Оваа тема како што и е именувана ке биде за нашите легенди, од народната музика.
Во 81-та година од животот со отиде од живите музичкиот гениЈ на Македонската народна песна, Александар Сариевски. Цел живот песна - беше кредото на неповторливата пејачка легенда, Сариевски, кој со својот уметнички профил и опус го вгнезди своето име во севкупната наша културна историа.
За сето свое шестдецениско уметничко живеење, Александар Сариевски испиша богати биографски страници, остави над 400 трајни звучни записи за Музичката продукција на МРТВ и за други дискографски продукции, кои вечно ќе припомнуваат за една неповторлива уметничка личност која даде огромен придонес во негувањето и афирмирањето на македонската фолклорна уметност кај нас и насекаде во светот.
Многумина се обидуваа да ја испеат легендарната песна "Зајди, зајди јасно сонце", но никој од нив не може да ја надмине интерпретацијата на генијалецот Александар Сариевски. Секако и песните "Дејгиди луди млади години", "Зајко кукурајко", "Абер дојде Донке од кулата", "Митро, Митро мори", "Абреј невесто, око калешо", "Седна баба да вечера"... ќе не потсетуваат на него како врвен естраден уметник кој со песна на цел свет му раскажуваше за неговата Македонија.
“Е, години, години, летнавте
како сиви галаби, но, остана
песната, таа леснокрила
убавица, што цел живот ќе биде
мојот сопатник, ќе ја грее мојата
душа”
Александар Сариевски
и нормално нема да биде тоа тоа, ако не го слушнете :
Зајди, зајди јасно сонце
други попознати (кој ги има нека ги закачи)
Дејгиди Луди Млади Години
Зајко кукурајко
седна баба да вечера ...
.
ftopic: доколку коментирате , коментирајте со усул, све што је офф д` топик ке ги замолам админите да бришат.