ебат матер у тоа Белгиското првенство,и Украинското исто.Немаме 1 асолен голман,нека го јачаат оној Струмичанецот сега подобро што отиде во Арсенал пошо од овие куртони нема аир.Која е логиката да му остави прва статива празен агол за шут,а да брани пас на средина каде што има одбранбени фудбалери да расчистат?:facepalm:
Боганитов прима гол од ебаниот Ракитич од 50 метра.Тоа е тоа,ни треба еден добар реализатор напред што знае да искористи шанса,лев бек мора да се врати ПОПОВ ,колку сака нека е сељак,и на десен бек фали Георгиевски,за голман кажав веќе.

П.С
Ја да играв напред со Пандев до сеа ќе имав 3 гола во квалификацииве,гледајки ги шансите што ги промашија телињава.:icon_lol:
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Дим4е се зезам бе да го еам, можеше по смајлито да видиш. :D

Нема потреба да се фалам дека сум бил, секако сум редовен (еве сега се фалам дека сум редовен) :icon_mrgr: Мене ме разочара Трајковски. (n)

Првиот пат ја промаши топката, му замина у аут, ај демек тука не загреан. После зема топка оди да дрибла се сопнува. Единствен добар потег му беше тоа со „несакајќи“ дриблингот врз Де Бруин и Алдервидел.

До душа, немаше и многу минути за покажување океј, но во тие кои ги изигра направи само еден добар потег останатите лоши.

Тричковски точно, заглавуваше кога ќе дојдеше до шеснаесетник, но заборавате дека тој сам си ги креираше тие прилики. Му даваа топка на центар и без проблем ги минуваше тие што играа по негова страна, налетуваше на Витсел и таму ѕид, а Пандев и Јаховиќ затворени. Требаше да проба да шутне или влезе у шеснаесетник, но немаше муда.

Сепак имаше многу одлични проигрувања со Пандев, многу убави топки во фор кон Јаховиќ особено у прво полувреме и фантастична асистенција со надоврешна кога шутна некој од нашиве но Вермален изблокираше.

Значи стварно не знам зошто толку критики имаше кон Тричко. Мене ме изненади, оти очекував да биде катастрофа како на минатите утакмици, но денеска беше добар за неговата позиција.​
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Нема врска ова со нашата култура, стадионот е премногу лошо напраен со влезовите и со тоа секјурити чекот нивни глуп кај што поминуваат луѓе само преку 2 врати а имаме 4 влеза се на сезначи само 8 луѓе у даден момент влагаат.. Сеа брзо бев на алијанц, 25 минути пред натпревар влегов за 2 мин поминав. Ама таму не те замараат ко кај нас и имаш 15 врати на еден влез, и плус посебен влез(дел) за жени. Башка онакви електронски си ја куцаш картата и за 5 секунди поминуваш. Уште 10 секунди секјурити чек те проверува и шибаш.

Така да овде вината не е кај народот туку кај лошо осмислениот начин за влагање на стадион.

Него гледам некој се буни за пеналот, стварно мислите дека немаше пенал за Белгија? Па Лазевски е дрво неделкано му влезе го преврте. Чист пенал почист неможеше да биде.
Ок разбирам се што кажа ама кога веќе гледаш дека ни е крш организацијата (Македонец и организација никад не идат во иста реченица) дојди порано. Светските стадиони не се за коментирање, милион влеза имаат, иначе како би успеале минимум 70,000 да излезат по завршеток на утакмица за 2 минути ако нема 100 влеза. :)

За стадионов наш не знам дали сум ви кажала, од Бетон вработен ми е информацијава, нашиве кога сакале да го доградуваат тогаш прво им однеле слика на Бетон од Вембли од Лондон и рекле ваков сакаме :pos: :pos: :pos:И тоа и тука да имал стадионот арка одозгора како што има Вембли. Кога им ја кажале цената овие од Бетон на овие од град Скопје не знаеле вратата да ја погодат. Затоа ќе се задоволиме со тие неколку влеза сега за сега, со некој ко Субрата Рој повеќе :icon_lol:
 

MacedonianSun

herE I gO agaiN!
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.111
Поени од реакции
33
Има многу да се каже за натпреварот но во врска со натпреварот јас ќе кажам дека едноставно немавме среќа. Момците изиграа баш супер, убави акции...само фалеше едно, мала среќа и убава завршница. Белгија изигра со прва брзина, на моменти ставаше во втора за постигнувањето на головите, но во никој случај не изиграа максимално. Тричковски, Пандев, Ибраими, Ивановски браво !!!

Една грешка и го реши натпреварот, судиите до некаде не досудија некои клучни моменти за нас, како што беше контактот/туркањето за пенал за нас околу 70тата минута. Ако имаше пенал и гол за нас, текот на натпреварот ќе се сменеше, но што е тоа е! Против нас играше Белгија, цел состав игра во Премиер лигата, повисоки со една глава од нашите.

Голема замерка за тоа што не беше наполнет стадионот, аман бе луѓе. Тие што беа синоќа на Филип втори, 70 % беа од внатрешноста, како и јас...СРАМОТА за СКОПЈАНИ, не заслужувате да имате стадион и натпревари од тој вид.

Уште една замерка што сите сакате да влезете на 5 минути пред почетокот на натпреварот. Јас иако сум од внатрешноста на стадион бев во 7:30 и нормално си влегов без чекање, семки сокче и дојде брзо почетокот.
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
5.870
Поени од реакции
7.268
Има многу да се каже за натпреварот но во врска со натпреварот јас ќе кажам дека едноставно немавме среќа. Момците изиграа баш супер, убави акции...само фалеше едно, мала среќа и убава завршница. Белгија изигра со прва брзина, на моменти ставаше во втора за постигнувањето на головите, но во никој случај не изиграа максимално. Тричковски, Пандев, Ибраими, Ивановски браво !!!

Една грешка и го реши натпреварот, судиите до некаде не досудија некои клучни моменти за нас, како што беше контактот/туркањето за пенал за нас околу 70тата минута. Ако имаше пенал и гол за нас, текот на натпреварот ќе се сменеше, но што е тоа е! Против нас играше Белгија, цел состав игра во Премиер лигата, повисоки со една глава од нашите.

Голема замерка за тоа што не беше наполнет стадионот, аман бе луѓе. Тие што беа синоќа на Филип втори, 70 % беа од внатрешноста, како и јас...СРАМОТА за СКОПЈАНИ, не заслужувате да имате стадион и натпревари од тој вид.

Уште една замерка што сите сакате да влезете на 5 минути пред почетокот на натпреварот. Јас иако сум од внатрешноста на стадион бев во 7:30 и нормално си влегов без чекање, семки сокче и дојде брзо почетокот.
Не дека немавме среќа,немаме ЗНАЕЊЕ на тој дел од теренот и тоа е тоа.Немање среќа беше со Хрватска кај нив,се друго е знаење.Да го имавме Бентеке нивниот во вакви шанси да влезеше како нашиве дрвца ќе се прашав дали сега ќе зборевме за немање среќа,и дали ќе праевме муабет за 3 и 4 место.

П.С
Кој си ти да кажеш дека е срамота за Скопјани и дека не заслужувале стадион од тој вид?:pos:
Не знам кај живееш ти,ама ако во Скопје не се наполнил како што викаш самиот,кај тебе да се наполни е научна фантастика:pos:
Срамота за СКОПЈАНИ:facepalm::facepalm:
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.180
Поени од реакции
14.434
Кој црн пенал за нас бе, одглуми нашиов
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Сакаш да ми кажеш дека да не беа гратисите ке имаше 2000 луге на стадион?o_O
Сигурно имало некоја бројка на гратиси, ама па 90 посто...
Јас искрено очекував 10-15 илјади. Кога почна еуфоријата и ФФМ да праи некои маркетиншки трикови како тоа уште у првиот ден 1/3 од картите биле купени викам ова ке се напуни цел. Испадна нешто измегу, 20тина илјади.
Муабетот ми беше за оние карти од 400-600ден т.е централните блокови на јужна и северна трибина. :)
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Инаку во врска со химната, мислам Тамара ги измеша двете стари и непостоечки веќе верзии.

