Македонска фудбалска репрезентација

Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Фарските острови дале повеќе голови од нас и тоа против Шпанија. :D
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.900
Поени од реакции
84.291
Ај, повреден е Алиоски на тоа ќе го вадиме..
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Толку е веќе, не ми е верува колку глупо ја изгубивме утакмицата.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.900
Поени од реакции
84.291
Ептен ми е криво за голот што го примивме.

Можеби на крај на годинава ќе викаме "Ете, да извадевме бод тaму...."


Ама јбг, live moves on, изгубивме како и што се очекуваше на крај краева...следен меч со Австрија..мора да се брка победа.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.567
Поени од реакции
8.182
Многу муљава утакмица. Ме потсети на некои времиња коа редовно губевме на овој начин. Реално не прочита полскиов селектор, го затвори добро Пандев и не дозволи да креираме игра. Затворија на средина и свесно оставаа на крила, пошо со набацувања и пет утакмици да игравме немаше да даеме гол. Ќе повторам штета пошо реално ни Полска не е некој спектакл од репрезентација ама мора да имаш саглам селектор кој ќе знае како да ја надмудри. Нишо сеа останува да одиграме подобро против Австрија и да се обидеме да дојдеме до победа.
 

Tiveriopol

Струмичанец
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.193
Поени од реакции
937
Да не мрчам многу полјаците не беа ништо посебно. Натпреварот го изгуби Ангеловски. Прво глупа тактика со центаршутеви, мислиш во нападот го имаме Јан Колер, а не Несторовски. Па мајке ми дете ке видеше дека се високи полјаците во одбрана дека не се наивни и дека не креираш ништо со центаршутеви. Примен гол аматерска грешка на Алиоски, но ајде претрча човекот се случуваат грешки па башка истрча многу. И таман се консолидираме го вади Николов го внесува Трајковски и настанува дупка во среден ред. Ни креираа 100 шанси во тој период. Со внесувањето на Адеми се виде колку фалеше играч од средниот ред. И на крај во 84 мин го вади Пандев кој е единствен кој знае да даде топка, да креира шанса кој на 36 години е класа, а го остава Несторовски во игра кој освен еден шут ништо друго не направи на натпреварот и уште не ми е јасно како може да игра пред Трајковски... Не беа ништо посебно полјаците можевме барем до бод да се одиграше попаметно. И за крај па и судијата за иста игра со рака досуди фаул на работ од казнениот простор а нам не ни досуди пенал...
 
Ф

Флеш

Гостин
Дали Адеми играше со погрешен дрес? На дресот пишуваше Чурлинов :LOL: :LOL:
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Колку само глупо изгубивме. Со никаков ефтин гол. Вака реално требаше да извадиме бод. Полска испадна многу гадна репрезентација. Неатрактивен фудбал, повеќе фаули и физичка игра, на крај плачење и задржување време. Поквалитетни се од нас, нема збор за тоа, башка тактички знаеја како да не’ затворат. Ама да бевме малку поконкретни можевме да им дадеме гол. Пандев одигра колку може, ептен добро беше покриен. Елмас исто добар. Алиоски разочара денес. Нестор исто ништо посебно мада ја имаше најдобрата шанса. Ајде, бидна што бидна, треба да се одигра паметно во понеделник и да се добие Австрија.
 
Ф

Флеш

Гостин
Мрме треба да е жртвеното јагне. Не можеш бате да играш со центар-шутеви и долги топки игра . Требаше да градиме игра на контрола и пас ниска-игра . Наместо Николов требаше Адеми .... или Елмас да се сочува за следна игра . Несторовски е играч кој му треба подршка,асистенција.Да собира пасови и завршува шут.Изолиран случај . Трајковски можеше подобро. Брз играч и техничар. Најдобар асистент е у серија Б .

Оверал, Мрме нема искуство. Човеков му е биографија Работнички и репрезентација . Има одлична селекција и генерација,но нелогични пристапи прави . Од измени до игра . Јас сум незадоволен од него . Полска извинете,пичкарски изиграа денеска. Јак тим а ко куртони се влечеа,Левандовски бетер од Несторовски . Да игравме како последни 15 минути со држење и агресивен пресинг,че им ја кршевме кичмата.

Се е во начинот на игра,но постојано остапуваме од тоа. Треба ниски пасови и агресивен пресинг. Вечерва тие на Мрме,долги топки,станаа еби ветер.Од една наша грешка.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Овој Елмас добива премногу доверба. Океј талент е дечкото ама не е играч кој може да ти изигра цел меч во репрезентативен дрес на ниво. Како џокер од клупа е најкорисен моментално.

Несторовски Н Е П О С Т О И изминативе... 7 меча. Се понадевавме дека со него конечно ќе добиеме бар просечен напаѓач првпат после Ѓорги Христов, ал курац. Пропадна начисто овој, сега у Ѕвезда ќе иде да се дотепа.

Ептен ни фали Спировски во тимот, он Николов и Барди се тројката која може да се носи со противниците, заедно со Адеми, а за Елмас реков, само од клупа.

Сите беа на ниво денес освен Елмас, Џани и непостоечкиов у напад, тројката у одбрана одигра супер.

Штета, заслуживме реми.
 
Ф

Флеш

Гостин
Овој Елмас добива премногу доверба. Океј талент е дечкото ама не е играч кој може да ти изигра цел меч во репрезентативен дрес на ниво. Како џокер од клупа е најкорисен моментално.

Несторовски Н Е П О С Т О И изминативе... 7 меча. Се понадевавме дека со него конечно ќе добиеме бар просечен напаѓач првпат после Ѓорги Христов, ал курац. Пропадна начисто овој, сега у Ѕвезда ќе иде да се дотепа.

Ептен ни фали Спировски во тимот, он Николов и Барди се тројката која може да се носи со противниците, заедно со Адеми, а за Елмас реков, само од клупа.

Сите беа на ниво денес освен Елмас, Џани и непостоечкиов у напад, тројката у одбрана одигра супер.

Штета, заслуживме реми.
Едно не си право,добар беше Елмас,какви добри потези напраи само,педерот судија да свиреше пенал само после шутот на Елмас .... Несторовски не постои зошо е Инзаги дечкото.Треба некој да му сервира
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.650
Поени од реакции
9.855
После добри 7-8 години идам на стадион на натпревар на репрезентација, и скоро ништо не се сменило од порано. Цело време сме близу, а сепак далеку. А баш се понадевав дека можат дечкиве да направат исчекор.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom