Македонска берза

Член од
27 ноември 2009
Мислења
963
Поени од реакции
920
Член од
4 декември 2012
Мислења
45
Поени од реакции
37
Значи АЛК, КМБ, МПТ, НЛБ се супер компании и логички ние што сме вложиле во нив сме направиле добар избор, а ти бидејќи си се заебал со ПКБ и неможејќи да ја исправиш неправдата, сега ќе се бориш и бунтуваш за сите да не најде истата судбина. Не дека грам страв има некој од оваа твоја изјава, но твојата фрустрација веќе преминува во многу посериозен облик.
Остај го џабе збори гримчо. Тоа што е во Пкб е само 2-3 компании. Алк, Живко има 7-8%, кмб нема доминатен сопственик Хари нема толку акции, Мпт Андреа има во Оилко и нешто во Мпт нема мнозиство, Нлб е мнозиски во нлб мкд ама не може да се награди. Ова може да се направо само прилепска пивара, Витаминка и не знам на друго место. Така да Гримчо може да земе вувузела ама од обртно да ја дува и да збори. Секако сите доминатни акционери можат да изгласаат и да си одлучат да си ги наградат своите извршни директори.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.066
Поени од реакции
3.212

На прсти ќе ги изброиш компаниите без доминантен сопственик или група на луѓе што немаат мнозинство,
ич да не му се секираш дека нема да се испазарат тие неколкумина да ги заебат малите риби, колку за твоја информација можеби Хари нема многу акции, ама на Комерцијална фондовите имаат значителен број на акции во доста компании, а тие компании пак имаат значителен број на акции во Комерцијална, што е добра основа за добар дил.

Зошто НЛБ не може да се награди, Сосиете Женерал неколку години се наградуваше како износот на дивидендата.
 
Dar_Mak

ексцентрик
Член од
22 октомври 2010
Мислења
335
Поени од реакции
323
А поради што се супер компании? Еве напиши по 2-3 реченици со аргументи за секоја од нив поради што си одлучил да инвестираш баш у тие акции
Па ти ги оквалификува како такви, јас дури и да не знам со аргумент да поткрепам зошто би вложил во нив, можеби ми е доволна само интуицијата?! Ова му доаѓа нешто како кога оние експертите по фудбал, паѓаат на коефициент 1,2 во обложувалница, па доаѓа некој не-експерт и си лапне 1000 евра со 20 денари уплата.
Освен тоа, инвестирав во нив највеќе поради тоа што имаат каква таква ликвидност, профитабилни се според тоа што го читам по медиумите, делат дивиденда и позитивниот тренд кој го имаат во последните 2 години. ПКБ не видов ниту едно нешто да имаат од ова, дури и таа панцета/пршута што им ја толку фалиш не им ја бива :D
 
Член од
25 август 2016
Мислења
438
Поени од реакции
317
Кога ќе ги пуштиш коефициентите за МакБерза2021??

Еве ви линк од пресудата за Стопанска банка

40 страни е и ќе ги читам некој друг ден, сега разгледав само неколку страни, има премногу бројки, вакви онакви одлуки, и само 15 дена за жалба, повеќе пари ќе земат адвокатите и судот одколку што земаат сите за приоритетните :D
СЕ УСВОЈУВА тужбеното барање на тужителот В.Т. од С..

СЕ ПОНИШТУВА одлуката за распределба на добивката на С банка АД С. за 2018 година од 29.05.2019 година донесена на Собрание на акционери на С банка АД С. одржано на 29.05.2019 година и истата не произведува правно дејство.