На втората строфа запеа:

Не тажи Македонијо мајко мила
крени глава гордо високо (стихови од верзијата од 1989)
па продожи со:
Старо младо машко и женско,
на нозе се кренало! (стихови од најстарата химна)

Значи немаше ни збор, од актуелната, официјална од 1991, туку ги измеша двете стари. :eek:

Вака:

Capture.JPG

Тамара го пееше ова во црвеното.

За првиот стих не сум 100% сигурен но мислам дека тоа го испеа, а за „Старо младо...“ сум сигурен, нека ме поправи некој за првото ако грешам.

Како и да е, голем резил е ова со сквернавењето на химнава. (n)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Друг пат ко така нека дадат упатство за вториот и третиот дел од химната а не од првиот дел што го знаеме (ок барем повеќето се надевам). Откај да знаеме против Велс и Шкотска што ќе им текне друго.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.948
Поени од реакции
5.506
Кога ќе размислам, да бидеме среќни што не испеа нешто и од албанската химна…
 
G

Geezer

Гостин
Не ми се пишува некако, ама нешто ќе склопам. Малку е лузерски, да се правдаме демек сме играле добро, ама ете сме загубиле несреќно. Или пак да извадевме нерешено, па демек сме извадиле нерешено со една Белгија, треба да бидеме задоволни. Не, дечки. Не е во ред тоа. Во спортот играш за да ПОБЕДИШ! Тоа дека е важно да се учествува, е глупа изјава, што ја измислил некој лузер, од Андора или Луксембург на пример. Бразил, Белгија или Сан Марино, небитно. Треба да се оди на победа. Што ќе ни е добра игра, кога имаме три порази, едно нерешено и една победа?
Што ќе ни е моментално, кога уште еден квалификациски циклус отиде по ѓаволите?

Но, од друга страна пак, за воља на вистината, навистина Македонија како фудбалска репрезентација почна да ИГРА фудбал. Во права смисла на зборот. Без калкулации, без бранење и фудбал лош за око. Порано знам дека седнувавме пред ТВ или одевме на стадион, ради-реда. Ајде, Македонија игра, па да изгледаме, не дека нешто ќе направат. Сега е поинаку. Сега сите мислиме дека можеме да победиме секого, дека можеме да се разигруваме. И не грешиме, на добар пат сме.
Чеде Јаневски е човекот заслужен за напредокот и се надевам дека уште долго време ќе биде селектор на Македонија. Постави ред, објасни дека НИКОЈ не е поголем од македонскиот дрес, ниту Попов, ниту некој Ристиќ итн.

Играме добро за првпат можеби, но, немаме среќа, па и искуство. Ама со тек на време, веројатно и среќата ќе биде на наша страна. Друго, за првпат осетив на стадион, како никој не им свири на репрезентативците, после пораз. Сите ги испратија со аплауз, со скандирања. Тоа е некаков знак, нели?

Околу утакмицата и ростерот, Лазевски играше очајно. Ама човекот не е редовен ни во Партизан, што очекувате. Не се среќава во Јелен Лига со играчи како Хазард и Дембеле, туку со играчи просечни, како во нашава лига. Попов не знам дали е подобар, ама односот не му чини, па Чеде има потполно право што така го третира. Нека се најде некое лево бекче, крај краева, тоа детето Јани Урдинов играше солидно на пријателската со Литванија мислам, зошто да не се проба со него.
Грнчаров е двапати подобар од Шиков, вчера го пикна во шише Фелаини, иако некои го критикуваа. Новески е класа, мајке ми. Абе човекот напред-назад играше. Тоа беше глупо вчера, што во прво полувреме изигравме добро, во второ паднавме, а главен организатор на игра ни беше баш Новески. Многупати излета напред и немаше со кого да проигра. Другово десно бекче, не беше лошо, ма да треба да поработи на центаршут и позицинирање, ама пак тука и Даниел го имаме, мислам дека сме добри на таа позиција.
Демири е солиден, добар е. Само кога е партнер со Глишо, со Хасани некако не се снаоѓаат. Хасани на таа позиција беше очаен вчера.

Јаховиќ, што знам, му треба време за адаптација, сепак. Неговата замена Мирко, ме изненади, беше борбен и желен за игра. Ама ме изнервира многу кога наместо да шутне, тој изглуми пенал. Да ти ебам играчот што оди од почеток на таква карта, да изнуди пенал, а не да направи нешто повеќе.
АГИМ ИБРАИМИ, цар. Значи можда на ТВ не се познавало, гледав и коментаториве нешто сереа демек и тој се изгубил, ама човекот играше вчера буквално сам. Прием на топка, фантастичен, позиционирање, техничар, осет за игра, за додавање. Им го ваѓаше паметот по десна страна во прво полувреме, не можеа да му ја земат топката. И после во второ кога ги помина покрај аут линија, во стил на Роналдо, озбилно.
Многупати ќе издриблаше неколкумина и немаше кому да ја даде топката, Пандев и Јаховиќ се пикаа во средина, помеѓу Бајтен и Вермален, овој после тоа ја враќаше назад, залудно. Се надевам дека ќе ја одржува константно оваа форма и дека ќе го земе некоја германска или англиска екипа.
Тричкоски, просек жив. Значи тој и Кирил Николовски од МЗТ. Тоа се тие вечити таленти, добри играчи, за кои сите зборуваат, а никогаш во живот не ИЗИГРАЛЕ една добра утакмица. Барем јас не памтам. Тричкоски демек е јак играч, играл во Бриж(игра топкиве, на клупа седи), а не пружил ниту една задоволителна партија за националниот дрес. Ниедна.
Пандев, хејтер сум негов, јеби га. И вчера беше за никаде. Истото важи горе-доле како и за Тричкоски. На официјален меч, а да не е пријателска, Пандев нема ништо направено за репрезентација. Ни некој важен гол, асистенција, добра партија, скроз се губи, паѓа, се држи за ебаните колена. Само добро, не сме виделе реално подобар играч, па ќе се крстиме во него. И тој го знае тоа, па му се може. И нека не ме цитираат заслепените фанови од просечноста на Тричкоски и истрошеноста на Пандев, не ми се прави муабет.
Чеде вчера ја утна, со тактиката со високи топки. Па не можеш да играш така, а позади седат Бајтен, Вертонген, Вермален, Фелаини и Витсел. А и Дембеле за прекини се враќаше. Едноставно, не проаѓа. Особено не проаѓаат параболи топки.

Како и да е, криво ми е што отидоа по вода и овие квалификации, го пропуштаме Бразил, но, има многу позитивности од овој состав. Селекторот го вади максимумот од играчиве, му треба време. Па можеби ќе ни се посреќи и нас. Кошаркарите, ракометарите, играат на европски или светски првенства, фудбалериве не ни ја овозможуваат таа среќа. Заебано е, во спортот кој го сакаш, твојата земја да не игра на такво големо натпреварување. Ама штом дочекав титула во ЛШ од Челзи, зошто да не дочекам и пласман на мундијал... некогаш.



И да. Малце потехнички муабет. Абе ја викаат да ја испее химната, пред цел стадион, гуската Тамара, ај што се задави, па и ја згреши цела ВТОРА строфа и после тоа ја прекина, не ја доиспеа и третата. Не разбирам, строфата ''Старо младо, машко и женско... '' НЕ ПОСТОИ! Срамота е да не се знае државната химна, особено ако те викнале да ја изведеш пред 25 000 луѓе. Брука! Па и пола народ, ако не и повеќе не ја знае химната. Секогаш аплауз дава после втора строфа, третата не ја знаат воопшто. Да е парадоксот поголем, на знаменцата што ни ги даваат пред стадион, на другата страна ја пишуваше химната. А, гуската Тамара ја згреши цела, по неа и 80 посто од стадионот. Е тоа ме изнервира повеќе, отколку поразот. Фала и кај вас.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom