Македонска ракометна репрезентација - (жени)

Член од
23 јули 2014
Мислења
575
Поени од реакции
111
Одамна никој не пишал на темава :)

Годинава следев едно 15-тина дуели на ЖРК Вардар и Вардар Јуниор, али не сум пишал скоро ништо на темиве, па да се отворам после денешниов дуел со Словенија :icon_mrgr:
Често ја следев младинската репрезентација која во моментов е костур на првиот тим, истите кои успеаа да се пласираат на ланското младинско ЕП, но имаа катастрофален настап на СП во Македонија. Дел од нив се ракометарки на Вардар Јуниор. Јуниорките ги фатив во неколку дуели со послабите противници од Македонско првнество, дуели во кои имаат само мал број на позициони акции, бидејќи 80% од головите ги даваат од контри и не може да се процени нивната игра во напад. Ги гледав во сите дуели кои ги одиграа во Челенџ купот во Скопје. Со Лондон Ејнџелс нема да коментирам, бидејќи се работеше за аматерски клуб, кој го победија со контранапади. Со Минаква Војводина имаа тежок прв дуел, а потоа ги победија доста лесно во вториот. Војводина беа последни во Српската лига, и играа со ракометарки на слична возраст на нашите. Како прво, голем хендикеп и за Вардар Јуниор и за репрезентацијата е тоа што поради повреда недостасува Ангела Тодоровска која е доста подвижна и блескаше во младинските квалификации. Теа Керамичиева е ракометарката од која се очекува највеќе. Игра цврсто во одбрана, ама во напад тотално разочарува. Без сомневање е единствена која знае да распали од далеку, ама има доста бавно движење и е доста мрзлива во напад. Не смее да се испушти таква ракометарка, ама треба да се вразуми уште од сега, пошто после касно ќе биде, ќе биде вечен талент ко Филипче. Со Минаква и удрија фластер во напад и буквално цел меч си дремеше на половина терен. И тој Симовски цреп невиден, ниту едно вкрстување немаше, да излезе некој да го навлече фластерот на блок и да се отвори простор за Теа. Нека земе часови од Иле Темелковски, кога му играа фластер на Ласко Андоновски на дуелот Тинекс Пролет-Вардар Јуниор, ги утепаа со блокови за фластерот и Ласко даде 100 гола. Десет пати смени фластер Манасков, џабе :D Ама, туку кумуваше и Теа, која се нешто негодува, зошто и играле грубо, па другите не знаеле да играат. Па сакаше да си седне на клупа, сама си бараше замена. Земи казни ја бе ало, зошто си тренер, ќе и викне еднаш и толку. Треба работа со нејзе, ама со сериозни тренери, со некој како Камара, не со факинг Симе :tapp: Ако ја затворат Керамичиева од стартот, влегува во серија грешки и нема назад. Во вториот дуел со Минаква се поправи и беше најдобар стрелец на крај. Има топовски удар, а знае и добро да асистира, ама без работа џабе е се. Може да стане како Лекиќ :icon_mrgr:
Симона Стојановска истотака малце напредна, ама е доста пробивна во последно време :icon_mrgr: Само треба некој да ја научи дека треба посамоуверено да тргне и да се факинг ИСПРАВИ, не кога води топка да биде згрбавена како Квазимодо. Некако бавно влегува, ја начекуваат на пробивање, инаку има добро движење и може да ја биде. За разлика од Теа, ми личи дека повеќе се труди. Плус на натпреварите во Скопје играа преагресивно, цело време беа на раб на исклучување, али имавме домаќинско судење и падна Војводина :icon_mrgr: Доста пожртвувано играа во одбрана и цело време се бодрат, после секоја блокада, после секоја одземена топка. Во позиционен напад одиграа феноменално против Карпати во четвртфиналето од Челинџ во Скопје. Првата екипа од Украина беше поразена со 3 разлика, а реално да немаше нивниот голман 100 одбрани, можевме да ги декласираме. Се правеа доста чисти акции за крила, а Нолевска особено си изгази. Голем напредок има кај нејзе, штета што има иста позиција со Ристовска. Широк репертоар на удари извади, а и седмерци изведува добро. Ама, затоа пикерите ОТСЕЧЕНИ. Топка не фатија. Таа Бојаџиска џабе игра во напад, нити простор може да направи, ни ништо. Мишевска игра одбрана, и кога оди во напад место да смени одма, прво оди до линијата за 6 метри на противниците, па менува на сред напад :aplauz: Сепак, во одбрана може да заврши работа.
Не ми е јасно зошто од репрезентација се откажуваат од Маја Трпковска. Ракометарката е срцето на тимот, највеќе се труди на терен, игра пожртвувано во одбрана и откако ќе направи фаул, не и дава на противничката да мрдне некое време :icon_mrgr: Пробивна е во напад, баш играч каков што недостасува во репрезентацијата. Стварно не ми е јасно што не е ни на подготовки викната...
Ладева разочарува во последно време, ништо не покажа во Европските дуели. Белмезова чист просек, ама за нијанса подобра. Штета што во Украина рано тргна возот надолу и загубија убедливо. Во Скопје целосно го надиграа противникот, ме чуди што толку лесно загубија на гости. Голманката на домаќините имала 29 одбрани, сигурно од двата дуела собра едно 50-тина интервенции :icon_mrgr:
Во Вардар Јуниор има квалитет само за една постава и тоа постава која може да сонува да се спротистави на екипи од ЛШ на пример. Сепак, ако со години работат заедно, би требало да има мал напредок, иако нема ракометарка за која можеме да кажеме дека има огромен потенцијал. Можеби Керамичиева, ама со тоа однесување тешко.

Одиме на денешниот дуел. Знаев дека изданието од Словенија нема шанси да се повтори.
На ракометарките од Вардар Јуниор, ги придодаваме оние од Металург, интернационалките и Ристовска и Петковска од ЖРК Вардар. Ристовска е сосема солидно крило, има одличен прв чекор, брза е, али нормално треба да работи малце на маса, слично како И ЦЕЛА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА. Па како греови сме спрема другиве тимови и репрезентации. Чачкалици...
Овие Словенкиве беа три пати покрупни од нашиве. Ливриниќ е висока ракометарка, а брани на крило, додека Ристовска го покрива бекот со метро и желба за растење и 30 кила :pos::pos::pos:
ЕЛЕНА ГЕОРГИЕВСКА :facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::boksix::boksix::boksix::kuracc::kuracc::kuracc::popce::popce::popce:
Девојко што се случи со тебе? Дебитира во Кометал на 15-6 години, сите ја чекаме да биде ѕвер. Топовски удар со лева рака, цел живот тренира со добри екипи, а она УБЕДЛИВО НАЈСЛАБА НА ТЕРЕН.
На два дуела со Словенија постигна точно 0 ГОЛОВИ.
Сто топки фрли во аут, десет пати ја блокираа, пет пати ги заглави крилата на мртов агол. Дури ниту во одбрана не ја играа :lolzz:
Стигна Белеска да и зема место на десен бек :popce:
Идеме на денешниот настап на Керамичиева.
Десет минути на терен, ТРИ ТОПКИ ВО ПРОТИВНИЧКИ РАЦЕ, едно промашување и ЦРВЕН КАРТОН со фаул на чиста контра на противникот :popce: Каде и беше паметот само не ми е јасно :facepalm:
Играч на мечот МАТЕЈА СЕРАФИМОВСКА :icon_mrgr: Прв пат го гледам девојчево со оглед на тоа што брани во Металург, сигурно и самата не знае како успеа да фати 15-тина топки денес. Растури на голот, ја спушти ролетната :icon_mrgr: Во Словенија сите 3 голманки севкупно немаа 5 одбрани. И на месечарката Петковска и се позлати вака лани, кога одбрани 100 топки против Холандија во младинските квалификации :icon_mrgr: Може има квалитет Серафимовска, ама повеќе ми личеше на моментална инспирација. Штета што не ја крунисаа со бод нејзината партија. Во моментот кога Керамичиева излезе од игра, Стојановска ги доби своите пет минути. Одлично одигра, постигна 5 погодоци, изнуди 2 пенала, само и недостасуваше самодоверба. Огромна штета што таа вампирката на голот на Словенија и скина зицер на нерешено на 4 минути до крајот. Ако погодеше, сигурно победувавме. А се двоумеше дали да влезе или да додаде. Влезе на крај и промаши :(
Требаше последниот напад да оди преку нејзе. Ливириниќ само еднаш распали од далечина за израмнување на неколку минути до крај. Има движење, нема маса, ниту јак шут. Стојановска истотака има доста слаб удар, освен кога се наведнува и шутира под блокот. Постигна еден таков гол денес. Да ја имавме Бајрамовска денес, 10 разлика ќе ги тепаме :icon_mrgr:
Да ја пофалам Јована Саздовска, левото крило. Одлично одигра. Ја затвори Лазовиќ колку што можеше, во напад беше добра, и штета што утна еден зицер во второ полувреме. Во прво полувреме само таа беше расположена за игра. Ристовска истотака солидна на спротивната страна.
Пикерите слично како и во Вардар Јуниор не постоеа. НИТУ ЕДЕН ПОГОДОК од пикер од игра. Даде еден гол Николиќ, ама и го поништија. Додуша дадовме еден гол од пикерска позиција, ама го даде Јовановска или како и да се вика, по одлично додавање од Керамичиева. Гакидова ниеден обид немаше ако не се лажам, ама затоа погоди 5/5 од пенали :pos: Пенали ни шутира пикерот :pos::lut::lut: Нерешлива енигма беше за гостинските голманки.
Да се разбереме, Македонија денес беше пред освојување бодови, ама далеку од тоа дека одигравме добро. На пример, ЖРК Вардар денес да се спортиставеше на било кои од двете репрзентации, ќе ги тепаше минимум со 10 разлика. Ние ја подобривме играта во одбрана. Ја затворивме Лазовиќ се до крајните 10 минути. Типката беше факинг Филипче Лазаров. Сто топки фрли во противнички раце и гол не погоди, дур не распали на крај. Словенецон ја играше на крило 15 минути, таман и дојде тоа, за да не се помрдне :pos::pos::pos:
Никаква игра немаа Словенките во вториот дел, единствено таа Јерничек (број 9 беше, поим немам како се вика) ни правеше дпоста проблеми со пробиви од страната на Стојановска и Ристовска. Симовски ја извади Георгиевска и не ја пушташе ниту во одбрана :icon_mrgr: А, и не заслужи богами. На крај ги одигра последните 5 минути и ја заеба последната акција. Тапнува типката и задолжително прави чекор назад. Судиите на крајот можеа да свирнат чекори на последниот напад на Словенија и задолжително да запрат време во нашиот последен напад. Ама, ние бевме некако без идеја, само кружеше топката и лесно не сопреа со фаули.
Највеќе се изнервирав во првиот дел, со непознавањето на елементарни правила од наша страна. Резултат 12-12 и имавме играч повеќе. Словенија има 15 секунди за напад. Нашиве играат зона 6-0 и НИКОЈ НЕ ИЗЛЕГУВА ДА НАПРАВИ ФАУЛ. Па земи скини ги бе, да помине времето, се крена една кобила на шут и ја скина мрежата.
Таа Николиќ е најбавниот играч што сме го имале некогаш :icon_mrgr: Малце ќе ја изместат и готово, нема враќање :icon_mrgr: Јовановска (не сум сигурен дали се викаше така, само одбрана играше, настапува за Металург) беше добра во одбрана, доста добро го затвораше противничкиот пикер. Ниту Словенките не се изнаиграа многу преку играчите од внатрешните позиции. Мавшар даде 7 гола, али 6 беа од пенали. Ниту еден пенал не успеаа да и фатат.
Вистина е дека можеби никогаш не сме имале помизерна селекција од моменталнава, ама за едно 5-6 години ќе дојдат до некој просек. Прво и задолжително треба да биде качување малце маса ебате вртимушките.
Враќање на некои ракометарки многу би ги подобриле работите. Покрај Бајрамовска сите би играле подобро. Друго е кога имаш шутер во екипата. Недостасува и Десподвска, не знам што е со нејзе. Па, дури и Саздовски добро би дошла.
Крилата се солидно покриени со Ристовска, Нолевска, Садовска и Митова. Не се врвна класа, ама не се најлошото што сме го имале :icon_mrgr: Штета што четирите заедно имаат 60 кила :icon_mrgr:
Пикери нема ни за лек. Овче Поле извади еден одличен пикер, ама чим никој не ја есапи значи моментален блесок и бил. Кликовац и Човиќ не можеа да ја запрат во купот :icon_mrgr: Платон гомна да јаде :icon_mrgr: Имаме 10 голманки, на една ќе и се погоди денот :icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr:
Со бековите не се знае, во моментов не се нешто посебно, ама со работа може да станат просеци.
И јас се чудам зошто не е земена Маја Трпковска и плус поискусна е.Треба да се земи во репрезентација и Мурговска која растура во Данска @Tomasino мислам ќе се согласи со ова, треба и Јанеска која настапува во Турција да биде повикана, значи овие три ракометарки играат многу повеќе од тие бековите што играат едно полувреме за ЖРК Металург.
 
MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Бачето нека ја пратат во пензија од репрезентацијата.Поголем анти-талент не постои моментално.Мене уште не ми е јасно како ја зеде Аџиќ во Будучност,стварно не ми е јасно.Се влече како полжав све да и ебам.И на првиот натпревар истото го правеше.А на крај имаше неколку 4-5 секунди и нормално се влечеше и правеше финта шут.:facepalm:

Таа Белеска е 100 пати подобра.Барем прави некое вкрстување,додава добро и прецизно,а оваа габоров три чуке нема.Све в нозе им дава и изиграва некоја ѕвезда.

Оваа е бетер од Филипче,си кулира низ Европа,а три чуке нема.Не ми е јасно што видоа во неа клубови како Будучност и ЦСМ Букурешт.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
http://sportmedia.mk/rakomet/reprezentacija/i-makedonija-znae-da-bide-bezmilosna-mladinkite-go-sotrea-izrael-so-24

Доста ги пцуеме и на сениорско ниво никогаш резултатски не сме биле послаби но мене барем ми се чини дека онака по талент и без натурализирани, оваа генерација ни е засега најталентирана која сме ја имале (реално натурализираните нас не вадеа, без нив за никаде ќе бевме). Е сега до каде ќе се развијат ќе видиме. Да се надеваме дека за 3-4 години можеме да очекуваме да се пласираат на сениорски првенства.

Таа генерација на Бајрамоска, Црвенскоска, Пецевска итн. досега ни е најјака ама мислам дека оваа има поголем потенцијал од нив.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.124
Поени од реакции
18.110
http://sportmedia.mk/rakomet/reprezentacija/i-makedonija-znae-da-bide-bezmilosna-mladinkite-go-sotrea-izrael-so-24

Доста ги пцуеме и на сениорско ниво никогаш резултатски не сме биле послаби но мене барем ми се чини дека онака по талент и без натурализирани, оваа генерација ни е засега најталентирана која сме ја имале (реално натурализираните нас не вадеа, без нив за никаде ќе бевме). Е сега до каде ќе се развијат ќе видиме. Да се надеваме дека за 3-4 години можеме да очекуваме да се пласираат на сениорски првенства.

Таа генерација на Бајрамоска, Црвенскоска, Пецевска итн. досега ни е најјака ама мислам дека оваа има поголем потенцијал од нив.
И толку ги отпишавме унапред да морам да отворам овде за да проверам дали сме го победиле Исланд или не и дали се сениорките...срам да ни е :unsure:
За нив браво, ова нека е само увод во враќање на врвот (y)
 
Член од
16 ноември 2014
Мислења
241
Поени од реакции
251
^ http://ekipa.mk/lino-chervar-tivko-dojdov-tivko-i-ke-si-zaminam/

"Професорот Гино Стрезовски треба да ги земе овие момци кај него на факултет да демонстрираат како се игра модерен ракомет. Ние сме во овој момент најсиромашната екипа во Лигата на шампионите, но покажавме дека и во таа ситуација може да одиграме."
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.122
Поени од реакции
5.229
Репрезентацијата ни е очобол, сеа ги гледам освен неколку постариве и голманката што е ресто е далеку од мундијал или некој голем собир, дај Мукаетов нека седне да средат со федерацијата да испратат прво кадар на обучување тренери што ке ни водат тимови што ке ги учат децата како да играат ракомет прво па после се останато, ја гледам 13ка девојчето во одбрана левиот бек на Шведска прима топка се мести на шут оваа како статуа на 7м стои, тргни и на неа на блок, фаул нешто прави не стои у место па она кога со залет више ке е 2 метри у воздух ти допрва ке рипаш да ја блокираш :| Напад без идеја .. постариве ако не направат нешто сами за себе простор ништо од акција, топката ја дава 2 метри на глава, или им испаѓа од раце, пикерката не знае со една рака да прими топка, на пола од репрезентацијата треба да им се направи back to basics па после да се пуштат да играат.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.033
Поени од реакции
5.477
Ако е ова најдоброто што го имаме во женскава репрезентација црно ни се пишува. Со исклучок на Ристовска, Ѓеорѓиевска и нешто од нешто Ливриниќ се друго не добива ни пролазна оценка!

Пикер немаме ни за лек! Од Николиќ ракометарка нема да биде никад, ниту има некаква конституција, ниту ништо... Гакидова до вчера со Молде играше во втора лига во Норвешка, тек од септември ќе заиграат во прва, тешко дека нешто може да се очекува од неа.

Ако стварно ја префрлат Керамичиева во прв тим на Вардар тогаш се тотално луди. На девојката и требаат 10 метри за да се дигне на шут, а кога ќе шутне шутира на најочигледните можни места. Ниту има некакво движење со тело ниту ништо. Бајрамоска еден куп топки истроши ја лепат како мало дете.
 
Не знам зашто Боризовска не доби шанса во прв тим, од РК Куманово е девојчето центар игра, добар организатор со солиден преглед на игра барем според нашава лига и на утакмици во Европа што играа се покажа добро и на утакимиците со Вардар и Металург, треба да и се даде шанса затоа што она што имаме моментално на таа позиција е тaпа се надевам на реваншот ке добие шанса :D

Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Дечки, доволно е да ги заследите 4-5 девојчиња од репрезентацијава на Инстаграм и да видите за што луѓе се работи. Не може една Холандија со ракометарки од 150 сантима да стигне до финале, ние демек ракометна држава да не можеме да извадиме ракометар/ки ни за лек.
 
А и тоа што викаш, посветеност и професионализам 0, истата приказна за кошаркарскиве таленти наши пресликама во ракомет кај женските, за женска кошарка неќам ни да зборам немаме тоа. Додека не жртвуваш многу време и не си дисциплиниран со тренинг џабе "талентот"

Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
А и тоа што викаш, посветеност и професионализам 0, истата приказна за кошаркарскиве таленти наши пресликама во ракомет кај женските, за женска кошарка неќам ни да зборам немаме тоа. Додека не жртвуваш многу време и не си дисциплиниран со тренинг џабе "талентот"

Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
Убаво викаат за балканецот само стап. Еве јас следам 4-5 девојчиња од нив на социјалниве мрежи, значи неделава извинете на речников ми ја пукнаа долнава со слики те ова, те она. Легнувале во хотел една врз друга демек да ја издишат таа најдоле, демек смешно е (ова во основно во Пелистер го праевме), после обавезно попладне слика од погледот од Континентал (вауууу еј, Континентал што поглед има врз Саем и врз Пластичарска) за ноќта пак слика од некоја рандом несмешна лудорија низ хотел.

Ни опрема, ни хотели ни Хамел опреми, купуваш дреновица една и со неа на тренинг. Која нејќе, нека запише факултет и нека не се замара беспотребно со спорт.
 
Тоа е проблемот со младите наши, зелени у тоа главата, да чукнеш два пати ништо нема, не знам како од маживе излегоа неколку по така асални да кажеш просто феномен е тоа, за женскиве ке си почекаме уште некое време очигледно :D

Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.033
Поени од реакции
5.477
Убаво викаат за балканецот само стап. Еве јас следам 4-5 девојчиња од нив на социјалниве мрежи, значи неделава извинете на речников ми ја пукнаа долнава со слики те ова, те она. Легнувале во хотел една врз друга демек да ја издишат таа најдоле, демек смешно е (ова во основно во Пелистер го праевме), после обавезно попладне слика од погледот од Континентал (вауууу еј, Континентал што поглед има врз Саем и врз Пластичарска) за ноќта пак слика од некоја рандом несмешна лудорија низ хотел.

Ни опрема, ни хотели ни Хамел опреми, купуваш дреновица една и со неа на тренинг. Која нејќе, нека запише факултет и нека не се замара беспотребно со спорт.
Апсолутно, сме прошле покрај дисциплина и професионалност. И тоа важи за речиси секоја сфера од нашето живеење не само за спорт. А, Митова, медиумите или било кој друг кога пробува да продава муда за бубрези околу квалитетите на македонските играчи кои „не добиваат шанса“ само нека ја погледнат денешната утакмица против Шведска, нема потреба од никаква дискусија.
 
Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.004
Поени од реакции
7.705
Од утакмицава најдоброто шо ми се случи е селфи со Гулдинг. :D
Очобол сме и греој светлосни години зад овие и со концепт и со се а замислете тие не се во оној топ крем последните години шо значи дека ние ракомет женски нема да имаме ни следни 10 години минимум. Бајрамоска како преебана на терен не знам дали сезонава воопшто има изиграно утакмица..цело време се игра без пикер, слаби играчи шо не можат да си створат позиција па сите обиди на бековите пропаѓаат. Се на се не терат кариери успешни некои овие играчици, поарно нека си го барат чарето во животот на друго место :D
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Апсолутно, сме прошле покрај дисциплина и професионалност. И тоа важи за речиси секоја сфера од нашето живеење не само за спорт. А, Митова, медиумите или било кој друг кога пробува да продава муда за бубрези околу квалитетите на македонските играчи кои „не добиваат шанса“ само нека ја погледнат денешната утакмица против Шведска, нема потреба од никаква дискусија.
Убаво рече некој, Митова се буни, подоле Ива ја поддржува :pos: што сакаш повеќе од тоа. Гледаш не ти даваат шанса тука, замини. И Лекиќ на 18 години замина од дома во Крим да игра па стигна до Ѓер и Вардар. Трнлив е патот до бројката 1, не е составен од Инстаграм и Фб.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom