Македонска фудбалска репрезентација

Член од
27 август 2009
Мислења
899
Поени од реакции
158
СЕ БАРА АТРАКЦИЈА ЗА НОВАТА АРЕНА!

Ако новата северна трибина се отвори со Шпанија сега за комплетната арена потребен е ривал од типот на Бразил, Германија, Аргентина...

Во април арената "Филип 2 Македонски" ќе биде комплетно изградена. Сите 4 трибини ќе бидат ставени во функција и со тоа ќе се создаде можност на еден фудбалски меч во Македоанија да се соберат рекордни 35.000 гледачи. Тоа е отприлика капацитетот на модерниот стадион во Скопје кој ќе биде еден од најубавите во регионов и стадион за кој Владата на Република Македонија инвестираше околу 70.000.000 евра.

Италија и кажа "НЕ" на ФФМ!
Од канцеларијата на ФФМ постојано праќале барања и дописи до атрактивните европски репрезентации за одигрување на пријателски меч во Македонија. Најупорни од ФФМ биле со Италија, но таа им одговорила со "не". Според претпоставките, ФФМ сигурно барала тест меч и со Германија, Франција, Португалија...
Што мислите ќе се согласи некој од овие репрезентации да игра со нас? :tapp:
инаку стадионов најкасно за месец,2 се отвора...(нормално без среден терен и атлетска патека,ноо се поради избори :))
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
СЕ БАРА АТРАКЦИЈА ЗА НОВАТА АРЕНА!

Ако новата северна трибина се отвори со Шпанија сега за комплетната арена потребен е ривал од типот на Бразил, Германија, Аргентина...

Во април арената "Филип 2 Македонски" ќе биде комплетно изградена. Сите 4 трибини ќе бидат ставени во функција и со тоа ќе се создаде можност на еден фудбалски меч во Македоанија да се соберат рекордни 35.000 гледачи. Тоа е отприлика капацитетот на модерниот стадион во Скопје кој ќе биде еден од најубавите во регионов и стадион за кој Владата на Република Македонија инвестираше околу 70.000.000 евра.

Италија и кажа "НЕ" на ФФМ!
Од канцеларијата на ФФМ постојано праќале барања и дописи до атрактивните европски репрезентации за одигрување на пријателски меч во Македонија. Најупорни од ФФМ биле со Италија, но таа им одговорила со "не". Според претпоставките, ФФМ сигурно барала тест меч и со Германија, Франција, Португалија...
Што мислите ќе се согласи некој од овие репрезентации да игра со нас? :tapp:
инаку стадионов најкасно за месец,2 се отвора...(нормално без среден терен и атлетска патека,ноо се поради избори :))

па не знам, веќе и шпанија не доаѓа за џабе откако стана светски шампион мислам дека она издаде сопштение секој кој ќе сака да ја види треба да плати милион евра. значи бидејќи ние не сме атрактивни и квалитетни за пријателска едино ако имаме пари да им палтиме да дојдат инаку тешко.
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.128
Поени од реакции
3.993
Прво и основно, ако бараат они некој да им гостува во април - нема шанси никој да им прифати, пошто тогаш нема ФИФА термин за пријателски така да сите си имаат натпревари во своите лиги, што значи едино некој од Азија или некој остров од Карибите ако се најде слободен па да прифати да дојде лол
 

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Фудбалската федерација на Македонија и големиот светски производител на спортска опрема, германскиот концерн ПУМА потпишаа нов двегодишен договор во вредност од 700 илјади евра, со што ПУМА останува најголем партнер и спонзор на македонскиот фудбал.
Со овој договор кој е најголем досега ПУМА ќе обезбеди најнова опрема со врвен дизајн за сите наши селекции во наредните две години.
 

Warrior

Born to laugh
Член од
15 декември 2005
Мислења
375
Поени од реакции
3
дали има некој сочувано карта од натпреварот македонија-русија 12.10.2010?
ептен ми треба.
 
П

Паспарту

Гостин
Роки погоди за Топ 38!
Сениорската репрезентација на Македонија во женски фудбал го направи својот најголем успех откако успеа да ја мине претквалификациската група за пласман на ЕП 2012 година
Нашите девојки на стадионот "Младост" во Струмица во пресудниот меч ја победија Летонија, и тоа со голот на Роки во 31 минута. Тоа беше доволно за првата позиција на табелата по која од првата претквалификациска група нашите репрезентативки се изборија за продолжување на борбите со најдобрите жени од Европа.
Избраничките на селекторот Добре Димовски со добра предност и домашен терен влегоа во финалната пресметка со Летонија, а во текот на мечот добри вести стигаа и од Турново каде Литванија имаше сигурна предност па така и нерешен резултат со Летонија ќе н$ лансираше меѓу најдобрите 38 селекции на Европа.

Македонија - Летонија 1:0 (1:0)
Стадион: "Младост" во Струмица. Гледачи: 200
Главен судија: Сабине Бонин од Франција.
Стрелец: Роки 31'
Македонија: Витанова, Милеска (Митревска 88'), С. Андонова, Спировска, Станковска, Андреевска, Брахими (Нацева 89'), Н. Андонова, Салихи, Роки, Георгиева.
Летонија: Ваиводе, Гиржда, Спрунтуле, Греијере (Левченко 82), Пропошина, Цвечковска, Рочане, Игнатјева (Рибалко 40'), Иванова, Соколова, Бидерман.

ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2012
Група 1: Последно 3. коло
Македонија - Летонија 1:0
Литванија - Луксембург 4:1
ТАБЕЛА:
1. Македонија 3 2 1 0 7:2 7
2. Литванија 3 1 1 1 5:3 4
3. Летонија 3 1 0 2 1:3 3
4. Луксембург 3 1 0 2 4:9 3


Превземено од: http://sport.com.mk/?ItemID=066EE5E54FC67E489094A3682D729AE6




Македонија од денеска 83-та на ФИФА листата

Македонската репрезентација продолжува со тонењето на ФИФА ранг-листата. На денеска објавената најнова мартовска ФИФА листа нашиот национален тим ќе се најде на 83. место, што претставува назадување за четири позиции во однос на претходното февруарско рангирање

Со 400 бодови (18 помалку во однос на февруари) по последниот пораз од Камерун на пријателскиот натпревар Македонија во март ја очекува повторно пад под 80. место, и најслабата позиција на листата по јуни 2006 година. Од европските селекции на ФИФА листата пред нас се веќе и Естонците, како дополнение на од поодамна веќе и подоброрангираните репрезентации како Грузија, Ерменија, Албанија... Со подобар рејтинг од нашиот на ранг листата се и селекции од типот на Боцвана, Куба, Бенин, Јордан...
Од репрезентациите кои се во нашата квалификациска група за пласман на ЕП 2012, најдоброрангирана и натаму е Русија на 13. место, пред Словачка која е на 22. позиција и Република Ирска, која на денешната листа се очекува да напредува една позиција сместувајќи се на 34. место. Ерменија треба да назадува три места, меѓутоа и натаму е пред нас на листата на 65. место.


ФИФА РАНГ ЛИСТА - МАРТ 2011
1. Шпанија 1880 (0)
2. Холандија 1730 (0)
3. Германија 1486 (0)
4. Аргентина 1412 (+1)
5. Бразил 1411 (-1)
6. Англија 1212 (0)
7. Уругвај 1172 (0)
8. Хрватска 1071 (+1)
9. Португалија 1060 (-1)
10. Грција 1038 (0)
11. Италија 957 (+2)
13. Русија 956 (-1)
17. Словенија 916 (-1)
20. Србија 872 (+3)
22. Словачка 861 (-2)
25. Црна Гора 824 (0)
34. Р. Ирска 699 (+1)
47. Бугарија 558 (+4)
56. БиХ 534 (-14)
65. Ерменија 501 (-3)
73. Албанија 464 (-7)
83. МАКЕДОНИЈА 400 (-4)
202. Андора 2 (0)


Превземено од: http://sport.com.mk/?ItemID=C8B60F5B42EF434592456DD1CF511421




Јонуз е селектор на "диво"?
Само со 6 бода од дуелите со Андора и Русија селекторот ќе ја спасел функцијата. Тоа не се случи, а не се почитува ниту ставот на УО
Како тоа Мирсад Јонуз се уште е селектор на Македонија кога уште во септември добил ултиматум од УО на ФФМ кој не е исполнет. По срамниот старт - поразот од Словачка (1:0) и ремито со Ерменија (2:2) во Скопје на 23 септември УО се состанал. Донесен бил заклучок според кој селекторот нема добри резултати. На барање на Хаџи-Ристески УО на ФФМ во заклучокот навел дека Мирсад Јонуз на дуелите со Андора и Русија ќе треба да освои максимални 6 бодови и само така ќе се создадат услови тој да остане на функцијата.
"Донесовме заклучок и тоа сите од УО го знаат. Јонуз за да остане селектор требаше да освои 6 бодови од дуелите со Андора и Русија. Тоа не се случи...", коментира член на УО на ФФМ за настаните поврзани околу смената на селекторот.


Превземено од: http://sport.com.mk/?ItemID=E2A204122C03FC4A92769B5DDA89BCAE
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.128
Поени од реакции
3.993
Тодоровски и Лазаревски нема да добијат покана за репрезентација за следниот натпревар против Ирска, а најверојатно и Лазевски нема да игра пошто се повреди денес... Незнам што ќе се праи со бековиве, нема надеж за тие позиции, посебно за десната... Очигледно пак Јонуз ќе крпи со Шиков...
 
П

Паспарту

Гостин
Најубаво син му да го повика, уште него не успеа да го продаде во странство...

--- надополнето ---

Bibo, ти да не си синот на Јонуз? :pos::pos::pos:
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.128
Поени од реакции
3.993
Што кажав јас па за Јонуз? Дека ќе крпи со Шиков, и ти тоа го сфати како коментар дека го фалам и подржувам?

Аман веќе со тие твои детски коментари, ако имаш нешто издржано да кажеш за него кажи, а не цело време глупости да тропаш „син му да го повикал“, и после уште мене ме напаѓаш сум замарал со Јонуз, е кој замара цело време за него со глупости, јас што само кажувам новости за репрезентацијата или ти со твоите безвезе коментари за тоа колку бил глуп Јонуз, ај порасни веќе еднаш
 
П

Паспарту

Гостин
Детски - не детски во мојот горен коментар има огромна вистина...

Така работи оваа наша сељачка федерација предводена од лопови и хиени кои чекаат најмал плен за да го разграбаат. Така функционира и репрезентацијата на чие што чело стој најнеписмениот тренер (не селектор) кој некогаш излегол од овие простори, тренер на кого резултатите му се во втор план, а нешто друго (погоди од еднаш што) му е во прв план.

Црна Гора има жители колку 3-4 населби од Скопје, а според најновата листа е на 25тото место во светот. Што имаат тие,а ние немаме? Ајде те молам ако сакаш да ми одговориш.
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.128
Поени од реакции
3.993
„Еј ама ме зезна, незнам сеа што да ти одговорам...“ :tapp:

Многу си е просто: имаат подобра федерација и управа? И што сеа? Тоа за тебе значи дека твојот коментар беше паметен, и дека сите треба да го отекуваме со коментари од типот

„Најубаво син му да го повика“

„Јонуз нема прво одделение завршено“

„Јонуз е ретардиран“

„Јонуз е лопов“

и ако некој не рече такво нешто одма да замараме со коментари

„ти Јонуз да не си?“

„и ти да не си вмешан у нивниот бизнис“


Извини али ДА, ГЛУПАВИ се таквите коменари. Не викам дека го бранам Јонуз (тоа само ти така си го интерпретираш поради тоа што јас ги сметам твоите коменари за детски), ниту па сметам дека добро ја врши работата, ама едноставно мислам дека е досадно цело време да замараме со такви изјави како твоите.

И ај ти штом си толку паметен и штом сите играчи у репрезентација се преку врски, објасни ми ти кој тим би го составил?
И не ми ги спомнувај Касани и Игњовски, ко боже они не играат пошто од федерацијата не им текнало на нив, едноставно они немаат интерес за нас да играат.
 
П

Паспарту

Гостин
„Еј ама ме зезна, незнам сеа што да ти одговорам...“ :tapp:

Многу си е просто: имаат подобра федерација и управа? И што сеа? Тоа за тебе значи дека твојот коментар беше паметен, и дека сите треба да го отекуваме со коментари од типот

„Најубаво син му да го повика“

„Јонуз нема прво одделение завршено“

„Јонуз е ретардиран“

„Јонуз е лопов“

и ако некој не рече такво нешто одма да замараме со коментари

„ти Јонуз да не си?“

„и ти да не си вмешан у нивниот бизнис“


Извини али ДА, ГЛУПАВИ се таквите коменари. Не викам дека го бранам Јонуз (тоа само ти така си го интерпретираш поради тоа што јас ги сметам твоите коменари за детски), ама едноставно мислам дека е досадно цело време да замараме со такви изјави.
Дете, јас ги кажувам најголемите проблеми во нашиот фудбал и репрезентација, проблеми без чие што решавање никогаш нема да мрднеме напред. Тоа што го направи Црна Гора за неколку години, ние не можеме ни 20% од такво нешто да постигнеме еве веќе 20 години. Знаеш што значи тоа? НЕСПОСОБНОСТ и АЛЧНОСТ на тие што го водат целокупниот наш фудбал. Дали поради тоа треба да бидам задоволен од федерацијата и селекторот само поради тоа што е наша? Ако ти си задоволен, јас не сум воопшто. Дека Јонуз нема ни основно познавање од фудбалот е мое лично мислење, некој се согласува со тоа, а некој не, иако на прсти се бројат тие што ја поддржуваат федерацијава и селекторот во овој момент. Затоа и нема фудбал во државава, се е сведено на роднински врски и лапање пари, поими кои тебе ти изгледаат детски...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom