Македонска берза

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.615
Поени од реакции
21.322
вака сега со 10 фирми не се прави берза. Да наведам неколку причини зошто не би играл на берза.
1. Ако не поседуваш барем значителен дел акции (10, 20 30%) твоите права се никакви да не речам ги немаш за разлика од ЕУ или САД кај што твоите права се зголемуваат со процентот на учество што е нормално меѓутоа законски и малите играчи се заштитени.
2. Не познавањето на берзата.После 50 години социјализам поголемиот дел од народот не знае како функционира берзата. Знам некој ќе рече за тоа си имаш брокер ама брокерот служи како медиум за извршување и советување а ти треба барем основно знаење да имаш. Тука доаѓа до тешки манипулациии.
3. Трето и можеби најбитно цврстата олигархија си прави интерна берзанска калкулација (просто кажано на ти го дај ми го). Односно вредноста на акцијата може да расте и паѓа по интерен договор меѓу нив а не да биде движена од пазарните сили како што треба да биде. Додуша ова го има секаде ама не до таа мера колку тука. (за подетални информации околу оваа точка препорачувам да се погледне култниот филм на Oliver Stone- Wall Street.)
4. Многу е заебано ако си вработен и акционер на иста фирма. Де факто ти си заробеник на твоите акции заради тоа што моментот кога ќе ги продадаеш (односно моментот кога тие акции излегуваат од фирмата) ти слободно потпиши си оставка.

Односно сумирано се законските регулативи ги штитат крупните ѕверки а ти од старт си заебан.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
2.842
Поени од реакции
31
Одличен пост. :bravo: Ама морам да ти реплицирам кај грешиш.
Sussaro напиша:
вака сега со 10 фирми не се прави берза. Да наведам неколку причини зошто не би играл на берза.
Па добро, не се баш 10, ама да кажеме и дека нема голем број на акции кои се поинтензивно тргувани.

Sussaro напиша:
1. Ако не поседуваш барем значителен дел акции (10, 20 30%) твоите права се никакви да не речам ги немаш за разлика од ЕУ или САД кај што твоите права се зголемуваат со процентот на учество што е нормално меѓутоа законски и малите играчи се заштитени.
Не е точно ова. Особено не кај акциите од банките. Најголем дел од приватните инвеститори на берза во Македонија не купуваат акции за да се здобијат со учество, туку со профит. Секој разумен инвеситор би избегнал компанија во која се знае дека директорот прави што сака, не дели дивиденда и откупува сопствени акции. За мене учеството не игра никаква улога, пак ќе повторам, особено не во банките.

Sussaro напиша:
2. Не познавањето на берзата.После 50 години социјализам поголемиот дел од народот не знае како функционира берзата. Знам некој ќе рече за тоа си имаш брокер ама брокерот служи како медиум за извршување и советување а ти треба барем основно знаење да имаш. Тука доаѓа до тешки манипулациии.
Тука се согласувам со тебе.

Sussaro напиша:
3. Трето и можеби најбитно цврстата олигархија си прави интерна берзанска калкулација (просто кажано на ти го дај ми го). Односно вредноста на акцијата може да расте и паѓа по интерен договор меѓу нив а не да биде движена од пазарните сили како што треба да биде. Додуша ова го има секаде ама не до таа мера колку тука. (за подетални информации околу оваа точка препорачувам да се погледне култниот филм на Oliver Stone- Wall Street.)
За ова стварно не можам да ти потврдам, меѓутоа ќе ти кажам дека секој го прави тоа во својата фирма доколку има можност. А на берза, манипулации со цените прават словенечките инвестициски фондови кои се присутни кај нас.

Sussaro напиша:
4. Многу е заебано ако си вработен и акционер на иста фирма. Де факто ти си заробеник на твоите акции заради тоа што моментот кога ќе ги продадаеш (односно моментот кога тие акции излегуваат од фирмата) ти слободно потпиши си оставка.
Тоа е чиста вистина. Знам и еден пример од мајка на мој другар. Да не ја кажувам фирмата, нема смисла.
Како и да е ова нема никаква врска со инвестирањето на берза како приватен инвеститор.

Sussaro напиша:
Односно сумирано се законските регулативи ги штитат крупните ѕверки а ти од старт си заебан.
Ако сам не се заштитиш, кој ќе те штити?
Твои пари, твоја одлука. Така да мислам дека грешиш овде.
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.615
Поени од реакции
21.322
е ајде де како ќе се заштитиш. Види друже по закон влдата има наложено сите крупни фирми (со над не знам колку обрт не ме држи за збор) да имаат барем 30% од акциите на берза. Се разбира овие го одолговлекуваат процесот максимално што можат за да можат да задржат што поголема моќ во самат фирма. Имало некои санкции? Нормално не. Така да овие што сепак се на берза не се будали да се таму без претходно спремен back-up план за играње. Во нормална пазарна економија и демократија законот е тој што те штити. Во Македонија те штитат врски, пари, моќ или крвна поврзаност со тие што имаат врски пари или моќ. Така да ако бидеш изманипулиран ти останува да одиш на суд а таму не треба да опишувам што се случува нели?
 
Во право си за тоа што пишуваш, меѓутоа поентата на темава не ми беше да се кажат овие работи, бидејќи горе-доле секој го знае ова. Примерот што го имаш дадено се баш оние фирми каде што не ја ни следам цената на акцијата, бидејќи не ме интересира.
Поточно ти имаш дадено супер совет од типот каде да не се купуваат акции.

Поентата на темава е како да инвестираш на берза.

Еве на пример кој ти бранел да си купиш акции од Гранит пред некој месец, кога беа околу 270-280 денари. Сега вредат околу 360-370. Тука нема ни врски, ни моќ, туку само осет за инвестирање и анализа.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Јас не тргувам ама би сакал...имам онака некој филинг дека би ми идело :)
 
Ѕвер

Перфекционист
Член од
4 јануари 2006
Мислења
2.223
Поени од реакции
28
Стварно ме интересира економијата и нормално берзата, но ќе треба неколку години учење за да можам рамноправно да се надоврзам во дискусијата.И тоа малку што го знам околу Берзата, го знам благодарејќи на радозналост и заинтересираност :wink:
 
Член од
2 април 2006
Мислења
2.842
Поени од реакции
31
Продолжија да растат цените на: Гранит, Бетон, Макстил, Макпетрол, Комерцијална

Пазарната цена на најтргуваните акции на официјалниот пазар и денеска продолжи да расте за износи кои се пониски од дневните максимални цени. Денеска акцијата на Алкалоид затвори на цена од 4.300 денари, а оствари промет од 6,3 милиони денари што претставува воедно и најголем дневен промет во класично тргување. Акцијата на Бетон затвори на 4.205 денари за акција со промет од 0,15 милиони денари. Гранит кој крајот на тргувањето значително ја зголеми цената, во спроедба со првиот час тргување, и затвори на цена од 409 денари, рекордна од почетокот на годинава досега, со промет од 5,17 милиони денари. Акцијата на Макстил денеска се тргуваше по дневната највисока цена од 46 денари за акција. Обичната акција на Комерцијална банка оствари рекордна цена од 5.620 денари за акција со промет од 4,1 милиони денари со истргувани 739 акции што претставува помалку од 0,04% од главницата на оваа банка. Акцијата на скопски Макпетрол денеска постигна цена од 30.999 денари со промет од 3,97 милиони денари. Тоа претставува раст од 6,7% (1.999 денари) во споредба со вчерашната цена на таа акција. Акцијата на Охридска банка направи промет од 3,24 милиони денари во маргина од 8.051 до 8.450 денари за акција. Заради растот на акциите рекорден дневен пораст има и индексот МБИ-10 кој денеска затвори на вредност од 3170,23 поени, што претставува раст од 1,82% во споредба со вчера кога исто така имаше рекорден дневен раст од приближно 2%.
Акицјата на Стопанска банка Битола денеска и формално ја допре маргината од 11.000 денари за акција и во маргина од само 1 денар направи промет од 1,5 милиони денари.
Денеска на официјалниот пазар беше реализиран промет од 34 милиони денари што претставува 92% од вкупниот промет што изнесува 36,48 милиони денари.

Цените на акциите растат. Очигледно постои голема заинтресираност на домашните но пред се на странските инвеститори за вложување во перспективни хартии од вредност. Иако според мене цените на акциите веќе се високи, тоа не е проблем за пораст. Изгледа дека ќе треба да се чека на евентуални преземања на некои компании.
Сигурно сте чуле за случајот со хрватска Плива каде цената на акциите вртоглаво порасна по веста дека две странски фармацевтски компании сакаат да ја преземат. Ова е случај во скоро сите источноевропски земји. Како за пример во Романија бројот на странските фондови кои инвестираат на берза е значително зголемен.
Овие трендови секако се присутни и во Македонија, и не можеме да кажеме дека нас инвеститорите не избегнуваат.
 
Член од
8 јули 2006
Мислења
173
Поени од реакции
2
А што скола да завршам да станам брокер. И онака незнам на што да идам а ова одсекогаш ми било многу интересно,па зашто да не? Викаш се исплати?
 
Член од
2 април 2006
Мислења
2.842
Поени од реакции
31
It`s my life напиша:
А што скола да завршам да станам брокер. И онака незнам на што да идам а ова одсекогаш ми било многу интересно,па зашто да не? Викаш се исплати?
Види, ипак треба факултет и за тоа иако мислам дека не е обавезно. Меѓутоа за да работиш како брокер треба да положиш испит за овластен брокер кој го организира КХВ (Комисија за хартии од вредност). Инаку да нема забуни, она што се исплати е инвестирањето, а за тоа не мора да си брокер. Како и да е на брокерите тоа им е работа и го следат целото тргување, а тоа значи дека полесно можеш да донесеш одлука, знаејќи ги секојдневните движења на цените.
 
skorpija^m

seven & seven
Член од
5 мај 2006
Мислења
492
Поени од реакции
4
Абе кој знае знае. За ова треба да имаш пред се кешарац , по потоа школа итн. Добар бизнис е и ризичен.
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.615
Поени од реакции
21.322
Ај вака сега цената на Гранит расте поради тоа што Гранит е една од ретките успешни фирми. Ама не расте цената поради тоа. Голем број на странски инвеститори се заинтересирани за инвестиција во Гранит. Од друга страна менаџерите сакаат да се одбранат од таков евентуален напад и да ја зголемат моќта па милом или силом купуваат што еможно повеќе акции. Ова ме потсеќа на Америка во 20 тите и 30 тите
 
Па право да ти кажам тоа првото скоро и да не го гледам како битна информација.

А второто е 100 % точно. Имаш зелено за тоа.
 
pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Член од
2 април 2006
Мислења
2.842
Поени од реакции
31
pearl напиша:
Освен македонската, на кои други берзи работат брокерите во МК?
Кратко и јасно- На ниедна. :nesum:

Убаво што го праша ова. Мислам дека тоа фали многу. Ако не на светските берзи, барем да може да се направи ова со берзите од балканот. Само ептен сум скептик. Ми се чини невозможно. :toe:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom