Македонска фудбалска репрезентација

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.323
Поени од реакции
8.328
Македонците се радуваат пошто ја обрукаа Италија, на Кики камен од срце му падна што нема да игра против нив. На Португалија светското им е на тацна. Вие тука сите рипате што ги тормозат фудбалерите со прославите.

На светско нема да идат ни Македонија ни Португалија. Нема ни да има светско, барем не во фудбал.
Pa to deka nema da ima svetsko e najgolem dokaz deka ke tepame Vtornik ke se kvalifikuvame bez razlika dali ke bidi katar rim ili fati 3SV a nisto cudo da dojdat domakinite od Nibiru a do togas raduvaj se Makedonijo na pobedata oti od Vtornik pak ke poskapi nafatata i lebot

Sent from my CLT-L29 using Tapatalk
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Тоа синоќа беше чиста среќа за нас. Ако гледаме реално на синоќешниот натпревар Италијанците играа "Викторија" пред наш гол. Многу ама многу голема среќа беше синоќа што не примивме гол. Значи рака на срце нашите се трудеа но играта против Италија не беше еднаква. Реалноста е дека една класа се подобри од нас. И Милевски го знае тоа. Ако не гледаме навивачки а гледаме реално ако вака играат нашите против Португалија тогаш португалците ќе не наполнат.
Имаме искуство и волја за игра само ни фали средина и напад за да бидеме комплетни а не топки на среќа.

П.С
Вредноста на Португалската репрезентација
Не беше ,,чиста среќа", туку беше ,,цврста одбрана".
 
Член од
12 мај 2014
Мислења
1.138
Поени од реакции
2.669
Не знам дали приметивте, ама по влегувањето на Ашковски почнавме да играме многу подобро. Ме изненади колку беше подвижен, колку повлекуваше со топка и мешаше играчи. Мислам дека неговото влегување беше еден од битните моменти за победата. Откако влезе поактивно игравме на нивната половина.
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.323
Поени од реакции
8.328
Не знам дали приметивте, ама по влегувањето на Ашковски почнавме да играме многу подобро. Ме изненади колку беше подвижен, колку повлекуваше со топка и мешаше играчи. Мислам дека неговото влегување беше еден од битните моменти за победата. Откако влезе поактивно игравме на нивната половина.
Ако не пак Елмас да го чуваме за на Светско првенство да не го трошиме Елиф

Sent from my CLT-L29 using Tapatalk
 
Член од
12 мај 2014
Мислења
1.138
Поени од реакции
2.669
Ако не пак Елмас да го чуваме за на Светско првенство да не го трошиме Елиф

Sent from my CLT-L29 using Tapatalk
А кој рече да го чуваме Елмас. Муабетот ми беше дека изненади Ашковски и ќе биде добра измена во второ полувреме.
Инаку што мислите кој ќе биде аут за да игра Елиф?
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.704
Поени од реакции
5.937
А кој рече да го чуваме Елмас. Муабетот ми беше дека изненади Ашковски и ќе биде добра измена во второ полувреме.
Инаку што мислите кој ќе биде аут за да игра Елиф?
Очекувам Ристовски аут да е, додека Трајковски да игра како шпиц
 
Член од
12 мај 2014
Мислења
1.138
Поени од реакции
2.669
Очекувам Ристовски аут да е, додека Трајковски да игра како шпиц
Прво се чудев зашто Стефан да не игра па ми текна дека брат му е напред :D
Иначе ја мислам Николов ќе оди надвор или Чурлинов, а Николов на негово место. Ако игра Трајковски шпиц, значи ќе менува формација.
 
Член од
18 декември 2019
Мислења
599
Поени од реакции
1.666
Најдобро би било Елмас и Костадинов за М. Ристовски и Чурлинов.
Јас би играл некоја варијанта на 5-4-1, нема потреба од тројца напаѓачи во игра.
Само нека бидат сите на располагање. Боби е мајстор, во него не се сомневам воопшто.
 

Лорд Бејлиш

Доктор по фудбал
Член од
4 февруари 2021
Мислења
20
Поени од реакции
30
Вака, дисциплината, задржувањето на фокусот на највисоко ниво цели 90 минути, се помалкуте почетнички грешки(кој ги имавме доста во минатато), добрата организираност(посебно во одбрана), брзата трансформација одбрана-напад со инзворедно уиграни комбиации во полу-контри/контри, сето тоа читање меѓусебно(диру и заврзани да им се очите) е резултат на овој достиг кој се надевам дека нема да запре до тука, ке се крева достигот и во вторник и здравје во Јануар.
Сега малку стручно фудбалски да влезам. Тактиката се исплати, Трајковски десно Чурлинов лено, Ристовски со безброј заградени(зачувани) топки, освоени, воздушни дуели, фаули добиено посебно на средина од терен, според мене тројцата избркаа одлична работа. Мислам дека Ристовски одигра многу слично на она што го одигра Трајковски поритв Германија во Дизелдорф, заврши преголема работа со сите горенаведени работи, мислам дека не е целта само гол да дади, сепак има и ногу други побитни елементи кој се приметија во него на овој меч, тука пред се тимската пожртвуваност. Средината солидна, Адеми како и секогаш дели во перформанс, Барди добар исто но сепак се гледам дека му фали поголем, поинтензивен, поконстантен фудбалски ритам, неспорно е дека заслужува во многу поголем тим, но неспорно треба да е и фактот дека нема баш сезона од соништата сезонава со Леванте. Николов иако слаб со топка(как и секогаш), малку паничен во обрана и недобро позициониран, сепак останува еден ако не и надобар duty player што некогаш го имала Македонија. Одбраната целокупно добра, поготово Муслиу и Ристовски со милионите интервенции и блокади пред голот на Столе. Можда Џани потфрли на ритамот, причината се знае, иако со пожртвуваноста беше како и секогаш на ниво. Се слагам со еден од погорните коментари дека играта живна, доби друга димензија кога Ашковски влезе во игра, потполно се слагам.
Мечот со Португалија мислам дека ќе се одвива во сосема друг тек. Очекувам меч со отворен гард, значи сосема сосема различен од овој. Знаеме како ќе дејствуваат Кансело и Мендез/Героро(кој и да е небитно..), знаеме дека странично ќе бидеме премногу притиснати и ограничени во просторот за игра, но со Елмас гледам мал простор во средината кој може да се овои, да не заборавиме дека Португалија не е сјајна во одбрана со стариот Пепе, Фонте од заминувањето од Саутемпптон веќе не е класа играч според мене. Тука ја гледам шансата(од средина) да се пробие, Данило(кој патен е спор но физички е голем) да биде надмудрен од Барди и Емлас кој се пак технички ногу спремни. Треба да се пази многу на поливалентниот Отавио, за Жота и Роналдо да не зборам, очекувам и од Бруно многу поофанзивно да е позициониран, што нормално за нас значи повеќе простор при контра/полу-контра за нас со Барди и Елмас при осамениот Данило како DM. Има надеж и тоа многу, иако се игра во Порто, неможам да речам дека шансите ни се подеднавки, далеку од тоа, но далеку и од тоа дека на португалците им сме репрезентација по вкус/мерак.
Со среќа во вторник !!!
 
Член од
25 декември 2019
Мислења
1.866
Поени од реакции
2.845
Што направивме ни самите не сме свесни, го елиминиравме актуелниот европски првак на домашен терен, поклон до земја на сите играчи кои ни ја донесоа таа неизмерна радост.
Го шокиравме светот, секаде во секоја земја се пишува за Македонија, секој коментатор падна во транс по реализацијата на Трајковски.
За вакви моменти се живее, едноставно рај за душата е овој момент.
Многу ми е мило што токму Трајковски ја реши средбата, заслужи човекот покрај толку стативи што погоди на ЕП, ова му дојде како кец на десетка, целиот фудбалски фокус е кон него, повеќе од Меси и од Роналдо. :D
Првото полувреме го одигравме лошо, чиста среќа што не примивме гол, Берарди промаши нешто што не е верно за играч од негов калибар, токму тој момент мислам дека беше пресуден, се отсече дечкото после ова промашување, во вториот дел рамките на голот не успеа да ги погоди.
Имавме и ние добра прилика преку Чурлинов, ама детево реагираше премногу споро во ситуацијава, да беше Елмас ќе беше друга приказна.
Вториот дел за нас беше одличен, наликувавме на Италија која на тој начин освојуваше првенства.
Одлично одиграно во дефанзива, секоја чест за одбраната, пред се за Алиоски кога го блокираше шутот на Берарди, многу битен момент беше ова за развојот на настаните на средбата.
Муслиу одигра многу добар натпревар, стабилно реагираше во секоја ситуација, мислам доби највисока оценка кај нас и е играч кој е во тимот на колото, сосема заслужено.
Ашковски беше одлично освежување во вториот дел, во повеќе наврати тој повлекуваше во нападот, плус доста агресивно одигра над Верати, многу корисен играч е дечкото, има многу добри елементи во играта.
Околу натпреварот се е веќе кажано, нема потреба многу да се повторувам.
Штета што покрај таква победа над актуелниот европски шампион ние пак не сме на СП, треба да играме и против Португалија.
Пример Полска не ни играше против Русија може многу лагано да си резервира лет за Катар.
Нека е честито оваа неверојатна победа, нека се множат и уште многу радости да ни донесат дечките.
:oeoeoe: :oeoeoe: :oeoeoe:
 

Лорд Бејлиш

Доктор по фудбал
Член од
4 февруари 2021
Мислења
20
Поени од реакции
30
Најдобро би било Елмас и Костадинов за М. Ристовски и Чурлинов.
Јас би играл некоја варијанта на 5-4-1, нема потреба од тројца напаѓачи во игра.
Само нека бидат сите на располагање. Боби е мајстор, во него не се сомневам воопшто.
4ка иста назад, згусната средина со Адеми, Барди, Костадинов и напред како LMF, LW Трајковски додека како RMF, RW Чурлинов а Елмас понапред од средишните како shadow striker SS.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.510
Поени од реакции
18.771
Знам дека не разбирате Италијански ама се доловува моментот.
Душата бавча кога им ги гледаш фаците наведнати а мајтап си праеле цела недела со нас, од тоа што можам да видам по преводот. :) Бонус видео од прославата после натпреварот :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom