Македонска берза

Член од
5 јуни 2017
Мислења
126
Поени од реакции
90
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
Алатката е бесплатна до крај на март. Колку што знам берзата е таа која што одлучува дали ќе е бесплатна или ќе се плаќа, а не брокерските куќи.
Ова е за еTrader, јас прашував за mTrader
 
Член од
2 мај 2020
Мислења
106
Поени од реакции
164
ОК, официјално одлуката за распределба ќе биде донесена на следното Собрание, ама ај објасни ми зашто побогу уште од сега ја прикажуваат како ограничена за распределба?
Веројатното објаснување е тоа што колоната задржана добивка има две подколони (Расположива за распределба на акционерите и Ограничена за распределба на акционерите), така што задржаната добивка може да са прикаже во една од двете. Но, се до одржување на Собранието на акционери местото каде е прикажана нема никакво информативно значење, ниту пак правно-обрзувачки импликации.
Тоа не е случај со задржаната добивка за претходните години (за 2019 година и пред тоа), каде што износите се прикажани согласно Одлуките на собрание и тие имаат соодветна информативна улога и правно-обврзувачко дејство.
За споредба види го, на пример, Извештајот за промена во главнината кај КМБ.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
ЗТД точно пропишува како треба да изгледа одлука за распоредување на добивка, а оваа на Слободан што им го свари гравот на сите мали акционери во Северџанија е толку шалабајзерски напишана што дури ни формалните законски барања не ги исполнува. Нормален судија само заради формални недостатоци би требало да ја поништи по службена должност, а не да пресуди дека мали акционери немаат правен основ за тужба!

Ама нејсе, сега има фрлено мрежи па можеби ќе се заплетка некоја крупна риба што навикнала да лови во матните води...

. Screen Shot 2021-02-09 at 21.36.19.png
 
Член од
19 октомври 2012
Мислења
294
Поени од реакции
249
Веројатното објаснување е тоа што колоната задржана добивка има две подколони (Расположива за распределба на акционерите и Ограничена за распределба на акционерите), така што задржаната добивка може да са прикаже во една од двете. Но, се до одржување на Собранието на акционери местото каде е прикажана нема никакво информативно значење, ниту пак правно-обрзувачки импликации.
Тоа не е случај со задржаната добивка за претходните години (за 2019 година и пред тоа), каде што износите се прикажани согласно Одлуките на собрание и тие имаат соодветна информативна улога и правно-обврзувачко дејство.
За споредба види го, на пример, Извештајот за промена во главнината кај КМБ.
Можеби нема правно обврзувачко дејство, ама има погрешно наведување на сите заинтересирани страни. Тој дел не е само туку така ставен да биде обврска во известувањето. По некоја логика, треба прво да ја прикажат добивката во колоната што е Расположива за распределба, па дури откако ќе помине на Собрание да има трансфер во Ограничена. Вака прикажано наведуваат дека на Собрание одлуката ќе биде иста како што била во изминатитите години.
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
2.360

Можи за оваа забелешка да им се пиши.
 
Последно уредено:
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
„...користење на експертизата на професионалните менаџери во главните фондови, а со крајна цел подобро управување со средствата“ - замалку не повратив кога прочитав! :pos:

И досега повратите на инвестициските фондови беа катастрофални, а практиките за прибирање средства манипулативни накај криминални, ама со новиве измени тоа уште повеќе ќе се засили: „се брише обврската отворениот инвестициски фонд да прибере парични средства од најмалку 300.000 евра во денарска противвредност за да може да се основа, обврската да ја одржува нивната висина, како и обврската на друштвата за управување со инвестициски фондови да доставуваат до Комисијата за хартии од вредност, ревидирани полугодишни извештаи за друштвото и за инвестициските фондови со коишто тоа управува“.

Сега и Курто и Мурто ќе може да отвара фондови без никаков капитал и отчетност, такашто на невидено би се обложил дека у следните пет години ќе има барем 2-3 милионски скандали поврзани со инвестицискиве фондови.

Член од
18 јули 2009
Мислења
6.189
Поени од реакции
4.015
TNB гледам последниве денови оди плус и прометот кај нејзе порасна , дали се очекува добра дивиденда со оглед дека лани не дадоа ?
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.189
Поени од реакции
4.015
А продаде и КМБ нели.

Ти си поголем "лузер" и од мене што продадов НЛБ
Продадов КМБ имав ќар , па потоа пак купив на 6.200 , ама и ТНБ на 18.500 купено ..(очекувам добра дивиденда оваа година )
 
Член од
2 мај 2020
Мислења
106
Поени од реакции
164
Можеби нема правно обврзувачко дејство, ама има погрешно наведување на сите заинтересирани страни. Тој дел не е само туку така ставен да биде обврска во известувањето. По некоја логика, треба прво да ја прикажат добивката во колоната што е Расположива за распределба, па дури откако ќе помине на Собрание да има трансфер во Ограничена. Вака прикажано наведуваат дека на Собрание одлуката ќе биде иста како што била во изминатитите години.
Со користење на постојниот образец Извештај за промена во главнината за банките, кај кој постои една колона за Задржана заработувачка и две потколони Расположива за распределба на акционерите и Ограничена за распределба на акционерите, каде и да се прикаже добивката за финансиската година (2020), постои потенцијална опасност од недоразбирања, односно ‘‘погрешно наведување на сите заинтересирани страни‘‘. Така, ако се прикаже добивката за финасиската година 2020 во Расположива за распределба на акционерите, а на идното Собрание на акционери се одлучи делумно или целосно да биде Ограничена за распределба на акционерите, тогаш се доведени во заблуда заинтересираните страни. Обратно, ако се прикаже во потколоната Ограничена за распределба на акционерите, а на Собранието на акционери се донесе одлука за делумно или целосно исплаќање како дивиденда, повторно погрешно се информирани заинтересираните страни.

Проблемот произлегува од мешањето ‘‘баби и жаби‘‘. Всушност станува збор за Задржани добивки од различен квалитет: онаа за 2019 година е врз основа на Одлука за распоредување на добивката донесена на Собранието на акционери одржано во 2020 година, а за судбината на добивката за 2020 година, допрва ќе се одлучува на Собранието на акционери кое ќе се одржи во тековната 2021 година. Во основа, според постојниот образец прикажувањето на добивката за 2020 година во која и да е од двете потколони нема никаква информативна вредност, бидејќи не прејудицира ништо, ниту пак, го обврзува Собранието да ја распореди согласно нејзината привремена локација во Извештајот за промена на главнината.

За да се избегнат потенцијални недоразбирања и ‘‘наведувања‘‘ во Извештајот за промена на главнината треба при дното под **) со болдиран текст да се даде појаснување дека за судбината на добивката за 2020 година допрва ќе се одлучува на Собрание на акционери, дека од технички причини таа е прикажана како задржана добивка во една од двете потколони и дека тоа не треба да се сфаќа како предлог-одлука за следното Собрание на акционери.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom