Македонска ракометна репрезентација - (жени)

Член од
11 јануари 2014
Мислења
489
Поени од реакции
757
:D
Не бев седнат пред компјутер 3 дена.
Што ќе помислиш кога на првата утакмица првиот гол од игра го дадовме во 22 минута, па полош ракомет немав видено во мојот живот. Второ полувреме се поправија.
Не ги гледав утакмиците со Холандија и Црна Гора, ама сепак браво за девојчињата, ова е голем успех за нив.
Ќе видиме како ќе поминат на првенството..
Инаку имаше некој напишано дека ако излезе некој играч барем како Бајрамоска супер ќе биде, и се согласувам.
Мада не верувам у тоа али ајде има време млади се.
Како шо е тргната работата ќе имаме нова Десподовска, Штериова, Ленче Илкова, Душица Георгиевска итн.
Ако ништо друго барем лични се сите, цела генерација :D
 

jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.152
Поени од реакции
2.754


Сериозна група добивме.Русија е секогаш на врвот кога се работи за женскиот ракомет а посебно во овие млади категории а и Германија исто така е солидна репрезентација.Мора да покажеме дека не беа залудни трите победи во групите.

Официјалната страна:
http://eurohandball-valencia2015.com/
 

jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.152
Поени од реакции
2.754
Ќерамиќијевааааааааааааааа :vozbud: :pos:

Секоја чест за девојкиве за денешнава игра.Да се вратиш на една Русија која е велесила во овие млади категории не е мала работа.
Штета можевме и да победиме да не примевме два наивни гола последните 2 минути.Ладева во форма задњи 15-на минути ја спушти ролетната ама џабе кога нападот не функционираше.Тука требаше да ги прегазиме русинкиве се изгубија тотално.

Да резимираме од првенствово:

Одбрана ништо
Пикер немаме
Лево крило немаме
Десен бек ни на хартија немаме

Не се освојува едно првенство со само среден,лев бек,десно крило и расположени голмани.
Можеше да се проба со Ристовска како десен бек и Нолевска десно крило ама на кој да му текне.
Било каков десен бек ќе завршеше работа па макар и да подава само.
Никаква одбрана не изигравме.Примаме ефтини голови, не бушат од пикер кога сакаат.Имаме играч повеќе во некои ситуации и два и пак примаме голови.
Пикерот слабо добива топки ниту пак отвара простор за бековите.

Неможе да му се замери ни на Симе го извади максимумот од оваа репрезентација.

Ако не ја прогласат Ристовска за најдобро десно крило на турниров нека пушат :kuracc:
 

akcioner

стартер
Член од
20 февруари 2010
Мислења
174
Поени од реакции
85
Зошто не играше Дабевска? :icon_mrgr:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Шала настрана зборев и со Симевски пред некој ден, малава Ладева е невиден талент, може да биде наредната Суслина или Волтеринг ако самата сака.
 

razbirashh

No puedo,tengo nobio.
Член од
11 мај 2014
Мислења
983
Поени од реакции
2.202
^ Му фалат само уште плус 10 сантима :)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
Одамна никој не пишал на темава :)

Годинава следев едно 15-тина дуели на ЖРК Вардар и Вардар Јуниор, али не сум пишал скоро ништо на темиве, па да се отворам после денешниов дуел со Словенија :icon_mrgr:
Често ја следев младинската репрезентација која во моментов е костур на првиот тим, истите кои успеаа да се пласираат на ланското младинско ЕП, но имаа катастрофален настап на СП во Македонија. Дел од нив се ракометарки на Вардар Јуниор. Јуниорките ги фатив во неколку дуели со послабите противници од Македонско првнество, дуели во кои имаат само мал број на позициони акции, бидејќи 80% од головите ги даваат од контри и не може да се процени нивната игра во напад. Ги гледав во сите дуели кои ги одиграа во Челенџ купот во Скопје. Со Лондон Ејнџелс нема да коментирам, бидејќи се работеше за аматерски клуб, кој го победија со контранапади. Со Минаква Војводина имаа тежок прв дуел, а потоа ги победија доста лесно во вториот. Војводина беа последни во Српската лига, и играа со ракометарки на слична возраст на нашите. Како прво, голем хендикеп и за Вардар Јуниор и за репрезентацијата е тоа што поради повреда недостасува Ангела Тодоровска која е доста подвижна и блескаше во младинските квалификации. Теа Керамичиева е ракометарката од која се очекува највеќе. Игра цврсто во одбрана, ама во напад тотално разочарува. Без сомневање е единствена која знае да распали од далеку, ама има доста бавно движење и е доста мрзлива во напад. Не смее да се испушти таква ракометарка, ама треба да се вразуми уште од сега, пошто после касно ќе биде, ќе биде вечен талент ко Филипче. Со Минаква и удрија фластер во напад и буквално цел меч си дремеше на половина терен. И тој Симовски цреп невиден, ниту едно вкрстување немаше, да излезе некој да го навлече фластерот на блок и да се отвори простор за Теа. Нека земе часови од Иле Темелковски, кога му играа фластер на Ласко Андоновски на дуелот Тинекс Пролет-Вардар Јуниор, ги утепаа со блокови за фластерот и Ласко даде 100 гола. Десет пати смени фластер Манасков, џабе :D Ама, туку кумуваше и Теа, која се нешто негодува, зошто и играле грубо, па другите не знаеле да играат. Па сакаше да си седне на клупа, сама си бараше замена. Земи казни ја бе ало, зошто си тренер, ќе и викне еднаш и толку. Треба работа со нејзе, ама со сериозни тренери, со некој како Камара, не со факинг Симе :tapp: Ако ја затворат Керамичиева од стартот, влегува во серија грешки и нема назад. Во вториот дуел со Минаква се поправи и беше најдобар стрелец на крај. Има топовски удар, а знае и добро да асистира, ама без работа џабе е се. Може да стане како Лекиќ :icon_mrgr:
Симона Стојановска истотака малце напредна, ама е доста пробивна во последно време :icon_mrgr: Само треба некој да ја научи дека треба посамоуверено да тргне и да се факинг ИСПРАВИ, не кога води топка да биде згрбавена како Квазимодо. Некако бавно влегува, ја начекуваат на пробивање, инаку има добро движење и може да ја биде. За разлика од Теа, ми личи дека повеќе се труди. Плус на натпреварите во Скопје играа преагресивно, цело време беа на раб на исклучување, али имавме домаќинско судење и падна Војводина :icon_mrgr: Доста пожртвувано играа во одбрана и цело време се бодрат, после секоја блокада, после секоја одземена топка. Во позиционен напад одиграа феноменално против Карпати во четвртфиналето од Челинџ во Скопје. Првата екипа од Украина беше поразена со 3 разлика, а реално да немаше нивниот голман 100 одбрани, можевме да ги декласираме. Се правеа доста чисти акции за крила, а Нолевска особено си изгази. Голем напредок има кај нејзе, штета што има иста позиција со Ристовска. Широк репертоар на удари извади, а и седмерци изведува добро. Ама, затоа пикерите ОТСЕЧЕНИ. Топка не фатија. Таа Бојаџиска џабе игра во напад, нити простор може да направи, ни ништо. Мишевска игра одбрана, и кога оди во напад место да смени одма, прво оди до линијата за 6 метри на противниците, па менува на сред напад :aplauz: Сепак, во одбрана може да заврши работа.
Не ми е јасно зошто од репрезентација се откажуваат од Маја Трпковска. Ракометарката е срцето на тимот, највеќе се труди на терен, игра пожртвувано во одбрана и откако ќе направи фаул, не и дава на противничката да мрдне некое време :icon_mrgr: Пробивна е во напад, баш играч каков што недостасува во репрезентацијата. Стварно не ми е јасно што не е ни на подготовки викната...
Ладева разочарува во последно време, ништо не покажа во Европските дуели. Белмезова чист просек, ама за нијанса подобра. Штета што во Украина рано тргна возот надолу и загубија убедливо. Во Скопје целосно го надиграа противникот, ме чуди што толку лесно загубија на гости. Голманката на домаќините имала 29 одбрани, сигурно од двата дуела собра едно 50-тина интервенции :icon_mrgr:
Во Вардар Јуниор има квалитет само за една постава и тоа постава која може да сонува да се спротистави на екипи од ЛШ на пример. Сепак, ако со години работат заедно, би требало да има мал напредок, иако нема ракометарка за која можеме да кажеме дека има огромен потенцијал. Можеби Керамичиева, ама со тоа однесување тешко.

Одиме на денешниот дуел. Знаев дека изданието од Словенија нема шанси да се повтори.
На ракометарките од Вардар Јуниор, ги придодаваме оние од Металург, интернационалките и Ристовска и Петковска од ЖРК Вардар. Ристовска е сосема солидно крило, има одличен прв чекор, брза е, али нормално треба да работи малце на маса, слично како И ЦЕЛА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА. Па како греови сме спрема другиве тимови и репрезентации. Чачкалици...
Овие Словенкиве беа три пати покрупни од нашиве. Ливриниќ е висока ракометарка, а брани на крило, додека Ристовска го покрива бекот со метро и желба за растење и 30 кила :pos::pos::pos:
ЕЛЕНА ГЕОРГИЕВСКА :facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::boksix::boksix::boksix::kuracc::kuracc::kuracc::popce::popce::popce:
Девојко што се случи со тебе? Дебитира во Кометал на 15-6 години, сите ја чекаме да биде ѕвер. Топовски удар со лева рака, цел живот тренира со добри екипи, а она УБЕДЛИВО НАЈСЛАБА НА ТЕРЕН.
На два дуела со Словенија постигна точно 0 ГОЛОВИ.
Сто топки фрли во аут, десет пати ја блокираа, пет пати ги заглави крилата на мртов агол. Дури ниту во одбрана не ја играа :lolzz:
Стигна Белеска да и зема место на десен бек :popce:
Идеме на денешниот настап на Керамичиева.
Десет минути на терен, ТРИ ТОПКИ ВО ПРОТИВНИЧКИ РАЦЕ, едно промашување и ЦРВЕН КАРТОН со фаул на чиста контра на противникот :popce: Каде и беше паметот само не ми е јасно :facepalm:
Играч на мечот МАТЕЈА СЕРАФИМОВСКА :icon_mrgr: Прв пат го гледам девојчево со оглед на тоа што брани во Металург, сигурно и самата не знае како успеа да фати 15-тина топки денес. Растури на голот, ја спушти ролетната :icon_mrgr: Во Словенија сите 3 голманки севкупно немаа 5 одбрани. И на месечарката Петковска и се позлати вака лани, кога одбрани 100 топки против Холандија во младинските квалификации :icon_mrgr: Може има квалитет Серафимовска, ама повеќе ми личеше на моментална инспирација. Штета што не ја крунисаа со бод нејзината партија. Во моментот кога Керамичиева излезе од игра, Стојановска ги доби своите пет минути. Одлично одигра, постигна 5 погодоци, изнуди 2 пенала, само и недостасуваше самодоверба. Огромна штета што таа вампирката на голот на Словенија и скина зицер на нерешено на 4 минути до крајот. Ако погодеше, сигурно победувавме. А се двоумеше дали да влезе или да додаде. Влезе на крај и промаши :(
Требаше последниот напад да оди преку нејзе. Ливириниќ само еднаш распали од далечина за израмнување на неколку минути до крај. Има движење, нема маса, ниту јак шут. Стојановска истотака има доста слаб удар, освен кога се наведнува и шутира под блокот. Постигна еден таков гол денес. Да ја имавме Бајрамовска денес, 10 разлика ќе ги тепаме :icon_mrgr:
Да ја пофалам Јована Саздовска, левото крило. Одлично одигра. Ја затвори Лазовиќ колку што можеше, во напад беше добра, и штета што утна еден зицер во второ полувреме. Во прво полувреме само таа беше расположена за игра. Ристовска истотака солидна на спротивната страна.
Пикерите слично како и во Вардар Јуниор не постоеа. НИТУ ЕДЕН ПОГОДОК од пикер од игра. Даде еден гол Николиќ, ама и го поништија. Додуша дадовме еден гол од пикерска позиција, ама го даде Јовановска или како и да се вика, по одлично додавање од Керамичиева. Гакидова ниеден обид немаше ако не се лажам, ама затоа погоди 5/5 од пенали :pos: Пенали ни шутира пикерот :pos::lut::lut: Нерешлива енигма беше за гостинските голманки.
Да се разбереме, Македонија денес беше пред освојување бодови, ама далеку од тоа дека одигравме добро. На пример, ЖРК Вардар денес да се спортиставеше на било кои од двете репрзентации, ќе ги тепаше минимум со 10 разлика. Ние ја подобривме играта во одбрана. Ја затворивме Лазовиќ се до крајните 10 минути. Типката беше факинг Филипче Лазаров. Сто топки фрли во противнички раце и гол не погоди, дур не распали на крај. Словенецон ја играше на крило 15 минути, таман и дојде тоа, за да не се помрдне :pos::pos::pos:
Никаква игра немаа Словенките во вториот дел, единствено таа Јерничек (број 9 беше, поим немам како се вика) ни правеше дпоста проблеми со пробиви од страната на Стојановска и Ристовска. Симовски ја извади Георгиевска и не ја пушташе ниту во одбрана :icon_mrgr: А, и не заслужи богами. На крај ги одигра последните 5 минути и ја заеба последната акција. Тапнува типката и задолжително прави чекор назад. Судиите на крајот можеа да свирнат чекори на последниот напад на Словенија и задолжително да запрат време во нашиот последен напад. Ама, ние бевме некако без идеја, само кружеше топката и лесно не сопреа со фаули.
Највеќе се изнервирав во првиот дел, со непознавањето на елементарни правила од наша страна. Резултат 12-12 и имавме играч повеќе. Словенија има 15 секунди за напад. Нашиве играат зона 6-0 и НИКОЈ НЕ ИЗЛЕГУВА ДА НАПРАВИ ФАУЛ. Па земи скини ги бе, да помине времето, се крена една кобила на шут и ја скина мрежата.
Таа Николиќ е најбавниот играч што сме го имале некогаш :icon_mrgr: Малце ќе ја изместат и готово, нема враќање :icon_mrgr: Јовановска (не сум сигурен дали се викаше така, само одбрана играше, настапува за Металург) беше добра во одбрана, доста добро го затвораше противничкиот пикер. Ниту Словенките не се изнаиграа многу преку играчите од внатрешните позиции. Мавшар даде 7 гола, али 6 беа од пенали. Ниту еден пенал не успеаа да и фатат.
Вистина е дека можеби никогаш не сме имале помизерна селекција од моменталнава, ама за едно 5-6 години ќе дојдат до некој просек. Прво и задолжително треба да биде качување малце маса ебате вртимушките.
Враќање на некои ракометарки многу би ги подобриле работите. Покрај Бајрамовска сите би играле подобро. Друго е кога имаш шутер во екипата. Недостасува и Десподвска, не знам што е со нејзе. Па, дури и Саздовски добро би дошла.
Крилата се солидно покриени со Ристовска, Нолевска, Садовска и Митова. Не се врвна класа, ама не се најлошото што сме го имале :icon_mrgr: Штета што четирите заедно имаат 60 кила :icon_mrgr:
Пикери нема ни за лек. Овче Поле извади еден одличен пикер, ама чим никој не ја есапи значи моментален блесок и бил. Кликовац и Човиќ не можеа да ја запрат во купот :icon_mrgr: Платон гомна да јаде :icon_mrgr: Имаме 10 голманки, на една ќе и се погоди денот :icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr:
Со бековите не се знае, во моментов не се нешто посебно, ама со работа може да станат просеци.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.794
Поени од реакции
15.819
Десподовска мислам дека е повредена т.е не мислам туку сигурен сум, а не знам дали и би играла за репрезентацијата.

Тоа и ја се зачудив прееска коа видов дека пикер ни шутира пенали, додуша кај нас пикер ти е со маса како бек на Словенија (пример земам).. другите ракометарки врата да има отворено во Кале ќе ги однесе промаја толку што немаат маса, ја не знам идат ли у теретана вежбаат ли нешто, ептен се за никаде, никаква сила немаат.
Бајрамовска со оваа форма која што е, измислена е за цела репрезентација, мислам дека треба да ја повика Симе.
Елена е мизерија невидена, нема потреба за нареден циклус да се повикува девојчето, ко прв пат да игра ракомет.
Голманки неаме, оваа Серафимова сеа имаше над 10 одбрани и којзнае кога нареден пат ќе ги има толку.
У глобала им се смееме на 1-2 постигнати гола на меч на албанките, ама ние не се глеаме која мизерија сме станати во женскиот ракомет, па и нема ко за беља некоја ракометарка да натурализираме. :(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom