Македонска ракометна суперлига

  • Креатор на темата Xsago
  • Време на започнување

Кои 4 екипи ќе влезат во завршната фаза од првенството?

  • Вкупно гласачи
    22
  • Гласањето е завршено на .

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.013
Поени од реакции
7.730
namesto da naprat klosharite da igrame so vardar po 10 pati godishno ke igrame sea so skopski maalski klubchinja usrani, pojma nemate realno ne znam sho gledate po svetot, kako mozi da se tolku ograniceni lugjeto ne znam, pocnuvajki od kiro i mukaetov
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.316
Поени од реакции
22.606
namesto da naprat klosharite da igrame so vardar po 10 pati godishno ke igrame sea so skopski maalski klubchinja usrani, pojma nemate realno ne znam sho gledate po svetot, kako mozi da se tolku ograniceni lugjeto ne znam, pocnuvajki od kiro i mukaetov
nema da igrate... vie ke igrate so provinciskite ekipi kade rival ke vi bide ohrid ili struga...

nie ke igrame so maalskite butel i prolet, novokomponiranite alkaloid i golden art zaso neli nemozese toa da e eden klub pa morase mater da si ebat... cirkus...

racunaj i pola od parite od ams sto gi zimavte ke gi zemat sega ovie klubcinja...

valjda miho ke ja obnovi seha brzo da ne mora da se maltretirame so ovie sekoja godina
 
Член од
20 јануари 2013
Мислења
1.583
Поени од реакции
3.591
Кои се тие 16 екипи? Па оваа сезона пропадна Металург, тие прошируваат лига. Ајде да ги клајш во една цела лига, па да речиме работат на популаризација на ракометот низ цела држава. Вака е ништо. Едноставно нема доволно квалитетни екипи. Во првенство каде втората екипа на еден тим успева да осигура Европа, се знае до каде е прагот на другите екипи.
Плус како шо се наведе погоре, некои екипи ќе изгубат можност за дуели со Вардар и Пелистер.

Ајде ќе видиме каков резултат ќе дај оваа шема на натпреварување.

BTW дајте листа на сите 16 екипи. Дали ќе има отпаѓање на екипите од Супер Лига оваа сезона? Покрај Алкалоид и Голден Арт, ќе влезат кои екипи?
Испаѓање нема да има годинава, а екипи освен суперлигашките ке бидат Алкалоид, Голден Арт, Јуниор Кисела Вода, Вардар Неготино и еден од Аеродром, Куманово и Богданци.

Глупост од епски размери е одлукава да се прошири лигата. Уште поголема е кратењето на странци. Абе еден спорт имаме салам во државава и тој сакаат да го ебат. Типична македонска работа

Секоја чест за Мукаетов до сега, ама другар пакуј куферите и доста ти беше. Да не се лажеме дека одлуката со странците е добро за мак ракометот. Единствено добро е за клупчето твое и на Лазаров. Ги ебаваш Вардар и Пелистер. Од великани во европа, од сезона во сезона безгласна буква ке бидат. Од а до ш е точно тоа Михајло шо им кажа денеска

Ај за пандемијава пробаа нешто жив резил беше и тогаш лигава, сега бетер ке биде. Ке изнакупат новиве клубови треторазредни играчи од Србија кој ке бидат преплатени, и ке крахираат за година дена како што беше со Астраион, Богданци и Кисела Вода пред некоја година.

И наместо да имаат колку толку појаки утакмици пред европско, Тале, Џомба, Ојлевски и Костевски ке си ебаваат макјата со Вардар Неготино и Аеродром па после директива му одат на Сагосен, Ландин и Готфридсон.

#MukaetovOUT
 
Член од
26 март 2022
Мислења
246
Поени од реакции
774
Намалуваат број на странци, зголемуват број на прволигаши. Госпо да исчува, Па на гла да се наместат во Македонија нема да најдат 150 играчи со две раце и две нозе. Ае удрете на преплатвање домашни играчи, видовме како испадна во кошарката ова стратегија.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.534
Поени од реакции
3.726
Проширувањето е на иницијатива на 30 од 31 клуб во федерацијата, а не на инсистирање на Мукаетов. Вардар е единствениот клуб кој е против. Која им е поентата на помалите клубови стварно не знам, веројатно парите од ваучерите се најбитниот дел, гајле им е што нема да го виделе Вардар. Вардар е и единствениот мислам што се побуни за намалувањето на бројот на странци, сите други се за, дури и Битолчани, веројатно сметаат дека вметнувањето на играчи од двојката во првиот тим ќе биде главниот фактор за да го бутнат Вардар во домашно првенство од наредна година при лимитиран број на странци. Алкалоид секако нема да биде во битка за титула во првенство се додека тераат филм без странци и со млади македонски играчи и сигурен сум дека самите се пресвесни за тоа, нив целта и со ова и без ова правило секако ќе им беше трето место во првенство од наредна година и излез во Европа, така да муабетите дека Кире и Мукаетов го прават ова за бенефит на тој клуб се апсолутно неосновани, бар во моментов. Ако Алкалоид почне да ги носи главните ѕвезди од репрезентација кај нив, или уште повеќе ако почне да ги носи репрезентативците од Вардар и Пелистер кои имаат битни улоги и во тие тимови, како што тоа го правеше Металург на Вардар пред десетина години, на пример сега да ги донесат Талески и Столе тогаш веќе тоа би било чисто користење на пзоицијата во федерација за да се добие предност во битка за титула и би било скандал.
Вака, само Вардар е оштетен, затоа само од кај нас се бунат, на Еурофарм им одговара ова затоа си свиркаат без разлика што нивни навивачи се против.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Ко шо пишав, по ретардирана работа од тоа да ги поделиш во две групи по 8 екипи амин.
Фактички во првиот дел од сезоната кај шо битно е да се играат квалитетни натпревари пред светско првенство, играчите кој шо се во репрезентација во клубови како Алкалоид, Пелистер 2.. место да играат 4 натпревари со Вардар и Пелистер, ќе играат 2 со еден од нив и 2 натпревари со тимови од рангот на Радовиш, Куманово и остала боранија.
После во вториот дел од сезоната најдобрите 5 екипи од двете групи формираат една група, тука веќе да, се зголемува квалитетот, но ова е после светско, ако се мисли на играчите во репрезентација да играат што е можно повеќе квалитетни натпревари за да ги имаме во што подобра форма пред репрезентативно првенство, тогаш системов ми нема смисла.
Апсолутно точно. Тука е суштината. Од аспект на репрезентацијата, овој систем нема апсолутено никаква логика. Сега како што нема ни СЕХА, бројот на квалитетни натпревари пред првенство го убиваме на минимум. Наместо да искористиме тоа што е кренат малку квалитетот на лигата, ние правиме потег со кој го уништуваме во есенскиот дел од сезоната.

И зошто? Се е само за да се направи манипулација со парите што се делат по ваучери. Можеби повеќе пари ќе влезат вкупно во ракометот вака, но е на апсолутна штета на основната цел за која постои лигата - да се развива ракометот и играчи од нашата држава.

Испаѓа систем ни креираат плеј-аут екипите и второлигашите, кои се единствените на кои ова им одговара.

Па ако веќе толку беа запнати за некакво вклучување на повеќе екипи во "суперлига", сто пати попаметно беше обратно, пушти ги првите 8 или 10 или 12, во една група, па после тоа од групи оформени од понискорангирани екипи, додади колку треба во плејаутот, евентуално првиот во плејофот. Така барем немаше да се разводни квалитетот во есенскиот дел.

Со овој потег комплетно се поништува позитивниот чекор со кој се вратија Вардар и Пелистер во лигата од старт.
Автоматски споено мислење:

Проширувањето е на иницијатива на 30 од 31 клуб во федерацијата, а не на инсистирање на Мукаетов. Вардар е единствениот клуб кој е против. Која им е поентата на помалите клубови стварно не знам, веројатно парите од ваучерите се најбитниот дел, гајле им е што нема да го виделе Вардар. Вардар е и единствениот мислам што се побуни за намалувањето на бројот на странци, сите други се за, дури и Битолчани, веројатно сметаат дека вметнувањето на играчи од двојката во првиот тим ќе биде главниот фактор за да го бутнат Вардар во домашно првенство од наредна година при лимитиран број на странци. Алкалоид секако нема да биде во битка за титула во првенство се додека тераат филм без странци и со млади македонски играчи и сигурен сум дека самите се пресвесни за тоа, нив целта и со ова и без ова правило секако ќе им беше трето место во првенство од наредна година и излез во Европа, така да муабетите дека Кире и Мукаетов го прават ова за бенефит на тој клуб се апсолутно неосновани, бар во моментов. Ако Алкалоид почне да ги носи главните ѕвезди од репрезентација кај нив, или уште повеќе ако почне да ги носи репрезентативците од Вардар и Пелистер кои имаат битни улоги и во тие тимови, како што тоа го правеше Металург на Вардар пред десетина години, на пример сега да ги донесат Талески и Столе тогаш веќе тоа би било чисто користење на пзоицијата во федерација за да се добие предност во битка за титула и би било скандал.
Вака, само Вардар е оштетен, затоа само од кај нас се бунат, на Еурофарм им одговара ова затоа си свиркаат без разлика што нивни навивачи се против.
Нема врска со лична добивка на Мукаетов или Алкалоид. Станува збор за класичен популизам. Потег каков што прават политичките партии. Не за доброто на државата/лигата, туку за собирање на "гласачи" кои ги боли за големата слика, туку си гледаат некој свој личен интерес.
 
Последно уредено:
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.692
Ончев го напушти Тримо Требње и потпиша за Охрид. Одлично засилување за Охриѓани, да види е како ќе се покаже.
 
П

Пљампач

Гостин
Ончев го напушти Тримо Требње и потпиша за Охрид. Одлично засилување за Охриѓани, да види е како ќе се покаже.
Имаат појак буџет за наредна сезона. Ќе бидат незгоден противник на домашен терен, покрај Бутел кој исто така ќе има солиден буџет.
Има најави дека и Радовиш ќе има приватен сопственик и планирале неколку странски засилувања.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480

Сакаат да го договорат и Грчевски од Бутел ко шо пишале порталиве, а имаше вест дека и Озтурк потпишал за нив.
 
Член од
11 ноември 2012
Мислења
1.340
Поени од реакции
3.873
Сакаат да го договорат и Грчевски од Бутел ко шо пишале порталиве, а имаше вест дека и Озтурк потпишал за нив.
Озтурк уште на полусезона потпиша кај нив.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
Озтурк уште на полусезона потпиша кај нив.
Го имаш видено да игра на некој суперлигашки натпревар?
На натпреварите кој сум ги гледал на Охрид, Озтурк не играше, можеби сум пропуштил некој на кој што настапил..
 
Член од
11 ноември 2012
Мислења
1.340
Поени од реакции
3.873
Го имаш видено да игра на некој суперлигашки натпревар?
На натпреварите кој сум ги гледал на Охрид, Озтурк не играше, можеби сум пропуштил некој на кој што настапил..
Не сум ги гледал, така да не знам дали играл. А еве ти линк до информацијата дека потпишал:
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
Не сум ги гледал, така да не знам дали играл. А еве ти линк до информацијата дека потпишал:
Денес Озтурк играл за нив,
Нема навивачи на Охрид на форумов па да ги прашав зошто не го земаат Наумоски во прв тим, сега ако не му даваат шанса нз кога..
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.692
Денес Озтурк играл за нив,
Нема навивачи на Охрид на форумов па да ги прашав зошто не го земаат Наумоски во прв тим, сега ако не му даваат шанса нз кога..
Има повеќе, али ваљда @Shutmanga би знаел да ти одговори :D
 
Член од
18 март 2019
Мислења
435
Поени од реакции
1.975
Има повеќе, али ваљда @Shutmanga би знаел да ти одговори :D
Појма неам искрено, не ни знам кој се играчиве. Не пратам ракомет, особено од кога се врати фудбалов и на утакмици всала само за тепање време одам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom