Македонска берза

Член од
10 април 2013
Мислења
1.107
Поени од реакции
705
Суштината е Грим да не лае за да не дознаат и другите. Јас мислам дека он ќе биде најкрив ако и другите мнозиски акционери во другите компании ова го направат. Пишува сегде, излезе и во капитал и сега сите знаат како треба. Да си ќутеше некој немаше да знае ни дека има спор во суд, ни дека некоја одлука се донела.
Ti seriozno mislis deka gazdite na kompaniite :pos:se informiraat od nasiot forum ?
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
2.360
Суштината е Грим да не лае за да не дознаат и другите. Јас мислам дека он ќе биде најкрив ако и другите мнозиски акционери во другите компании ова го направат. Пишува сегде, излезе и во капитал и сега сите знаат како треба. Да си ќутеше некој немаше да знае ни дека има спор во суд, ни дека некоја одлука се донела.
Што има во Капитал??
 
Член од
19 октомври 2012
Мислења
294
Поени од реакции
249

Ти озбилен си дека Грим треба(ше) да ќути? Како прво таа судска одлука е катастрофална и човекот има право да „лае“ колку сака, бидејќи негови пари има вложено, негов капитал. А пишувањето треба да донесе поголема правичност, па ако треба и закони да се менуваат, за да биде по фер за малцинските акционери во сите акционерски друштва. За да не може некој со 50%+1 акција да се однесува како сопственик на 100% од акциите.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Суштината е Грим да не лае за да не дознаат и другите. Јас мислам дека он ќе биде најкрив ако и другите мнозиски акционери во другите компании ова го направат. Пишува сегде, излезе и во капитал и сега сите знаат како треба. Да си ќутеше некој немаше да знае ни дека има спор во суд, ни дека некоја одлука се донела.
За разлика од другите зелки што молчат додека ги гризе кутрето, јас имам сосема спротивен пристап. У животот никого не сум оштетил, искористил, изманипулирал или било што нечесно заработил и стекнал, па пошо сум со чист образ не ми е никаков проблем сечии дела и недела да биде ставени пред очите на јавноста. Таа за нив ќе даде морален суд, што во случајот на Слободан е едногласно негативен што е евидентно од текстовите од тип „Спие ли мирно“ и „Ода на алчноста“.

Господ ми е сведок дека прво сум пробал да ги едуцирам и поттикнам малите акционери да не дозволат транзициските профитери да ги ограбуваат. Овој преседан најмногу ќе ги засегне нив 80.000, ама и сите 800.000 вработени, затоа што пензиските фондови од вториот столб поседуваат околу 40 миљони евра вредни северџански акции, најмногу во Алкалоид. Па ако веќе не успеам да ги оправам малите акционери, сигурно ќе го оправам Живко догодина неказнето да си исплати како и Кутревски 60% од добивката, т.е. 10 миљони евра. Тоа исто ќе го направат и другите директори на котираните компании, па барем берзата догодина нека се пеплоса, а вработените и брокерите нека се спремат да вртат плескавици. Не секој народ заслужува да има берза, ете Албанија и Косово немаат.

Такашто, како мали акционери имате две опции: или ургирајте и алармирајте што помасовно кај институциите за случајот да се следи и да се спречи криминалот, или продајте си ги македонските акции на овие одлични цени пошо догодина по бонусите ќе се преполоват!

Јас за случајов ги информирав сите релевантни меѓународни и домашни институции, вклучувајќи ги и обвинителството и судскиот совет. Досега сигурно поради основано сомневање на корупција што го предизвикува евидентно небулозната пресуда веќе е започната истрага со следење и прислушување на кутрињата, нивните адвокати, судијката, поротниците, како и судиите од советот на Апелација кај коишто ќе падне предметот по жалбите на зелките да го решат правосилно. Такашто - бујрум! Ти @DumDumDum поздрави ги слободно нека повелат да направат било што незаконско. Погоните се ионака блиску до Шутка и Идризово.

А ако и по сите овие преземени мерки и дејствија, Апелација случајно ја потврди одлуката, тогаш најсериозно ќе се посветам како втор најголем акционер во Пекабеско да ги информирам апсолутно сите партнери и потрошувачи за овие случувања. Тие потоа ќе можат според својата етичност и отчетност пред сопствената јавност и акционери да одберат да продолжат да соработуваат со Пекабеско и да ги купуваат неговите производи или не. Дури и компанијата да отиде во стечај, ќе изгубам само пари и тоа нема воопшто да ми го измени начинот на живот. Меѓутоа, секоја исплата на „менаџерска награда“ мене најмногу ме оштетува, а тоа немам намера да го трпам. Во таков случај, за мене лично е сѐ едно дали компанијата работи со загуба или работи добро и Слободан си ги зема парите, ама за него богами нема да биде!
 
Член од
4 декември 2012
Мислења
45
Поени од реакции
37
Што има во Капитал??
Мојс грешка, Фактор мислев
Автоматски споено мислење:

А на Трамп му се јави
 
Член од
10 април 2013
Мислења
1.107
Поени од реакции
705
Мојс грешка, Фактор мислев
Автоматски споено мислење:

А на Трамп му се јави
Vo ovoj slucaj mnogu dobro bi "legnal" eden citat od pratenikot M.A.pred 25-6 godini koj stalno velese "Smejte se smejte, ama utre ke placete."
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Мојс грешка, Фактор мислев
Автоматски споено мислење:

А на Трамп му се јави
Еве нему и да не, ама сосема доволно Американци што ќе вршат ветинг на правосудството во Северџанија ќе го следат случајов. Во Албанија 50% судии и обвинители се испоапсени и исчистени од системот пошо се испоставило дека биле само најобични криминалци што вршеле правосудни функции, а митото најчесто било организирано преку адвокати и судски службеници. Баш ќе видиме како ќе помине судијката што ја донесе пресудата за немање правен интерес. Ептен кејф би ми направило лисици за нудење и земање поткуп да се стават токму во случајот на Пекабеско, со јавно шоу, со телевизиско апсење, со приведување, со све!
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
2.360
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Пошто морав да ја објаснувам ситуацијата со Пекабеско на многу луѓе, сфатив дека постои затуцано мислење дека „тој има 51% акции, може да си изгласа што сака“. Сите ги охрабрив самостојно да си го прочитаат ЗТД затоа што тој е Библија за инвестирањето, ама еве и сега соџвакано ќе напишам зошто дури и да има 99,9% акции, мнозинскиот сопственик не може да си изгласа што сака:

Screen Shot 2020-10-18 at 21.03.20.png

Дури и поетесата во пресудата утврдила дека „со Одлуката се остварувала несомнена корист и привилегија за Првиот извршен директор на сметка на Друштвото“, а за таа одлука тој според закон НЕ СМЕЕЛ да гласа, а без неговите акции не би се изгласала! Практично, без мнозинство од преостанатите акционери, тој НЕ МОЖЕ да гласа за користи за себе, ниту пак да гласа за себе или за синовите да бидат директори!

Ништо не спречува мнозински акционер како Слободан да добие бонус или да биде поставен за директор, ама мнозинството од преостанатите неповрзани лица мали акционери треба тоа да му го изгласаат! Според гласовите на собранијата, може да видите дали тоа го заслужил.

Почитувањето на овој член е КЛУЧНО за развојот на малото акционерство во Северџанија, самошто во ниедна компанија досега малите не се организирале да ги дисквалификуваат од гласање директорите и нивната поврзана екипа којашто со 10-20-30% гласови ја владее фирмата и си граба колку сака. Со оглед на малиот број акционери во Пекабеско, организирањето одеше многу лесно.

На сите несогласувања, меѓу малите акционери постоеше свест и волја да се добие оваа битка за сите мали акционери во Македонија, ама корумпираниот систем нѐ сопна на првата пречка. Поради тоа, кој веќе не направил, нека издвои 20 минути и нека пише групен мејл на клучните странски и домашни институции да го следат случајот затоа што само масовноста може да помогне да се добие оваа битка за акционерските права на сите. При максимална транспарентност и следење на процесот, никој нема да смее да се дрзне да земе мито за да им заврши работа и сам ќе ги искодоши ако му понудат!
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
А еве зошто е важно што помасовно да се алармира за случајот, пошо искомпромитирана судијка од Апелациониот суд којшто сега ќе решава второстепено во предметот е сестра-близначка на сопругата на Слободан! Уште една што треба максимално да се следи и држи на око!

Screen Shot 2020-10-19 at 09.53.32.png

Screen Shot 2020-10-19 at 09.53.15.png
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.867
Поени од реакции
7.254
Поради тоа, кој веќе не направил, нека издвои 20 минути и нека пише групен мејл на клучните странски и домашни институции да го следат случајот затоа што само масовноста може да помогне да се добие оваа битка за акционерските права на сите.
Едно 100 пати повика да пишуваме, но ќе може ли да споделиш ти што имаш напишано и до кои институции го имаш испратено, па кој сака ќе препрати жалбата до истите мејлови.

Добро е што си освестен дека системот е целосно корумпиран, но корумпиран систем со пишување не се оправува, има време, ќе се увериш. :sakasuste:

Што правиме со Член 365
(3) За работата на извршните членови на одборот на директорите, на членовите на управниот одбор, односно на управителот, собранието може со одлука да им одобри и учество во добивката. Учеството, по правило, се состои од учество со дел од годишната добивка на друштвото (исплата во пари, акции, тантиема, бонус или друг начин). Одобреното учество во годишната добивка на друштвото се пресметува на делот од годишната добивка што останува по намалувањето на остварената добивка за износот од вкупните загуби пренесени од претходните години и за износите што се издвојуваат за законски и за статутарни резерви. Одлука што е спротивна на оваа одредба е ништовна. :toe:
 
Hub

Член од
3 мај 2017
Мислења
672
Поени од реакции
714

vo toj slucaj ke mora da se izzeme od glasanjeto valjda.
 
ahil

м-р
Член од
11 јули 2005
Мислења
628
Поени од реакции
618
А еве зошто е важно што помасовно да се алармира за случајот, пошо искомпромитирана судијка од Апелациониот суд којшто сега ќе решава второстепено во предметот е сестра-близначка на сопругата на Слободан! Уште една што треба максимално да се следи и држи на око!

Прегледај го приврзокот 271036

Прегледај го приврзокот 271037
Може тие 22.000 евра во акции да бидат баш во Пекабеско а?
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Едно 100 пати повика да пишуваме, но ќе може ли да споделиш ти што имаш напишано и до кои институции го имаш испратено, па кој сака ќе препрати жалбата до истите мејлови.

Добро е што си освестен дека системот е целосно корумпиран, но корумпиран систем со пишување не се оправува, има време, ќе се увериш. :sakasuste:

Што правиме со Член 365
(3) За работата на извршните членови на одборот на директорите, на членовите на управниот одбор, односно на управителот, собранието може со одлука да им одобри и учество во добивката. Учеството, по правило, се состои од учество со дел од годишната добивка на друштвото (исплата во пари, акции, тантиема, бонус или друг начин). Одобреното учество во годишната добивка на друштвото се пресметува на делот од годишната добивка што останува по намалувањето на остварената добивка за износот од вкупните загуби пренесени од претходните години и за износите што се издвојуваат за законски и за статутарни резерви. Одлука што е спротивна на оваа одредба е ништовна. :toe:
Имам претходно во повеќе наврати пишувано кои меѓународни и домашни институции треба да се информираат: пишете им на сите познаници и контакти од амбасади, институции за правна и економска соработка, медиуми, партии, македонска финансиска индустрија и регулатори... а ние најдиректно засегнатите и на институциите за прогон. Само слеп човек може да не види дека доколку Апелација ова му го валидира, следната година сите директори неказнето ќе си исплаќаат неограничени бонуси и тоа ќе ги сотре малите инвеститори, фондовите, берзата и брокерите, а уништената корпоративна култура и акционерски и имотни права ќе бидат пречка во преговорите за пристап во ЕУ. Тоа пишете го со свои зборови у мејловите.

Законски собранието МОЖЕ да му одобри учество во добивката или да го именува за директор, но тој и неговите поврзани лица и фирми за таква одлука НЕ СМЕАТ да гласаат.

И сигурно нема да очекуваш да ти каже „еј, јас законски не сум во право, па сега преку балдазата-судијка или адвокатите ќе средам жалбата да падне кај тој и тој судски совет и потоа ќе ги поткупам да ми ја потврдат одлуката“, него мора да размислуваш неколку чекори нанапред и да преземеш дејствија и информираш институции да ги следат за тоа да се спречи!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom