Македонска одбојкарска репрезентација-мажи

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.988
Нека не ве лажат лажните очекувања, нема простор за разочарување или сметање на резултативе за неуспех.

До пред некоја година, успех беше само имање на репрезентација.
До пред некоја година, успех беше ако стигнеа на турнир на време без да доцнат.
До пред некоја година, успех беше да имаме пар победи во сребрена лига.

Фактот што ИГРАМЕ на ЕП, и што ПОБЕДУВАМЕ, па башка и тоа го правиме ДОМА и башка што ќе играме ОСМИНА ФИНАЛЕ е маестрален успех и за секоја пофалба.

Мислам дека утре ќе влезат ептен јако во утакмицава со Чешка, особено ако има полна сала (елајте си). Мислам дека ако се поклопат коцките ќе изгинат на терен и ќе го сметаат овој натпревар за финале, бидејќи да бидеме реални, сите очекувања се дека ќе изгубиме во 1/8 финале лагано.

Како и да е, без разлика што ќе се деси во преостанативе две утакмици, макар и следните 6 сетови сите 25-0 да ги изгубиме, факт е дека ова е успех, и дека целата работа во последнава декада вроди во плод.
Можеби следните пар години пак ќе бидеме срање, но без разлика на се, We'll always have Skopje и пласманот во осмина финалето на ЕП :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
@ultras1988 што е ова што ве исплескаа во купов? :D

Која мизерија ни е првенствово. Носиш 2-3 странци и веќе си кандидат за титула. Исто е и кај жениве.
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.950
Поени од реакции
6.746
@ultras1988 што е ова што ве исплескаа во купов? :D

Која мизерија ни е првенствово. Носиш 2-3 странци и веќе си кандидат за титула. Исто е и кај жениве.
Не пратам оваа година некако одбојка како порано, погледав првиот дел ги добија лесно УГД , денес ми кажаа да одиме Штип викам загубено време, ама немав појма дека донеле овие странци.

Ништо ново во одбојката, таков е квалитетот на лигата што конкратно од ко Фершпед престана да финансира во Работнички, сите клубови ривали на Струмица се чуват првиот дел и играт само со домаши играчи, а во вториот дел носат странски засилувања да парират за титула, лани беше исклучок за прв пат годинава, ама ете од оваа се враќа старото правило, најмногу пари фрла општината во клубот и да не освои двојна титула во ваква конкуренција, стварно не знам што да кажам.

Ете ако ништо друго после толку години, мислам 11 прва титула во сениорска женска категорија во Струмица, како и да е мора едниот пехар да дојде во најодбојкарскиот град :cool:.

Него женската одбојката е забавата годинава, ептен е актуелно градското дерби у Струмица, полни сали, исто и во Скопје, се бараат и навивачи :pos::pos::pos::pos::pos:, сите посериозни струмички фирми се спонзори во некој од 4те клуба, забава до бесвест ..........
 

Kajgana Shop

На врв Bottom