Македонска фудбалска репрезентација

Член од
1 април 2018
Мислења
2.054
Поени од реакции
4.025
Дај стварно некој ако може нека ги постави последните 5 минути со коментар на Бране, нигде не можам да ги најдам, а Хрвативе гледам коментираат за него на фб.
 
Член од
12 мај 2014
Мислења
1.005
Поени од реакции
1.799
Затоа што едно 10.000 пати одигравме од освоена топка на средина, од позиција на позиционен напад, назад до Ристовски, овој до Димитриевски, и овој цепење напред кај и да стигне, и ако имаш забележано, скоро сите ги избаци на прва, без оглед на тоа дали има или нема противнички играч во близина.

Синоќа планот беше да играме на пенали и она од Трајковски дојде како бонус, и дај Боже да грешам, ама оволку среќа тешко дека ке имаме против Португалија. Се што можеше да биде на наша страна синоќа, беше. Да не се лажеме дека сме одиграле плански напред. Уште 99 пати да ја играме утакмицата, нема да тепаме, зашто одбраната беше на ниво, додека нападот... Свесно се фокусиравме да играме на нерешено, зашто немаме среден ред да се надигруваме со Италија. Некој проценил дека сме поранливи и дека најверојатно ке примиме гол ако ставиме играч плус во напад.

Би сакал да имавме барем еден од среден ред налик Модриќ кој може да задржи топка под притисок и да избаци пас во празно, зашто оваа репрезентација има самодоверба да игра фудбал со било која репрезентација. Штета што сме боси низ средината. Нашиот посед кога бевме со топка во нозе на средина на терен не траеше подолго од 10 секунди.

Да ја тепаме и Португалија на гости со оваква игра за мене ке биде фудбалско чудо поголемо и од она на Лестер кога станаа шампиони.
А интересно, сите дегажмани на Столе идеа точно до наш играч. Само што не знаат да се заградат и да ја смират. Може вака играа пошто го немаше Елиф, нема кој да задржи топка или да повлече напред да изнуди нешто.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
8.860
Поени од реакции
7.240
Се се ама не му требаше ова денес пречек на плоштад, бог да чува наместо да одмараат и се рехабилитираат тие ќе пејат пијат и можи да фатат к19 одете таму одморете исклучете телефони после Вторник да тепаме до другата Недела ќе славиме па ако сакаат и турнеја низ градовите ќе му напрајме и втора работа ффм треба да му дај карти на сите што беа вчера во Палермо за во Порто поддршката беше топ освен шо тепавме на терен убедливо тепаа нашите и на трибина !
P. S. За со протугал мора да се пази Отавијо вчера тој ја победи Турција и сака да се докажи за разлика од другите ѕвезди

Sent from my CLT-L29 using Tapatalk
 
Последно уредено:
Член од
27 мај 2020
Мислења
1
Поени од реакции
0
Дали некој знае каде може да се симне утакмицата со Италија? А и онаа со Исланд дома?
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.852
Поени од реакции
3.320
Синоќа планот беше да играме на пенали и она од Трајковски дојде како бонус, и дај Боже да грешам, ама оволку среќа тешко дека ке имаме против Португалија. Се што можеше да биде на наша страна синоќа, беше. Да не се лажеме дека сме одиграле плански напред. Уште 99 пати да ја играме утакмицата, нема да тепаме, зашто одбраната беше на ниво, додека нападот... Свесно се фокусиравме да играме на нерешено, зашто немаме среден ред да се надигруваме со Италија. Некој проценил дека сме поранливи и дека најверојатно ке примиме гол ако ставиме играч плус во напад.
И јас мислам дека планот беше пенали, ама па многу поубаво и послатко заврши вака и не спасија од додатни нервози. :D А за среќа, не би рекол дека не сме ја заслужиле. Јас бајаги ја имам пратено репрезентацијата и знам на колку утакмици сме играле добро против Турција или Хрватска и сме воделе, а на крај со еден разлика сме губеле. Има една и со Словачка мислам за ЕП 2004 квалификациите кога толку многу шанси се створија, а не дадовме ни еден гол и на крај плус примивме еден од контра. А последно и со Исланд на гости каде требаше да биде 1-5, па заврши 2-2.
Да, Португалија е поквалитетна од Италија. Ако кај Италија Манчини им беше јака страна (и натаму мислам дека е тој добар селектор и дека Италија победи на ЕП најмногу ради него), тогаш кај Португалија Фернандо Сантош им е послаба страна. И се надевам дека Милевски добро ќе ги постави играчите. Ние би требало да имаме повеќе простор за игра против Португалија.
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.476
Поени од реакции
7.283
Дај стварно некој ако може нека ги постави последните 5 минути со коментар на Бране, нигде не можам да ги најдам, а Хрвативе гледам коментираат за него на фб.
Го ставив вчера у истиот пост со второто хехееј, ама копирајт напраиле и изглеа само ја го гледам.. ќе пробам на друго место
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom