Македонска фудбалска репрезентација

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.884
Поени од реакции
6.947
Тоа синоќа беше чиста среќа за нас. Ако гледаме реално на синоќешниот натпревар Италијанците играа "Викторија" пред наш гол. Многу ама многу голема среќа беше синоќа што не примивме гол. Значи рака на срце нашите се трудеа но играта против Италија не беше еднаква. Реалноста е дека една класа се подобри од нас. И Милевски го знае тоа. Ако не гледаме навивачки а гледаме реално ако вака играат нашите против Португалија тогаш португалците ќе не наполнат.
Имаме искуство и волја за игра само ни фали средина и напад за да бидеме комплетни а не топки на среќа.

П.С
Вредноста на Португалската репрезентација
Брату, изивини вака ама те молам не ни продавај бардиња овде, знајме дека Италија е појака од нас, европски прваци се ако не и 4-кратни светски. Ама во тој вчерашен натпревар ПОБЕДИВМЕ НИЕ! НЕ ТИЕ! Сега можи и во следни квалификации да ни паднат и двапати да не здрват по 5-0 ама тоа нема да го избрише ниту одмазди вчерашниот резултат. Така да, остај не да се радуваме во еуфоријата и да се надеваме дека можеме до уште едно чудо.
 
The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.033
Поени од реакции
9.720

Да така романтичарски можеш и до другата година да си размислуваш... Јас пишувам за стандард во играта. Нашиот тим знае и да напаѓа а не само да се брани ко вчера. И јас се радувам на победата ама колку е реална тоа е друго. Дај Боже вака бранејќи се и на среќа да тепаме уште 5 репрезентации после Италија if that makes you feel happy...
 
Член од
12 мај 2014
Мислења
1.138
Поени од реакции
2.669
Тоа синоќа беше чиста среќа за нас. Ако гледаме реално на синоќешниот натпревар Италијанците играа "Викторија" пред наш гол. Многу ама многу голема среќа беше синоќа што не примивме гол. Значи рака на срце нашите се трудеа но играта против Италија не беше еднаква. Реалноста е дека една класа се подобри од нас. И Милевски го знае тоа. Ако не гледаме навивачки а гледаме реално ако вака играат нашите против Португалија тогаш португалците ќе не наполнат.
Имаме искуство и волја за игра само ни фали средина и напад за да бидеме комплетни а не топки на среќа.

П.С
Вредноста на Португалската репрезентација
Што дека играше викторија кога само кружеа и нафрлаа и све им одбивавме. Од 16 корнери и 29 шута (5 у рамки на гол), само две сериозни шанси имаа. Столе кога ја згреши и Џани кога изблокира. Ништо посебно не направија. Ако не се уморат нашите уште 30 минути немаше да примат гол.
 
Skylake

proseCUTE
Член од
7 јули 2016
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.712
Македонците се радуваат пошто ја обрукаа Италија, на Кики камен од срце му падна што нема да игра против нив. На Португалија светското им е на тацна. Вие тука сите рипате што ги тормозат фудбалерите со прославите.

На светско нема да идат ни Македонија ни Португалија. Нема ни да има светско, барем не во фудбал.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.306
Поени од реакции
11.643

?
 
The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.033
Поени од реакции
9.720
Што дека играше викторија кога само кружеа и нафрлаа и све им одбивавме. Од 16 корнери и 29 шута (5 у рамки на гол), само две сериозни шанси имаа. Столе кога ја згреши и Џани кога изблокира. Ништо посебно не направија. Ако не се уморат нашите уште 30 минути немаше да примат гол.
Па баш за тоа пишувам. Тогаш зошто цело време се играше пред наш гол без разлика како сме се бранеле? Тоа е поентата дека воглавно се браневме. Ја не пишувам за неспособноста на Италијанците да ни дадат гол туку за нашата затворена игра. Не дај Боже така да играме против Португалија. Ќе изгинеме во први 15-мин. Србите ги победија затоа што после првиот примен гол им се отворија а инаку против Португалија никако затворена игра не не не никако ...
 
Последно уредено:
Член од
12 мај 2014
Мислења
1.138
Поени од реакции
2.669
Т
Па баш за тоа пишувам. Тогаш зошто цело време се играше пред наш гол без разлика како сме се бранеле? Тоа е поентата дека воглавно се браневме. Ја не пишувам за неспособноста на Италијанците да ни дадат гол туку за нашата затворена игра. Не дај Боже така да играме против Португалија. Ќе изгинеме во први 15-мин.
Така игравме пошто го немавме Елиф. Подруго е со него во тим. Плус малку и преимпресионирани беа. Во второ бевме подобри, поише се префрливме на нивна половина. Они повеќе се уморија. Кога видов Стефан Ристовски како им бега со топка покрај аут...
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.444
Поени од реакции
11.361
Да така романтичарски можеш и до другата година да си размислуваш... Јас пишувам за стандард во играта. Нашиот тим знае и да напаѓа а не само да се брани ко вчера. И јас се радувам на победата ама колку е реална тоа е друго. Дај Боже вака бранејќи се и на среќа да тепаме уште 5 репрезентации после Италија if that makes you feel happy...
Не го тупи, Италија со таква игра првенства освојуваше, точно дека држеа посед ама џабе кога не направија 100% шанса

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.033
Поени од реакции
9.720
Т
Така игравме пошто го немавме Елиф. Подруго е со него во тим. Плус малку и преимпресионирани беа. Во второ бевме подобри, поише се префрливме на нивна половина. Они повеќе се уморија. Кога видов Стефан Ристовски како им бега со топка покрај аут...
Јас верувам дека можеме многу подобро да изиграме од синоќа со Елмас нема сомневање. Мора средниот ред побрзо да се трансформира во напад. Се докажавме во одбраната сега само ни фали побрза реакција од средина во напад тоа е клучот за подобра игра. Непишано правило е тимот кој има јака средина е јак тим.
Автоматски споено мислење:

Не го тупи, Италија со таква игра првенства освојуваше, точно дека држеа посед ама џабе кога не направија 100% шанса

Sent from my iPhone using Tapatalk
Дај Боже да имаме таква игра ко Италијанците тоа би бил страшен напредок за нашиот среден ред и напад.
 
Член од
19 август 2017
Мислења
270
Поени од реакции
868
Mnogu od vas preminuvaat preku faktot deka Elmas ne igrase, ne znam sto ocekuvavte, koga Bardi ni bese edinstven od sreden red sto moze da povlece napred, da stvori opasnost.

Bez Elmas, u sred Italija pobedivame, ste se fatile deka ne pritiskaa pred nas gol.

So Elmas i Bardi, vekje ke bide pobaska, posebno vo tranzicija, na kontri i polukontri treba da sme dosta poopasni, a i ke se odvlece pritisok od odbranata, Portugalija ke go nema toj luksuz ko Italija da ne "napika vo sise".

Ja znaeme realnosta, znaeme koj e favorit, ama momcite go imaat faktorot "x", samo maski, tvrdo, pobednicki mentalitet vo glava, pa sto bide, bide.
 
The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.033
Поени од реакции
9.720
Единствената најсветла точка беше тоа што ги поразивме дома. Тој факт ја руши нивната статистика дека немаат дома пораз. Е тоа според мене највеќе ги боли. Грешката нивна е што не земаа нас здраво за готово.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.936
Поени од реакции
14.983
Дали ќе оди некој до порто и дали имате инфо за превоз од ффм? Никако не можам да најдам комбинација некоја под 200 евра повратна, а да не е со 3 трансфери и 20 саати чекаме.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom