Македонска фудбалска репрезентација

Член од
6 мај 2021
Мислења
690
Поени од реакции
1.283

Ќе има нешто пречек или само така го пишале ова ?
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
4.462
Поени од реакции
10.809
Синоќа во кафичот каде што гледав одма по крајот на мечот некој почна да аплаудира, па се приклучија и други, за набрзо цел кафич да аплаудира. Буквално беше како сцена од спортска драма. Вакви емотивни моменти злато вредат.

Заслужуваат нашите фудбалери секаква почит. Одиграа сосема добро и синоќа, ама тоа е тоа. Потежок противник, моменти на индивидуални грешки што се случуваат и на појаки тимови, малку и пристрасност од судијата... Претешка мисија е СП. Одличен успех е и што стигнавме до тука. Фала им на момците што ни овозможија вака да сонуваме за светско, и за овие спомени.

Има голем потенцијал оваа генерација. Со добрите резултати гледам го вратија интересот кај луѓето за македонската репрезентација. Да бидам искрен беше доста паднат во времето кога губевме од кој стигнеме. Сигурен сум дека извесно време ќе има се' поголем број публика на трибините.

Е сега нормално е по овие резултати малку и да ни пораснат очекувањата. Следува Лига на нации. Најквалитетни сме во нашата група и мора да ја оправдаме улогата на фаворити. Уште не се знае форматот на квалификации, но прво место сигурно ќе значи подобра позиција за пласман на ЕП.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
27.025
Поени од реакции
50.847
Синоќа во кафичот каде што гледав одма по крајот на мечот некој почна да аплаудира, па се приклучија и други, за набрзо цел кафич да аплаудира.
Ги има понесено атмосферата луѓето, аплаудираат на екипа која не може во 90 минути да шутне на голот на противникот. Памтиме сите ние натпревари на репрезентација и против Англија, против Хрватска кога беа трети на светско, против Холандија, против најсилната Турција со Хакан Шуќур и ред други јаки репрезентации, ама не памтам да не сме можеле до гол да припариме. Тие што сме повозрасни, памтиме во главно тешки моменти со репрезентацијата, лоши резултати... но памтиме и дека сме се надигрувале со посилни екипи, сме давале голови, сме воделе, често пати сме ваделе и резултати.

Нека биде непопуларно мислење, но според мене оваа генерација е преценета. Има менталитет каков што немаа предходните репрезентации, борбеност и концентрација, и тоа и се предностите. Немаме напаѓачи како порано, нити пак оваа одбрана е најсилна која сме ја имале. Имаме некакви имиња во средина од кои нешто очекуваме а тие се губат како чорап во центрифуга. Вчера Барди и Елмас наместо да бараат играч за пас во тие ретки моменти што ги имаа околу 30 метри од голот, глумеа дека се Марадона против цела одбрана на Португалија. Една работа е да се браниш 90 минути, како со Италија. Во ред, ќе се браниш се додека резултатот ти оди во прилог. Ама кога ќе примиш гол да не можеш да се организираш, да направиш две три полушанси, барем да нафрлиш неколку топки на ура... тоа зборува се.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
27.025
Поени од реакции
50.847
Зурлич, не си во темата за Рамна Земја, намали со видео материјалите. Ајде ова барем не е оф-топик, предходните со Кафу и Мафу ти ги избришав.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
5.663
Поени од реакции
16.802
Ги има понесено атмосферата луѓето, аплаудираат на екипа која не може во 90 минути да шутне на голот на противникот. Памтиме сите ние натпревари на репрезентација и против Англија, против Хрватска кога беа трети на светско, против Холандија, против најсилната Турција со Хакан Шуќур и ред други јаки репрезентации, ама не памтам да не сме можеле до гол да припариме. Тие што сме повозрасни, памтиме во главно тешки моменти со репрезентацијата, лоши резултати... но памтиме и дека сме се надигрувале со посилни екипи, сме давале голови, сме воделе, често пати сме ваделе и резултати.

Нека биде непопуларно мислење, но според мене оваа генерација е преценета. Има менталитет каков што немаа предходните репрезентации, борбеност и концентрација, и тоа и се предностите. Немаме напаѓачи како порано, нити пак оваа одбрана е најсилна која сме ја имале. Имаме некакви имиња во средина од кои нешто очекуваме а тие се губат како чорап во центрифуга. Вчера Барди и Елмас наместо да бараат играч за пас во тие ретки моменти што ги имаа околу 30 метри од голот, глумеа дека се Марадона против цела одбрана на Португалија. Една работа е да се браниш 90 минути, како со Италија. Во ред, ќе се браниш се додека резултатот ти оди во прилог. Ама кога ќе примиш гол да не можеш да се организираш, да направиш две три полушанси, барем да нафрлиш неколку топки на ура... тоа зборува се.
Ајдееее Ио у реду е друже.
Генерацијата која се пласираше на У21 турнирот, која играше ЕУРО (малце на среќа, ама играа) и единствената генерација која завршила второ место во кваликациски циклус за СП била преценета генерација, а тие кои изиграле нерешено со Холандија ама притоа изгубиле 6-1 кај Чешка не била преценета.
Генерацијата која изиграла нерешено против Англија а во истиот циклус пораз и нерешено со Андора. Да не зборам дека воедно тие играчи беа кои беа плескани од Русија, просечната Словачка и остали слични репрезентации во тој ранг.
Пази, оваа генерација е воедно и единствениот тим кој ги победил Италија во гости на квалификациски натпревар за СП и единствениот тим кој ја победил Германија во последните 20 години. Да не зборам дека екипи како Ерменија (5-0 во гости) и Исланд ги издоминиравме, а и претходно имавме победи против доста силни репрезентации.

Немавме среќа со Несторовски, но ги имаме Чурлинов, Ристовски, Миовски па и Дориан Бабунски во последно време е се посолиден.
Оваа е убедливо најдобрата генерација која сме ја имале. Паѓаат во вода асови како Панчев, Канатларовски, Најдоски.
Разликата во една до друга генерација е успехот кој го постигнале. А оваа генерација е далеку најуспешната. Претходно немавме завршено погоре од 4то место. Јас не знам што збориш ти.
 
Последно уредено:
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.338
Поени од реакции
2.369
Се надевам дека Милевски ќе го зачуваат за квалификациите што следат. Гледам дека доста луѓе се разочарани од поразот, ама треба да се знае дека за квалификациите за ЕП 2016, во не баш тешка група, бевме последни со 1 победа (едвај во 93-та минута против Луксембург дома) 1 реми (со Белорусија последно коло каде на нив не им се играше) и 8 порази! Добрите наши партии следеа од квалификациите за СП 2018 - а и таму почнавме со 4 порази, па полека тимот фати приклучок. Тогаш падна и Израел на гости, Албанија извади жива глава од Струмица, нерешено со Италија во Торино. И еве кај сме сега. Да не скокаме премногу. Уште жалам што не се погодивме со Велс и Шкотска, туку ги добивме Италија и Португалија во бараж. И супер се држевме и мислам дека можевме повеќе и веројатно друг тек на утакмицата би имало да останеше на полувреме 0-0, ама тоа е.
Еве во У21 имавме ситуација во која можевме да се бориме за второ место, ама еден безвезе пораз во Србија, а вчера и пораз од Фарски Острови - дома (Цапар после Андора може и Фарски Острови да си ги урами на слика)!! Никој не го спомна овој пораз вчера. Да произлезат уште млади таленти во другиве категории и да стекнат некое репрезентативно кадетско/јуниорско искуство, па ќе можеме да фаќаме некој континуитет и повеќе да мрчиме. Ова е засега повеќе од добро, публиката се враќа на стадион и дури мислам дека на 8-ми Јуни на Градски ќе биде полно против Грузија.

Да, ова е провизорна листа која ќе биде објавена утре. Не знам дали тука е влезен и мечот со Португалија во пресметките, ќе видиме утре. Сепак, најважен е септемврискиот ранкинг, зашто жрепката ќе биде во октомври (9 октомври, ако не се лажам). Репрезентациите со кои ќе играме во Лига Европа се сите послабо рангирани од нас, па ако изгубиме некој натпревар, можеме лесно да паднеме под 31 позиција (сега ми текна, ако Русија остане вон игра, и 32 место во Европа ќе биде доволно за 3 шешир). Затоа сепак е мнооогу битно да имаме што е можно повеќе победи во тие 6 натпревари (или барем во оние 3 од лето).
Во јуни се играат 4 меча и мислам дека ние имаме можеби и најдобар распоред. Во текот на јуни два пати играме со Гибралтар, што за период од 4 меча на секои три дена мислам дека е и олеснителна околност. Почнуваме во Бугарија која не е далеку, па од таму следува гостување на Гибралтар и потоа се две домашни утакмици со Грузија и Гибралтар (во таа последната Гибралтар ќе биде ептен уморен, а ние би можеле и да ротираме за да одмориме). Треба да се изигра и да се земат 12 бода за да се крене рејтингот и да добиеме трет шешир што би било за прв пат да бидеме во таква позиција.
 
Red Zurla

Kill The Programming
Член од
29 јули 2021
Мислења
1.907
Поени од реакции
4.501
Алиоски не знае аут да изведе тоа се учи уште во пионери и кадети. Неговото место е да игра негде у средина или напад. За крилен бек нема абер.
Погледнете ги најдобрите моменти на Барди кога игра за Леванте како дрибла,трча и се бори за топка и споредете ја со неговата игра во нашата репрезентација. Елмас вчера не се ни виде на терен. Што правеше дечкото? Изигра ли нешто? Кој го видел?
За Ристовски повеќето овде го правдате демек нај изгорен бил за победа ама неговата игра го демантира тоа. Така да нема оправдување за тоа. И ја имав желба да победиме што е со моите чувства?
Играчите од клупа како Ашковски и Чурлинов имаа попрво предност пред Ристовски и Трајковски кои ништо не придонесоа за подобра игра.
Репрезентации како Италија и Португалија се едно ниво повисоко од нашата репрезентација. Сеуште не можеме да се носиме со такви репрезентации. И гледајте пореално на работите а не да фантазирате.
Автоматски споено мислење:

Чурлинов е еден од полошите играчи што стапнале на терен.
Ако има повеќе минутажа на терен ќе биде најдобар.
 
Последно уредено:

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
27.025
Поени од реакции
50.847
Ајдееее Ио у реду е друже.
Генерацијата која се пласираше на У21 турнирот, која играше ЕУРО (малце на среќа, ама играа) и единствената генерација која завршила второ место во кваликациски циклус за СП била преценета генерација, а тие кои изиграле нерешено со Холандија ама притоа изгубиле 6-1 кај Чешка не била преценета.
Генерацијата која изиграла нерешено против Англија а во истиот циклус пораз и нерешено со Андора. Да не зборам дека воедно тие играчи беа кои беа плескани од Русија, просечната Словачка и остали слични репрезентации во тој ранг.
Пази, оваа генерација е воедно и единствениот тим кој ги победил Италија во гости на квалификациски натпревар за СП и единствениот тим кој ја победил Германија во последните 20 години. Да не зборам дека екипи како Ерменија (5-0 во гости) и Исланд ги издоминиравме, а и претходно имавме победи против доста силни репрезентации.
Се согласувам со се. Затоа и реков, оваа генерација има менталитет, има борбеност... ги има тие одлики кои другите пред неа ги немаа и затоа ги постигна овие резултати. Ништо спорно нема тука. Тие порази кои ги наброја, тие се тие тешки моменти кои ги преживеавме (не сакав да ја ширам).

Немавме среќа со Несторовски, но ги имаме Чурлинов, Ристовски, Миовски па и Дориан Бабунски во последно време е се посолиден.
Оваа е убедливо најдобрата генерација која сме ја имале. Паѓаат во вода асови како Панчев, Канатларовски, Најдоски.
Разликата во една до друга генерација е успехот кој го постигнале. А оваа генерација е далеку најуспешната. Претходно немавме завршено погоре од 4то место. Јас не знам што збориш ти.
Секако дека е најуспешна, кој го спори тоа?

Што зборам јас: играчки бе друже, играчки е преценета. Овој бил добар, оној бил солиден. Гола вода се сите тие што ги наброи на пример. Маде од овца :D Напаѓачи беа Ќириќ и Христов. Ние сме добар колектив сега, за разлика од порано. А индивидуално сме имале подобри играчи од овие.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
5.663
Поени од реакции
16.802
Се согласувам со се. Затоа и реков, оваа генерација има менталитет, има борбеност... ги има тие одлики кои другите пред неа ги немаа и затоа ги постигна овие резултати. Ништо спорно нема тука. Тие порази кои ги наброја, тие се тие тешки моменти кои ги преживеавме (не сакав да ја ширам).

Секако дека е најуспешна, кој го спори тоа?

Што зборам јас: играчки бе друже, играчки е преценета. Овој бил добар, оној бил солиден. Гола вода се сите тие што ги наброи на пример. Маде од овца :D Напаѓачи беа Ќириќ и Христов. Ние сме добар колектив сега, за разлика од порано. А индивидуално сме имале подобри играчи од овие.
Ех сеа. Убаво си пиша. Генерацијава е преценета, ама сега па демек си мислел играчки била преценета. :unsure:
Имаме гол разлика од 23-11 во квалификациите (24-13 со се бараж натпреварите)
Игравме во бараж против европскиот шампион од 2020та и тој од 2016та.
Игравме против екипи кои отсекогаш се на врвот и база на играчи пута 10 од нашата.
Јас не знам што очекувате вие? Да веземе по терен?
Што нешто посебно па изиграа Португалија вчера? Си имаше тактика и план Милевски, ама не му успеа заради грешката на Ристовски и нема сега да паѓаме у транс заради тоа. Јас не знам дали си ја гледал текмата вчера, ама ние бевме тие кои игравме со топка последните 20-30 минути.
Па многу подобри репрезентации од нашата можат да бидат стопени од Португалија во гости.
Ги гледаше ли претходните натпревари на репрезентацијата или заклучокот ти е чисто од овие два натпревара каде фокусот ни беше во дефанзива?
Да ги издвојам некои резултати на оваа генерација па ти кажи дали играчки сме преценети, дали сите овие натпревари се чиста среќа или имаш погрешно мислење. (за оваа генерација ги рачунам од натпреварот со Израел па навака со оглед дека пред тој натпревар сме играле со Мојсов, Шиков, Тошевски и остали)

Израел - Македонија 0-1
Италија - Македонија 1-1
Македонија - Норвешка 2-0
Македонија - Словенија 2-1
Македонија - Израел 1-0
Германија - Македонија 1-2
Ерменија - Македонија 0-5
Италија - Македонија 0-1

Ако сме играчки тапа колку што кажуваш ти, можеби ќе победиме една-две од овие. Или во случајов нерешено како против Холандија и Англија. :свиркам:
Тоа ни беше успехот со претходните генерации. Нерешено со овие репрезентации.

Тоа со Кириќ и Христов си во право. Но што ако го имаш и Меси во репрезентација ако останатите играчи ни се патарушки од типот на Владе Лазаревски и Остоја Стјепановиќ. Истото важи и за Васоски-Новески. Индивидуално подобри од сегашниве, но што фајде? Оваа генерација е најдобрата без разлика кои играчи сме ги имале претходно и какви се нерешени резултати против појаки тимови сме имале.
 
Член од
6 мај 2021
Мислења
690
Поени од реакции
1.283
:tapp: :tapp: :tapp:
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
27.025
Поени од реакции
50.847
Ех сеа. Убаво си пиша. Генерацијава е преценета, ама сега па демек си мислел играчки била преценета.
Па ти побара појаснување.

Не мора да пишуваш толку, јас те разбирам, се согласувам скоро со се што пиша. Не ми беше предмет на дискусија споредба на резултати, сите резултати се на страна на оваа репрезентација. Но сме имале и многу други состави кои вчера ќе одиграа многу подобар натпревар со Португалија. За повеќето што ве читам, не само овде на форум туку секаде, за восхит бил начинот на кој сме играле вчера.

Голот не го видовме.

Ако ви е тоа за восхит, во ред. Јас би рекол дека доживеавме очекуван пораз, не одигравме апсолутно ништо и не бевме достоен противник во ниеден поглед.

Без самокритика нема напред.
 
Ок е да си самокритичен ама треба да си реален. Зборуваме за Македонија. Нешто кое сите го заборавија после победата со Италија и си мислеа дека станавме светски шампиони. Доделувањето дипломатски пасоши и пречекот на плоштад е потврда за тоа дека повеќето македонци се со нереални очекувања.
Секако дека ќе има напред оваа генерација и без да ги оценуваме како преценета генерација. Си има кој да ги критикува за тоа што "голот не го видовме"
Ти и уште многу други ако пишете тука и на социјални мрежи не значи дека ќе стигне до нив. Тоа си е работа на менаџерот и според мене супер си ја врши работата. Патем он вчера изјави дека сеуште не сме дораснати за вакви репрезентации и мислам дека тоа е доволна критика према играчите. Мора да се има и баланс во критиките а тие ќе дојдат само кога ќе ја согледаме целата ситуација. Кој сме, кој сме биле и какви се нашите очекувања. Ти да не очекуваше да стигнеме на 90 минути од СП?

Еве уште ова ќе те прашам и доста е од мене на оваа тема.
Како фан на Интер, кога ние сме биле поопасни како тим?
Со напаѓачи како Баџо-Роналдо-Рекоба-Виери-Заморано, или 2010та со Милито-Ето-Пандев?
Исто му доаѓа и со споредбата Христов/Кириќ - Ристовски/Трајковски.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
27.025
Поени од реакции
50.847
и да не очекуваше да стигнеме на 90 минути од СП?
Очекував да одиграме нешто со тој толку фален среден ред кој од уста не го вадиме по социјални мрежи еве веќе година и нешто. А истиот не постоеше вчера. За нападот нема што да се коментира. Имаме добра одбрана составена од 11 души и тоа е тоа.

Оваа најдобра репрезентација на сите времиња што сме ја имале, во 180 минути еднаш (со бројки, 1) им шутна во рамки на гол на Италија и Португалија. Затоа имаш Италијани што се бесеа во подрум после мечот, што секако си е нивен проблем.

И сето тоа е во ред, ако признаеме дека сме слаби, дека сме далеку. Ајде овие се јаки, ама на европското и Австрија и Украина изгледаа како да се од друга планета со нас. И сега наеднаш сме во „Топ 15 во Европа“, па херои, па дипломатски пасоши, пи*** материне.

Сега не знам, која е реалноста, дека одигравме меч за восхит, или дека бевме здробени како мали деца? Што е пореално од двете?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom