Т’нко и покрај резултатот.
Станојковиќ ја утна формацијата на почеток, без напаѓач, со Елмас најистурен наместо да организира игра во средина како најкреативен во составот и со Чурлинов заглавен на десно крило затоа што Трапановски, кој беше најслаб играч од „познатите“ денес, играше како лево крило. Не постоевме во прво полувреме на терен со таа формација и прашање на време беше само кога Швајцарците ќе поведат, си издоминираа во прво. Играта се смени кога го извади Трапановски и Чурлинов го врати на неговата природна позиција лево крило. Дадовме гол од корнер, а 5 минути потоа Чурлинов со соло продор изнуди пенал, кој го реализиравме. Приметно беше дека и Швајцарците паднаа многу физички во второ.
Стевковски голманчето солидно, класика македонско голманче, спаси шанса 1 на 1 во 85 минута али на нафрлени топки си плива.
Штоперите - Трајановски очигледно не ја одбрал Македонија како што нашите медиуми си знаат да пишат туку Шведска решила да не го повикува повеќе. Спор, тромав и несигурен, не можеше да поогоди играч ни при изведување на слободни не па во игра. Шансата во 85 минута која ја спомнав беше по негова вина, се излета и погрешно процени лет на топка која го прелета. Ама пак одлично изреагира при голот кој го постигна по корнер, класичен Серхио Рамос гол
. За Руфати не добив некое мислење по утакмицава, посигурен беше од Трајановски во секој случај позади, солидно се на се.
Бекчињата - Тодоровски слаб накај многу слаб, Антовски многу слаб накај очаен.
Тодоров од Работнички во средината ми беше најпријатно изненадување, најборбен на терен, полесно од Атанасов повлекуваше топка напред, влагаше во дуели и имаше доста пресечени и одземени топки.
Од „познатите“ - Атанасов слабо накај солидно али како што кажав Тодоров беше подобар од него денес. Митровски невидлив, ништо не изигра денес. Елмас исто така слаб, али бар има оправдание затоа што му беше утната позицијата и играше како напаѓач. Чурлинов најдобар од нив, кога го стави на лево крило беше незапирлив во дуели еден на еден, така и го изнуди пеналот во соло акција, само малку лоши му беа пасовите. Трапановски како што кажав најслаб од сите нив, играта се смени кога го извадија.
Замените Ферукоски и Стојчевски солидни.
Станојковиќ не смее да излезе со истава формација против Белгија, Чурлинов мора да игра на лево крило, а Трапановски да го остави на клупа и Елмас да го врати покрај Атанасов и Тодоров во средина, а напред да пушти класичен шпиц играч (не знам дали освен Колевски имаме друг таков во тимот). Како десно крило може да игра Митровски али нема да погреши и ако го стави Ферукоски од почеток.