Македонска берза

Член од
18 ноември 2019
Мислења
85
Поени од реакции
65
Јас повеќепати го напишав своето мислење дека за 25 години берзата во државичево направила поголема општествена штета отколку корист, ама директорот што секој месец лапа 4.000 евра плата од неа, нормално дека има различно мислење:


Интересно како на 29.3.2021, самата берза сѐ уште нема издадено ревидиран финансиски извештај за 2020. година! :shok2: Да имаше некаков способен директор, ревидиран ќе имаше излезено уште на 15. јануари, па така ќе даваше пример за сите други котирани компании и ќе имаше кредибилитет да им јаде го.на кога нема навремено да доставуваат податоци. Вака веројатно сами себе треба да си изрекнат казна поради нетранспарентност.

Мене навистина не ми е јасно што работи човеков за да заслужи плата од 4.000 евра. Веќе пишував дека нема скоро никакви елементарни статистички информации за тргувањето коишто за еден ден може да се воспостават да се пресметуваат и да се направат достапни за јавноста. Во време на бесплатно глобално тргување со илјадници инструменти преку Робинхуд, овдека нема елементарно поврзување на берза, депозитар, брокери и банка, па да може самостојно да се остават налози без потврда од брокер!

Не знам за ниедна нова компанија што котирала на берзата без сила на законот, ниту пак прибирање нов капитал заради развој. Па сиво магаре да беше директор, за 25 години ќе прелажеше барем еден газда да ја котира компанијата на берза! Вака само со бескорисни конференции и регионални вмрежувања го тресат автобусот да изгледа како да се движи, а нема никакви вкрстени регионални инвестиции туку се само залудно потрошени парите. Како побогу му поминува осумчасовното работно време 25 години??

Нормално, за сѐ ова е одговорна рајата што ова го толерира мислејќи дека вака е предодредено и засекогаш мора исто да остане, наместо многу лесно да го смени системот и луѓето што ја довеле да стане трета најсиромашна и прва најкорумпирана држава во Европа!
Партиските ботови мора да цицаат кеш, оти ако го оставиш сам да заработува ќе падне на социјална помош
Автоматски споено мислење:

Не знам зошто патиш толку колку плата некој земал, ко синкир ти го плаќаш. Колку што знам Македонска Берза е АД, и ако акционерите решиле токлу да го плаќаат, тоа е нивни проблем. Инаку и мене Штериев не ми е некоја омилена фаца.

Но да се фокусираме на важните поенти:

Задоцни ли берзата кај нас?

Во тие пет-шест години, од создавањето на првите акционерски друштва во тогашна сеуште Социјалистичка Република Македонија до формирањето на Македонската берза во 1996 година, преносот на сопственоста на акциите или не е дозволен (во првата фаза на постоење на т.н. интерни акции) или се одвива нетранспарентно и децентрализирано, преку билатерални договори и индосамент. Тоа е период кога фокусот е примарно на спроведување на приватизацијата и менување на економскиот поредок. Акциите се нус производи од тој процес. Практичниот фокус не е толку во преносот на сопственоста на акциите, односно организација на тргувањето (иако секако има интерес и за тоа во функција на стекнување на поголема сопственост во претпријатијата), туку во контрола на водењето на акционерските книги што се најголема деловна тајна. Посериозни иницијативи за формирање на организирана берза во Македонија нема, ниту кога непосредно пред распадот на Југославија, како што е погоре нотирано, се формираат берзите во другите републики, ниту во првите неколку години од независноста. Искуствата на другите држави во тој период се дека како основачи на берзите на хартии од вредност на почетокот на транзицијата најчесто се јавувале или државата (во некаква форма) или финансиските институции (спонтано или повторно поттикнати од државата). Во некои транзициски држави, во иницијалното нерегулирано окружување никнувале и повеќе од една берза, при што како основачи се јавувале различни субјекти, вклучително и физички лица (таков, е на пример, случајот со соседна Бугарија каде сето тоа на почетокот на деведесеттите одело многу стихијно). Во Македонија, според наши сознанија, во првите неколку години од деведесеттите приватна иницијатива за формирање берза не постои, а државните институции се преокупирани со други политички и економски приоритети и формирање на берза не е на нивната агенда. Гласност за потребата од формирање на берза како нужна институција во една пазарната економија и како место за организирано тргување со акциите што се креираат преку приватизацијата, најмногу доаѓа од Агенцијата за приватизација, односно нејзиниот претходник Фондот за развој.



Ова е најважиот пасос. Се правеше приватизација на компаниите од 1990, а првото почетно ѕвоно на берзата беше 13 септември 1995 година. Значи едно 5-6 години вработените, ако сакаа да ги продадат акциите, мораа да ги продадат на директорите. Поради оваа причина се појави таа Олигархија и поради оваа причина се уште имаме корпоративно управување и корпоративна култура од пред минати векови.

Сигурно Слободан мисли дека со вакви незаконски одлуки ќе не натера да му ги продадеме акциите, слично како што со вршење на притисок кон вработените стигнал од 2,9% до денешните над 80%. Ама очигледно се заебал. Нити може некој позначаен притисок да прави кон нас, а за разлика од вработените во време на транзицијата ние многу добро ги знаеме правата што ги носат акциите. Сепак да повторам, тоа каснење со креирањето на Берзата како институција, бар според мене е клучната точка на дозволувањето на општествениот грабеж, појавата на Олигарсите, како и нивото на корпоративната култура се до денес.
Па и ЕЛЕМ/ЕСМ е АД па е собир на партиски ботови, исто е и со МСЕ така да не ти држи вода муабетов дека некој му дава 4000е оти е мн способен или паметен, туку е партиски инсталиран бот.
Автоматски споено мислење:

Отидов на S&P 500 денес официјално преку Комерцијална.

Процедурата е едноставна. Ќе ставам тука некој ако сака да инвестира таму.

1) За да инвестирате на S&P500 мора да одите преку соодветни брокерски куќи. Не можете директно да инвестирате на S&P500.
Јас лично избрав Vanguard, од се она што прочитав. Имате и други кои исто се добри.
2) Стапувате во контакт со брокер од Комерцијална и ви спремаат листа на документи што треба да ги пратите. Скен лична карта, документи потпишување и сл. Сето ова можете да го направите од дома.
3) Парите се префрлуваат на одредена сметка која си ја има банката за инвестирање во странство. Се плаќа скапичка провизија од отприлика 100 долари по трансакција (ова важи значи за сите акции). Значи ставате 100 долари плус од тоа што си пресметувате. Да знам, е скапо ама другите алтернативи како IBKR не ми се проверени.
4) Има една табела ја пополнувате го пишувате ISIN и ticker симболот, количина и максимална цена во долари.
5) Ви потврдуваат и ви враќаат уште еден документ да потпишете и завршивте работа.
6) Ви испраќаат email со цената со која се купени. Честито :)

Е сега да се вратам на првата точка за Vanguard.

Како што реков имате повеќе како на пример Fidelity, Schwab, SPDR итн.

Vanguard имаат некој манипулативен трошок од 0,03% годишно (3 долари на секои 10000 долари).
Fidelity немаат да речеме. FIdelity се трудат да ги намалат сите трошоци и да станат популарни со помладите генерации. Официлано не се S&P500 колку што знам (т.е не смеат да си пишуваат S&P500 во името оти за тоа се плаќа) ама малтене само името е такво.

Сепак, некако сите го препорачуваат Vanguard. Пак ќе кажам направете си research и одберете си.

Е сега кога сме кај акциите имате во основа да бирате ETF и Index.

Кај Vanguard имате VOO и VTI (или VTIAX).

*VOO така е името на акцијата како кај нас да речеме KMB, ALK - т.е ticker symbol. Повеќето го знаете ова ама има некои што нема да знаат. Со тикерот си ги гледате акциите на Google пример "VOO stock price".

Едноставно објаснување без многу разглобување:
Разликата кај Vanguard е што VOO инвестира во топ 500 (509) компании во Америка, VTI e 3669 (509 се вклучени во овие) т.е ви дава поголема дизерфикација.

Другата разлика е што VOO е класична акција (можете да купите/продадете во секој момент), VTI се чека крај на ден.

Разликата во приносите одат во дел од процентот подобро кај VOO, ама мал дел.

Ако веќе одите на VTI повеќе се исплаќа VTIAX, ама таму има минимална инвестиција од 3000 долари (некои мали бенеифиции плус - како автоматизирано инвестирање и сл.) првиот пат. После можете колку сакате на секоја трансакција.

Дивидендите (dividend yield) се движат околу 1.5% на годишно ниво.

Ако ви треба друга информација, пишете.
Или не си нормален, или си вработен во Комерц друго нема, штом си прифатил такви ненормални провизии. Значи совет до сите што сакаат да одат на странски берзи или Илирика или Интерактиве брокерс, проверено 100%, провизии нормални како во цел свет цивилизиран. Кој сака да го бричат банките комунистички се тука
 
Последно уредено:
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Многу нормално е да се анализира работењето на Македонска берза, затоа што таа е котирано друштво и е потенцијална опција за инвестирање во нејзините акции. Меѓутоа, кога гледам како директорот на име на плата зема 4+ миљони, а добивката на фирмата е 8 миљони, тогаш веднаш го гледам како најголем потенцијал на фирмата - доколку се избрка од работа! :pos:

До вечер можам да обмислам 10 проекти што може да се спроведат за година дена и квалитетот на работењето и услугите на берзата да се подобрат трикратно. Овој само си ќути и си дупи, а најголеми будали се банките што се акционери и тоа му го дозволуваат.
 
Член од
18 ноември 2019
Мислења
85
Поени од реакции
65
Многу нормално е да се анализира работењето на Македонска берза, затоа што таа е котирано друштво и е потенцијална опција за инвестирање во нејзините акции. Меѓутоа, кога гледам како директорот на име на плата зема 4+ миљони, а добивката на фирмата е 8 миљони, тогаш веднаш го гледам како најголем потенцијал на фирмата - доколку се избрка од работа! :pos:

До вечер можам да обмислам 10 проекти што може да се спроведат за година дена и квалитетот на работењето и услугите на берзата да се подобрат трикратно. Овој само си ќути и си дупи, а најголеми будали се банките што се акционери и тоа му го дозволуваат.
SAD BUT TRUE!
Трагедија баш, затоа немаме берза, немаме ништо, само партиски ботови да цицаат пари и да глумат интелектуална маса на телевизија
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
2.360
Колку што знам може да се направи Конкурентна Берза која може да и конкурира на тековната. Ако можете да го направите тоа подобро и со поефтини трошоци за клиентите, јас ве поддржувам и ве мотивирам да го направите тоа, па јас јавно кажувам дека ќе се префрлам кај вас.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
Проблемот со нашата берза е што нема доволно компании што котираат (активно). Со години се збори дека ќе се појават нови компании ама ништо.

Како што ќе се намалуваат трошоците и пречките за инвестирање на странски берзи така оние инвеститори што имаат повеќе знаење ќе ја напуштаат МСЕ.
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
Или не си нормален, или си вработен во Комерц друго нема, штом си прифатил такви ненормални провизии. Значи совет до сите што сакаат да одат на странски берзи или Илирика или Интерактиве брокерс, проверено 100%, провизии нормални како во цел свет цивилизиран. Кој сака да го бричат банките комунистички се тука
Денес ми пратија извештај. Не е 100 долари, некаде 50-тина испаднаа. Што ОК е.

Јас реков IBKR имам акаунт, ама банките го тупат, само НЛБ уплаќале. Илирика не сум чул што нудат.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.800
Поени од реакции
15.715
овој глобален фактор ја крева МСЕ
 
Член од
25 август 2016
Мислења
438
Поени од реакции
317
Друже, колку е добар или лош потег, зависи што ти е целта, што ти е стратегијата (5г, 10г, 15 годишна) што сакаш да постигнеш и како сакаш да ги распределиш средствата??



Денес ми пратија извештај. Не е 100 долари, некаде 50-тина испаднаа. Што ОК е.

Јас реков IBKR имам акаунт, ама банките го тупат, само НЛБ уплаќале. Илирика не сум чул што нудат.
 
Член од
1 февруари 2016
Мислења
238
Поени од реакции
189
Може ли да позборуваме за некои помалку активни акции, ако некој е влезен и какви се искуствата? Првенствено ме интересира Грозд, а после Европа, Адинг и друг ваш предлог за некоја запоставена акција
 

Kajgana Shop

На врв Bottom