Македонска фудбалска репрезентација

Warrior

Born to laugh
Член од
15 декември 2005
Мислења
375
Поени од реакции
3
пошто ми ја затворија темата мак-естонија, еве ги сликите од вчера,









 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.010
Поени од реакции
1.122
Не сакам да отварам нова тема за ова кога веќе ја има оваа за македонската фудбалска репрезентација па ќе постирам тука за пријателскиот натпревар помеѓу Македонија и Србија..
Натпреварот ќе се одигра во Македонија, 6 февруари.. Најверојатно ќе се игра на Градски во Скопје ако до 6ти биде наместена заштитната ограда на северна трибина..

Новиот селектор на српската фудбалска репрезентација, Мирослав Ѓукиќ ги повика следните 22 фудбалери..

Антонио Рукавина (Борусија Дортмунд), Маријан Марковиќ (Динамо Киев), Ивица Драгутиновиќ (Севилја), Душко Тошиќ (Вердер), Немања Видиќ (Манчестер Ј.), Бранислав Ивановиќ (Челзи), Гојко Качар (Војводина), Дејан Станковиќ (Интер), Ненад Ковачевиќ (Ленс), Милан Смилјаниќ (Еспањол), Бошко Јанковиќ (Палермо), Милош Красиќ (ЦСКА Москва), Зоран Тошиќ (Партизан), Здравко Кузмановиќ (Фиорентина), Стефан Бабовиќ (Нант), Никола Жигиќ (Валенсија), Данко Лазовиќ (ПСВ), Милан Јовановиќ (Стандард), Ранко Деспотовиќ (Рапид Букурешт), као и тројцата новаци Радиша Илиќ, Дамир Кахриман и стоперот на Партизан Немања Рниќ.

Кои се повикани кај нас не можев да најдам.. најверојатно ќе има список на повикани фудбалери овие денови..
 
V

Viktoranius

Гостин
Не ми е јасно само на третата слика комитите намерно ли го поставија транспарентот наопаку, или пак не се виделе ?
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.320
Поени од реакции
57.791
Треба да има подфорум „Македонска репрезентација“ за да не нафрлуваме се во една тема. Таму може да се отвараат теми за секој натпревар посебно, за секој играч посебно и за разни работи поврзани со репрезентацијата. Ќе се добие на прегледност и ќе се пишува повеќе. Размислете за ова.
 

CELTIK

magionicar
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.909
Поени од реакции
839
a katanec koi igraci ke gi povka da ne znaete
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.320
Поени од реакции
57.791
Не се знае уште, макар што секогаш сме имале проблеми да ги собереме играчите во овој период од годината. И онака предходно најави дека ќе им даде шанса на повеќе играчи да се докажат, така да веројатно ќе излеземе со некој закрпен состав. Средбата најверојатно ќе се игра на Градски.
 

Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608
Во текот на следната недела Катанец ке го соопсти списокот на фудбалери
 
П

Паспарту

Гостин
каков список какви бакрачи :) и онака не ги менува тие 20 фудбалери така да нема потреба многу да се очекува од тој список на играчи што ќе го направи скијачов
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.010
Поени од реакции
1.122
Треба да има подфорум „Македонска репрезентација“ за да не нафрлуваме се во една тема. Таму може да се отвараат теми за секој натпревар посебно, за секој играч посебно и за разни работи поврзани со репрезентацијата. Ќе се добие на прегледност и ќе се пишува повеќе. Размислете за ова.
Јас мислам дена нема потреба.. Гледај само колку се заинтересирани за македонската репрезентација па и за натпреварот.. одвај се собираме неколку души да напишиме.. Затоа и јас реков да не се отвара нова тема ниту за овој натпреват туку да се пиши тука.. Јас не сум модератор, па ако решат тие немам ништо против.. само дадов предлог..
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.320
Поени од реакции
57.791
Баш заради тоа што има мал интерес мислев. Ако е се на едно место и во подфорум ќе се отвара почесто макар од љубопитност, ќе се разгледуваат темите и белким ќе живне малку работата. Исто ако има и посебна тема за секој натпревар ќе може и подоцна некој што ќе се регистрира да разгледа и да искоментира нешто, а вака нема таква можност. Во секој случај репрезентацијата заслужува посебен дел за неа на еден ваков фудбалски форум. Предлогот и мене ми беше до модераторите па тие си знаат најдобро...

Инаку ме загрижува тоа што малку се пишува за домашен фудбал. Барем околу репрезентацијата и репрезентативците може нешто да се пишува. Повеќето за жал си гледаат само меѓународен фудбал. Нашите им служат само кога треба да се истури негативната енергија врз некого...
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.320
Поени од реакции
57.791
Еве го последниот бисер кој се надевам дека е само новинарска шпекулација, како и обично кај нас:

Скопје или Охрид, се градовите кои деновиве најчесто се споменуваат во комбинаториката околу прашањето каде фудбалската репрезентација на Македонија ќе го одигра првиот официјален меч во новата година против соодветниот состав на Србија. До одигрувањето на контролната средба остануваат уште петнаесетина дена, меѓутоа деновиве се интезивираат контактите меѓу двете фудбалски Федерации, на релација Скопје - Белград. Имено, челниците на фудбалскиот сојуз на Србија се живо заинтересирани каде ќе се одигра претстојната средба, бидејќи од Белград пристигаат најави дека српската фудбалска делегација на 6 февруари ќе биде навистина бројна. Од таа причина, првиот човек на ФСС, Звездан Терзиќ, планира неговата фудбалска експедиција со чартер лет да ја донесе во Македонија.

„За нас е многу важно мислењето на нашиот Стручен штаб. Се разбира дека посакуваме дебито во новата година да биде на стадион и терен кој ќе ги понуди најдобрите услови во овој период од годината, и барем засега во најтесниот круг на можни стадиони каде што ќе се одигра контролната средба со селекцијата на Србија, се оние во Скопје и Охрид“, ни изјави вчера првиот човек на ФФМ, Харалампие Хаџи-Ристески. Тој потврди дека веќе неколку пати разговарал со неговиот колега од Србија, и дека претстојниот дуел ќе се одигра само на стадион кој ќе ги овозможи најоптималните услови на 6 февруари. „Го задолжив техничкиот секретар на репрезентацијата, деновиве постојано да ги контактира луѓето кои ги следат временските прилики во земјава. Од нивната проценка и дадено мислење, во многу ќе зависи нашиот последен став во врска со прашањето каде ќе се одигра средбата. Градскиот стадион во Скопје нуди најдобри услови, меѓутоа не е лош ниту стадионот во Охрид, а згора на тоа во овој град има и аеродром така што гостите релативно лесно ќе можат да пристигнат и да си заминат од нашата земја“, ни потврди Хаџи-Ристески.

Инаку, селекторот Среќко Катанец утре ќе допатува во Македонија. По консултациите со неговите соработници најверојатно веќе в четврток тој ќе го соопшти списокот со имињата на играчите кои ќе настапат против Србија. Неговиот прв помошник Вујадин Станојковиќ, завчера ни изјави дека само неколкумина стандардни репрезентативци се наоѓаат во натпреварувачка форма, а дека поголемиот дел од репрезентативците се наоѓаат во фазата на подготвителен период на нивните екипи пред стартот на пролетниот дел од првенствата на Стариот континент.

Добро, јасно ми е дека можеби Скопје не е опција за овој натпревар, ама Охрид??? Тоа дека е добар теренот во Охрид, добар е, многу пати сум бил таму, ама стадионот има едвај едно трибинче и не е за натпревар на репрезентација, посебно не со ваков противник кој може да наполни многу поголем стадион и да се направи поубава атмосфера.

Иако цело време како алтернатива се спомнуваат стадионите во Прилеп и Струмица, мислам дека најдобро решение за овој натпревар се стадионот во Тетово кој е навистина супер и Битола, затоа што “Тумбе Кафе“ ќе биде фул за овој натпревар и има идеална местоположба: ќе има навивачи од Битола, Прилеп, Кичево, Ресен, Охрид, Струга... А уште подобро ќе беше да си гостувавме во фебруари и решен проблем.

Ама ете, изгледа ќе не изненадат со некоја глупост.

 

Attachments

Член од
9 април 2007
Мислења
1.267
Поени од реакции
969
каков список какви бакрачи :) и онака не ги менува тие 20 фудбалери така да нема потреба многу да се очекува од тој список на играчи што ќе го направи скијачов
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација , Сречко Катанец денеска го соопшти списокот на играчи кои ќе настапат на пријателскиот натпревар со Србија што ќе се одигра на 6.Февруари во нашата земја.

На списокот се 18 имиња:

ГОЛМАНИ: Петар Милошевски (Енозис, Кипар), Томе Пачовски (Работнички К.)

ОДБРАНА: Гоце Седлоски ( Матерсбург, Австрија), Игор Митрески (Енерџи К.Германија), Владе Лазаревски (Гроцлин, Полска), Бобан Грнчаров (Гент,Белгија), Николче Новески (Мајнц,Германија), Горан Попов(Левадијакос,Грција).

СРЕДЕН РЕД: Величе Шумуликоски (Бурсаспор,Турција), Влатко Гроздановски (Омонија, Кипар), Дарко Тасевски (Левски,Бугарија), Артим Положани (Кобленц,Германија), Славчо Георгиевски (Славија,Софија).

НАПАД: Горан Пандев (Лацио,Италија), Ацо Стојков (Дебрецин, Унгарија), Горан Мазнов (Томск,Русија), Иван Тричковски (Црвена Звезда, Србија), Илчо Наумоски (Матерсбург,Австрија).
Ист како и претходните дуели ништо ново.
А за тоа кај ќе се одигра:toe: ,леле големи бруки сме неаме терен.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.320
Поени од реакции
57.791
Па добро, списокот е тој. Реков и предходно кога дискутиравме околу репрезентација дека треба да се надополнува ама со по 3-4 играчи, а не како порано со бркање по 8 играчи секои две години. Целта е да и се даде можност на една репрезентација да игра подолго време. Нашата репрезентација е млада и допрва треба да покаже подобри резултати. Посилните репрезентации имаат по 4-5 играчи на границата од 30 години. Тоа некако го забораваме кога очекуваме од децата да прават чуда.

Енивеј, ново име е Тричко, а Славчо Георгиевски и Бобан Грнчаров можеби ќе добијат повеќе шанси во овој циклус. Сеуште фали Неџипи кој според многумина треба да биде на списокот ама тој последно беше на проба во Холандија така да можеби тоа е и причината што го нема. На списоков не ми се допаѓа само Положани што е во него, затоа што ништо не покажа до сега и блиску е да заврши како Чадиковски, Јанчевски и други фудбалери кои добиваа шанса а не одиграа ништо.

Еве го идеалниот состав според анкетата на Macedonian Football:




Изгледа уште чекаме информација за теренот...
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.010
Поени од реакции
1.122
Како што кажав и порано.. пред неколку месеци.. ни треба некое квалитетно засилување од странство.. Треба малку да се вложат пари за тоа.. 1-2 играчи во средниот ред кои ќе внесат креативност и многу квалитет посебно во средниот ред.. Пример играч од Јужна Америка, да го следиме примерот на една Хрватска со Да Силва..
Имаме одлична одбрана, уште подобар напад но средина сме катастрофа, и затоа немаме устех..
 
П

Паспарту

Гостин
Како што кажав и порано.. пред неколку месеци.. ни треба некое квалитетно засилување од странство.. Треба малку да се вложат пари за тоа.. 1-2 играчи во средниот ред кои ќе внесат креативност и многу квалитет посебно во средниот ред.. Пример играч од Јужна Америка, да го следиме примерот на една Хрватска со Да Силва..
Имаме одлична одбрана, уште подобар напад но средина сме катастрофа, и затоа немаме устех..
нема шанси... скоро сите бразилци што играа во нашево првенство добија македонски пасоши, а да силва е во хрватска од својата 15 година, т.е. веќе 10тина години :) да понудиш македонски пасош на некој добар бразилец кој нема настап за репрезентацијата на бразил мислам дека нема шанса да помине, бидејќи колку што знам мора да има настапувано неколку сезони во домашната лига, во случајов македонската. пред неколку години катар им даде пасоши на аилтон, даршевил и уште некои играчи со цел да направат квалитетна репрезентација но беа одбиени од фифа токму поради овие причини :)

си имаме и ние многу квалитетни млади играчи но кој да ги види...

:salut:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom