Македонска берза

Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
СТБ е далеку подобра банка од КМБ тоа што инвеститорите не можат да го видат не сум и јас виновен.
Во која смисла СТБ е подобра од КМБ? Имам чувство дека луѓето ептен навивачки купуваат банки...

Инаку, индексните МПТ и МТУР се пеплосаа лани, со огромни падови и загуби. И скоро па индексираната Окта исто така. Веројатно ќе биде рекордер по загуба годинава на берзата. Уште се крстам како пред 2-3 години некако експресно порасна и ми се отвори можност да ги распродадам над 5.000 со десеткратна заработка за 5 години :lolzz:

Меѓутоа, уште подобар дил направи Пуцко Петрол што 10+% од Окта откупи од Фондот за ПИО по цена под 500 денари. У нормална држава, тој што ја наредил таквата продажба би луштел дваесетгодишна робија со целосно конфискуван имот од страна на државата!

Screen Shot 2021-03-01 at 21.24.48.png
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.074
Поени од реакции
3.225
Во која смисла СТБ е подобра од КМБ? Имам чувство дека луѓето ептен навивачки купуваат банки...
Во секоја смисла, оперативните приходи/расходи и се во пораст или на ниво од претходната година, кај КМБ се во слободен пад со години, од на времето прва банка кај и да е ќе отидат 4 (ако не отишле).

Во изминатите 10-тина години со повеќе вработени имале над 800-850м трошоци за вработените, сега по 2018 и новите газди за 2 години имаш зголемување од 200м денари, резултатите на фирмата одат надоле, ама платите нагоре, исто како државна фирма во тој дел.
Организационата шема на Комерцијална банка АД Скопје е дадена во Прилог дијаграм бр.1. На 31.12.2020 година бројната состојба на вработените е 991 работници, од кои 739 во Централата на Банката и експозитурите во Скопје, и 252 во Филијалите низ Републиката.
Комерцијална банка АД Скопје, со состојба 31.12.2016 година, брои 1.055 работници.
 
Член од
17 октомври 2017
Мислења
855
Поени од реакции
1.471
Eve eden mn poucen izveshtaj za toa kako se topi akcionerski kapital i se preleva vo privatni dzepovi

Ako se primeti ubavo, BU belezi minus od 28M dodeka bo kapitalot nedostigaat dopolnitelni 54M, nigde evidentirani vo BU.

No zatoa nesto nedostasuva vo BS, vo delot sredstva, t.e. investicii vo pridruzni pretprijatija. Gi gledate tie 90M od minatata godina? A gi gledate li vo tekovnata? E ne gi gledate. Posto gi nema. Papala maca. Ash!

I taka jas pred nekoja godina naivno kupiv MPOL mislejki deka so 90M dens na smetka plus stabilen cash flow firmata e potceneta. Malku znaev deka tkn menadzment ke si gi odlee sredstvata vo nekakov si holding. Ama dobro znaev deka od holdingot nazad tesko da gi vidime. I taka i bidna.

Nejse pisuvav pisma, notmalno nikoj ne odgovori, pa vidov ne vidov si prodadov so zaguba i idemo dalje. Samo sakam da predupredam nekoj da ne go izlaze pametot da stavi eden denar vo taa crna dupka. Oti i toj ke go izgubi.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.122
Поени од реакции
8.911
Вака или онака и 2021ва ќе ја живееме со корона криза. Иако нашиот и светските индекси не го рефлектираат тоа.
 
Член од
1 февруари 2016
Мислења
239
Поени од реакции
189
Вака или онака и 2021ва ќе ја живееме со корона криза. Иако нашиот и светските индекси не го рефлектираат тоа.
Се плашам да не биде 2020 земјотрес, а 2021 цунами? Секој се држеше со резервите и помошта цела година, но тој систем е толку кревок што фали уште еден карантин и пик на бројките и мислам дека многумина ќе се предадат и ќе затворат бизниси. Веќе верувам дека кризата е долгогодишна а не една или две години, но тоа не се пушта во промет бидејќи сите че затвореа. Здравјето е отидено, а сега е борба за економскиот систем
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Од досега објавените резултати, сите три македонски позиции ми работеле подобро во 2020. него во 2019, а особено КОМУ којашто достигна бесмислено висок П/е од дури 1,72 :lolzz:

Очекувам озлогласениот Пекабеско да има за дваесетина проценти послаб профит него ланскиот. Меѓутоа, моја претпоставка е дека кризава имаше многу полошо влијание на конкурентите, па од неа би требало компанијата да излезе со подобрена позиција за иднината.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Велат дека у животот е доволно да набодеш само еден тнр. „тенбегер“, односно компанија на којашто ќе заработиш х10 од набавната цена. Јас досега имам фатено четири. Од јавно декларираните формирани позиции ПКБ и КОМУ, кадешто у обете компании по чиста случајност сум втор најголем акционер, ако треба да прогнозирам која у иднина би можела да стане тенбегер, сепак попрво би се обложил на ПКБ.

Пекабеско има огромен простор за раст доколку Кутревци у следните десетина години извршат внимателна регионална експанзија за којашто се сосема способни, а и јас сесрдно и бесплатно у истото би им помогнал. Сигурно и другите мали акционери имаат знаења и способности да придонесат за тоа, а наместо деструктивни судења, Кутревци би требало конструктивно да го впрегнат целиот сопственички потенцијал да влече кон една цел. Ако компанијата у следните 7-8 години стане посериозен регионален играч за сувомесни производи, не би било никакво чудо акцијата да достигне шестоцифрена цена.
Автоматски споено мислење:

site sto sme po odamna tuka, imame po nekoja slicna prikazna.
Епа споделете ги бе, луѓево да не мора да учат на своите грешки туку на туѓите.

Иронијата е што овдека единствено јас и Бошко зборуваме за акционерски проблеми па луѓето мислат дека сме пропаднале, а веројатно обајцата сме имале десетпати поголем успех како инвеститори од ќутолозите што мислат дека се многу мудри ако не споделат јавно каде го јаделе немиен.
 
Последно уредено:
Член од
19 октомври 2012
Мислења
294
Поени од реакции
249
... не би било никакво чудо акцијата да достигне шестоцифрена цена.
Како што знаеш и сам, навлечени сме на дивиденда. Така да додека не поминат , колку беа 7-8 години, и ПКБ не почне да дели денда ништо работа јбг.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Како што знаеш и сам, навлечени сме на дивиденда. Така да додека не поминат , колку беа 7-8 години, и ПКБ не почне да дели денда ништо работа јбг.
Претпоставувам дека секој инвеститор може да живее комотно од редовната заработувачка и да не зависи од приходите од дивидендата. У моментите кога сум ги купувал четирите тенбегери владеела таква невидено траорна атмосфера у врска со нив и дивиденда немало ниту на повидок, ама затоа по 5-6 години сум им ги распродал по десетпати поголема цена на оние што се палат на земање дивиденди.

Нејсе, на човека можеш сосила да му земеш, ама не може сосила да му дадеш. Во вакви примитивни општества највисок углед имаат булшитерите и манипулаторите. Еве и тука на луѓево инвеститори што имаат високо мислење за себе им се замачкани очите и не умеат да увидат што е што и кој е кој.
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
2.360
Абе оти не пишувате вакви работи? Пред неколку дена излегол извештајот за Прилепска Пивара?

И во него, во целата таа криза со Корона, оствариле не само подобри резултати, туку за 4 пати се подобри резултате од лани...

Иако историски не сум ја анализирал премногу компанијава, сепак очекувањата што сум ги споделил тука на форумов, биле подобри и поточни од очекувањата на членови кои долго врееме ја имале акцијата и имаат подобар принос од Ворен Бафет...

Па не само тоа, туку паднало и кладба за овие очекувања. За еден квалитетен ручек во кафана...

1614777847153.png
 
Член од
28 јануари 2019
Мислења
7
Поени од реакции
0

Прегледај го приврзокот 286501
A za 2021 planirana daleko pogolema dobivka napram 2021...
daj bože da nešto pametno ide i u dividendu...
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Абе оти не пишувате вакви работи? Пред неколку дена излегол извештајот за Прилепска Пивара?

И во него, во целата таа криза со Корона, оствариле не само подобри резултати, туку за 4 пати се подобри резултате од лани...

Иако историски не сум ја анализирал премногу компанијава, сепак очекувањата што сум ги споделил тука на форумов, биле подобри и поточни од очекувањата на членови кои долго врееме ја имале акцијата и имаат подобар принос од Ворен Бафет...

Па не само тоа, туку паднало и кладба за овие очекувања. За еден квалитетен ручек во кафана...

Прегледај го приврзокот 286501
Мило ми е што барем короната ги натера Самарџиовци да ме послушаат и они и СКП да не фрлаат кеш за мобилијар за кафичи и скапи реклами. Дури ми е и срам да постирам дека на оваа акција сум остварил само четирикратна заработка :vrtioci:

Screen Shot 2021-03-03 at 14.59.25.png

Што се однесува до ручекот, сум изгубил облог и ќе си платам, а може да организираме уште сега за петокот пошо ќе сум у светлата престолнина. Ионака на форумов само глумиме раскараност за да им замачкаме очи на Кутревци :lolzz:
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
2.360
Како се движи UNI и таа кладба ќе ја добијам изгледа.

Да проверам да не заборавиле некои членови од форумов? :D
Автоматски споено мислење:

Мило ми е што барем короната ги натера Самарџиовци да ме послушаат и они и СКП да не фрлаат кеш за мобилијар за кафичи и скапи реклами. Дури ми е и срам да постирам дека на оваа акција сум остварил само четирикратна заработка :vrtioci:

Прегледај го приврзокот 286507

Што се однесува до ручекот, сум изгубил облог и ќе си платам, а може да организираме уште сега за петокот пошо ќе сум у светлата престолнина. Ионака на форумов само глумиме раскараност за да им замачкаме очи на Кутревци :lolzz:
Многу рано си скокнал. Не си ја дочекал најавата за дивиденда :)
 
Последно уредено:
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Многу рано си скокнал. Не си ја дочекал најавата за дивиденда :)
Кога стариот ја предложи зголемената дивиденда за СА, акцијата отиде накај 45.000 и камо среќа тогаш да продадов. Потоа почнаа многу полошо да работат и тоа се отсликуваше во катастрофалните резултати, такашто ги откачив. Акционерите треба да се молат никогаш да не помине короната, пошо инаку пак ќе почнат со миљонските епски реклами и мизерните профити. Дури и со овогодинешниот вонредно висок профит е на П/е над 15, а догодина може пак да се врати на П/е 50.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom