Откако јавноста ги спомна и следеа коментари, па после тоа и прашања кон Милевски - значи веројатно се решил проблемот за недоаѓањата? Или како што горе се спомна - зборови, па ќе видиме во март и во јуни. И не дека некој од тука посебно мрчел контра нив (ја на пример сакам да игра и треба да игра дури може, а треба да игра затоа што овде доби поддршка после суспензиите од УЕФА за допингот и верувањата во него дека може и треба да игра), туку само сме согледувале како не играа кога требаа, а една недела после тоа играа против Истра/Локомотива или ЛШ.Не играше само последниот циклус, заедно со Ристовски.
И двајцата се незаменливи во репрезентацијата.
Читав едно интервју на Пандев пред неколку дена и Пандев нешто спомна како Милевски сакал да гради авторитет врз играчите (веројатно му сметало ноншалантноста, славење/главење до бесвест, пиење) - па дали е тоа причината за ладните односи или нешто друго, појма немам.
Добро е да игра и треба двајцата да играат и да не се руши репрезентацијата. И тие не играат на крај за Милевски, за ФФМ или за Станко, туку играат за Македонија!