- Член од
- 19 август 2010
- Мислења
- 3.529
- Поени од реакции
- 8.000
Абе ние ако дојдовме да се кењаме од Косово, ондак не знам зошто толку посакуваме пласман на ЕП покрај репрезентации кои се шест класи појаки од факинг Косово. Ок имаат некои квалитетни фудбалер, веќе секоја посериозна репрезентација ги има, ама мора малку да се смени тој начин на размислување. Факт е дека и ние сме лимитирани со квалитет, и дека без Пандев на терен сме тешко дупе у поглед на креација на игра, али тоа е прашање на кои треба сами треба да си дадеме одговор, зошто низ годиниве не успеавме да произведеме нешто слично на Пандев. За одбранава не сакам да трошам зборови. Оној Бејтулаи нема квалитет да игра и за Гибралтар а не па за нас. Мора да се работи на одбрана, Муслиу може да пројде (иако и он има уште многу да учи) но секако има добар штоф да стане одличен бек. Велковски не знам до каде е, Ристовски мора да се врати иако он ми е многу појак у офанзива на крило него у одбранбени задачи. Штета што кај нас у репрезентација увек е се обратно. Порано имавме квалитетна одбрана со стварно јаки одбранбени играчи како Седло, Новески, Васовски итн, ама најтапа среден ред и ај да кажеме солиден напад. Сеа имаме прилично солидни везисти ( да е жив и здрав Пандев) ) и добар напад, ама затоа одбранава е камењанрска. За селекторов не коментирам, мислам дека да беше некој посаглам селектор ќе бевме далеку посилни и поорганизирани. Не мора да одиме далеку, со еден Благоја Милевски ќе бевме доста посилна и пред се помудајлиска репрезентација. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите, има доста време за тие напревари со Косово, ама ако нашата желба е ЕП ондак пролазот против косово не треба да се доведува во прашање.
Последно уредено: