А Спортинг ита кон титула во португалско првенство и новиов тренер на почеток на сезона го стави за капитен. Можеше да крене пехар во Мај и да влезе во легенди на клубот, на прсти се бројат македонски фудбалери кои имале таква прилика во кариерата. Не знам што испад направил ама сигурен сум дека тренерот е апсолутно во право во ситуацијата, не би го ставил капитен на почеток на сезона ако имал нешто лично против него, а и Стефан сум го приметил дека многу агресивно и раскурчено се понаша на моменти во последно време. Минатата сезона на официјалниот профил на клубот на Инстаграм имаше избрано играч на колото и постот беше нешто во стил како „Акуња, а кој друг?“ и Ристовски имаше пишано одговор „Па еве можевте на пример мене да ме одберете“. Многу сељачки потег, сто посто некој таков сличен направил и со новиов тренер чим го брка од клубот. Во Динамо прв десен бек е стартниот бек на словенечката репрезентација, Стојановиќ. Од него е поквалитетен играч Стефан сигурно и верувам дека ќе се избори за првотимски статус брзо али ова дефинитивно му е чекор назад во кариерата ако се земе во обзир моменталната ситуација на Спортинг и довербата што му беше пружена со капитенската лента.