СЕ ПОНИШТУВА одлуката за начинот на пресметување и исплата на дивиденда на приоритетни акции на С банка АД С. за втората половина на 2018 година од 29.05.2019 година, донесена на Собрание на акционери на С банка АД С. одржано на 29.05.2019 година и истата не произведува правно дејство.
Сопствениците на приоритетни акции, меѓу кои и тужителот, имаат право покрај на гарантирана (фиксна) дивиденда и право на варијабилен дел оддобивката, кои права се утврдени и во Одлуките за издавање на акции од втора, трета и четврта емисија, така да тужителот смета дека тужениот треба да им исплати на сопствениците на приоритетни акции покрај дел од гарантирана (фиксна) дивиденда и дел од вкупната добивка на банката остварена во 2018 година, која е наменета за распределба на акционерите, до износот кој го добиваат имателиет на обичните акции и тоа во износ сразмерно на учеството на приоритетните акции во капиталот (основната главнина) на банката. Гарантираната фиксна дивиденда на приоритетните акции е утврдена со точката 8 од Одлуката за издавање на акции од втората емисија, точката 8 од Одлуката за издавање на акцио од третата емисија и со точката 9 од Одлуката за издавање на акции од четвртата емисија на С банка АД С..
Гарантираната (фиксната) дивиденда на приоритетните акции се утврдува во висина на каматата на средствата на штедните влогови и депозити на граѓаните орочени на 1 (една) година зголемена за соодветниот процентен поен кој се утврдува со Одлуката за матни стапки на Банката. Правото на сопствениците на приоритетни акции, меѓу кои и тужителот, за учество во распределбата на добивката на Банката – тужен како варијабилен дел е утврдено во точката 11 од Одлуката за издавање на акции од втората емисија, точката 11 од Одлуката за издавање на акции од третата емисија и точката 12 од Одлуката за издавање акции од четвртата емисија каде е утврдено дека „врз основа на Одлука на Собранието, имателите на приоритетни акции можат да стекнат право на учество во распределбата на добивката на Банката како варијабилен дел во висина што ќе ја утврди Собранието, но најмногу до износот што ќе го добијат имателите на обични акции“. Правата кои произлегуваат од приоритетните акции се регулирани и во ЗТД кој во член 279 став 3 предвидува: „ партиципативната приоритетна акција му дава на сопственикот, покрај утврдената (фиксна) дивиденда и право на исплата на дивиденда која што им припаѓа на сопствениците на обични акции“.
И уште нешто ептен интересно, што би требало да важи и за Пекабеско.
Мнозинскиот акционер водејќи се само од своите интереси, гласал за предложените одлуки со што се донесени одлуки кои се предмет на побивање со оваа тужба бидејќи со истите мнозинскиот акционер стекнал корист за себе а на штета на акционерите сопственици на приоритетни акции. Согласно одредбите од член 412 ст.1 од ЗТД „Одлука на собрание може да се побива и ако акционер гласал за одлука со намера за себе или за некој друг да стекне корист на штета на друштвото или на друг акционер, а со побиваната одлука тоа се постигнува“.
 
Последно уредено:
Член од
2 мај 2020
Мислења
106
Поени од реакции
164
Еве ви линк од пресудата за Стопанска банка

40 страни е и ќе ги читам некој друг ден, сега разгледав само неколку страни, има премногу бројки, вакви онакви одлуки, и само 15 дена за жалба, повеќе пари ќе земат адвокатите и судот одколку што земаат сите за приоритетните :D

И уште нешто ептен интересно, што би требало да важи и за Пекабеско.
Благодариме за корисната информација. Дали би можел да ни го постираш и бројот на предметот за да можеме да ја пронајдеме одлуката?
Автоматски споено мислење:

Не работел линкот, не го ни проверив.

Линк од пресудата за симнување

А ако некој го интересира да пребарува, на погодниот линк нека внесе Основен граѓански суд Скопје, број на предмет >> П1-584/19 и нека стави ранг на пребарување да го опфати 10.12.2020 оти тогаш е донесена пресудата.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Живко има 7-8% у АЛК, ама и таа сестра му имаше над 5% па сега паднала под тоа. Тој шо им е директор за односи со инвеститори е ваљда нејзин сопруг, па може да каже да не има уште некоја помлада братучетка да се призетиме и ние лукративно кај Мукаетовци. Секој со два грама мозок може да претпостави како Трајче Мукаетов („елитен кодош“ - како што го нарекува Јанко Бачев) стигнал до десетина проценти сопственост во Алкалоид. И у овој Живко странците многу инвестираат, цело време го посетуваат амбасадори да му го креваат јавниот имиџ, такашто само го чекам денот кога ќе ни го октроираат за премиер нешто по модел на Нина Групер...

Не сум ги читал записниците од собранија на АЛК, КМБ, МПТ, ГРНТ, ама со оглед на пасивноста на малите инвеститори да доаѓаат на акционерски собранија, би рекол дека екипи од 20-30-40% акции ги контролираат фирмите и си ги изгласуваат одлуките. Они може лесно да си се организираат да им изгласаат на директорите по десетина милиони евра „учества у добивка“, а у крајна линија овој ќе ги извади у кеш и ќе им подели пропорционално нивен удел на штета на останатите мали акционери. Нема спас ни за доминантните акционери у СТБ, НЛБ, УСЈЕ, ТЕЛ, пошо мнозинскиот акционер само ќе си изгласа 5-10-20 миљони евра „учество у добивка“ за матичната компанија и малите акционери може да се сликаат пошо судот у случајот на Пекабеско пресудил дека е легално тоа да се прави.

Инаку, истата судијка Мирјана Николовска Калчиноска што пресуди у ПКБ, пресудила и за СТБП. Изгледа адвокатот Гоце Тасков од Свети Николе на лицето В.Т. од С. нашол поуверлив начин да ѝ ги презентира правните аргументи од нашиот флегма. Баш ќе ја разгледам и нивната пресуда да видам како успеале да не им склепа некоја небулоза дека „немаат правен интерес“ да тужат за поништување на собраниската одлука.
 
Тешко во Македонија група цела да се договори за да еден да земе за себе. Затоа не ги плаши луѓево.
 
На собраниајата на Алкалоид обично се присутни над 56% од акционерите, на Макпетрол 70% и нешто, Комерцијална, оваа година 56%, претходната ми се чини 52%.

КБ фондовите ако некој ги интересира како гласале https://www.kbprvo.com.mk/category/извештаи-за-собранија-на-акционери/ патем пишува и колку проценти имаат,
во Алкалоид имат над 4%, МакедонијаТурис над 2,5% (лани имаа над 3%), Гранит скоро 2%,
Сава фондот има акции во уште повеќе компании (не е наш ама ако се подмачкаат директорите, нема да се грижат за пензионерите).

Нашиве изгледа не свакаат колку е сериозна работата со Пекабеско и дека ќе има домино ефект во над 90% од АД компаниите, можеби во АЛК, КМБ, МПТ, ГРНТ (незнам дали има уште некоја со слична акционерска структура) ќе издржат некоја година додека група на луѓе не дојде до 51%, штом ќе дојдат ставете и крај на таа компанија за исплата на дивиденда.
Автоматски споено мислење:

Тешко во Македонија група цела да се договори за да еден да земе за себе. Затоа не ги плаши луѓево.
Зошто еден кога сите поголеми обично се во управен или надзорен и за пари многу лесно ќе се договорат како да ги поделат.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Тешко во Македонија група цела да се договори за да еден да земе за себе. Затоа не ги плаши луѓево.
Па ете, дури и во Пекабеско имаш случај кајшто малите што се вработени во компанијата не се ни појавуваат како акционери на собранијата и оставаат единствено Слободан да си изгласа „учество во добивката“, ваљда размислувајќи дека и они имаат финансиска корист затоа што земаат плата од фирмата.

Меѓутоа, ова е детска играчка во однос на испреплетените змијарници што постојат во другите поголеми компании. Тоа се све луѓе што со децении се вмешани во матни деловни работи и имаат врски во власта и правосудството, а без проблем ќе се договорат за нова зделка на штета на малите акционери аутсајдери. Би било супер у емисијата на Палчо да извади акционерски книги од КМБ, АЛК, МПТ и ГРНТ и по ред да ги чита најголемите акционери и да коментира со што се занимаваат и како го стекнале капиталот. Еве јас прв би се нацртал пред екран да гледам таква содржина :vozbud:

Што се однесува до пензиските фондови, веќе имам пишувано каква им е фидуцијарната одговорност спрема идните пензионери чиишто придонеси собираат заради инвестирање. Нпр. овој Сава фонд поседува околу 9% од акциите во МТУР, ама ништо не преземаа кога за време на короната не беа прикажани капиталните загуби во извештајот за сеопфатна добивка. Вработените во фондовската индустрија си ќутат и дупат, а тоа ќе трае сѐ додека затуцанава раја трпи и не бара отчет од никого што секој месец ѝ ја цица крвта преку даноци и придонеси без да ѝ испорача соодветни резултати.
 
Последно уредено:

Hub

Член од
3 мај 2017
Мислења
672
Поени од реакции
714
Би било супер у емисијата на Палчо да извади акционерски книги од КМБ, АЛК, МПТ и ГРНТ и по ред да ги чита најголемите акционери и да коментира со што се занимаваат и како го стекнале капиталот. Еве јас прв би се нацртал пред екран да гледам таква содржина :vozbud:
toa se lesno dostapni podatoci,sekoj akcioner moze da ja dobie taa informacija.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom