Македонска берза

Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
toa se lesno dostapni podatoci,sekoj akcioner moze da ja dobie taa informacija.
На акционерите им е доволно да знаат дека КМБ е „супер компанија“, а не да влегуваат во ситни цревца како акционерска структура. Јас дури едино заради тоа би купил по една акција у овие 4 компании, ама кога веќе толку информации и анализи давам гратис, ваљда сум насобрал добра карма да слушнам гратис у емисија кои се 30-40 најголеми акционери у најтргуваните фирми. Овие себични што само алчно прибираат и стискаат у себе информации сметајќи се за којзнае колку мудри, ќе им наплатат кога-тогаш или Господ или универзумот :lolzz:
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
2.359
Се сметам себеси како еден од луѓето во државата што е најмногу запознаен истовремено за двата случаеви. Иако имам резерва за некои од сегашните аргументи на акционерите, радосен сум за оваа одлука на судот за приоритетните акции од Стопанска Банка.

Ме изненадува податокот што истата судијка во релативно краток временски период на сосема различен начин во двата случаи различно го толкува: „мнозинскиот акционер стекнал корист за себе а на штета на малцинските акционери“ иако познавајќи ги двата случаи во делот кај стекнатата корист кај Пекабеско тоа е многу појасно и почисто изразено. Исто така толкувањето дека акционер немал правен интерес во едниот, а има правен интерес во другиот случај...

Стојам на тоа дека и двата проблеми мнозинските акционери требаше да ги решат многу брзо. Во првичните разговори со СТБ беше барана само конверзија, нити дивиденди, ни разни други работи... Како тече времето процесот се усложнува и на крај ќе се платат многу повеќе пари и постои потенцијален голем репутациски ризик за Банката. Иако јасно се изразени номиналите, Стопанска банка проба да ја искористи својата позиција и да испреговара пониска конверзија 1:1, 1.5:1... Бидејќи влегоа во дискусии дека тоа е менлива категорија иако математички јасно е напишано, им препорачувам на тековните иматели да бараат повисоки конверзии 3:1, 5:1, 10:1. Стопанска банка играше многу калкуланстки во целиот процес и дозволи некоја идна потреба за зголемување на капиталот, потенцијална продажба, да зависи од 3ца акционери кои со неколку стотици илјади евра поседуваат над 33% од приоритетните акции.

Исто Кутревци уште на старт го потценија целиот процес, а можеа со тие пари што планираа да си ги дадат како награда, да ги откупат сите преостанати акции, па после ако сакаат и глава да си кршат во компанијата... Но тие одбраа подруг пат, кој на крај ќе ги чини многу повеќе пари, време и енергија.
 
Последно уредено:
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Иако не би ми пречело вечно да останам акционер во успешна растечка компанија па дури и бесплатно да придонесам кон тоа, во Пекабеско ситуацијата може да се разреши само на еден начин, а тоа е Кутревци да нѐ исплатат и да си ја повлечат у ДООЕЛ. Потоа браќата нека си ја поделат по пола или по сегменти, какошто и сега ги управуваат. Секоја следна итерација на мали акционери е поинформирана и посвесна за вредноста на акциите од секоја претходна, а со протек на времето компанијата станува сѐ повредна и повредна, такашто подобро е за нив да нѐ откупат и нас и вработените акционери порано него подоцна.

Единствената друга опција им е да ја крадат фирмата, ама барем јас сум одлучен тоа да не го дозволам со сите средства и по било која цена и штета за компанијата навлекувајќи им ги на врат сите можни инспекции, обвинители, новинари и државни рекетари од секој можен вид што секое украдено денарче ќе им излезе низ нос!
 
Член од
2 септември 2014
Мислења
187
Поени од реакции
195
Granit sobiraat se na 1150 i se ceka da eksplodira mislam deka prv pat ke ja vidime po tolku vreme na 1500 :)
Дали Гранит прави поголем приход од порано? Како стојат со работа во Македонија и Босна? Дали има најава дека градежништвото ќе биде приоритет во Македонија и дека истите тие проекти ќе ги добие нашата компанија Гранит?

Врз онова на шпекулации и со промет од 1милион денари да се креват цени е далеку од успех...
Автоматски споено мислење:

и уште нешто мал сегмент во тргувањето на Гранит во последните 4 години за истиот период Јануари
Јануари 2018 промет на мсе - 9.771.066 денари
Јануари 2019 промет на мсе - 15.549268 денари
Јануари 2020 промет на мсе - 55.946.213 денари
Јануари 2021 промет на мсе - 5.462.532 денари
 
Последно уредено:
Член од
10 април 2013
Мислења
1.107
Поени од реакции
705
Sakale da vidite i priznete ili ne ama Mandrac bese vo pravo vcera,GRNT deneska udri vo 1200den. po akcija.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Не би ме зачудило да се испостави дека АКМИС-от случајно местел граѓански предмети и кај оваа судијка Мирјана, којашто со овој пасус ѝ го сварила гравот на Стопанска банка. Комотно можела да го склепа небулозното „објаснување“ и на овдешниот тужител В.Т. да му пресуди дека нема правен интерес да ја тужи С. банка АД С.

Screen Shot 2021-01-26 at 09.05.53.png

Со тоа што им исплатиле фиксна дивиденда што им следува како за кумулативни акции, таа толкува дека им е признаена партиципативност да земаат дивиденда како и обичните :popce: Тенденциозноста е особено очигледна кога се споредуваат пресудите за Стопанска и Пекабеско, кадешто на повеќе места се произнела на два различни начини за толкување на исти работи.

Еве сведочиме докај доведе толерирањето на затуцанава раја на корумпираните неспособни партиски газолижачи што заземаа највисоки позиции со огромни плати по регулаторни тела и во правосудството. Кога разговарав со еден Холанѓанец за случајот со Пекабеско, тој се зачуди и ме праша дали добро ме разбрал, затоа што ваквите работи се разрешени кај нив уште пред 500 години и се крсти како КХВ допушта тоа да се случува во денешницата! Патиштата по градовите ни се одамна како во римско време од пред 2.000 години, а еве конечно во Струга жителите немаат вода од водовод, па нив цивилизациски ги вратија наназад 3-4.000 години!
 
Член од
5 октомври 2017
Мислења
36
Поени од реакции
45
Не би ме зачудило да се испостави дека АКМИС-от случајно местел граѓански предмети и кај оваа судијка Мирјана, којашто со овој пасус ѝ го сварила гравот на Стопанска банка. Комотно можела да го склепа небулозното „објаснување“ и на овдешниот тужител В.Т. да му пресуди дека нема правен интерес да ја тужи С. банка АД С.

Прегледај го приврзокот 281721

Со тоа што им исплатиле фиксна дивиденда што им следува како за кумулативни акции, таа толкува дека им е признаена партиципативност да земаат дивиденда како и обичните :popce: Тенденциозноста е особено очигледна кога се споредуваат пресудите за Стопанска и Пекабеско, кадешто на повеќе места се произнела на два различни начини за толкување на исти работи.

Еве сведочиме докај доведе толерирањето на затуцанава раја на корумпираните неспособни партиски газолижачи што заземаа највисоки позиции со огромни плати по регулаторни тела и во правосудството. Кога разговарав со еден Холанѓанец за случајот со Пекабеско, тој се зачуди и ме праша дали добро ме разбрал, затоа што ваквите работи се разрешени кај нив уште пред 500 години и се крсти како КХВ допушта тоа да се случува во денешницата! Патиштата по градовите ни се одамна како во римско време од пред 2.000 години, а еве конечно во Струга жителите немаат вода од водовод, па нив цивилизациски ги вратија наназад 3-4.000 години!
Браво за храброста на судиката да досуди против банка која сигурно пробала преку разни притисоци да ја добие пресудата.... Барем некој се трудел да презентира теорија на случај која се базира на познавање на разните права кои ги носат акциите.:cuc:
Тоа што не донела пресуда во друг случај, треба да се анализира каков случај прикажале тужителите и колку им се запознати адвокатите со теоријата и праксата.
Ако се потврди пресудава, ќе стане судска пракса која ќе им донесе разни користи на малцинските акционери... САМО НАПРЕД
 
Како имателите на СТБП ќе извлечат корист од пресудата? Што утре ќе ја спречи СТБ да донесе одлука дека им се дава фиксна дивиденда од 4 денари и редовна дивиденда од 0 денари? Зошто не расте СТБП и не паѓа СТБ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom