UEFA EURO 2020 squads increased to 26 players
Ќе може Мрме да вметни и некои од помладите.
Ситуацијата стои вака, следниве играчи доколку немаат повреди се сигурни патници:
Голмани: Столе Димитриевски и Дамјан Шишковски
Одбрана: Стефан Ристовски, Дарко Велковски, Висар Муслиу, Езѓан Алиоски, Кире Ристевски, Егзон Бејтулаи и Ѓоко Зајков
Среден ред: Елиф Елмас, Енис Барди, Аријан Адеми, Бобан Николов, Стефан Спировски и Тихомир Костадинов
Напад: Горан Пандев, Иван Тричковски, Александар Трајковски, Влатко Стојановски и на жалост Крсте Велкоски
Тоа значи 20 места се познати (ќе беа 21 да не отпаднеше Несторовски), отворени се само последните 6 повици. Од тие 6, еден или двајца ќе бидат голмани, зависно дали Мрме ќе реши да оди со 3 или 4 голмани на европско, но се надевам ќе оди со тројца. За трет голман ќе конкурираат Мартин Богатинов и Ристо Јанков, но најверојатно предност ќе има првиот. За во одбрана скоро да нема дополнителни алтернативи, веројатно прв пик е Кристијан Тошевски но опции се и Стефан Ашковски и Томе Китановски како играчи кои имаа добиено повик последниве година дена. Во среден ред дополнителни опции се Даниел Аврамовски кој реално стварно треба да биде во составот, но Мрме во март од икс причини не му даде шанса ни против Лихтенштајн да влезе во игра па прашање колку сериозно рачуна на него, а после против Германија го немаше ни на клупа (а не делува дека се работеше за повреда оти неколку дена покасно играше во Турција). Кај исчезна и што се деси не знам, се надевам не се работи за некој конфликт (пример Даниел да се навредил/разочарал откако не влезе во игра ни против Лихтенштајн па да се срчнале, но се надевам не се работи за ништо такво). Други опции за повик (збориме по вкус на Мрме) се Ибраими, Хасани и Радески
Може и Дориев но изгледа првиве тројца му имаат предност, а реално Љупчо и некако се подизгуби во последно време, вторава полусезона дали еден гол даде за Шкендија. Веројатно опција ќе беше и Тотре но тој е суспендиран од Шкендија од јануари па нема да конкурира. Значи сума сумарум за последниве 6 места (односно 5 + трет голман) само Аврамовски е сериозна алтернатива, се друго се испукани пушки колку да се пополни место. Реално во вакви околности многу е подобро да се реши со повик за некои надежни младинци (Дарко Чурлинов, Милан Ристовски, Бојан Миовски, Јани Атанасов и Давор Здравковски претпоставувам се најблиску до такво нешто) но Мрме како Мрме веројатно предност ќе им дава на Хасани, Ибраими и Радески наместо „некој нов да им го земел местото на тие што играле до сега“
Исто дополнителна опција е и Дани Мусовски но откако ни мавна корпа мислам дека Мрме нема намера сега да го повика, тек после европско може ќе дојде до негов повик ако се реши да прифати.